23 октомври — 296-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (297-и во престапна година).

<< октомври >>
Н П В С Ч П С
01 02 03 04 05
06 07 08 09 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31
2024

Во астрологијата - првиот цел ден на хороскопскиот знак скорпија. Остануваат 69 денови до крајот на годината.

Настани:

1893  Во Солун, е основана Македонска револуционерна организација со цел ослободување на македонскиот народ од империјализмот и превласта на околните сили и остварување на неговите основни права на самостојност и идентитет.
1917  Кај местото Линевил, во Франција, американските сили ги почнаа првите борбени акции во Првата светска војна.
1942  Втора светска војна: Кај гратчето Ел Аламејн, во египетската пустина, британските сили ги нападнаа германско-италијанските позиции. По дванаесетдневни огорчени борби, германско-италијанските трупи беа уништени. Наскоро почна сојузничкото истоварување во Северна Африка.
1944  Втора светска војна: Во Филипинскиот Архипелаг се одигра најголемата поморско-воздушна битка. Во неа учествуваше целата јапонска флота и три четвртини од флотата на САД. Битката траеше до 25 октомври, кога поразените Јапонци го напуштија боиштето, со обострани големи загуби.
1944  Втора светска војна: Сојузничките држави ја признаа привремената влада на Франција што ја формира Шарл де Гол.
1954  САД, СССР, Велика Британија и Франција се спогодија да ја окончаат окупацијата на Германија.
1956  Започува Унгарската револуција против советската доминација во Унгарија.
1973  Израелската воена команда соопшти дека Израел и Египет се спогодиле да ги прекинат вооружените напријателства на Блискиот Исток.
1992  По едномесечна нафтена војна против Македонија, Грција го повлекува ембаргото.

Родени:

1698  Анж Жак Габриел — француски архитект, еден основоположниците на неокласичната архитектура.
1805  Адалберт Штифтер — австриски писател, сликар и педагог.
1844  Сара Бернар — француска артистка.
1846  Александар Архангелски — руски композитор.
1893  Гумо Маркс — американски глумец.
1925  Нани Лој — италијански режисер.
1927  Лешек Колаковски — полски филозоф.
1940  Пеле — бразилски фудбалер.
1942  Мирослав Павловиќ — српски и југословенски фудбалер.
1955  Маријан Влак — југословенски и хрватски фудбалер и тренер.
1961  Андони Зубизарета — шпански фудбалски голман.
1971  Крис Хорнер — американски велосипедист.
1973  Уљјана Лопаткинаруска балерина.
1986  Јованка Радичевиќ — црногорска ракометарка.
1992  Алваро Мората — шпански фудбалер.

Починале:

1872  Теофил Готје — француски писател.
1893  Александар I Батенберг — кнез на Бугарија.
1918  Едмон Бушје Де Бел — француски писател.
1944  Иван Милутиновиќ — југословенски комунист, партизан и народен херој.
1990  Луј Алтисер — француски филозоф.

Празници: