Александар Кујунџиски

Александар Кујунџиски (1 октомври 1946, Пехчево) — македонски самостоен уметник, писател и издавач, хуморист и сатиричар.[1]

Александар Кујунџиски
Роден/а1 октомври 1946
Македонија Пехчево, Македонија
ЗанимањеПисател, новинар, уредник

Животопис

уреди

Александар Кујунџиски е роден е во Пехчево, на 1 октомври 1946 година, како второ дете на Марија и Никола. Името го добил по својот дедо, Александар (Сандо), познат занаетчија и шегаџија во Малешевијата. Во периодот октомври 1948 - декември 1951 година, заедно со постриот брат Асен, живеел во Штип и во Берово, а потоа се вратил во родното место. На 1 септември 1953 година, Александар тргнал во прво одделение во ОУ „Ванчо Китанов“ - Пехчево. Основното училиште го завршил во 1961 година, а потоа се запишал во гимназијата „Ацо Русковски“, во Берово, каде завршил две години. Во 1963 година, неговото семејство се преселило во Куманово и тој го продолжил школувањето во гимназијата „Гоце Делчев“.[2]

Во 1965 година се запишал на Филозофскиот факултет во Скопје, на групата - Историја на литературата и македонски јазик.[3] За време на студиите, започнал да пишува поезија и сатирично-хумористични текстови, а истовремено, започнал да црта карикатури. Во овој период започнала неговата соработка со хумористичните списанија: „Остен“, „Весели свет“, „Јеж“ и „Осмех“, а објавувал и во хумористичните рубрики на неколку весници и списанија, како: „Млад борец“, „Студентски збор“, „Вечер“ и „Журнал“. Дипломирал на 2 октомври 1969 година. На 16 октомври 1969 година се вработил во Радио Скопје, каде најпрвин работел во информативно-политичката редакција, а од февруари 1970 до март 1981 година работел во забавно-хумористичната редакција. Од март 1981 година до јуни 1984 година, Кујунџиски работел во Редакцијата за емисии за деца при Радио Скопје. Потоа, преминал на работа во Сојузот на ловечките организации на Македонија каде бил урендик на списанието „Ловец“.[4] [5]

Книжевно творештво

уреди

Уште за време на своите студии, Кујунџиски започнал да пишува рефлексивна поезија. Поинтензивно започнал да пишува и објавува во 1972 година, кога создал поголем број поетски, прозни и драмски дела за деца и за возрасни. Од 1981 година, понагласено се определил да пишува литература за деца и младинци. Од 1 јули 1990 година, Александар Кујунџиски - Самум започнал да работи како самостоен уметник - професионален писател. Посебно плодна година во неговото творештво била 1994 година, кога Кујунџиски објавил дури 18 книги! Во јули 1999 година, согласно новодонесениот Закон за култура на Република Македонија, Александар Кујунџиски се регистрирал како самостоен уметник - писател, под фирмата „Антолог“.[6]

Кујунџискии е исклучително плоден писател, кој има објавено повеќе од 100 наслови за деца и возрасни, и тоа од сите книжевни родови: раскази, песни, пиеси, радио-драми, басни, сказни, гатанки, брзозборки, афоризми, новели, хуморески, епиграми, скечеви итн.

Поважни дела

уреди
  1. Осилки (1978)
  2. За сѐ и сешто и за друго нешто (1978)
  3. Немирен ден (1979)
  4. Љубов... оф, оф! (1980)
  5. Капка по капка - океан (1980)
  6. Во ливадите на детството (1981)
  7. Мотошишарка (1982)
  8. Другарувања (1983)
  9. Солитерски сказни (1985)
  10. Тој е патот, друг нема (1986)
  11. Жарко Попарко (1986)
  12. Од една до сто и една (1988)
  13. Строго дов. (1990)
  14. Сцени без завеси (1991)
  15. Прободено слце (1991)
  16. Пијано виножито (1991)
  17. За во скришното џепче (1992)
  18. Ја сакаш ли природата? (1992)
  19. Гатанки - катанки - 1 (1993)
  20. Азбукарка (1993)
  21. Цветови - светови (1993)
  22. Сказна за Тумбија (1994)
  23. Трнливи стихови (1994)
  24. Џуџести џинови (1994)
  25. Нека патува добрината (1994)
  26. Збор како бор (1994)
  27. Предгорје (1994)
  28. Жарко Планинарко (1994)
  29. Кажи, па ќе ти кажам (1994)
  30. Одберете за вашите приредби (1994)
  31. Деветнаесет црвени каранфили (1994)
  32. Гатанки - катанки - 1 (II, надополнето издание, 1994)
  33. Театарче „Клопотарче“ (1994)
  34. И гатанки, и боенки (1994)
  35. Есен (1994)
  36. Зима (1994)
  37. Пролет (1994)
  38. Лето (1994)
  39. За најмалите - најубавите (1995)
  40. Чекор по чекор (1995)
  41. Повели, детенце! (1995)
  42. Зоштковци (1995)
  43. Ѕвончето ѕвони (1995)
  44. Кралот Ал Со Крпен Шал (1995)
  45. Лозинки (1995)
  46. Џунгла в соба (1995)
  47. Од септември до септември (1995)
  48. Денес - забаваче... (1995)
  49. ...Утре - прваче (1995)
  50. На тема, на тема... (1996)
  51. Денес празнуваме (1996)
  52. Смешна книга (1996)
  53. Вреќна Нова година (1996)
  54. Нема што нема (1996)
  55. Време за зреење и за пеење... (1996)
  56. ...Време за цветање и за летање (1996)
  57. За вас, деца! (1996)
  58. Од Сметонија до Бонбонија (1997)
  59. Гатанки - катанки - 2 (1997)
  60. Растеме, растеме... (1997)
  61. Добра ноќ, дену! (1997)
  62. Загатки и одгатки (1997)
  63. Ја сакам природата (1997)
  64. Триесет и три итрини (1997)
  65. Среќно забавачиња... (1997)
  66. ...Идни првачиња (1997)
  67. Кој ќе ми чита? (1997)
  68. Детство - волшепство (1997)
  69. Прваче (1997)
  70. Вреќна Нова година (II, изменето издание, 1997)
  71. Во царството на другарството (1998)
  72. 1001 гатанка (1998)
  73. Чудни чуденки (1999)
  74. Зборовно оро (1999)
  75. Чисти артисти (2000)
  76. Учам, учам, да научам... (2000)
  77. Природо, љубов моја! (2000)
  78. Гатанки (2002)
  79. Едночинки (2002)
  80. Надојдени реки (2002)
  81. Басни (2003)
  82. Боли глава - без демократија и детски права (2003)
  83. Мои бои (2004)
  84. Букви, укви, кви... (2004)
  85. Броеви - роеви (2004)
  86. Одлична единица (2005)
  87. Новогодишна честитка (2005)
  88. Сакам книга (2006)
  89. Нова планета (2006)
  90. Сцени и сценарија (2006)
  91. Распеани песни (2006)
  92. Еколошки сказни (2006)
  93. Разбој - разнобој (2006)
  94. Дедо Мраз, Дедо Врелчо, Снешко Црнчо и Снешко Белчо (2006)
  95. Весело летување (2007)
  96. Шах-мат торта (2007)
  97. Моите (не)напишани романи (2007)
  98. Спомен среде срце (2007)
  99. И од пиле млеко (2007)
  100. 100 (2008)
  101. Нека ечат песни (2008)

Исто така, тој ги уредил и антологиите:[7]

  1. Книгата дно нема (2000)
  2. Веков е тркало (2002)
  3. Мисловен божилак (2002)

Три негови кратки раскази се застапени во антологијата на македонскиот краток расказ, „Џинџуџе во земјата на афионите“ (Темплум, 2022).[8]

Награди

уреди

Кујунџиски е добитник на повеќе од 40 награди и признанија за својата книжевна дејност, како:[9]

  • Прва награда за расказ на конкурсот на „Студентски збор“ (1972)
  • Прва и втора награда за епиграм и трета награда за хумореска на конкурсот на „Остен“ (1973)
  • Трета награда за краток расказ за деца „Курирче“ - Кичево (1974)
  • Втора награда за расказ за деца, Кичево (1976)
  • Прва награда за краток расказ за деца, Марибор (1977)
  • Трета награда за расказ за возрасни на конкурсот на „Трудбеник“ (1978)
  • Втора награда за краток драмски текст за деца, Марибор (1978)
  • Прва и втора награда за хумореска, Куманово (1980)
  • Прва награда за песна и втора награда за пиеса за деца, Кичево (1986).

Наводи

уреди
  1. „Академски аршини“. Архивирано од изворникот на 2010-05-07. Посетено на 2010-04-23.
  2. Александар Кујунџиски, Надојдени реки, Антолог, Скопје, 2002, стр. 185-186.
  3. Македонски писатели, Друштво на писатели на Македонија, Скопје, 2004, стр. 132 - 133.
  4. Александар Кујунџиски, Надојдени реки, Антолог, Скопје, 2002, стр. 186-187.
  5. Петка — грб: пиески. Детска радост, Скопје, 1984, стр. 70.
  6. Александар Кујунџиски, Надојдени реки, Антолог, Скопје, 2002, стр. 185-188.
  7. Александар Кујунџиски, Надојдени реки, Антолог, Скопје, 2002, стр. 190.
  8. Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 85-88.
  9. Александар Кујунџиски, Надојдени реки, Антолог, Скопје, 2002, стр. 186.