Александар Зиновјев

Александар Александрович Зиновјев (руски: Александр Александрович Зиновьев; 29 септември 192210 мај 2006) — познат руски филозоф, социолог, есеист и книжевен сатиричар. Зиновјев беше еден од најзначајните советски дисиденти од периодот на владеењето на Јосиф Висарионович Сталин па сè до режимот на Леонид Брежнев[1].

Александар Зиновјев

И покрај тоа што беше член на КПСС, Зиновјев никогаш не се согласуваше со практикуваната политика во Советскиот Сојуз. Во 1977 година советските власти му го одзедоа државјанството и принудно ја напушти својата родна земја. Според неговите зборови, за него тоа била вистинска казна/проклетсво. Протеран од СССР заминува за Минхен, тогашна Сојузна Република Германија. Во Минхен останува сè до 1999 година, кога одлучува со семејството да се врати во својата родна земја - Русија. Непосредната причина за неговото враќање во Русија беше бомбардирањето на Сојузна Република Југославија од страна на НАТО. Меѓутоа, суштинската причина за неговото враќање беше целосното разочарување од степенот на (не)демократија.

Научна и универзитетска кариера

уреди

Непосреден предмет на филозофскиот интерес на Зиновјев беше полето на нетрадиционалната логика. Од оваа област има објавено повеќе научни трудови. Голем дел од нив преведени се на англиски и на германски јазик.

Во периодот 1954-1976 година работи како во Руската академија на науките, така и како професор на Државниот универзитет во Москва. Кон крајот на шеесеттите и почетокот на седумдесеттите години од минатиот век, против Зиновјев покренат е цел процес на преиспитување на неговите научни и политички ставови. Од Советскиот Сојуз протеран е 1978 година, при што му се одземени професурата и докторатот. Непосреден повод за неговото протерување е неговата антисоветски интонирана книга Разјапени висини, објавена во Лозана 1976 година.

Во Минхен работи како професор на тамошниот Универзитет, истовремено предавајќи и на многу други универзитети во светот. Покрај бројните меѓународни награди и признанија (на пр. од областа и на книжевноста), тој беше член на Финската академија на науките, како и на Академијата на науките на Италија.

Антисталинистички сталинист

уреди

Зиновјев беше познат по своите антисталинистички ставови. Уште како студент по филозофија, тој отворено го манифестираше своето несогласување со Сталиновата политика. Заради своите антисталинистички ставови беше отстранет од Државниот универзитет во Москва. Меѓутоа, сеедно на неговата антисталинистичка репутација, кон крајот од 1960-те години беше прогласен за сталинист. Имено, после смртта на Сталин во СССР беше актуелно да се критикува Сталин и култот кон неговата личност. Меѓутоа, во тој тренд на критика на мртвиот Сталин Зиновјев стоеше понастрана. Прашан за причините за теквото однесување, Зиновјев лаконски одговори дека сегашен предмет на критиката за состојбите во СССР треба да бидат оние кои во тој миг се на власт, бидејќи мртвите, кога и би сакале, не би можеле да одговараат. Конечно, потенцираше Зиновјев, својата оценка за Сталин ја дал тогаш кога тој бил меѓу живите. Тоа беше доволно од партискиот бирократски апарат да биде прогласен за сталинист, односно за антисталинистички сталинист, бидејќи никој не можеше да го одрече неговиот претходен антисталинизам. На необичен начин, преку ноќ, Зиновјев од антисталинист беше „промовиран“ во антисталинистички сталинист. Набргу, беше отстранет од функциите што ги имаше на Универзитетот во Москва. Конечниот резултат беше неговото прогонство во СР Германија.

Критика на западната цивилизација

уреди

Разочаран од односите кои владееја во СССР, Зиновјев набргу се разочарува и од вредностите врз кои се темели западната цивилизација, особено онаа која сè повеќе е под доминација како на економските и политичките интересите на САД, така и на нивните вредности. Сеедно што му беше овозможено да предава на повеќе значајни универзитети на Запад и слободно да ги објавува своите книги, Зиновјев дојде до заклучокот дека и западниот систем е исто толку тоталитарен и недемократски, како и системот кој владееше во СССР. Доминатниот модел на владеење на Запад - особено оној во САД - Зиновјев го именува како демократски тоталитаризам или како тоталитарна демократија. Крајната цел е овладување со целиот свет. Како средство во остварувањето на оваа цел во САД се создава особен вид на луѓе - западоиди. Западоидите се обичните граѓани на САД и имаат две битни одлики: не мислат, но чувствуваат. САД, преку својата пропагандна машинерија, можеле да создадат немислечки и без чувства суштества. Сепак, одлучиле да создадат немислечки, но емотивни суштества, бидејќи со емоциите многу полесно се манипулира, особено ако не се проследени со критичноста на мислењето. Воедно, на Запад се формираат надопштество и наддржава, кои се над националните интереси на која било држава, освен во функција на економските интереси на САД. Заложници на овие деперсонализирани надтела стануваат и земјите на Европската Унија. Привидно секоја од овие земји поседува национален суверенитет, суштински и со нив раководат овие надтела. И со нив раководи т.н. светска администрација, која единствено се грижи за економските интереси на САД. Конечно, зад идејата за глобализација се крие идејата за американизација. Непосредно после бомбардирањата на Сојузна Република Југославија (јуни, 1999), Зиновјев се враќа во Русија, убеден дека демократија веќе ја нема и на Запад.

Соработува со Ремзи Кларк, некогашен државен обвинител на САД. Помеѓу другото, обајцата одлучно се бореа против постоењето на Хашкиот трибунал, сметајќи го за инструмент на владеачките светски структури, застанувајќи, наедно, во одбрана и на Садам Хусеин - Ремзи Кларк беше еден од неговите официјални адвокати.

Избрана библиографија

уреди

Од областа на логиката

уреди
  • Филоофские проблемы многозначной логики, 1960;
  • Основы научной теории научных знаний, 1967;
  • Логика науки, 1972;
  • Логическая физика, 1972;
  • Нетрадиционная теория кванторов, 1973;
  • Логика классов (множеств), 1973.

Од областа на есеистиката и публицистиката

уреди
  • Разјапени висини, 1976;
  • Светла иднина, 1978;
  • Без илузии, 1979;
  • Лудница, 1980;
  • Ние и западот, 1981;
  • Homo Ѕоvieticus, 1982;
  • Полетта на нашата младост, 1983.

Наводи

уреди
  1. "Ein Resümee", S.95 in 'Komplexe Logik - Symposium zu Ehren von Alexander Sinowjew'; Wiss.Zeitschrift der Humboldt-Universität zu Berlin, Reihe Geistes- und Sozialwissenschaften 41 (1992) 9, S.1-133

Надворешни врски

уреди