Предлошка:Октомври 2024

27 октомври — 300-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (301-и во престапна година). Остануваат 65 денови до крајот на годината.

Настани:

710  Сарацените извршиле инвазија во Сардинија.
1275  Основан градот Амстердам.
1524  Италијански војни: Француските војски го опседнале градот Павија.
1644  Започнала Втората њуберска војна.
1787  Наполеон Бонапарт бил назначен за генерал на француската армија.
1806  По големата победа над Прусија, Наполеон Бонапарт влегува триумфално во Берлин.
1807  Потпишан договор помеѓу Наполеон Бонапарт и Карлос IV за поделба на Португалија.
1920  Седиштето на меѓународната организација Лига на народите (основана е на 19.04.1919 година со задача да го зачува светскиот мир, колективната безбедност и политичката независност на земјите, членки на Лигата на народите) од Лондон е префрлено во Женева, Швајцарија. Во тој град многубројните институции на Лигата на народите останаа сè до 1945 година, кога и формално беше укината, отстапувајќи и го местото на Организацијата на обединетите нации.
1922  Под притисок на фашистите на чело со Бенито Мусолини, владата на Италија поднела оставка.
1924  Создадена Узбечката ССР.
1947  Во Лерин е извршена смртна пресуда врз 13 Македонци од селото Герман, Леринско, обвинети за соработка со партизаните.
1969  Бања Лука била погодена од голем земјотрес.
1971  Демократска Република Конго била преименувана во Заир.
1979  Свети Винсент и Гренадините добиле независност од Обединетото Кралство.
1978  Египетскиот претседател Анвар ел Садат и израелскиот премиер Менахем Бегин, добиле Нобелова награда за мир.
1991  Туркменистан ја објавил својата независност.
1991  Во Полска биле спроведени првите демократски избори.
1998  Герхард Шредер станал канцелар на Германија, по оставката на Хелмут Кол.
1999  Фустанот на Мерилин Монро која го носела додека ја пеела песната „Happy Birthay, Mr. President“ на претседателот на САД, Џон Кенеди, бил продаден за рекордни 1.267.500 долари, што претставува рекордна сума на пари потрошени во аукција при таква намена.

Родени:

1272  Вацлав II — крал на Чешка и Полска.
1728  Џемс Кук — англиски морепловец и истражувач.
1759  Ференц Казинци — унгарски поет.
1782  Николо Паганинииталијански виртуоз на виолина и композитор.
1858  Теодор Рузвелтпретседател на САД.
1885  Владимир Чоровиќ — српски историчар.
1892  Грасилијано Рамос — бразилски писател.
1898  Димче Зографски — македонски револуционер и општествено-политички работник.
1920  Стефан Наумов - Стивнароден херој на Македонија.
1923  Рој Лихтенштајн — американски сликар.
1928  Мирослав Филип — чешки шахист.
1932  Силвија Плат — американска поетеса и писателка.
1939  Џон Клиз — британски комичар и глумец, еден од основачите на дружината „Монти Пајтон“.
1952  Роберто Бенињи — италијански глумец, комичар и режисер.
1952  Френсис Фукујама — американски филозоф, политичко-економски аналитичар и автор.
1957  Глен Ходл — англиски фудбалер.
1958  Сајмон Ле Бон — британски поп-музичар, пејач на групата „Дјуран Дјуран“ (Duran Duran).
1970  Сергеј Филин — руски балетан.
1972  Марија Мутолаатлетичарка од Мозамбик.
1975  Предраг Дробњак — црногорски кошаркар.
1979  Ивица Илиев — српски фудбалер.
1980  Бартош Хузарски — полски велосипедист.
1981  Волкан Демирел — турски фудбалски голман.
1984  Даниел Субашиќ — хрватски фудбалски голман.
1992  Стефан Ел Шарави — италијански фудбалер.
1994  Курт Зума — француски фудбалер.
1994  Огњен Добриќ — српски кошаркар.
1998  Дајо Упамекано — француски фудбалер.

Починале:

1449  Улуг Бег — тимуридски монголски владетел, математичар и астроном.
1505  Иван III Василевич — кнез на Московското Кнежевство и „Голем кнез на сите Руси“ .
1605  Акбар Велики — цар на Индија.
1949  Марсел Сердан — светски првак во бокс.
1949  Франтишек Халас — чешки поет и есеист.
1949  Анте Тресиќ-Павичиќ — хрватски писател и политичар.
1974  Сејмур Харис — американски економист.
1990  Жак Деми — француски режисер.
1990  Уго Тањацииталијански глумец.
1992  Дејвид Бом — американски физичар.
1993  Винсент Прајс — американски глумец.
1995  Слободан Селениќ — српски писател.
2009  Миле Попоски — македонски писател, сценарист и преведувач.
2010  Нестор Киршнер — претседател на Аргентина (р. 1950)
2013  Лу Рид — американски рок музичар, член на групата „Велвет андерграунд“ (Velvet Underground).