Венера-4советска автоматска научно-истражувачка станица (вештачки сателит) наменета за истражување на планетата Венера. Лансирана е на 12 јуни 1967 година.

Текот на мисијата

уреди

Главна намена на Венера-4 било атмосферското истражување на планетата Венера. На 18 октомври 1967 година, леталото влегло во атмосферата на Венера и почнало да собира податоци со два топломери, барометар, радиовисиномер, мерач на густината на атмосферата, и со 11 анализатори на гас. Имала два радиопредаватели Главната намена на Венера-4 била атмосферско истражување на планетата Венере. На 18 октомври 1967 г. леталото влегло во атмосферата на планетата и почнала да собира податоци со два топломера, барометри, радиовисиномер, мерач на густината на атмосферата, и со 11 анализатори на гас. Имала два радиопредаватела.

Сигналите биле примени од леталото додека се спуштало низ атмосферата со падобран, до висина од околу 25 километри. Тогаш високиот атмосферски притисок го уништил апаратот. Ова довело до јакнење на издржливоста на притисокот кај идните апарати предвидени за спуштање на површината на Венера. Исто така е намалена површината на падобранот затоа што била утврдена висока густина во атмосферата, па затоа падот со падобран со поголема површина како кај Венера-4 би бил бавен.

Основни податоци за летот

уреди
  • Датум на лансирање: 12 јуни 1967.
  • Ракета носач: Молнија-М со додатен блок ВЛ.
  • Маса на сателитот (кг): 1106.

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди

Користена литература

уреди
Сателити од серијата „Венера“
Венера-1Венера-2Венера-3Венера-4Венера-5Венера-6Венера-7Венера-8Венера-9Венера-10Венера-11Венера-12Венера-13Венера-14Венера-15Венера-16