Отвори го главното мени
Торонто

Торонто (официјално, Градот на Торонто) е најголемиот град на Канада и е главен град на Онтарио. Градот се наоѓа на северно-западниот брег на езерото Онтарио. Во Торонто живеаат 2.622.230 жители[1] што го прави градот петти по големина во Северна Америка после Мексико, Њујорк, Лос Анџелес и Чикаго.

Торонто е главен економски центар на Канада и светски град. Градот е особено развиен во областите на финансии, телекомуникации, транспорт, издавање, забава, развој на софтвер и медицинско истражување. Градот е дом на познатата КН Кула и многу национални и транснационални компании. Торонто е космополитски град и привлекува многу имигранти кои сочинуваат мозаик на култури и етнички групи од насекаде низ светот. Градот има ниска стапка на криминал, чиста средина за живеење и генерално гледано висок стандард за живеење. Според Известувачка Агенција на Економист, градот е еден од најдобрите градови за живеење во светот.[2]

Торонто е срцето на областа Торонто, една од урбаните области со највисок раст во Северна Америка. Торонто е исто дел од Златната Потковица - густо населен регион во југоцентрален Онтарио каде живеаат осум милиони луѓе, или отприлика една четвртина од целокупното население на Канада.

ИзвориУреди

  1. „Табела 9,1“. Министерство за Финансии на Онтарио. 2006. конс. 14 септември, 2006. 
  2. „Ванкувер е „најдобар град за живеење““. CNN. 2005. конс. 25 мај, 2006.