Драган Бјелогрлиќ

Драган Бјелогрлиќ (Опово, 10 октомври 1963) е познат српски актер, режисер, сценарист и продуцент. Одигра голем број филмски улоги. Се прослави се улогата Слободан Попадиќ во ТВ серијата „Подобар живот".

Бјелогрлиќ (2007)

Животопис уреди

Бјелогрлиќ првпат пред камери глумел на 15 години, и тоа во филмот на Бранко Бауер, „Бошко Буха“ (1978), толкувајќи го ликот на Сава Јовановиќ Сирогојна.

Во 1984 година се запишал на Факултетот за драмски уметности во Белград, каде што дипломирал во 1989 година.

Се прославил со улогата на Слободан Попадиќ во серијата „Подобар живот“ (1987 - 1990). По оваа улога следеле улогите во ТВ серијата „Заборавени" (1990) и филмовите „Црн- бомбардер“ (1992), „Полна месечина над Белград“ (1993), „Убавите села, убаво горат“ (1996), кои Бјелогрлиќ го рангирале во редот од најпознатите и најпризнаните српски глумци.

Последниве години Бјелогрлиќ се обидел и како продуцент, а првиот филм кој го продуцирал бил „Убавите села, убаво горат“.

Се обидел и како режисер, го режирал играниот филм и тв серијата Монтевидео, Бог те видео!, со кој постигнал голем успех. Филмот е изабран за српски претставник за наградата Оскар.

Неговата братучетка е пејачката Зорана Павиќ.

Награди и признанија уреди

  • Награда за најдобар глумечки пар со Весна Тривалиќ на фестивалот во Ниш за серијата „Подобар живот“ 1991.
  • Две гран при награди „Ќеле-кула“ за најдобар глумец во филмот „Убавите села, убаво горат“ на актрскиот фестивал во Ниш
  • Две Златни мимози, за најдобра улога во филмот „Убавите села, убаво горат“ на филмскиот фестивал во Херцег Нови,
  • Статуета на Слободата за најдобро глумечко остварување на Филмскиот фестивал во Сопот
  • Награда Повеља за посебна машка улога во филмот „Доктор Реј и Ѓаволите“
  • Добитник е на преку 15 главни награди за филмовите на домашни фестивали и преку 20 интернационални признанија и гран прија.
  • Златна Антена за најдобро сценарио за серијата „Монтевидео, Бог те видео“
  • Награда на публиката во Москва за филмот „Монтевидео, Бог те видео“, 2011.

Филмографија уреди

 
Драган Бјелогрлиќ заедно со Милош Самолов на сетот на серијата Сенки над Балканот (2017).

Глумец уреди

Филмографија на глумецот Драган Бјелогрлиќ
Год. Име Улога
1970.-те
1978. Бошко Буха Саво Јовановиќ Сирогојно
1978. Бошко Буха (ТВ серија) Саво Јовановиќ Сирогојно
1980.-те
1981. Балада за Синиша и мангупот Синиша
1981. База на Дунавот Ѓоле
1983. Хало такси Шугеровиот внук
1983. Покрај војничкиот клуб
1983. Големиот транспорт Бора
1984. Молец
1984. Бањица (ТВ серија)
1986. Бал на вода младиот Саша
1986. Одење на војниците, враќање на маршалот
1987. Седмиот ден
1987. Waitapu Човек во ресторанот 1
1987. војник
1987. Aenigma Том
1987-1988. Бољи живот Слободан „Боба“ Попадиќ
1988. Браќа по мајка
1989. Бољи живот Слободан „Боба“ Попадиќ
1989. Најдобри Жарко Нинков
1989. Како пропаднал рокенролот полицаец
1990.-те
1990. Заборавени Мишко
1990. Почетен удар Мишко
1990. Хајде да се волимо 3 Вања
1990-1991. Бољи живот 2 Слободан „Боба“ Попадиќ
1991. Видел јела, зелен бор Милисав
1991. Гњурач Радован Поповиќ
1992. Црн бомбардер Црн бомбардер
1993. Полна месечина над Белград Алекса
1994. Два часа квалитетна програма Армани
1995. Љубов и омраза — Европски приказни 3: Прасе и бисери Марко
1996. Убави села убаво горат Милан
1997. Горе долу Зоран Жигиќ „Зиги“
1997. Балкански правила Божидар Пешиќ „Божа“
1998. Купи ми Елиота Антоније Костиќ
1998. Рани Куре
1999. Sti skia tou polemou (Во сенката на војната) Емир
1999. Небеска удица Тоза
2000.-те
2000. Војна во живо Сергеј
2000. Млечен Пат
2001. Наташа Аца
2002. Деца на филмот Лично
2002. Кој чека дочека
2003. Ледина Драган
2003. Мешовит брак Бацковиќ
2003. Кајмак и мармелад Горан
2003. Boban hockeystjärnan Стево
2004. Црна хроника Горан
2004. Поклон за Сања
2004. Сив камион црвена боја Швабо
2005. Херои за еден ден Брат
2005. Cuore nel pozzo, Il Новак
2005. Потера за среч(к)о Дон
2005. Ивкова слава Калча
2006. Татко и зетови Бубиќ
2007. Балкански синдром Бега
2007. Црниот Грујо и каменот на мудроста Силберлибер
2007. С. О. С. - Спасете ги нашите души Милорад
2007. Театар во куќа Родољуб Роѓа Петровиќ
2007-2008. Ќе се вратат штрковите Ексер
2009. Штркови во магла Ексер
2010.-те
2010. Не е тој таков Бошко Павловиќ „Боле Калифорнија“
2012. Доктор Реј и ѓаволите Ратко Дражевиќ
2012. Клопка (ТВ серија од 2012) Горан Латиновиќ
2012. Будва на пена од море Дибоа
2013. Изход Александар
2013. Мамарош
2013. Надреална телевизија
2013-2014. Рамна Гора (ТВ серија) Јосип Броз Тито
2014. Монтевидео, се гледаме! Драган Бјелогрлиќ
2013-2014. Фолк Гане Папагај
2014. Монтевидео, Бог те видео! (ТВ серија) Драган Бјелогрлиќ
2013. Споменик на Мајкл Џексон Душан
2015. Чизмаши мајор Софтиќ
2016. Воена академија потпуковник Паниќ
2017-2019. Сенки над Балканот Андра Танасијвиќ
2018. Јужен ветар Цар
2018. Корени
2020.-те
2020. Тајкун Владан Симоновиќ
2021. Тома
2021. Јужен ветар Цар

Режисер уреди

  • 2010. Монтевидео, Бог те видео!
  • 2012-2013. Монтевидео, Бог те видео! (серија)
  • 2014. Монтевидео, се гледаме!
  • 2017-2019. Сенки над Балканот
  • 2020. Тајкун
  • 2021. Тома

Продуцент уреди

  • 1996 Убави села убаво горат
  • 1998 Рани
  • 2000 Војна во живо
  • 2003 Мал свет
  • 2005 Ивкова Слава
  • 2007 Ќе се вратат штрковите (1 епизода)
  • 2009 Штркови во магла

Надворешни врски уреди