Пабло Пикасо
Пабло Пикасо, формално Пабло Луис Пикасо (Малага, 25 октомври 1881 — Мужен, 8 април 1973) — шпанско-француски сликар, кој се смета за еден од најголемите мајстори на сликарството во XX. век. Заедно со Жорж Брак, тој е најпознат како основач на кубизмот. Посебно место во неговиот уметнички опус заземаат композициите „Госпоѓиците од Авињон“, „Герника“ и големата ѕидна слика во палатата на УНЕСКО во Париз.
Творештво
уредиРаботата на Пикасо често се категоризира во неколку периоди: Син период, Розов период, период под влијание на африканската уметност, аналитичкиот кубизам и периодот на синтетичкиот кубизам. Се тврди дека неговото најпознато дело е описот на бомбардирањето на Герника во Шпанија. Герника ги претставува нехуманоста, бруталноста и безнадежноста на војната. Сликата многу години била изложена во Музејот на современа уметност во Њујорк. Пикасо не дозволувал сликата да се врати во Шпанија сè додека таму повторно не биде воспоставена демократијата. Во 1981 година, сликата „Герника“ била вратена во матичната земја и, од 1992 година, таа е една од главните атракции на Мадридскиот музеј Reina Sofia.
Пикасо умрел во својата вила, во малото место Мужен, на француската ривиера.
Изложби на Пикасо во Македонија
уредиПикасо многу се соживеал со скопската трагедија од земјотресот во 1963 година и со солидарната акција за собирање уметнички дела. Тој меѓу првите се огласил, испраќајќи ја својата позната слика „Глава на жена“, која е изложена во Музејот на современата уметност. Од 19 февруари до 16 март 2016 година, во Младинскиот културен центар во Скопје биле изложени 46 графички дела на Пикасо - факсимили на цртежи, литографии и гравури, создадени од 1932 до 1969 година. На изложбата биле прикажани графики од три мапи: „Двојна флејта“, која содржи 16 литографии од периодот меѓу 1932 и 1955 година; мапата „Фауна и флора од Антиб“, со девет литографии и; мапата „Цртежите на Пикасо“, со 16 факсимили на цртежи од периодот 1942-1946 година.[1]
Пикасо како тема во уметноста и во популарната култура
уреди- „Пабло Пикасо“ (Pablo Picasso) — песна на американската рок-група Модерн Лаверс (The Modern Lovers) од 1976 година.[2]
Наводи
уреди- ↑ „Отворање на изложбата на Пикасо во МКЦ“, Дневник, година XX, број 5993 петок, 19 февруари 2016, стр. 19.
- ↑ YouTube, The Modern Lovers - The Modern Lovers (Full Album) (пристапено на 24.12.2017)