Алекс Даусет
Алекс Едвард Алберт Даусет (англиски: Alex Edward Albert Dowsett; р. 3 октомври 1988) — поранешен британски професионален друмски велосипедист, кој возел во периодот 2010-2022. Бил познат како извонреден специјалист за хронометар и во 2015 година го срушил светскиот велосипедски часовен рекорд за 446 метри со растојание од 52,937 километри.
Даусет на Трката околу Келн 2019 | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Лични податоци | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Цело име | Алекс Едвард Алберт Даусет | |||||||||||||||||||||||||||||||||||
Прекар | Тигарот | |||||||||||||||||||||||||||||||||||
Роден | 3 октомври 1988 Молдон, Англија, Обединето Кралство[1] | |||||||||||||||||||||||||||||||||||
Висина | 1,82 м[2] | |||||||||||||||||||||||||||||||||||
Маса | 73 кг[2] | |||||||||||||||||||||||||||||||||||
Податоци за клубот | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Мом. клуб | пензиониран | |||||||||||||||||||||||||||||||||||
Дисциплина | друмски и велодромски велосипедизам | |||||||||||||||||||||||||||||||||||
Улога | возач | |||||||||||||||||||||||||||||||||||
Вид на возач | специјалист за хронометри | |||||||||||||||||||||||||||||||||||
Аматерски клубови | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||
2009 | 100% Me | |||||||||||||||||||||||||||||||||||
Професионални клубови | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||
2010 2011–2012 2013–2017 2018-2019 2020-2022 | Хагенс Берман Аксеон Тим Скај Мовистар Тим Катјуша-Алпесин Израел старт-ап нејшн | |||||||||||||||||||||||||||||||||||
Значајни победи | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||
| ||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
Ран живот
уредиСин на поранешниот возач и натпреварувач во Британското првенство на туристички автомобили Фил Даусет,[3] Даусет учел во основното училиште во Литл Бадоу и средното училиште во Келмсфорд. Првично започнал со пливање како спорт пред да започне со велосипедизмот на планински велосипед заедно со неговиот татко.[4]
Кариера
уредиРана кариера
уредиДаусет ја започнал неговата кариера во Молдон и окружниот велосипедски клуб во градот Келмсфорд.[5] Наскоро го откриле неговиот талент и Алекс станал дел од развојната екипа на британската олимписка акадеија. Ги освоил националните хронометарски првенства под 23 години во 2008 и 2009. Во 2010 возел за американската екипа Трек-ЛајвСтронг и го освоил Европското хронометарско првенство под 23 години.[6] Исто така освоил сребрен медал на хронометарот на Комонвелтските игри 2010.
Тим Скај (2011-2012)
уредиДаусет потпишал за британската екипа Тим Скај за сезоната 2011. Неговата прва победа со Скај дошла на Лондон Ноктур. Даусет завршил петти во генералниот пласман на Трката околу Данска, помагајќи му на колегата Сајмон Геранс да дојде до победа. Ја освоил петтата етапа на Тур ду Поату-Шарент и завршил втор во генералниот пласман. Во септември станал национален хронометарски првак. Даусет го освоил хронометарот на етапата 81 на Трката околу Британија 2011.
Во март 2012, Даусет го скршил зглобот на Три дена Де Пане и поради тоа ја пропуштил сезоната на класиците. Даусет се опоравил и завршил втор на националните друмски првенства, а подоцна ја одбранил титулата на националните хронометарски првенства. Подоцна во септември, Даусет настапил на Светските друмски првенства на сите три елитни трки, а најдобар пласман имал на поединечниот хронометар.
Во октомври 2012 го изразил своето мислење за допинг скандалот Ленс Армстронг-УСАДА на ББС: „Не мислам дека ова значи. Тој сè уште е легенда во спортот. Маж кој имал рак и победил на Тур де Франс. Мислам дека не е навистина важно и мислам дека навистина не значи“.[7] Подоцна дообјаснил дека неговата изјава била премногу нејасна и неговите коментари се однесувале на фактот дека тогашните услови во спортот биле поразлични од денес и споредено со добротворната работа. Изјавил: „Мислам дека тоа што го направил Ленс е целосно неприфатливо“.[8]
Мувистар (2013-2017)
уредиНа 30 октомври 2012 година, Даусет потпишал со шпанската екипа Мовистар Тим за сезоната 2013, надевајќи се на настап на некоја голема трка.[9] По завршувањето на класиците за Мовистар Тим, Даусет бил избран да вози на Џиро д’Италија, негово прво појавување на некоја голема трка. Даусет му помогнал на Мовистар Тим во освојувањето на второто место на екипниот хронометар на втората етапа. На осмата етапа, поединечен хронометар од 54,8 километри, Даусет го поставил најбрзото време и ја забележал неговата најголема победа во неговата кариера, поставувајќи време десет секунди побрзо од второпласираниот Бредли Вигинд.[10] Во јуни, Даусет го освоил националното хронометарско првенство трета година по ред и покрај падот на патеката.[11]
Во мај 2014 година, Даусет поставил нов британски рекорд во хронометарска трка на 10 милји во Кембриџшир, забележувајќи 17 минути и 20 секунди, при што го срушил претходниот рекорд на Мајкл Хатчинсон за 25 секунди.[12]
Настапувајќи за Англија на Комонвелтските игри 2014, Глазгов го освоил златниот медал во поединечниот хронометар.[13] По долго бегство, Даусет го презел водството на Трката околу Британија на шестата етапа[14] но го загубил на крајот на етапната трка од Дилан ван Барле и завршил осми во генералниот пласман.[15] Неговата екипа објавила дека Даусет потпишал продолжување на неговиот договор за три години со нив во септември.[16]
Во декември 2014 година, Даусет објавил дека ќе се обиде да го сруши часовниот рекорд на 27 февруари 2015 година.[17] Меѓутоа бил приморан да го одложи обидот по кршењето на неговата клучна коска на тренинг.[18] Обидот се случил на велодромот во Манчестер на 2 мај 2015 година[19] каде Даусет го поставил новиот светски рекорд од 52,937 километри, надминувајќи го претходниот рекорд на Роан Денис за скоро половина километар.[20] Две недели подоцна, Даусет ја освоил својата прва етапна трка, Трката околу Баварија, каде дошол до вкупната победа по освојувањето на поединечниот хронометар на четвртата етапа. Во јуни 2015 година, Даусет стигнал до четвртата титула на домашното хронометарско првенство, изедначувајќи го рекордот на Стјуарт Денџерфилд.[21]
Бил именуван во почетниот состав на екипата за Тур де Франс 2015.[22]
Тим Катјуша-Алпесин (2018-2019)
уредиВо август 2017 година било објавено дека Даусет ќе се приклучи на Катјуша-Алпесин за сезоната 2018.[23][24] Откако во последен момент прекинал со екипата во 2019 година,[25] првично мислел дека ќе се повлече од професионалниот велосипедизам во 2020 година и да се врати во неговиот локален клуб Малдон, за да се насочи на Олимпијадата и да го поврати часовниот рекорд.
Израел Старт-ап Нејшн (2020–2022)
уредиНаместо да се повлече од професионалниот велосипедизам како што најавил, Даусет бил дел од спојувањето на Катјуша-Алпесин со Израелска велосипедска академија, создавајќи ја новата екипа Израел старт-ап нејшн за 2020 година.[26] Завршил четврти на хронометарот на Европското друмско првенство,[27] и деветти на хронометарот во Светското друмско првенство.[28] По ова, Даусет настапил на Џиро д’Италија и ја освоил осмата етапа од шестчлено бегство, напаѓајќи од групата на 18 километри до целта.[29] Во ноември го продолжил неговиот договор со Израел старт-ап нејшн за уште две години.[30] Во 2021 година, Даусет се обидел да го сруши часовниот рекорд и завршил 54,555 километри, трет најдобар резултат во поновата историја на часовниот рекорд.[31]
Во август 2022 година, Даусет објавил дека ќе се повлече од професионалниот велосипедизам на крајот на сезоната.[32]
Личен живот
уредиДаусет страда од хемофилија.[33] Во интервју дадено во јули 2013, Даусет ја навел својата медицинска состојба како причина за изборот на велосипедизмот во неговата младост од другите спортови, бидејќи останатите спортови како фудбал или рагби биле сметани за преризични. Се верува дека е единствениот професионален спортист со ваква состојба.[4] Како последица на тоа имал специјален исклучок од правилото на Меѓународниот велосипедистички сојуз без игли, воведено во 2011 година,[34] за да внесува белковина фактор VIII на секои 48 часа. Даусет води добротворна фондација „Литл Блидерс“ (Little Bleeders) за зголемување на свесноста од хемофилија.[4]
Достигнувања
уреди- 2005
- 1. Национално јуниорско хронометарско првенство
- 1. Краен пласман Трка околу Велс за јуниори
- 2006
- 1. Европско јуниорско велодромско првенство - екипна потера
- 1. Национално јуниорско хронометарско првенство
- 3. Краен пласман Трка околу Велс за јуниори
- 2007
- 6. Класик Рутланд-Мелтон
- 2008
- Национални друмски првенства под 23 години
- 1. Пролог (ТТТ) Тур Алзас
- 2009
- 1. Национално хронометарско првенство под 23 години
- 1. Ричмонд Гран При
- 7. Светско хронометарско првенство под 23 години
- 2010
- 1. Европско хронометарско првенство под 23 години
- 1. Хроно де насионс за млади
- 1. Етапа 5 Велосипедски класик Каскад
- 2. Комонвелтски игри - хронометар
- 8. Трка Батенкил
- 2011
- 1. Национално хронометарско првенство
- 1. Лондон Ноктурн
- 1. Етапа 8a (ITT) Трка околу Британија
- 2. Краен пласман Тур ди Поату-Шарант
- 1. Етапа 5
- 3. Хроно де насионс
- 5. Краен пласман Трка околу Данска
- 6. Краен пласман Стер ЗЛМ Тур
- 2012
- Национални друмски првенства
- 2. Дуо Норманд (со Лук Роу)
- 8. Светски хронометарски првенства UCI
- 2013
- 1. Национално хронометарско првенство
- 1. Етапа 8 (ITT) Џиро д’Италија
- 2. Лондон Ноктурн
- 2014
- 1. Комонвелтски игри - хронометар
- 1. Етапа 3 (ITT) Сиркут де ла Сарт
- 2. Национално велодромско првенство - медисон (со Џо Холт)
- 3. Национално хронометарско првенство
- 7. Краен пласман Тур ди Поату-Шарант
- 8. Краен пласман Трка околу Британија
- 2015
- Светски часовен рекорд: 52,937 км
- 1. Национално хронометарско првенство
- 1. Краен пласман Трка околу Баварија
- 1. Етапа 4 (ITT)
- 3. Светско првенство во екипен хронометар
- 2016
- 1. Национално хронометарско првенство
- 1. Етапа 7 (ITT) Трка околу Полска
- 6. Светско првенство во екипен хронометар
- 2017
- 1. Етапа 2б (ITT) Сиркут де ла Сарт
- 2. Национално хронометарско првенство
- 10. Краен пласман Трка Дубаи
- 2018
- 3. Национално хронометарско првенство
- 5. Европско хронометарско првенство
- 2019
- Национални друмски првенства
- 5. Светско хронометарско првенство
- 5. Европско хронометарско првенство
- 10. Краен пласман ЗЛМ Тур
- 2020
- 1. Етапа 8 Џиро д’Италија
- 4. Европско хронометарско првенство
- 9. Светско хронометарско првенство
- 2021
- 1. Етапа 1b (TTT) Сетимана Интернационале ди Копи е Бартали
Распоред на резултатите на големите трки
уредиГолема трка | 2013 | 2014 | 2015 | 2016 | 2017 | 2018 | 2019 | 2020 | 2021 | 2022 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Џиро | 147 | — | — | — | — | 120 | — | 120 | СО | 134 |
Тур | — | — | СО | — | — | — | 151 | — | — | — |
Вуелта | не настапил во текот на неговата кариера |
СО = се откажал; — = не учествувал
Распоред на резултатите на првенства
уредиНастан | 2012 | 2013 | 2014 | 2015 | 2016 | 2017 | 2018 | 2019 | 2020 | 2021 | |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Светски првенства | Друмска трка | СО | — | — | СО | — | — | — | — | — | — |
Хронометар | 8 | 41 | 20 | 17 | 12 | — | 29 | 5 | 9 | — | |
Екипен хронометар | 9 | — | 6 | 3 | 6 | 6 | 11 | не постоел | |||
Мешан екипен хронометар | не постоел | — | НСО | 5 | |||||||
Европски првенства | Хронометар | не постоел | — | — | 5 | 5 | 4 | — | |||
Друмска трка | — | — | — | СО | СО | — |
— = не учествувал; СО = се откажал; НСО = не се одржала
Наводи
уреди- ↑ „Биографија на Алекс Даусет“. Team Sky. Архивирано од изворникот на 2014-08-08. Посетено на 30 август 2012.
- ↑ 2,0 2,1 „Alex Dowsett – Team KATUSHA ALPECIN“. Архивирано од изворникот на 8 July 2019. Посетено на 8 July 2019.
- ↑ „A family affair for Airwaves Racing at Dunton shakedown“. Airwaves Racing. Motorbase Performance. 29 септември 2011. Архивирано од изворникот на 2016-01-29. Посетено на 2 септември 2012.
- ↑ 4,0 4,1 4,2 „Alex Dowsett: Haemophilia no barrier to cyclist's hour record bid“. bbc.co.uk. 30 април 2015. Посетено на 1 мај 2015.
- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2010-11-23. Посетено на 2013-03-10.
- ↑ Лајонел Бирни (6 ноември 2009). „Даусет потпиша со Трек-ЛајвСтронг“. Cycling Weekly. IPC Media Sports & Leisure network. Посетено на 12 октомври 2012.
- ↑ Шејн Стоукс (11 октомври 2012). „Armstrong case: Yates insists he saw nothing suspicious as rider or directeur sportif“. VeloNation. VeloNation LLC. Посетено на 12 октомври 2012.
- ↑ Шејн Стоукс (11 октомври 2012). „Alex Dowsett clarifies earlier comments about Armstrong“. VeloNation. VeloNation LLC. Посетено на 12 октомври 2012.
- ↑ Вин, Најџел (30 октомври 2012). „Даусет потпиша за екипата Мувистар за 2013“. Cycling Weekly. IPC Media Limited. Посетено на 30 октомври 2012.
- ↑ Вин, Најџел; Браун, Грегор (11 мај 2013). „Алекс Даусет победи на хронометарот на осмата етапа на Џиро д'Италија“. Cycling Weekly. IPC Media. Посетено на 13 мај 2013.
- ↑ „Dowsett claims third straight British time trial title“. Cyclingnews.com. Future plc. 20 јуни 2013. Посетено на 20 јуни 2013.
- ↑ Вин, Најџел (31 мај 2014). „Алекс Даусет постави нов британски рекорд во хронометар на 10 милји“. Cycling Weekly. Посетено на 3 јуни 2014.
- ↑ „Алекс Даусет го освои златото на машкиот хронометар“. Bbc.co.uk. Посетено на 31 јули 2014.
- ↑ „Брендле освои втора последователна победа на Трката околу Британија“. Cyclingnews.com. Future plc. 12 септември 2014. Посетено на 12 септември 2014.
- ↑ „Дилан ван Барле победи на Трката околу Британија 2014“. VeloNews. Competitor Group, Inc. 14 септември 2014. Архивирано од изворникот на 2014-09-24. Посетено на 23 септември 2014.
- ↑ „Алекс Даусет од Велика Британија потпиша нов тригодишен договор со Мувистар“. The Guardian. 2014 Guardian News and Media Limited. 22 септември 2014. Посетено на 23 септември 2014.
- ↑ http://www.cyclingweekly.co.uk/news/latest-news/alex-dowsett-announces-hour-record-attempt-february-27-150124
- ↑ http://www.bbc.co.uk/sport/0/cycling/30946525
- ↑ Кларк, Стјуарт (27 април 2015). „Storey shares Hour Record advice as Dowsett's attempt draws near“. Cycling Weekly. Посетено на 2 мај 2015.
- ↑ „Алекс Даусет постави нов часовен рекорд од 52,937 км“. Cyclingnews.com. 2 мај 2015. Посетено на 2 мај 2015.
- ↑ Ален, Еди (25 јуни 2015). „Даусет, Симондс и Дејвис ги освоија британските хронометарски титули“. British Cycling. Посетено на 25 јуни 2015.
- ↑ „Почетна список на Тур де Франс 2015“. Velo News. Архивирано од изворникот на 2015-06-29. Посетено на 2 јули 2015.
- ↑ „Britain's Alex Dowsett to leave Movistar for Katusha-Alpecin“. BBC Sport. BBC. 21 August 2017. Посетено на 2 January 2018.
- ↑ „Katusha-Alpecin announce reduced 24-rider roster for 2019“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. 20 November 2018. Посетено на 4 January 2019.
- ↑ Ballinger, Alex (2019-10-03). „Israel Cycling Academy confirm Katusha-Alpecin takeover“. Cycling Weekly (англиски). Посетено на 2019-12-24.
- ↑ Ostanek, Daniel (28 December 2019). „Dowsett sets sights on 2020 Olympics after Israel Start-Up Nation move“. Cyclingnews.com. Future plc. Посетено на 8 January 2022.
- ↑ Farrand, Stephen (24 August 2020). „European Championships: Stefan Küng wins elite men's time trial title“. Cyclingnews.com. Future plc. Посетено на 8 January 2022.
- ↑ Ballinger, Alex (25 September 2020). „Imola 2020 World Championships: What is Alex Dowsett's unbranded time trial bike?“. Cycling Weekly. Future plc. Посетено на 8 January 2022.
- ↑ Fotheringham, Alasdair (10 October 2020). „Giro d'Italia: Alex Dowsett claims potential career-saving stage win“. Cyclingnews.com. Future plc. Посетено на 8 January 2022.
- ↑ Bennett, Tom (13 November 2020). „Alex Dowsett signs two-year contract with Israel Start-Up Nation“. Јуроспорт. Discovery, Inc. Посетено на 8 January 2022.
- ↑ „No regrets for Alex Dowsett amid 'overwhelming' response to Hour Record attempt“. Посетено на March 9, 2022.
- ↑ Becket, Adam (29 August 2022). „Alex Dowsett to retire from professional cycling“. Cycling Weekly. Future plc. Посетено на 19 September 2022.
- ↑ Елис Бејкон (22 март 2010). „Dowsett delivers for Trek-Livestrong“. Cycling News. Future Publishing Limited. Посетено на 12 октомври 2012.
- ↑ Фаранд, Стивен (2 февруари 2015). „UCI ја одобри политиката без игрли“. Cyclingnews.com. Посетено на 1 мај 2015.
Надворешни врски
уреди„Алекс Даусет“ на Ризницата ? |
- Матична страница (англиски)
- „Достигнувања на Алекс Даусет“. Cycling Archives.
- „Достигнувања на Алекс Даусет“. Cycling Quotient.
- „Достигнувања на Алекс Даусет“. ProCycling.
Рекорди | ||
---|---|---|
Претходник Роан Денис |
Часовен рекорд UCI (52,937 км) 2 мај 2015 — 7 јуни 2015 |
Наследник Бредли Вигинс |