Силвио Пиколомини

Енеја Силвио Пиколомини (италијански: Enea Silvio Piccolomini; o. 1640 - 9 ноември 1689) — италијански благородник и австриски генерал познат во македонската историја како одговорен за палежот на Скопје во 1689 година. Потекнувал од познато благородничко семејство од Сиена, Италија. Во австриската војска изградил кариера почнувајќи од обичен офицер до генерал. Починал од колера од која се заразил во Скопје.

Грбот на семејството Пиколомини.

Потекло

уреди

Пиколомини биле благородничко семејство од Сиена, Италија, кое за првпат се споменува во 1220 година, кога Енгелберто д’Уго Пиколомини го добил поседот Монтенртари во Вал д’Орсија од светиот римски цар Фридрих II како награда за своите услуги.

Семејството се стекнало со куќи, замоци и земја во Сиена. Подоцна, двајца римски папи доаѓаат од семејството Пиколомини: Пиј II (родено име: Енеја Силвио Пиколомини, 1405 – 1464) и Пиј III (родено име: Франческо Тодесини Пиколомини, 1439 – 1503)). Покрај тоа, и еден австриски маршал потекнува од ова семејство - принцот Октавио Пиколомини (1599 - 1656).[1][2]

Во текот на 16 век економската моќ и влијанието на семејството Пиколомини почнало да опаѓа.

Кариера

уреди

Младите благородници ја напуштале Сиена и оделе во Виена кајшто со помош на влијателното италијанско лоби добивале пониски позиции во германските одреди. Така и Пиколомини во февруари 1660 заминал за Виена, кајшто татко му му обезбедил стан со слуга и коњи, додека младиот Пиколомини чекал на приеми кај царот, царицата, надвојводата и други значајни министри. Се потпирал на авторитетот и името на своите познати претходници.

Конечно успеал да се зближи со министерот гроф Рабата, кој му помогнал во 1660 година да добие сосема почетничко место во неговиот полк, и покрај тоа што царот во тоа време распуштил некои од воените единици.

Младиот Пиколомини настојувал да ја следи славната традиција на своето семејство. Во 1675 бил потполковник распореден во долината на Рајна кајшто Австријците воделе борби со Французите. Во 1677 бил примен на дворот на царот на Светото Римско Царство Леополд I. До 1681 успеал и своите двајца внуци да ги внесе во австриската војска.[3] До 1689. веќе бил под-генерал во австриската војска.

Воени операции и палежот на Скопје

уреди
 
Скопје во 1594 г., пред палежот

Во 1689 г., Пиколомини раководел со автономна армија со задача да ги освои Косово, Босна и Македонија. Ова било контраофанзива против Отоманското Царство по походот на Турците во 1683 во која за малку ќе ја освоеле и Виена. Но, во тоа време Скопје го зафатила епидемија на колера. Пиколомини наредил градот да се запали за да се сопре епидемијата. Скопје било запалено и горело два дена. До темел изгореле голем број куќи и дуќани, но епидемијата не сопрела. Дури и самиот генерал Пиколомини се заразил и набрзо умрел.

Пиколомини како тема во уметноста и во популарната култура

уреди
  • „Пиколомини огнодарител“ — песна на македонскиот писател Славко Јаневски од 1966 година.[4]

Наводи

уреди
  1. Richter, Die Piccolomini (Berlin, 1874)
  2. A. Lisini and A. Liberati, Albero della famiglia Piccolomini (Siena, 1899)
  3. „The decline of a provincial military aristocracy: Siena, 1560-1740“. Архивирано од изворникот 2012-07-08. Посетено на 2012-07-08.
  4. Славко Јаневски, Евангелие по Итар Пејо. Скопје: Кочо Рацин, 1966, стр. 35-36.