Алфред Бернхард Нобел (21 октомври 183310 декември 1896) — шведски хемичар, инженер, пронаоѓач и производител на оружје. Тој е пронаоѓачот на динамитот. Нобел го поседувал и Bofors кој го пренасочил од неговата претходна и примарна улуга на производител на железо и челик во голем производител на топови и друго оружје. Нобел патентирал 350 различни патенти, од кои динамитот бил најпознат. Тој го искористил своето богатство за посмртно да ги основа Нобеловите награди.[2][3] Вештачкиот елемент „нобелиум“ е именуван по него.[4] Неговото име опстојува во современите компании како што се Dynamit Nobel и Akzo Nobel, кои се потомци на компаниите што самиот Нобел ги основал.

Алфред Нобел
Alfred Bernhard Nobel
Роден 21 октомври 1833
Стокхолм, Шведска
Починал 10 декември 1896
Санремо, Италија[1]

Живот и кариера

уреди

Роден во Стокхолм, Алфред Нобел бил четвртиот син на Имануел Нобел (1801 - 1872 година), пронаоѓач и инженер, и Каролина Андриет Нобел (1805 - 1889 година).[5] Парот стапил во брак во 1827 година и имал осум деца. Семејството било доведено до просјачки стап, и само Алфред и неговите тројца браќа го проживеале детството.[5][6] По таткова линија, Алфред бил потомец на шведскиот научник Олаус Рудбек (1630 - 1702 година)[7] па за возврат на тоа, момчето било заинтересирано во инженерство, особено експлозиви, учејќи ги основните начела од неговиот татко на рана возраст.

Пратен од неколку неуспеси во работата, во 1837 година таткото на Нобел се преселил во Санкт Петербург каде што станал успешен како производител на алатни машини и експлозиви. Тој ја измислил современата „иверица[8] и започнал со истражување на „торпедото“.[9] Во 1842 година, неговото семејство му се придружила во Санкт Петербург. Имајќи пари, неговите родители биле во можност да го пратат Нобел кај приватни учители а тој се покажал како доста добар во неговите студии, особено во полето на хемијата и јазиците, стекнувајќи се со високо познавање на англискиот, францускиот, германскиот и рускиот јазик.[5] За време од осумнаесет месеци, од 1841 до 1842 година, Нобел го посетувал единственото училиште како дете, Јакопсоновото апологетско школо во Стокхолм.[6]

Како младо момче, Нобел учел со хемичарот Николај Зинин. Потоа во 1850 година, тој заминал во Париз за да ги продлабочи своите студиите. На осумнаесет годишна возраст тој заминал во Соединетите Држави на едногодишни студии по хемија, каде што соработувал во краток временски период со пронаоѓачот Џон Ериксон,[10] кој го дизајнирал оклопниот воен брод во Американската граѓанска војна, USS Monitor. Во 1857 година, Нобел го регистрирал неговиот првпатент, патент за гасомер.

Семејната фабрика произведувала оружје за Кримската војна (1853 - 1856 година) но се сретнала со потешкотии да се врати на редовното производство за домашните потреби откако војувањето завршило, што довело до банкрот.[5] Во 1859 година, таткото на Нобел ја оставил фабриката под раководство на неговиот втор син Лудвиг Новел (1831 - 1888 година), кој значително ја подобрил работата. Нобел и неговите родители се вратиле од Русија во Шведска, а Нобел целосно се посветил себеси на изучување на експлозивите, особено на безопасното производство и употреба на нитроглицеринот (откриен во 1847 година од страна на Асканио Собреро, негов колега на студии под менторство на Теофил-Јулиј Пелуз при Универзитетот во Торино). Во 1863 година, Нобел го измислил детонаторот, а во 1865 година го дизајнирал капсула-детонаторот. [5]

На 3 септември 1864 година, експлодирала барака во фабриката во Хеленборг, Стокхолм, која се користела за подготвување на нитроглицерин, убивајќи петмина, помеѓу кои и помладиот брат на Нобел, Емил.[6] Постојано проследен со повеќе мали несреќи но непопречен од тоа, Нобел продолжил и понатаму да гради фабрики концентрирајќи се на подобрување на стабилноста на експлозивите кои ги развивал. Нобел го пронашол динамитот во 1867 година, материја со која било полесно и побезбедно да се работи отколку со понестабилниот нитроглицерин.[5] Динамитот бил патентиран во Соединетите Држави[6][11][5][12] и во Обединетото Кралство и бил користен во минирање и градење на меѓународни транспортни мрежи. Во 1875 година Нобел го измислил експлозивниот желатин или гелигнит, кој бил постабилен и помоќен од динамитот, а во 1887 година го патентирал балиститот, претходникот на кордитот.[5]

Во 1884 година, Нобел бил избран како член на Кралската академија на науките на Шведска, истата институција која подоцна ќе одбере лауреати за две од Нобеловите награди, и добил почесна диплома од Универзитетот во Упсала во 1893 година.[13]

Неговите браќа, Лудвиг и Роберт експлоатирале нафтени полиња покрај Каспиското Езеро и станале многу богати. Нобел инвестирал во овие нафтени полиња и направил големо богатство преку развивање на овие нови нафтени региони. За време на неговиот живот, Нобел патентирал 350 пронајдоци на меѓународно ниво и до неговата смрт тој основал 90 фабрики за оружје, и покрај неговото верување во пацифизам.[5][14]

Во 1891 година, по смрта на неговата мајка и неговиот брат Лудвиг и крајот на врска која траела долго време, Нобел се преселил од Париз во Санремо, Италија.

Боледувајќи од ангина, Нобел починал во својот дом во 1896 година од мозочно крварење. Без знаење на неговото семејство, пријатели или колеги, тој го оставил поголемиот дел од неговото богатство во фондација, со цел да ги финансира наградите кои ќе станат познати како Нобелови награди. Тој е погребан на градските гробишта во Стокхолм.

Поголемиот дел од професионалната кариера, Нобел го поминал патувајќи, притоа одржувајќи компании во многу земји во Европа и Северна Америка и живеејќи во Париз од 1873 до 1891 година. Тој останал повлечен и осамен, препуштен на повремена депресија. Иако тој останал неоженет, неговите биографи велат дека Нобел имал најмалку три љубовни приказни. Неговата прва љубовна приказна била во Русија со девојка по име Александра, која ја одбила неговата брачна понуда. Во 1876 година, австрочешка грофица по име Берта Кински станала секратарка на Алфред Нобел. Но по само краток престој таа го напуштила за да се омажи со нејзиниот претходен љубовник, баронот Артур Гундакар фон Сутнер. Иако нејзиниот личен контакт со Алфред бил краток, таа се допишувала со него сè до неговата смрт во 1896 година, и се верува дека таа имала големо влијалние во неговата одлука да вклучи награда за залагање за мир помеѓу оние награди кои биле предвидени во неговиот тестамент. Во 1905 година, Берта фон Сутнер добила Нобелова награда за залагање за мир „за нејзините искрени мировни активности“. Третата и најдолга врска на Нобел била со Софи Хес која била од Виена, и која што тој ја сретнал во 1876 година. Врската траела осумнаесет години. По неговата смрт, според неговите биографи Евланоф, Флуор и Фант, неговите писма биле заклучени во Нобеловиот институт во Стокхолм. Тие биле откриени единствено во 1955 година, за да бидат бидат вклучени со биографските податоци на Нобел.

И покрај недостигот на формално високо образование, Нобел одлично познавал шест јазици: шведски, француски, руски, англиски, германски и италијански. Тој развил и книжевни вештини за пишување поезија на англиски јазик. Неговата „Немезис“, трагедија во проза во четири чинови, за Беатриче Ченчи, делумно испирирана од драмата „Ченчи“ на англискиот поет Перси Биш Шели, била објавена за време на неговата смрт. Целосното испечатено издание, освен три копии, било уништено веднаш по неговата смрт, што се сметало за скандалозно и безбожно. Првата копија што останала (која била на два јазика, шведски и есперанто) била објавена во Шведска во 2003 година. Драмата била преведена на словенечки јазик преку есперанто верзијата и на француски јазик. Во 2010 година, во Русија, драмата се издала како уште едно двојазично издание (на руски и есперанто јазик).

Пронајдоци

уреди

Нобел открил дека кога нитроглицеринот ќе се помеша со апсорбирачка инертна супстанца како што е kieselguhr („дијатомејска земја“) станува полесен и посоодветен за работа, и во 1867 година тој ја патентирал оваа мешавина како „динамит“.[15] Нобел го демострирал неговиот експлозив за првпат таа година во еден каменолом во Редхил, Сари, Англија. Со цел да ја поврати честа на неговото име и да ја подобри сликата за неговата работа од контроверзиите кои биле поврзани со опасните експлозиви, Нобел размислувал и да ја именува високо моќната супстанца како „заштитниот прав на Нобел“, но наместо тоа се решил за „динамит“, упатувајќи кон грчкиот збор за „моќ“.

Потоа тој го комбинирал нитроглицеринот со различни соединенија на нитроцелулозата, слични на „колодиумот“, но се решил за поделотворна формула комбинирајќи друг нитратен експлозив и добил провидна супстанција слична на желатин, која била помоќен експлозив од динамитот. „Гелигнитот“ или експлозивниот желатин, како што бил наречен, бил патентиран во 1876 година, и бил проследен со мноштво слични соединенија променети со додавање на калиум нитрат и разни други супстанци.[15] Гелигнитот бил постабилен, пренослив и погоден за обликување со цел да одговара на избушени дупки, како оние кои се користат при дупчење и минирање, од соедининијата кои се користеле претходно и бил прифатен како стандардна технологија за минирање во Ерата на инженерството, што му донело на Нобел голема финансиска добивка, ставајќи го неговото здравје во прашање. Проширување на границите на ова истражување довело до Нобеловото пронаоѓање на балиститот, претходникот на многу современи бездимни експлозиви во прав и соединение кое сè уште се користи како ракетно гориво.

Нобелови награди

уреди

Во 1888 година, Лудвиг, братот на Алфред умрел за време на неговата посета на Кан а француски весник мислејќи дека тоа е Алфред, по грешка објавил негов некролог.[5] Весникот го осудил Алфред за неговото пронаоѓање на динамитот.[5][16] Некрологот изјавил „Le marchand de la mort est mort“ (што во превод од француски јазик значи :„трговецот на смрта е мртов“) и продолжил велејќи: „Доктор Алфред Нобел кој се збогати со откривање како да убива луѓе побрзо од било кога, почина вчера“.[5] Алфред се разочарал од тоа што го прочитал и се загрижил за тоа како тој ќе запаметен.[17]

На 27 ноември 1895 година, во шведско-норвешкиот клуб во Париз, Нобел го потпишал неговиот последен тестамент и се отргнал од товарот на она што го поседувал со цел да ги основа Нобеловите награди, за да се доделуваат секоја година без дискриминација на национална основа.[15][18] По оданочување и оставање наследство на некои личности, тестаментот на Нобел предвидел 94 проценти од неговиот вкупен имот, 31,225,000 шведски круни, за основање на петте Нобелови награди. Претворено во британски фунти во тој период тоа било 1,687,837 милиони.[19][20][21][22] Во 2012 година, вредноста на капиталот е околу 3,1 билион шведски круни (472 милиони американски долари, 377 милиони евра), што е скоро двојно повеќе од сумата на почетниот капитал, земајќи ја предвид инфлацијата.[20]

Првите три од овие награди се доделуваат за достигнување во полето на физиката, хемијата, медицината или психологијата. Четвртата е награда за книжевно дело „од идеалистички правец“, а петта треба да се додели на онаа личност или општество што го дава најголемиот придонес кон каузата за меѓународното заедништво, во потиснување или намалување на постоечките вооружени сили, или во воведување или поткрепа на мировните конгреси.[15]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Нобел, Алфред. „Alfred Nobel's Final Years in Sanremo“. Nobel Media AB.
  2. „Alfred Nobel's Fortune“. The Norwegian Nobel Committee. Архивирано од изворникот на 6 јануари 2017. Посетено на 28 јануари 2021.
  3. „Alfred Nobel's Will“. The Norwegian Nobel Committee. Посетено на 28 јануари 2021.
  4. „Nobelium“. Royal Society of Chemistry. Посетено на 28 јануари 2021.
  5. 5,00 5,01 5,02 5,03 5,04 5,05 5,06 5,07 5,08 5,09 5,10 5,11 „Alfred Nobel“. Britannica.com. 19 март 2012. Посетено на 28 јануари 2021.
  6. 6,0 6,1 6,2 6,3 Encyclopedia of Modern Europe: Europe 1789–1914: Encyclopedia of the Age of Industry and Empire, "Alfred Nobel", 2006 Thomson Gale.
  7. Шук, Хенрик, Рагнар Сохлман, Андерс Остерлинг, Карл Густаф Бенхард, the Nobel Foundation and Wilhelm Odelberg, eds. Nobel: The Man and His Prizes. 1950. 3rd ed. Coordinating Ed., Wilhelm Odelberg. New York: American Elsevier Publishing Company, Inc., 1972, стр. 14. ISBN 0-444-00117-4, ISBN 978-0-444-00117-7.
  8. „Nobel Plywood“ (англиски). Посетено на 28 јануари 2021.
  9. „The Man Who Made It Happen — Alfred Nobel“. 3833. Архивирано од изворникот на 30 мај 2014. Посетено на 28 јануари 2021.
  10. „Alfred B Nobel – Svenskt Biografiskt Lexikon“. sok.riksarkivet.se.
  11. Карлис, Рдонеј (2004). Scientific American Inventions and Discoveries, p. 256. John Wiley & Songs, Inc., New Jersey. ISBN 0-471-24410-4.
  12. „Patents – Alfred Nobel“. nobelprize.org. Посетено на 28 јануари 2021.
  13. Nobel, Alfred Bernhard (1833-1896). Notion Press. ISBN 9781643246949.
  14. „Alfred Nobel (1833–1896)“. BBC. Посетено на 28 јануари 2021.
  15. 15,0 15,1 15,2 15,3   Една или повеќе речениците пред наводов вклучуват текст од дело кое сега е во јавна сопственостChisholm, Hugh, уред. (1911). „Nobel, Alfred Bernhard“ . Encyclopædia Britannica. 19 (11. изд.). Cambridge University Press. стр. 723–724.CS1-одржување: ref=harv (link)
  16. The History Channel, Modern Marvels, епизода 038 (оригинално емитувана 21 јуни 1999)
  17. Брасвел, Сеан. „The Newspaper Error That Sparked the Nobel Prize“. OZY. Архивирано од изворникот на 2020-09-14. Посетено на 2021-01-28.
  18. „Alfred Nobel's will“. NobelPrize.org. Архивирано од изворникот на 2019-09-25. Посетено на 2021-01-28.
  19. Курс од 18.5:1 во SEK:GBP
  20. 20,0 20,1 Лобел, Хакан (2010). Historical Monetary and Financial Statistics for Sweden Exchange rates, prices, and wages, 1277–2008. SVERIGESRIKS BANK. стр. 291. ISBN 978-91-7092-124-7.
  21. Абрамс, Ирвин (2001). The Nobel Peace Prize and the Laureates. Watson Publishing International. стр. 7. ISBN 0-88135-388-4.
  22. Фант, Кене (1991). Alfred Nobel: a biography. New York: Arcade Publishing ISBN 1-55970-328-8, стр. 327