Ли Хауард
Ли Хауард (англиски: Leigh Howard; р. 18 октомври 1989) — австралиски професионален велосипедист. Се квалификуван за Летните олимписки игри 2020 во дисциплините медисон и екипна потера. Хауард бил дел од екипната потера заедно со Келанд О’Брајен, Сем Велсфорд и Александер Портер. Тие обезбедиле бронзен медал откако Нов Зеланд доживеал пад. Хауард исто така настапил во медисон, каде екипата завршила петта со време 3:48.448 и со тоа не се квалификувала за финале.[1]
Хауард во 2018 година | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Лични податоци | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Цело име | Ли Хауард | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Роден | 18 октомври 1989 Гилонг, Австралија | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Висина | 1,76 м | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Маса | 70 кг | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Податоци за клубот | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Дисциплина | друмски велосипедизам | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Улога | возач | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Вид на возач | спринтер | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Аматерски клубови | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
2009 2009 | Гилонг КК Австралиски институт за спорт Тим Тошиба | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Професионални клубови | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
2010–2011 2012–2015 2016 2017 2018-2019 | Тим ХТЦ-Колумбија ГринЕЏ ИАМ Сајклинг Аква Блу Спорт АКА-Рајд Саншајн Коуст | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
Животопис
уредиРоден во Гилонг, Викторија, Хауард сега престојува во Ворн Пондс.[2] Со велосипедизам започнал на 10 години, а првпат ја претставувал Австралија на 16 години.[2] Тој е носител на стипендија од Австралискиот институт за спорт.
Хауард го освоил бронзениот медал во дисциплината омниум на Светските велодромски првенства UCI 2008. Освоил неколку медали во второто и четвртото коло на Светскиот велодромски куп UCI 2008–2009. Во 2009, повторно освоил медал во омниум на Светските првенства, овој пат златен, како и сребрен во медисон и екипна потера.[2] Исто така, Хауард имал успех во друмскиот велосипедизам во 2009, победувајќи на првата и третата етапа на Трката околу Јапонија.
На првата професионална трка со екипата ХТЦ Колумбија, Хауард ја освоил четвртата етапа на Трката околу Оман. Импресивно, на етапата Хауард завршил пред Даниеле Бенати, Том Бонен и Тајлер Фарар.
Хауард завршил за автомобилски електричар,[2] но нема да има потреба да се занимава со таа професија, бидејќи станал професионалец во 2010 со Тим ХТЦ-Колумбија.[3] По две години со екипата, Хауард се префрлил во ГринЕЏ за сезоната 2012.[4] Во ноември 2015 година, екипата ИАМ Сајклинг објавила дека Хауард ќе им се приклучи за сезоната 2016 со улога како дел од спринтерскиот воз за Матео Пелуки.[5]
Хауард последно возел за континенталната екипа {{{име на тимот-2019}}}.[6]
Достигнувања
уреди- 2006
- 3. Национално јуниорско хронометарско првенство
- 2007
- Трка околу Тасманија
- 1. Етапа 1
- 1. Етапа 4
- 1. Етапа 7
- UIV Куп
- 1. Амстердам
- 1. Дортмунд
- 2008
- Национално велодромско првенство
- 1. Краен пласман Трка на реката Мари
- 1. Етапа 5
- 1. Етапа 13
- 1. Копа Коли Бријантеи Интернационале
- UIV Куп
- 1. Амстердам
- 1. Минхен
- Трка околу Гипсланд
- 1. Етапа 6
- 1. Етапа 8
- Трка околу Тасманија
- 1. Етапа 1
- 1. Етапа 8
- 1. Етапа 2 Австралиски Сајклинг Гран При
- 10. Краен пласман Трка околу Берлин
- 1. Етапа 2
- 2009
- 1. Светски велодромски првенства - омниум
- 1. Краен пласман Трка околу Гипсланд
- 1. Етапа 2
- 1. Етапа 3
- 1. Етапа 6
- 1. Етапа 9
- 1. Краен пласман Трка околу Словачка
- 1. Класик Астико-Брента
- Трка околу Јапонија
- 1. Етапа 1 Трка околу Тирингија под 23 години
- 4. Сиркуито дел Порто
- 8. Џиро дел Белведере
- 2010
- 1. Светски велодромски првенства - медисон (со Камерон Мајер)
- 1. Фландриско првенство
- 1. Етапа 4 Трка околу Оман
- 1. Спринтерски пласман Трка околу Баварија
- 2011
- 1. Светски велодромски првенства - медисон (со Камерон Мајер)
- 1. Етапа 5 Стер Електротур
- 3. Трофео Кала Милор
- 4. ГП де Денен
- 2012
- 1. Етапа 2 (ТТТ) Енеко Тур
- 4. Краен пласман Трка околу Британија
- 1. Етапа 2
- 2013
- 1. Трофео Кампос-Сантањи-Сес Салинес
- 1. Трофео Платха де Муро
- 8. Вуелта а Ла Риоха
- 2014
- 5. Гран Премио Нобили Рубинетери
- 7. Краен пласман Трка околу Алберта
- 2015
- 6. Класик РајдЛондон-Сари
- 2016
- 1. Етапа 1 Трка на Фјордовите
- 1. Класика де Алмерија
- 2. Голема океанска друмска трка „Кедел Еванс“
- 2018
- 1. Игри на Комонвелтот - екипна потера
- 2. Шест дена Лондон (со Келанд О’Брајен)
- 2021
- 3. Олимписки игри - екипна потера
Распоред на резултатите на големите трки
уредиГолема трка | 2011 | 2012 | 2013 | 2014 | 2015 | 2016 |
---|---|---|---|---|---|---|
Џиро | — | — | СО | — | — | СО |
Тур | — | — | — | — | — | 172 |
Вуелта | 152 | — | 142 | — | — | — |
СО = се откажал; — = не учествувал
Наводи
уреди- ↑ „Leigh HOWARD“. Olympics.com. Посетено на 2021-12-23.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 „Профил на возач: Ли Хауард“. Cycling Australia. Архивирано од изворникот на 2012-11-30. Посетено на 2013-03-04.
- ↑ ProCycling, Issue 133, January 2010, p. 63
- ↑ „ГринЕџ го фати Хауард“. Cycling News. Future Publishing Limited. 12 септември 2011. Посетено на 1 јануари 2012.
- ↑ „Leigh Howard, Vegard Stake Laengen and Oliver Naesen confirmed for IAM Cycling“. Cyclingnews.com. 28 септември 2015. Посетено на 14 ноември 2015.
- ↑ „Australian Cycling Academy team focused on nurturing young talent“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. 11 December 2017. Посетено на 5 January 2018.
Former WorldTour rider Leigh Howard will captain the team which also includes current team pursuit world champions Sam Welsford and Kelland O'Brien on a 13-rider roster.
Надворешни врски
уреди„Ли Хауард“ на Ризницата ? |
- „Достигнувања на Ли Хауард“. Cycling Archives.
- „Достигнувања на Ли Хауард“. Cycling Quotient.
- „Достигнувања на Ли Хауард“. ProCycling.
- Биографија на Ли Хауард Архивирано на 27 јуни 2009 г. на страницата на Австралискиот институт за спорт