Џакомо Бароци да Вињола
Џакомо (или Јакопо) Бароци да Вињола (италијански: Giacomo (Jacopo) Barozzi da Vignola; 1 октомври 1507 - 7 јули 1573) — еден од најголемите архитекти на италијанскиот маниризам во XVI век. Неговите две големи ремек-дела се дворецот Вила Фарнезе во Капрарола и исусовската црква „Ил Џезу“ во Рим. Тројцата дејци кои преку своите пишани дела го распространиле италијанскиот ренесансен стил ширум западна Европа се Вињола, Себастијано Серлио и Андреја Паладио.
Животопис
уредиБароци е роден во Вињола, близу Модена во регионот Емилија-Ромања.
Ја започнал кариерата како архитект во Болоња, издржувајќи се со сликање и изработка на перспективни шаблони за интарзија. За првпат допатувал во Рим во 1536 со цел да мери и скицира римски храмови, со намера да ги објави во илустрирано издание на Витрувиј. Потоа францускиот крал Франсоа I го повикал во Фонтенбло, каде Вињола престојувал од 1541 до 1543 г. Веројатно тука ги сретнал неговите сограѓани, архитектот Себастијано Серлио и сликарот Франческо Приматичо.
Откако се вратил во Италија, Вињола го изградил дворецот Палацо Боки во Болоња. Подоцна се преселил во Рим. Таму работел за папата Јулиј III и, по смртта на поглаварот, бил вработен од страна на папското семејство Фарнезе и работел со Микеланџело, кој извршил големо влијание врз неговиот стил.
Од 1564 Вињола ја продолжил работата на Микеланџело на базиликата Свети Петар, и ги конструирал двете споредни куполи во согласност со плановите на Мијеланџело.
Вињола починал во Рим во 1573. Во 1973 неговите останки биле пренесени во римскиот Пантеон.
Идентитетот на сопругата и децата е непознат, но се знае дека неговите потомци денес живеат во Америка под скратеното презиме Роци.
Дела
уредиНајважните дела на Вињола се:
- Вила Џулија за папата Јулиј III, во Рим (1550‑1553). Тука Вињола работел заедно со Аманати, проектант на нимфеумот и други градинарски елементи под општи напатствија на Вазари, со помош од мошне учениот папа и Микеланџело.
- Вила Фарнезе во Капрарола (1559-1573);
- Вила Ланте во Бањаја (1566-), со градините, водните атракции и казините;
- црква „Ил Џезу“ во Рим, матичната црква на Исусовците, која подоцна ќе послужи како инспирација барокните црковни фасади во XVII век;
- Базилика Санта Марија дељи Анџели, Асиси (со Галеацо Алеси);
- Црква Св. Андреја на Вија Фламина, Рим, првата црква со овална купола, подоцна карактеристично обележје на барокот.
Како и многумина други архитекти, Вињола ги поднел своите планови за довршување на фасадата на базиликата Св. Петронио.
Книги
уредиВињола издал две книги, со кои ги формулирал каноните на класичниот стил на архитектура: „Правила за петте архитектонски реда“ (Regole delli cinque ordini d'architettura) веројатно во Рим, 1562 како и посмртно објавената (Due regole della prospettiva pratica) „Две правила за практичната перспектива“ (Болоња 1583), во кои се фаворизира перспектива од една гледна точка, наместо од две, како бифокалната конструкција. Во нив Вињола нуди— без теоретски компликации— практични примени кои се сфатливи за потенцијалниот клиент.
Наводи
уреди- Џорџо Вазари, „Животите на најинзвонредните сликари, вајари и архитекти“ (издание 1568; Том IV, 94-95).
- G. Loukmski, 1927. Remains a standard monograph.
- Egnatio Danti, Les deux règles de la perspective pratique de Vignole, 1583, Pascal Dubourg Glatigny, Париз, 2003, ISBN 2-271-06105-9.
Надворешни врски
уреди„Џакомо Бароци да Вињола“ на Ризницата ? |
- Биографија во кратки црти (англиски)
- Влијанието на Вињола врз хортикулурата Архивирано на 14 декември 2006 г. (англиски)