Копенхаген
Копенхаген (дански København [købm̩ˈhɑwˀn] ( слушнете)) е главниот и најголем град на Данска. Се наоѓа на источниот брег на островот Зеланд и мал дел на островот Амагер. Населението на градот е 1 117 000.
Копенхаген København | ||
---|---|---|
| ||
Местоположба во Данска | ||
Координати: 55°40′34″N 12°34′06″E / 55.67611° СГШ; 12.56833° ИГД | ||
Површина | ||
• Градска | 88,25 км2 (3,407 ми2) | |
• Метро | 3.030 км2 (1,170 ми2) | |
Население (2012)[1][2] | ||
• Градско | 551,900 | |
• Густина | 0,063/км2 (0,16/ми2) | |
• Градскo | 1,213,822 | |
• Метро | 1,937,611 | |
• Метро | 639/км2 (1,660/ми2) | |
Час. појас | CET (UTC+1) | |
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | |
Мреж. место | kk.dk |
Копенхаген е политички, стопански и културен центар на Данска. Последните децении, со зацврстување на соработката со Шведска, Копенхаген, заедно со шведскиот град Малме, станал средиште на поголемото подрачје на Ересунд со околу 3,8 милиони жители. Ова е една од најразвиените области во Европска Унија.
Копенхаген веќе со години е еден од градовите со најквалитетен живот. Истовремено, тоа е еден од најскапите градови на светот.
Историја
уредиСреден век
уредиПодрачјето на градот било населено уште во времето на праисторијата. Денешната населба околу 1000 година основана од Свен Рашљобрали. Во 1167 година со дотогашните рибарски и пристанишки населби изградени во замок, на место на денешниот дворец Кристијанборг, па тоа добива црти на градот. Градот набрзо станал важно пристаниште, што го сочувало името на градот (-havn значи пристаниште). Затоа во 1167 година се смета за година на основање на Копенхаген. Со повелбата од Јакоб Ерландсен од 1245 година, Копенхаген и официјално станува град. Истовремено градот е важен трговски центар, па затоа е честа мета на Ханзата. Меѓутоа, Копенхаген станува престолнина на Данска во 15 век, наместо дотогашната престолнина Роскилде.
Нов век
уредиОд времето на преместување на престолнината во Копенхаген градот ја утврдува својата положба, но и данската стопанство и култура. Од 1658-1659 година градот успешно се одбранил од нападот на Шведска. Меѓутоа, многу голем удар на градот, го снашла чумата во 1711 година, кога бројот на населението (околу 65.000 жители) е сведен на третина.
Современ век
уредиВо двете битки, во 1801 и 1807 година Данско-Норвешката флота, доживеала голем пораз во битка кај Копенхаген од страна на британската флота. Во исто време градот е многу страдал, а загинале и многу граѓани. И покрај тоа, следните децении во 19 век, градот и целата држава забележуваат брз раст на населението и забрзан развој, па градското население брзо се зголемило. Во текот на втората светска војна, Копенхаген бил окупиран и како и останатиот дел од државата. И покрај окуапцијата, Копенхаген и Данска многу малку страдале отколку многу други окупирани области во Европа. По војната брзо се одвивала обнова и осовременување на градот. Од 1961 година отворена е првата пешачка улица на светот, Строгет, и од тогаш се работи на брзо развивање на пешачки зони. Од 2000 година, Копенхаген е поврзан со шведскиот град Малме, Ересундскиот мост (всушност мост-тунел). Последните неколку децении Копенхаген секогаш се вклучува меѓу најдобрите светски градови за живот на светот без оглед на високите трошоци на животот.
Географија
уредиПоложба на градот
уредиГеографската положба на Копенхаген е доста поволна. Копенхаген се наоѓа на најјужниот проток Ересунд, кој ги одвојува Категат и Скагерак, односно Балтичко Море и Северно Море. На тој начин Копенхаген се наоѓа на средина на Северна Европа (Скандинавија). Најблискиот поголем град до Копенхаген е шведскиот град Малме, преку мореузот, 40 км источно, со спој на новиот Ересунд со мост-тунел. Од вториот по големина град во државата, Орхус, Копенхаген е оддалечен 300 километри источно. Од Берлин, Копенхаген е оддалечен 430км северно, а од Стокхолм 660км југозападно.
Релјеф
уредиКопенхаген се наоѓа на источниот брег на големиот дански остров Зеланд, на местото каде најмногу се доближува до Скандинавски Полуостров. Помалиот дел од градот се наоѓа на островот Амагер, кој од Зеланд е раздвоен со т.н. Голем Канал. Надморската височина на градот се движи од 0 до 30 метри.
Клима
уредиКлимата во Копенхаген е умерено-континентална под влијание на Атлантски Океан и топлата Голфска струја. Затоа градот е окарактеризиран со блага и пријатна клима. Просечната годишна температура е 8°С. Најниската просечна температура во февруари е -1°С, а најголема во јули и август е 17°С. Годишната количина на врнежи се движи околу 613мм.
Води
уредиКопенхаген се развил како морско пристаниште на протокот Ересунд помеѓу Северно Море и Балтичко Море. Морето и денес е главен виновник за развој на градот (стопанството, градски превоз со многубројни канали и пристаништа).
Демографија
уредиВо 17 век, Копенхаген бил еден од најголемите градови во Европа, но подоцна бил поттиснат. Во текот на втората половина на 19 век и пред половината на XX век, градот брзо растел, зголемувајќи го бројот на населението неколкупати. По втората светска војна, бројот на населението полека растел, а подоцна и стангирал. Во тоа време, започнал раст во предградијата на Копенхаген. Денес во градските граници живеат околу 540.000 жители, а во широка градска зона околу 1,2 милиони.
Етнички состав
уредиНаселението на Копенхаген до пред неколку децении било готово исклучително етнички данско. Меѓутоа, бројните доселеници од странските земји изменет е составот на населението, започнувајќи во 1967 година, кога се поканат странски работници (гастарбајтари). Исто така, денес во Копенхаген преку 21% од населението се родени во странство (7% од ЕУ и 14% од ЕУ), и тоа значајно повеќе од просекот на државата.
Стопанство
уредиКопенхаген е „стопанското срце“ на Данска. Градот е и денес големо пристаниште, а последните децении посебно се развиле дејности од областа на работењето, трговијата и услугите. Сите важни светски компании имаат своја испостава.
Сообраќај
уредиВо Копенхаген покрај С-возот и автобуските линии постојат и 3 линии од подземната железница, т.е. метро.
Знаменитости на градот
уредиКопенхаген има добро сочуван стар градски алтштат со препознатлив „скандинавски дух“ (едноставни фасади и живи бои, канали, готски цркви и сл.). Градот има и една од најголемите пешачки зони, која истоврмено е насјтара на светот, па е гордост на градот.
Кружната кула во градот претставува една од главните туристички знаменитости на Копенхаген. Таа се наоѓа во самиот центар на градот. Заедно со неа е изградена и Црква Света Троица. Државното собрание бил некогашен двор на данското кралство, а во денешно време седиште на законодавството и министерството надворешни работи. Моноументалната зграда на Берзата се наоѓа на брегот на каналот Фредериксхолм. Се одликува од шилесто врвови со спирален облик, кој го сочинуваат четири уплатени змаевски опашки.
Копенхаген како мотив во популарната култура
уреди- „Копенхаген“ (англиски: Copenhagen) — песна на американскиот поп-пејач Скот Вокер.[3]
Галерија
уреди-
Опера во Копехаген
-
Градска куќа
-
Кралската палата - Амалиенборг
-
Парламентот на Данска во палатата Кристијансборг
-
Дворец Розенборг
-
Влез во главната пешачка улица во Строгет
-
Музеј на убава уметност
-
Кралската библиотека
Наводи
уреди- ↑ „Statistics Denmark: Copenhagen City/Urban Area (Københavns Kommune, Hovedstadsområdet), 2012 (tables: FOLK1, BEF44)“. Statistics Denmark. Архивирано од изворникот на 2013-08-22. Посетено на 17 August 2012.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ „OECD: Territorial Review Copenhagen, 2009, p. 34“. Københavns Kommune. Архивирано од изворникот на 19 January 2012.
- ↑ Scott Walker – Scott 3 (пристапено на 10.1.2024)
Надворешни врски
уреди- Копенхаген на Ризницата ?
Википатување има туристички водич за Копенхаген. |