Битка кај Трафалгар
Битката кај Трафалгар (21 октомври 1805) била водена помеѓу Британската кралска морнарица и здружената флота на Франција и Шпанија како дел од Наполеоновите битки (1803-1815). Оваа битка била најрешителната победа дотогаш на Британците, и ја предодредила британската поморска доминација во XIX век. 27 воени бродови предводени од адмиралот Хорацио Нелсон ги победиле 33-те француски и шпански бродови предводени од францускиот адмирал Пјер Вилнев. Битката се одиграла на југозападниот брег на Шпанија, кај Кадис, близу ‘ртот Трафалгар (36°11′N 6°2′W / 36.183° СГШ; 6.033° ЗГД). Поразената флота на французите и шпанците изгубила вкупно 22 брода, а победниците ниту еден.
Битка кај Трафалгар | |||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|
Дел од Наполеоновите војни | |||||||
Битката кај Трафалгар масло на платно од Џ. М. В. Тарнер 1806 - 1808 |
|||||||
|
|||||||
Завојувани страни | |||||||
Обединето Кралство | Франција Шпанија |
||||||
Команданти и водачи | |||||||
Хорацио Нелсон (загинал) | Пјер де Вилнев Федерико Гравина |
||||||
Сила | |||||||
27 бојни бродови и 6 други | Франција: 18 бојни бродови и 8 други Шпанија: 15 бојни бродови |
||||||
Жртви и загуби | |||||||
449 загинати, 1.246 ранети
| 7.000 заробени, 21 заробен брод, 1 уништен брод Франција: 2.218 загинати, 1.155 ранети Шпанија: 1.025 загинати, 1.383 ранети
|
Нелсон применил една нова тактика, наместо да ја постави флотата паралелно со противничката, тој ја поставил нормално на неа и со тоа се здобил со предност и покрај бројната надмоќ на непријателот.
Нелсон бил смртно ранет во битката, но останал како најголем поморски воен херој на Британија. Адмиралот Пјер Вилнев бил заробен заедно со неговиот брод Букентаур. Шпанскиот адмирал Федерико Гравина избегал со остатокот од флотата, но починал по неколку месеци од раните здобиени во битката.
Во чест на победата во оваа битка и јуначката смрт на адмиралот Нелсон, во 1843 г. на плоштадот Трафалгар во Лондон е поставен Нелсоновиот столб, дело на архитектот Вилијам Реилтон.
Надворешни врски
уреди„Битка кај Трафалгар“ на Ризницата ? |