Спутник 1 е првиот вештачки сателит пуштен во орбита околу земјата и беше лансиран од космодромот Бајконур во Тјуратам, 370 километри југозападно од гратчето Бајконур во Казахстан. На руски "Спутник" значи "сопатник", или сателит, во овој случај. Оваа летало претставува алуминиумска сфера со пречник од 58 сантиметри што носеше четири големи, од 2,4 до 2,9 метри долги, антени од страна. Масата му изнесуваше 83.60 килограми.

Спутник 1
Реплика на Спутник 1
Реплика на Спутник 1
ИмињаСпутник 1
Object PS (Prosteishiy Sputnik)
Простейший Спутник-1
Elementary Satellite-1
Вид задачаTechnology demonstration
СтопанисувачOKB-1
Харвардска ознака1957 Alpha 2[1]
COSPAR-ознака1957-001B
SATCAT-бр.00002
Траење на задачата22 денови (achieved)
Направени обиколки1440[2]
Особини на леталото
ЛеталоSputnik-1
ПроизведувачOKB-1
Ministry of Radiotechnical Industry
Маса83.6 kg (184 lb)
Димензии58 cм (1.90 ст) diameter
Моќност1 watt
Почеток на задачата
Датум на лансирање4 октомври 1957, 19:28:34 UTC
РакетаSputnik 8K71PS[3]
МестоBaikonur Cosmodrome Site 1/5[3]
ИзведувачOKB-1
Крај на задачата
РасходувањеAtmospheric entry
Посл. контакт26 октомври 1957
Датум на распад4 јануари 1958[3]
Орбитални параметри
Појдовен системGeocentric orbit[4]
РежимНискоземјина орбита
Голема полуоска6,955.2 km
Занесеност0.05201
Периапсида215 kм (705,000 ст)
Апоgee939 kм (3,081,000 ст)
Наклон65.10°
Период96.20 minutes
Инструменти
Radio transmitter
20.005 and 40.002 MHz
Лансиран: 4 октомври 1957 во 19:12 по Гринич, од космодромот Бајконур LC-1, со A/"Спутник" (8K71PS M1-1PS).
Орбита: 227 км x 947 км x 65,1° x 96,8 min.
Испаднат од орбита: 4 јануари 1958

Инструментација уреди

Сигналот на Спутник

Инструментите и изворите на електричната енергија беа поставени во затворена капсула и вклучувале трансмитери, а емисииите се случуваа најизменично во групи на секои 0,3 секунди. Даунлинк телеметријата вклучуваше податоци за температурите внатре и на површината од сферата. Сателитските трансмитери работеа 3 недели, додека хемиските батерии конечно не откажаа, и беа набљудувани со голем интерес во целата земја. Леталото испрати податоци за густината на горните слоеви на атмосферата и ширењето на радио брановите во јоносферата.

Крај на мисијата уреди

Малата, но многу исполирана сфера беше тешка за набљудување со голо око, поради нејзината сјајност од 6-та магнитуда, но затоа ракетниот потиснувач кој исто така ја достигна Земјината атмосфера беше подобро видлив навечер како објект од прва магнитуда. Спутник испадна од орбитата 92 дена после лансирањето, откако заврши 1400 свртувања околу Земјата, со кумулативно пројдени 70 милиони километри. Сателитот и лансирачите беа развиени од бирото за дизајн на Сергеј Корлјов NII-88/Подлипки ( денешна РАКЕТНО-КОСМИЧЕСКАЯ КОРПОРАЦИЯ "ЭНЕРГИЯ").

Надворешни врски уреди

Спутник 1Кумановски астрономски клуб „Кокино“

  1. „Sputnik 1 (PS-1 #1)“. Gunter's Space Page. 11 December 2017. Посетено на 16 May 2021.
  2. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име rswSM.
  3. 3,0 3,1 3,2 „Sputnik 1“. Encyclopedia Astronautica. Архивирано од изворникот на 27 December 2016. Посетено на 8 January 2017.
  4. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име nssdc.orbit.