Анри Мишо (француски: Henri Michaux, роден на 24 мај 1899 во Намир — починал на 19 октомври 1984 во Париз) — белгиско-француски поет, еден од најбрилијантните фигури на француската поезија на XX век. Формално може да биде вброен кон движењето на надреалистите.

Анри Мишо
Роден/а24 мај 1899
Намир, Белгија
Починат/а19 октомври 1984
Париз, Франција
Занимањепоет
ДржавјанствоФранцузин
Жанрнадреализам

Биографија

уреди

Анри Мишо е роден на 24 мај 1899 година во белгискиот град Намир. Како мал сакал да стане свештеник, но бил обесхрабрен од својот татко и се запишал да студира медицина во Брисел.

Напуштајќи ги студиите, тој патувал низ Северна и Јужна Америка како морнар од француската трговска флота. Започнал да објавува во 1923 година. Поради родителското неодобрување на начинот на живот, се преселил во Париз каде работел како учител и секретар. Заочнал да црта, под влијание на делата на Паул Кле, Макс Ернст, Џорџо де Кирико и Салвадор Дали. Веќе кон 1926 година се оддадел на поезијата.

Во 1927 патувал од Амстердам до Јужна Африка, подоцна до Азија и како резултат на тоа започнал да ја изучува хиндуистичката митологија. Во 1937-1939 година бил уредник на списание. Првата изложба на неговите слики се случила во 1937 година. Својата писателска слава ја стекнал кон 40-тите години. За време на Втората светска војна Мишо се населил во Јужна Франција, за да ја избегне окупацијата. Се оженил во 1943 година, но во 1948 година неговата жена починала при инцидент и тој се концентрирал на цртање и експерименти со дрога - на 57 години започнал да користи мескалин. Неговите подоцнежни текстови биле под силно влијание од наркотични халуцинации. Во 60-те години направил филм за хашишот и мескалинот.

Анри Мишо ја одбил Големата француска награда за литература во 1965 година. Починал на 17 октомври 1984 година во Париз.

Дела

уреди
  • Cas de folie circulaire, 1922
  • Les Rêves et la Jambe, 1923
  • Fables des origines, Disque vert, 1923
  • Qui je fus, 1927
  • Mes propriétés, Fourcade, 1929
  • La Jetée, 1929
  • Ecuador, 1929
  • Un barbare en Asie, 1933
  • La nuit remue, 1935
  • Voyage en Grande Garabagne, 1936
  • La Ralentie, 1937
  • Lointain Intérieur, 1938
  • Plume, 1938
  • Peintures. GLM, 1939
  • Au pays de la Magie, 1941
  • Arbres des tropiques, 1942
  • L'Espace du dedans, 1944
  • Épreuves, Exorcismes, 19401944
  • Ici, Poddema, 1946
  • Peintures et dessins. Le point du jour, 1946
  • Meidosems. Le point du jour, 1948.
  • Ailleurs, 1948
  • Nous deux encore. Lambert, 1948
  • La Vie dans les plis, 1949
  • Poésie pour pouvoir. Drouin, 1949
  • Passages, 1950
  • Mouvements, 1952
  • Face aux verrous, 1954
  • L'Infini turbulent, 1957
  • Paix dans les brisements, 1959
  • Connaissance par les gouffres, 1961
  • Vents et Poussières, 1962
  • Postface à Plume et Lointain intérieur („On est né de trop de mère...“) 1963
  • Désagrégation, 1965
  • Les Grandes Épreuves de l'esprit et les innombrables petites, 1966
  • Façons d'endormi, façons d'éveillé, 1969
  • Poteaux d'angle, 1971
  • Misérable Miracle (La mescaline), 1972
  • En rêvant à partir de peintures énigmatiques, 1972
  • Émergences, Résurgences, 1972
  • Bras cassé, 1973
  • Moments, traversées du temps, 1973
  • Quand tombent les toits, 1973
  • Par la voie des rythmes, 1974
  • Idéogrammes en Chine, 1975
  • Coups d'arrêt, 1975
  • Face à ce qui se dérobe, 1976
  • Les Ravagés, 1976
  • Jours de silence, 1978
  • Saisir, 1979
  • Une voie pour l'insubordination, 1980
  • Affrontements, 1981
  • Chemins recherchés, chemins perdus, transgressions, 1982
  • Les Commencements, 1983
  • Le Jardin exalté, 1983
  • Par surprise, 1983
  • Par des traits, 1984
  • Déplacements, Dégagements, 1985
  • Rencontres (avec Paolo Marinotti), 1991
  • Jeux d'encre. Trajet Zao Wou-Ki, 1993
  • En songeant à l'avenir, 1994
  • J'excuserais une assemblée anonyme..., 1994
  • À distance, 1996

Надворешни врски

уреди
 
Викицитат има збирка цитати поврзани со: