Александар Дјаченко (велосипедист)

казахстански велосипедист

Александар Дјаченко (руски: Александр Дьяченко; р. 17 октомври 1983) — поранешен казахстански професионален друмски велосипедист, кој возел професионално во периодот 2004-2015 година.

Александар Дјаченко
Дјаченко на Трката околу Австрија 2013
Лични податоци
Цело имеАлександар Дјаченко
Роден17 октомври 1983(1983-10-17)(40 г.)
Казахстанскаја, Казахстан
Висина1,75 м
Маса69 кг
Податоци за клубот
Мом. клубПовлечен
Дисциплинадрумски велосипедизам
Улогавозач
Професионални клубови
2004–2006
2008
2009–2015
Капек
Улан
Астана
Значајни победи
Етапни трки
Трка околу Турција (2012)

Еднодневни трки и класици

Национален хронометарски првак (2007)
Национален друмски првак (2013)
Последна промена
3 јануари 2016

Ја започнал неговата професионална кариера во друмскиот велосипедизам, со велосипедската екипа Капек во 2004.[1] Во 2008 му се приклучил на тимот Улан. Но од 2009, тој е член на екипата Астана.[2] Во 2012, Дјаченко имал солиден настап на Трката околу Турција, каде завршил како втор во генералниот пласман, но првичниот победник Ивајло Габровски се покажал позитивен на ЕПО. Во октомври било објавено дека на Габровски му е одземена титулата, која му била доделена на Дјаченко.[3]

Дјаченко го најавил своето повлекување од професионалниот велосипедизам.[4]

Достигнувања уреди

2007
1.   Казахстанско хронометарско првенство
1. Етапа 4 Трка околу Бугарија
3. Краен пласман Трка околу Јапонија
2011
9. Светско хронометарско првенство UCI
2012
1.   Краен пласман Трка околу Турција
1. Етапа 3
4. Краен пласман Тур де Лангкави
5. Краен пласман Трка околу Австрија
2013
1.   Национално друмско првенство
2. Национално хронометарско првенство
2. Краен пласман Трка околу Австрија

Распоред на резултатите на Гранд Тур уреди

Гранд Тур 2010 2011 2012 2013 2014 2015
  Џиро СО 111 119
  Тур
  Вуелта 32 102 137

СО = се откажал; — = не учествувал

Наводи уреди

  1. „Велосипедска екипа Капек“. www.world-of-cycling.com. Архивирано од изворникот на 2011-07-22. Посетено на 10 април 2011.
  2. „Александар Дјаченко“. Cycling Archives. Посетено на 10 април 2011.
  3. Шејн Стоукс (7 октомври 2012). „Дисквалификуваниот победник на Трката околу Турција Ивајло Габровски доби двегодишна суспензија за ЕПО“. Velo Nation. Velo Nation LLC. Архивирано од изворникот на 2012-10-09. Посетено на 7 октомври 2012.
  4. Емил Акселгард (1 декември 2015). „Поранешниот победник на Трката околу Турција најави пензионирање“. Cycling Quotes. Посетено на 3 јануари 2016.

Надворешни врски уреди