Географија на Македонија

(Пренасочено од Граници на Македонија)

Географија на Македонија — поим со кој се опфаќаат релјефните, хидрографските и климатските одлики на државата. Македонија е држава во Југоисточна Европа со географски координати 41°50′N 22°00′E / 41.833° СГШ; 22.000° ИГД / 41.833; 22.000 и со вкупна површина од 25.436 км2. Taa има граници од 896 км кои ги дели со Србија (102 км) на север, Косово (179 км) на северозапад, Бугарија (173 км) на исток, Грција (256 км) на југ и Албанија (186 км) на запад.[1] Земјата претставува транзитен коридор од Западна и Средна Европа до Егејското Море и од Југоисточна Европа до Западна Европа. Воедно, Македонија се наоѓа во северниот умерен појас, каде што има поволна клима за одгледување разни култури.

Географија на Македонија
КонтинентЕвропа
РегионБалкански Полуостров
Координати41°40′N 21°45′E / 41.667° СГШ; 21.750° ИГД / 41.667; 21.750
Површина148. место
 • Вкупна25.436 км2
 • Земја&1000000000000966700000096,67 %
 • Вода1.9 %
Граници766 км
Највисока точкаГолем Кораб, 2.764 м
Најниска точкаВардар (кај Гевгелија), 44 м
Најдолга рекаВардар, 388 км
Најголемо езероОхридско Езеро 348 км2

Државата е дел од поширокиот регион Македонија по кој таа го носи своето име. Таа е континентална држава без излез на море, но има три природни езера: Охридското, Преспанското и Дојранското. Според тоа, има водена површина од 477 км2.

Територијата на Македонија е вклучена во првиот часовен појас, кој се протега од 7°30’ до 27°30’ ИГД. Во интерес на заштеда на гориво, електрична енергија, зголемување на работниот ефект и поради други економски причини во многу земји од светот, па така и во Македонија, воведено е летно сметање на времето со одлука на Влада на Република Македонија од 1982 г., и затоа секоја година стрелките на часовникот кон крајот на март, а почетокот на јуни се поместуваат за 1 час нанапред, а кон крајот на септември или почетокот на октомври тие се враќаат 1 час наназад.[2]

Географска положба

уреди

Сместена во југоисточниот дел на Европа или во центарот на Балканот, Македонија, иако нема излез на море има доста поволна географска положба, бидејќи таа претставува „мост“ преку кој се поврзуваат сите балкански земји, па така низ Македонија минуваат доста важни европски патишта со кои таа е поврзана со останатите земји од Европа како и со блиските земји од Африка и Азија.[3]

Географски центар

уреди

Географскиот центар на Република Македонија се наоѓа во Длабок Дол (41°35′59.98″N 21°42′17.74″E / 41.5999944° СГШ; 21.7049278° ИГД / 41.5999944; 21.7049278), во атарот на селото Долно Врановци (Општина Чашка). Сè до новиот премер со најсовремени методи во 2011, за центар на земјата погрешно се сметало место во селото Крива Круша.[4]

Сообраќајна положба

уреди
Податотека:Сообраќајна карта на Р Македонија.gif
Сообраќајна карта на Република Македонија

Добрата географска положба е условена и од важните сообраќајни патишта и меѓународни комуникациски коридори, кои се особено развиени по речните текови, котлините и по планинските преслапи. Во прилог на поволната сообраќајна положба е и релативната мала оддалеченост од Јадранско Море и Егејско Море. Сепак во добро развиената сообраќајна положба, најважно место има долината на реката Вардар.

На север освен Вардарската долина, Република Македонија е поврзана со соседните држави уште во низа други важни сообраќајни правци кои минуваат низ долини, котлини и преслапи. Така, кон север, кон Србија и Косово, водат два транспортни коридори од кои еден кон реката Марица, а другиот кон реката Лепенец, однсоно две патни магистрали и две железнички линии, со вкупно 7 гранични премини (Гора, Јажинце, Волково, Блаце, Табановце, Сопот и Пелинце). Од нив четири се со меѓународен карактер (Јажинце, Волково, Блаце, Табановце), а останатите три се со меѓудржавен карактер (Сопот, Гора и Пелинце). Овие патни правци всушност се врската на Република Македонија со останатите делови од Средна, Северна и Западна Европа.[5]

На исток, кон Бугарија водат три патни правци. Едниот патен правец минува по долината на Крива Река, вториот по долината на река Брегалница, а третиот по долината на река Струмица. Односно по котлини: Кривопаланечката Котлина, Струмичката и Делчевска Котлина. Овие патни правци ја поврзуваат Македонија со Бугарија и со земјите од Источна Европа и Југозападна Азија. Кон Бугарија има три гранични премини (сите со меѓународен карактер) - Деве Баир, Делчево и Ново Село, а четвртиот Берово-Симитли е во изградба.

 
Автоматски бројачи на магистрални и регионални патишта на Република Македонија

На југ, кон Грција водат три патни правци и две железнички линии. Првиот најважен патен правец минува низ Вардарската долина (електрифицирана железничка пруга и автопатот Е75), вториот минува низ Пелагониската Котлина (патен парвец Битола-Лерин), како и железничката пруга која повеќе години е надвор од употреба. Третиот патен правец е Дојран-Кукуш, односно граничниот премин Стар Дојран.

На запад, кон Албанија, исто така водат четири патни правци. Два од нив минуваат низ Охридско-струшката котлина преку граничните премини Ќафасан (патен правец Струга-Драч) и премиот Св. Наум (патен правец Охрид-Подградец). Третиот патен правец минува низ Преспанската Котлина, од Ресен кон Мала Преспа, и четвртиот е граничниот премин Блато, (патниот правец Дебар-Пешкопеја).[6]

Во функција на сообраќајното поврзување на Македонија со соседните земји, но и со другите земји во светот е и воздушниот сообраќај. Тој се одвива преку два аеродроми, од кои едниот се наоѓа во Скопје, Аеродром Александар Велики, а другиот во Охрид - Аеродром Св. Апостол Павле.[7]

Поволната географска и сообраќајна положба која ја има Република Македонија и овозможуваат да се развијат мошне важни и разновидни транспортни сообраќајни комуникации. Според, тоа Република Македонија е вклучена во меѓународната сообраќајна мрежа. По патиштата на Република Македонија се транзитираат големи количества стоки, голем број патници, туристи итн.[8][9]

Граници

уреди

Македонија се граничи со пет држави и тоа:

 
Македонското знаме на граничниот премин Табановце

Северната граница кон Република Србија, се протега во правец запад-исток, во должина од 263 км. Низ нејзината должина границата пресекува 7 гранични премини, 6 планини, 1 клисура, 3 поголеми реки итн. Границата почнува од врвот Шерупа (2.092 м), кој претставува тромеѓе помеѓу Република Албанија, Република Косово и Република Македонија. Уште во самиот почеток границата го пресекува горниот дел од сливното подрачје на реката Радика и граничниот премин Гора-Рестелница од каде што кон исток почнува да се искачува и понатаму води по централното планинско било на Шар Планина, сè до врвот Љуботен (2.499 м). Од тука, од врвот Љуботен, граница се спушта пресекувајќи го патниот правец Тетово-Урошевац-Приштина, каде што се наоѓа граничниот премин Јажинце, од таму се спушта во Качаничката Котлина и ја сече реката Лепенец. Тука границата ги пресекува железничкиот премин Скопје-Приштина, со железничкиот премин Волково, и автопатот Скопје-Приштина и преминот Блаце. Од тука границата продолжува и се искачува на планината Скопска Црна Гора, од каде што се спушта во Кумановско-прешевската повија и ги пресекува локалниот премин Сопот, со патот Куманово-Бујановац, потоа железничката пруга, и автопатот Куманово-Врање, и премиот Табановце. Уште понаисток, границата се искачува на ниската планина Руен, а потоа се спушта и ја пресекува реката Пчиња, како и патот Куманово-Прохор Пчињски, со меѓудржавниот премин Пелинце. Искачувајќи се во источниот правец на планините Козјак, Герман и Билина Планина, границата завршува на врвот Копрвија (1.315 м), кој претставува тромеѓе помеѓу Република Македонија, Република Бугарија и Република Србија.

Источната граница кон Република Бугарија се протега во меридијански правец, со мал лачен облик. Во долната половина вушнот се граничи со областа Пиринска Македонија, присилно припоена кон Бугарија. Границата е долга 177 км и низ својата должина таа пресекува 4 гранични премини, 5 планини, 1 котлина и една поголема река (Струмица). Од врвот Коприва границата се спушта до граничниот премин Деве Баир (1.160 м), односно на сообраќајниот пат Крива Паланка-Ќустендил. Од тука, таа почнува да се искачува на Осоговски Планини, на врвот Руен (2.225 м), од каде што постепено се спушта и го пресекува планинското било. Пред да почне да го расекува целото било на планината Влаина, границата ја сече и сообраќајницата Делчево-Благоевград, со граничниот премин Делчево. Од планината Влаина, границата се искачува на Малешевски Планини, на нивниот највисок врв Ченгино Кале (1.745 м), од каде што се спушта кон граничниот премин Клепало (Црна Скала, 1.290 м). Преку овој висок планински преслап, границата се искачува на планината Огражден, која ја пресекува и потоа се спушта во Струмичката Котлина пресекувајќи ја заедно со автомобилскиот патен правец Струмица-Петрич, односно граничниот премин Ново Село и реката Струмица. Источната граница завршува искачувајќи се по планината Беласица, доаѓајќи на врвот Тумба (1.881), кој претставува тромеѓе помеѓу Република Македонија, Република Грција и Република Бугарија.[10]

Јужната граница кон соседна Република Грција се протега во напореднички правец исток-запад во должина од 262 км. Поточно, по целата должина таа се граничи со Егејска Македонија, присилно припоена кон Грција со Букурешкиот договор од 1913 г.. Низ нејзината должина таа пресекува 3 гранични премини, 5 планини, 4 котлини, 2 езера и најголемата македонска река Вардар. Од врвот Тумба, во напореднички правец границата минува по сртот на планината Беласица, од каде се спушта и ги сече Дојранско Езеро, автомобилскиот пат Стар Дојран-Кукуш и граничниот премин Дојран. Границата продолжува и ја пресекува Гевгелиско-валандовската котлина, меќународниот патен правец Е-75 и реката Вардар, како и меѓународната железничка линија Гевгелија-Сехово (Идомени)-Солун, како и автомобилскиот граничен премин Богородица. Движејќи се кон запад границата се искачува на планината Кожуф и минува преку високите планински врвови Зелен Брег (2.171 м) и Дудица (2.132 м), а потоа се спушта на пониската планина Козјак, и од тука се искачува на планината Ниџе, која ја пресекува заедно со највискиот врв Кајмакчалан (2.520 м). Оваа граница ја пресекува и најголемата македонска котлина, Пелагонија, заедно со автомобилскиот пат Битола-Лерин и граничниот премин Меџитлија, како и железничката пруга, заедно со граничниот премин Кременица (кој веќе не е во фонкцуја неколку години). Од пелагониското рамниште границата се искачува на Баба Планина пресекувајќи ја заедно со врвот ’Ржана (2.334 м). Оттука границата повторно се спушта, но сега во Преспанската Котлина, односно го пресекува Преспанско Езеро во напореднички правец сè до тромеѓето помеѓу Република Македонија, Република Грција и Република Албанија.

 
Граничниот премин Блато
 
Граничниот премин Св. Наум

Западната граница кон соседна Република Албанија се протега во приближно меридијански правец југ-север во должина од 192 км. Низ нејзината должина таа пресекува 4 гранични премини, планини, 2 езера, 1 котлина и една поголема река, реката Црн Дрим. Јужно од островот Голем Град во Преспанско Езеро, каде се наоѓа тромеѓето помеѓу Република Македонија, Република Албанија и Република Грција, почнува западната граница. Таа постепено се искачува на планината Галичица, претходно пресекувајќи го автомобилскиот пат Ресен-Горица (Корча), односно граничниот премин Стење. Оттука границата стрмно се искачува до највисоките врвови на Галичица. Во речиси ист наклон, но сега надолу по западната планинска страна границата се спушта кон Охридско Езеро, при што претходно заедно со граничниот премин Св. Наум, со патниот правец Охрид-Подградец. Во приближно северозападен правец границата продолжува како водна, за да потоа скршне во западен правец, пресекувајќи ги патниот правец Струга-Елбасан и граничниот премин Ќафасан. Во меридијански правец границата се искачува по билото на планината Јабланица. Од тука таа се спушта во Дебарската Котлина, а исто така ја пресекува и реката Црн Дрим и граничниот премин Блато. На крај границата повторно се искачува на највисоките делови на планините Крчин, Дешат и Кораб, односно пресекувајќи го највисокиот врв во Македонија, Голем Кораб (2.764 м), највисокиот планински превој Голема Корабска Врата, завршува со врвот Шерупа, кој всушност е тромеѓето помеѓу Република Македонија, Република Албанија и Република Србија.

Границите кон Србија, Бугарија, Албанија и Грција не се етнички, бидејќи во Пиринскиот и Егејскиот дел на Македонија, како и во областите Мала Преспа, Голо Брдо и Гора живее значителен број македонско население, кое не ги ужива сите граѓански права.[11]

Во овие граници Република Македонија зафаќа површина од 25.713 км2. Контурите на државната територија се неправилни, но сепак личат на елипса. Република Македонија спаќа во групата мали држави и во групата континентални држави кои немаат излез на море. Во воздушна линија север-југ Република Македонија се протега во должина од околу 155 км, а во воздушна линија исток-запад во должина од околу 215 км.

Во своите етнички граници Македонија зафаќа површина од 68.451 км2. Од нив на Република Македонија и припаѓаат само 25.713 км2 или 37,5%, потоа 34.411 км2 (50,3%) се наоѓаат во Грција, па 6.789 км2 (9,9%) во Бугарија, во Албанија има 802 км2 (1,2%) и во Србија 727 км2 (1,1%).[12]

Тектонски еволуции на Македонија

уреди

Во поглед на тектонската еволуција Република Македонија се одликува со сложена тектонска структура. Просторот на Република Македонија се одликува со геосинклиналичен тип на развиток, односно нејзиниот релјеф, главно е создаван во геосинклиналата Тетида. Во почетниот стадиум, од јадрото на Балканскиот Полуостров, само Родопите и Пелагонидите претставувале заеднички остров на големото море (океан) Тетида. Подоцна, во стариот палеозоик, тие се разделиле и самостојно се развивале, така што во просторот помеѓу двете маси почнала да се оформува вардарската зона, како длабок ров, а на западниот дел од Пелагониската зона се создала Западномакедонската зона. Ваквата тектонска еволуција на четири посебни структурни зони егзистирала најдолго во геолошката еволуција.

Западномакедонската зона, Пелагонискиот масив и Вардарската зона, и покрај тоа што имаат свои специфичности, сепак, заедно се развивале и се вклопиле во развитокот на поголемата Динарска геотектонска единица. Родопската зона пак, издвоена започнала самостојно да се развива.

При дефинитивното оформување на релјефот на Република Македонија, се создадени четири посебни структурни зони, кои имаат свои посебни геолошки одлики, состав, тектонска структура и еволуционен развиток:

Родопската зона ги зафаќа источните делови на Република Македонија, вклучувајќи ги планините Беласица, Плачковица, Огражден, Малешевски Планини, Осогово, Герман и Козјак. Но, оваа зона продолжува и на исток во Република Бугарија. Старата кристалеста маса на Родопите под дејство на тектонско раседнување е раздробена на одделни блокови, поточно на планини, како хорстови (како Беласица) и на котлини (Струмичко-радовишката, Бероваската, Кривопаланечката, Кочанската и Овчеполската Котлина), од кои некои претставуваат ровови (на пр. Струмичката котлина). Ваквиот релјеф подразбира застапеност на типични структури на антиклинориум (сложени испактнати земјишни облици) и синклинориум (сложени вдлабнати земјишни облици). Во оваа зона, помеѓу планините и котлини се појавуваат специфични единици на раседи на кои се појавуваат термоминерални извори, како, на пример, Кочанска Бања и Струмичка Бања - Бања Банско.

Границата на оваа зона, приближно се протега во правец од Дојранско Езеро-Струмица-источно од Радовиш-Кочани-источно од Злетово-Страцин-Руен и продолжува кон Јужна Србија.

Вардарската зона го зафаќа централниот дел на Република Македонија. Почнува од Солун, потоа се протега по долината на реката Вардар, преку Скопската Котлина и планината Скопска Црна Гора продолжува на север во Србија. Всушност, вардарската зона е длабок тектонски ров кој се наоѓа помеѓу Родопската зона на исток и Пелагониската зона на запад. Овој тектонски ров е распарчен со длабоки раседи, но и со блокови и хорстови со различни димензи. По должината на раседите настанале лушпести навлекувања по целата должина на оваа зона. Со оживувањето на раседите во оваа зона се предизвикуваат хоризонтални и вертикални нарушувања на блоковите и лушпестите навлекувања, поради што во Вардарската зона има чести земјотреси. На запад границата на оваа зона приближно започнува од планината Ниџе со Кајмакчалан-Козјачки Камен, селото Извор, источните падини на Китка, Водно, Жеден, Радуша и продложува кон Косово, Србија и Црна Гора.

Пелагониската зона ја опфаќа Пелагониската Котлина и планините кои се издигнуваат источно и северно од неа. Поточно, од источната страна таа ги опфаќа планините: Ниџе, Селечка Планина, Дрен, Бабуна, Караџица, Сува Планина, а завршува со долината на реката Треска. Од северната страна таа го опфаќа целиот масив на Мокра Планина, со планините: Даутица, Јакупица, Голешница, Караџица и Китка. Исто така, оваа зона од сите страни е разделена со раседи и посред морфотектонските одлики се дели на два дела. Границата помеѓу нив ја формираат мермерите на Плетвар и на Сивец. Северниот дел е составен од Бабунската и Голешничката антиклинала и од Караџичката синклинала, додека јужниот дел го сочинуваат Прилепската и Подмолската антиклинала и Мариовската синклинала. Всушност, во структурна смисла Пелагониската зона е сложен хорст-антиклинориум. Исто така, во средишниот дел на Пелагониската Котлина, во таканаречената Тополчанска Греда, се наоѓаат блокови од стари карпи, кои се сметаат за реликти на пелагонискиот хорст - антиклионориум, а тоа покажува дека настанало тонење на старата маса и на тој начин била формирана денешната котлина.

Приближната граница на оваа зона на запад почнува во следниот правец: јужно од селото Лажец-Битола-Дебреште-Македонски Брод-западно од река Треска- до Матка.[14]

Западномакедонската зона ја зафаќа цела Западна Македонија, почнувајќи од македонско-грчката граница на југ до македонско-српската граница на север и западно од Пелагониската зона сè до македонско-албанската граница. Таа претставува висок планински релјеф, во кој се наоѓаат хорстови, депресии и длабоки раседи. Оваа зона настанала под дејство на интензивните процеси на хоризонталните и вертикалните тектонски движења. Во оваа зона се среќаваат повеќе издигнати хорстови како, на пример, во вид на хорст издигнатиот блок- планина Пелистер-Баба, планините Галичица-Кораб-Шар Планина и др. Структурните облици се формриани со длабоки раседи, но и преку хоризонтални набирања кои настанале за време на алписката орогенеза. Карактеристичен пример на синклинален блок, кој од сите страни е опкружен со длабоки раседи е планината Бистра. Карактеристични котлини-депресии се: Охридско-Струшката котлина, Преспанската, Кичевската, Полошката, Дебарската, Мавровската и котлината Дебрца. И денес во овие котлини е активна радијална тектоника и во значителна мера таа покажува голем интензитет, претставен со сеизмичност, односно со појава на земјотреси.[15]

Сеизмички одлики

уреди

Во однос на тектонскиот состав на Република Македонија, таа сѐ уште не е стабилизирана. Тектонските поместувања кои се претставени преку сеизмичката активност, продолжуваат да се јавуваат и ден денес, а особено се чести во зоните на депресиите - котлините и раседните линии. Од аспект на сеизмичноста во Република Македонија се забележуваат три сеизмички зони со четири епицентрални подрачја, односно подрачја на тектонски јазли.

Трите сеизмогени зони на Република Македонија се:

Четирите епицентрални зони или тектонски јазли на Република Македонија се:

Речиси цела Република Македонија е сеизмички активно подрачје, освен Пелагонија. Според статистичките податоци, од сите европски земји, во Република Македонија се јавуваат само 8% од земјотресите, што значи дека земјотресно таа е многу активна. Така, во периодот помеѓу 1904 и 1994 година, во Република Македонија имало 10 силни земјотреси, со интензитет од 8 до 10 степени според Меркалиевата скала. Со оваа се потврдува сеизмичката активност на Република Македонија. Според тоа, познавањето на нејзината тектонска структура е од големо значење за повеќе стопански гранки, а особено за градежништвото.[16]

Во функција на истражувањето на сеизмичноста на Република Македонија, изградена е мрежа од сеизмолошки станици со аналогни сеизмограми, телеметриски станици со дигитални сеизмометри. Главен републички центар е Скопје, а регионалните центри се наоѓаат во Охрид и во Валандово. Освен во овие три града сеизмолошки станици има и во: Дебар, браната Матка, Дошница-Демир Капија, Браната Стрежево, Крива Паланка, с. Горно Врановци и во Берово.[17]

Геолошка еволуција и геолошки состав

уреди

Република Македонија има многу сложена геолошка градба. Така, според геолошката еволуција и геолошкиот состав, на територијата на Република Македонија се наоѓаат карпи од речиси сите геолошки ери и периоди од преткамбриум до најмладиот квартерен период.

Преткамбриумска ера во Република Македонија е претставена преку најстарите карпи. Во оваа ера, Родопската, Вардарскаta и Пелагониската зона претставувале целина и таа била дел од еден поголем остров, опкружен со водата на морeто-океан Тетида. Само западниот дел на Република Македонија, т.е. Западно-македонската зона била покриена со вода, односно тогаш таа била дел од Динарската геосинклинала потопена со вода, која пак, била дел од морето-океан Тетида.

На почетокот на палеозојската ера (стар палеозоик) настанало кршење на старата Родопска маса во централниот дел на Република Македонија, при што се формирал голем тектонски ров, Вардарската зона која била потопена со водата од океанот Тетида речиси во целиот палеозоик поголемиот дел од Родопската и Пелагониската зона претставува копно-остров, опкружен со вардарската и со Западно-македонската зона кои биле под вода, односно дел од морето-океан Тетида. Во вториот дел од палозојската ера, во карбонско-пермскиот период, настанало издигнување на копното и спуштање на морето. Тогаш речиси целата територија на Република Македонија претставувала копно.

Во мезозојската ера за време на тријасот, Родопската и Пелагониската зона претставувале копно додека, поголем дел од Вардарската и Западно-македонската зона биле покриени со вода. Во тој период во Република Македонија владеела тропска клима. Кон крајот на тријас и за време на јура настанал период на издигнување на копното и повлекување на морето од поголемиот дел од територијата на Република Македонија. Под вода останал само дел од Вардарската и дел од Западно-македонската зона. Во следниот креден период настапил период на голема трансгресија и тогаш настапило морето, особено во Вардарската и Западно-македонската зона, додека останатите делови на Република Македонија и понатаму останале издигнато копно.

Во кенозојската ера или во геолошката историја позната како нов век, во терциерниот период во три дела на Република Македонија навлегувала морската вода. Вардарската зона претставувала најголема водна површина, исполнета со вода сè до Кумановската котлина. Од долината на реката Струма морската вода навлегувала во областа Пијанец и Славиште, а во западномакедонската зона водата навлегла во Охридско-струшката котлина. Оваа водна површина со формираните заливи била дел од Палеогеното Море. Во терциерот се појавиле неколку активни вулкански области, од кои најзначајни се: Злетовско-кратовската, Кожуфската и Мариовско-кајмакчаланската вулканска област.[18]

Во неогенот(вториот дел од терциерниот период), настанало спуштање на земјиштето во Егејско Море при што Палеогеното Море се повлекло од територијата на Република Македонија. Како резултат на силните орогени движења се создале бројни котлини во Република Македонија, во кои и понатаму останала водата од Палеогено Море, но сега во вид на езера. Така, во тоа време во Вардарската зона егзистирале повеќе езерски басени: Скопски, Овчеполски, Кумановски, Велешки, Тиквешки, Раечки, Кратовско-злетовски, Кочански, гевгелиски и Дојрански басен. Во Родопската зона биле создадени езерските басени: Малешевски, Струмичко-радовишки, Делчевско-пехчевски, Каменички, Градечко-пекљански, Славишки и други. Во Пелагониската зона биле формирани неколку езерски басени: Пелагониски, Мариовски, Богомилско-бабунски и други помали. Во Западно-македонската зона постоеле следниве езерски басени: Полошки (Тетовско-гостиварски), Кичевски, Дебарски, Охридско-струшки, Преспански и помалите Бродски, Пискупштински, Арбиновски и други.

Кон крајот на терциерниот и на почетокот на квартерниот период (од ледничко-дулувијалната епоха), завршила езерската фаза на територијата на Македонија. Преку новоформираните речни долини истекле сите езера, а останале само оние кои постојат и ден денес: Охридско Езеро, Преспанско Езеро и Дојранско Езеро.

Во квартерниот период, особено во дилувијалната епоха, во текот на плеистоценот повисоките планини и планинските реки биле прекриени со ледници. Со активен процес на глацијација, при што се создале леднички облици - циркови, валови и големи моренски наслаги и бадеми, биле зафатени планините: Шар Планина, Галичица, Враца, Рудока, Кораб, Дешат, Стогово, Караорман, Јабланица и Баба со Пелистер во Западномакедонската зона. Во Пелагониската зона со глацијација биле зафатени планините: Даутица, Јакупица и Караџица. Со помал степен на глацијација била зафатена планината Ниџе со врвот Кајмакчалан. Во Вардарската зона имало помал степен на глацијација на планината Кожуф. Со малку поголема глацијација биле зафатени планините од Родопската зона, особено планината Осогово со врвот Руен.[19]

Според геолошкиот состав во Република Македонија има карпи од магматско, седиментно и метаморфно потекло, а нивната старост датира од преткамбриумот па се од најмладиот квартерен период.

Од преткамбриумската ера како најстари карпи во Република Македонија и воопшто во светот се појавуваат: гнајсеви, микашисти, мермери, дијабази, габро, шкрилци и сл. Така, од оваа ера гнајсеви и микашасти има во Родопската зона, а во Вардарската зона и Пелагонискиот масив се јавуваат дебели наслаги на мермери, особено на Даутица и на Караџица со дебелина од 4.000 м.

Од палеозојската ера на Осогово, Плачковица, Козјак и на други места во Родопската зона, покрај споменатите карпи, има и дијабази, шкрилци, пробиени со гранити и гарбо карпи. Во Вардарската зона е создадена таканаречената „велешка серија“, која во тесен појас се протега од Качаничката клисура, сè до македонско-грчката граница. Од оваа серија најзастапени карпи се: микашестите, шкрилците, варовниците и мермерите. Во Пелагониската зона, исто така, има гнајсеви, микашисти, шкрилци, мермери, гранити и др. Во Западномакедонската зона, во девонскиот еприод, биле создадени и најголем дел од планините во Западна Македонија: Бистра, Стогово, Караорман, Илинска Планина, Галичица и Јабланица. Тогаш, оваа област, била дел од Динарската геосинклинала потопена со вода и претставувала област на интензивна леитолошка седиментација. Липолошките карпи се претставени со: филити, аргилишисти, песочници, конгломерати, графитни шкрилци и мермеризирани варовници. Тука вкупната дебелина на девонскиот комплекс е околу 3.000 м.

Во вториот дел од палеозојската ера, во карбонскиот и пермскиот период, кога Република Македонија претставувала копно, сепак никаде нема примероци на карпи од тоа време. По се изгледа, поради тоа Република Македонија е сиромашна со квалитетен јаглен. Но, затоа пак, како резултат на херцинската орогена фаза и во Република Македонија имало изливи на гранитска магма. Така, тогаш во источниот дел на Република Македонија се формирале огражденскиот и делчевскиот гранитски масив, а во западниот дел на Македонија се создале вруточкиот и дел од прилепскиот гранитски масив.

Во Мезозојската ера постоеле добри услови за формирање на седиментни карпи, особено на варовници и флишни творби. Некои карбонатни карпи имаат црвена боја, што укажува на тоа дека за време на тријаскиот период во Република Македонија владеела тропска клима. До тријаски карбонатни карпи се создадени голем број планини: Кораб, Дешат, Стогово, Бистра, Јабланица и Галичица. Од времето на јура има само варовници кај Демир Капија во долниот тек на реката Пчиња и на Скопска Црна Гора. Во јура, климатските услови биле поволни за развој на животинскиот свет. Во оваа време живееле и доминирале огромни животни од типот на диносаоруси, тираносаоруси, бронтосаоуруси и др.

Во следниот, креден период - горна креда, во Република Македонија настапува период на голема трансгресија и настапило морето и тоа особено во Вардарската зона и во некои делови на Западномакедонската зона. од овој период во Вардарската зона има големи наслаги на варовници и флишни седименти уи тоа од македонско-грчката граница сè до Качаничката клисура, а во Западномакедонската зона по должина на македонско-албанската граница и по долината на реката Радика.[20]

Во Кенозојската ера оставило траги таканареченото Палеогено Море, во вид седиментни карпи, и тоа: песочници, лапорци, глиници и варовници. На некои места, се појавува и јаглен, а се смета дека на поголеми длабочини може да се открие и присуство на нафта. Во таканаречената неогена езерска фаза се наталожиле повече видови глини, песоци, чакал и сл. Во Скопското Езеро се наталожиле големи слоеви од дијатомејската земја. Големи наслаги на јаглен-лигнит се наталожиле во Пелагониското Езеро, како и во многу други котлини каде исто има значителни наслаги на јаглен.

Посебна одлика на кенозојската ера, а особено за терциерот, е тоа што на територијата на Република Македонија се јавуваат неколку вулкански области, каде што се создале богати наоѓалишта на олово-цинкови руди (Злетовско-кратовската вулканска област), потоа на опалит и на кварцити познати под името силекс. Во вулканските области има и лежишта на антимонска, арсенова руда и руда на никел (Кожуфска вулканска област), како и појава на халаузит - вид каолин, и на перлит (во Мариовско-кајмакчаланската вулканска област).[21]

Релјеф

уреди

Општи одлики на релјефот

уреди
Податотека:Карта на Р Македонија - релјеф.gif

Во поглед на општите релјефни одлики, Република Македонија е претежно планинско-котлинска земја. Дури 80% од целокупната територија на државата се планини, додека само 20% се зарамнето ниско земјиште. Просечната височинана релјефот на Република Македонија изнесува 829 м. Најниската надморска височина е 44 м во близина на Гевгелија, на местото каде што реката Вардар ја напушта територијата на Република Македонија и оди кон Грција, додека за највисока надморска височина се смета врвот Голем Кораб на планината Кораб со височина од 2.764 м или релативната височина на територијата на Република Македонија е 1720 м.[22]

Гледано хипсометриски земјиштето до 500 м надморска височина зафаќа 25,3% од површината на Република Македонија. Од 500 до 1.000 м надморска височина изнесува 44% или земјиштето вкупно до 1.000 м зафаќа површина од 69,3% од територијата на Република Македонија. Практично тоа е просторот во кој се наоѓаат селските населби и каде има добри услови за развој на земјоделските култури.

Преку овие показатели може да се види дека релјефот на Република Македонија е доста интересен, односно има разновидни земјишни облици. Тој е составен од рамничарски предели, котлини, речни долини, ридови, ниски, средни и високи планини, висорамнини и други голем број помали земјишни облици. Така во целина, територијата на Република Македонија претставува мозаик кој личи на шаховска табла, каде црните полиња се вдлабнатините, а белите полиња се сите возвишенија.

Релјефот на Република Македонија е создаван под дејство на надворешшни и внатрешни сили низ долготрајни и мошне сложени природни процеси. Главната улога во создавањето на крупниот релјеф имале внатрешните сили, пред сè тектонските движења кои настанале во одредени периоди во минатото. Така под влијание на тектонските движења, под влијание на силни земјотреси и големи вулкански ерупции, се предизвикало издигање и спуштање на Земјината кора, при што се создале разновидни земјишни облици, како што се: тимори, хорстови, депресии или тектонски потонатини, набори, раседи, вулкански купи и вулкански кратери. На ваков начин настанале покрупни облици на релјефот: планините и котлините.[23]

Во далечното минато, пред многу милиони години, поголемиот дел од Република Македонија го зафаќал старото Родопско копно, кое всушност, било остров од големото море (океан) Тетида. Подоцна, под дејство на тектонските движења, на ова копно се создале многубројни пукнатини, при што некои делови од копното се издигнувале, а некои се спуштале. Со овие процеси во родопскиот простор настанале старите грамадни планини.[24]

На запад од Родопското копно и понатаму постоело пространото море (океан) Тетида, во кое се наталожувале дебели слоеви на варовници и други седиментни карпи. Подоцнна со Аплско-хималајската орогенеза, од тие слоеви се издигнале младите верижни планини кои му припаѓаат на Шарскиот планински предел.

Низ геолошкото минато силните тектонски движења биле проследени со силни и чести земјотреси, но и со жива вулканска активност. Така под дејство на вулканите биле создадени вулканските кратери и вулканските купи.

Низ долгиот временски период, под дејство на надворешните сили, се менувале крупните земјишни облици и врз нив се создале многубројни помали морфолошки облици. Такви помали морфолошки облици се: палеорелјефните, флувијалните, абразивните, карстните и ледничките земјишни облици.

Според тоа, во релјефот на Република Македонија, според настанувањето јасно можат да се издвојат два планински предели. Родопски планински предел како област на стари грамадни планини и котлини и Шарски планински предел како област на млади верижни планини.[25]

Родопски планински предел

уреди

Родопскиот планински предел зафаќа најголем дел од територијата на Република Македонија. Тој се протега од границата со Бугарија на исток до Преспанската, Кичевската и Полошката Котлина на запад, и до границата со Грција на југ, до границата со Србија на север.

Родопскиот планински предел е дел од старото родопско копно. Тоа е најстаро копно, не само на територијата на Република Македонија, туку на целиот Балкански Полуостров. Овој предел е составен од стари грамадни планини, бројни котлини и речни долини. Поради долготрајното дејство на надворешните сили, старите грамадни планини имаат заоблени планински врвови и широки била, а повеќето од нив се со благо наведнати планински страни и со помала височина.

Според геолошкиот состав, Родопскиот планински предел претежно е составен од стари магматски и метаморфни карпи, а делумно од помлади седиментни карпи. Најзначајни се: гнајсеви, гранити, микашисти, дијабази, амфиболи, шкрилци, мермери, варовници итн. Освен тоа, на многу места се застапени и вулканските карпи, чија појава се објаснува со интензивните вулкански ерупции, потоа има длабоки раседни линии, термо-минерални извори, како и појава на разни метални (олово, цинк, бакар, железо) и неметални руди (опалит, кварцит, гранит, фелспат и др.).

Според географската положба и природните одлики на одделните делови Родопскиот планински предел се дели на три помали географски целини: Источно-вардарска група планини и котлини, Ниска Македонија или Повардарие и Западновардарска група планини и котлини или Пелагонски масив, односно Пелагониди.

Источно-вардарска група планини и котлини

уреди
 
Поглед кон врв Радомир (Калабак)

Планините и котлините од Источновардарската група се наоѓаат во источниот дел на Република Македонија, помеѓу македонско-бугарската граница на исток и Вардарската долина на запад, или поточно Поварадарието, од каде што се одделени со Дојранска Котлина, планината Плавуш, Градешка Планина и Конечка Планина и источниот дел на Скопска Црна Гора.

Според начинот на создавањето, составот на земјиштето, изгледот и другите одлики, планините од оваа група се вистински родопски планини.[26]

Во групата планини од овој предел се издвојуваат: Беласица, Огражден, Малешевски Планини, Плачковица, Осогово, Герман, Козјак и Скопска Црна Гора.[27]

Котлини во оваа група се: Струмичко-радовишка Котлина, Малешевска Котлина (Беровска Котлина), Делчевска Котлина (Пијанец), Кочанска Котлина, Овчеполска Котлина, Кумановска Котлина (Жеглигово) и Кривопаланечка Котлина (Славиште). Овие котлини имаат големо стопанско значење особено за развојот на земјоделството. Тие се создале при тонењето на Родопската зона и во почетокот биле исполнети со вода, така што денес се покриени со големи наслаги на песок и глина.

 
Поглед од Беласица кон Огражден

Меѓу нив најпозната и најголема е Струмичко-радовишката Котлина. Таа се наоѓа во источниот дел на Република Македонија и се вбројува во групата најплодни котлини во републиката. Спуштена е помеѓу планините: Беласица, Огражден, Смрдеж и Малешевски Планини, а рамниот дел на котлината е поделен на три дела: Струмичко, Радовишко и Дамјанско Поле. Надморската височина е од 100 до 500 метри, од кои најниско е Струмичкото, а највисокот е Дамјанското Поле. Вкупната површина на котлината зафаќа 658 км2. Поради поволните климатски и почвени услови во котлината успеваат: раниот зелнчук, памук, афион, винова лоза, кикирики и др. На многу места во котлината, месното население месното население направило голем број на оранжери-пластеници. На работ на котлината во подножјето на планината Беласица се наоѓа и Бања Банско.[28]

Во Кочанската Котлина успева оризот, во Малешевската, Пијанец и Кривопаланечката Котлина успеваат овошките и градинарските култури, додека во Кумановската и Овчеполската Котлина успеваат житните и индустриските растенија.[29]

Во овој простор се одделуваат и следните природно-етнографски целини: Јуруклуци, Малешево, Пијанец, Славиште, Козјачија и Средорек.

Котлина Површина (км2) Височина (метри) Стопанско значење
Струмичко-радовишка Котлина 658 100 - 500 раноградинарство
Беровска Котлина 192 700 - 1.000 овоштарство
Делчевска Котлина 190 500 - 700 овоштарство
Кочанска Котлина 345 200 - 500 житни растенија - ориз
Овчеполска Котлина 317 300 - 400 житни растенија
Кумановска Котлина 628 350 - 500 житни и градинарски растенија
Кривопаланечка Котлина 320 400 - 1.000 житни растенија - овоштарство
Дојранска Котлина 62 150 - 200 градинарство

Повардарие - Ниска Македонија

уреди
 
Поглед кон Водно од центарот на Скопје

Повардарие или Ниска Македонија ја опфаќа речиси целата долина на реката Вардар од Дервенската Клисура на север до македонско-грчката граница на југ.

Во далечното минато Вардарската долина или Повардарието било изложено на силни тектонски движења на спуштање, при што се создале големи пукнатини и се формирал тектонски ров. Подоцна, овој ров бил исполнет со вод од Палеогено Море, а потоа се создале посебни езера кои биле поврзано со отоки. Во подоцнежните времиња на местото на езерата останале и денес да постојат котлини, а на местата каде што се наоѓале отоките со дејство на реката Вардар се создале денешните клисури. Со појавувањето на котлините и на клисурите, низ цело Повардарие се создала денешната композитна долина на Вардар. Денес, по долината на реката Вардар, односно по целото Повардарие се наоѓаат големи наслаги од варовници, флишни седименти, песок, глина итн.[30]

Во Ниска Македонија, карактеристични земјишни облици се котлините, клисурите и неколкуте ниски планини.

Котлините, во Ниска Македонија се многу значајни за развојот на земјоделството. Од Дервенската Клисура на југ по композитната долина на реката Вардар се наредени следните котлини и клисури: Скопска Котлина, Таорска Клисура, Велешка Котлина, Велешка Клисура, Тиквешка Котлина, Демиркаписка Клисура и Гевгелиско-валадновска Котлина која преку Циганска Клисура е поврзана со Солунска Котлина или Солунско Поле.[31]

Според површината која ја зазема, Скопската Котлина е втора по големина во Република Македонија, по Пелагонија. Таа е опкружена со ограноците на повеќе планини: Жеден, Водно, Китка и Скопска Црна Гора. Од Полошката Котлина е одделена со Дервенската Клисура, а од Велешката Котлина со Таорска Клисура. Скопската Котлина заваќа површина од 1.840 км2, а самото рамниште опфаќа површина од 815 км2 и се наоѓа на надморска височина од 220 до 500 метри. котлината се одликува со најголема густина на населеност и тоа од 320ж/км2.[32]

Поради топлото влијание на средоземната клима особено значајни се Тиквешката и Гевгелиско-валадновската Котлина. Во нив се одгледуваат раноградинарски култури, винова лоза, бадеми, смокви, калинки и други култури коишто претставуваат специфичен белег за котлините.

Котлина Површина (км2) Височина (метри) Стопанско значење
Скопска Котлина 1.840 220 - 500 градинарство
Велешка Котлина 6 250 - 200 градинарство
Тиквешка Котлина 604 100 - 300 лозарство
Гевгелиско-валандовска Котлина 620 44 - 100 раноградинарство

Ниска Македонија е опкружена со повеќе планини. Тоа се: Скопска Црна Гора, Серта, Градешка Планина и Плауш од источна страна, а Жеден, Водно, Китка, Клепа и Кожуф од западната страна.

 
Поглед на источен дел на Скопската Котлина

Од овие планини најзначајни се Кожуф и Скопска Црна Гора. Кожуф се наоѓа на границата помеѓу Ниска Македонија и Пелагонониската област. Со врвот Зелен Брег висок 2.171 м, Кожуф е највисоката планина во Повардарието. Настаната е по пат на раседнување, составена е од шкрилци, варовници, а има и траги од глацијација и од некогашна вулканска аткивност. Во просторот на планината високо се издигнуваат влуканските купи Васов Град, Цврстец, Острец, Порта, Чардак и други. Планината е богата со рудни лежишта на антимон, арсен, железо, никел, олово, цинк, бакар и друго. Во подножјето на планината се наоѓа и бањското лекувалиште Негорски Бањи со наоѓалиштето Смрдлива Вода.[33]

Скопска Црна Гора е хорстна планина со највисок врв Рамно висок 1651 м. Настаната е по пат на раседнување а составена е од кристални шкрилци и други карпи. Целото подножје на планината е претворено во викенд зона, каде се наоѓаат голем број на луксузни вили.

Природно-етнографски целини - области на Повардарието се: Торбешија, Тополка, Клепа, Раец, Витачево, Бошава и Сландол.

Западно-вардарска група планини и котлини - Пелагониди - Пелагониска област

уреди
 
Пелагонија од височините на Баба Планина

Планините и котлините од западно-вардарската група планини и котлини (Пелагониди или Пелагониска област) се протегаат западно од Ниска Македонија - Повардарие. Пелагониската област почнува на север од Сува Гора, а на југ продолжува до Грција. На исток е одделена од Ниска Македонија, а на запад од Шарската област е одделена со котлините: Преспанска Котлина, Кичевска Котлина, Полошка Котлина, и планините Баба, Бигла, Плакенска Планина, Илинска Планина, Бушева Планина, Песјак, Челоица, Сува Гора и Жеден.[34]

Пред да се создадат денешните котлини и планини оваа зона претставувала голем блок во вид на остров, кој бил дел од Родопското копно. Пелагониските планини морфотектонски се многу слични со Родопскиот предел. Тие настанале истовремено со Родопските Планини, а за време на аплската орогенеза се извршило раседнување на Пелагонискиот масив, и тогаш била создадена најголемата котлина Пелагонија. Пелагонидите се составени од стари грамадни планини и котлини во кои се наоѓаат стари карпи гнајсеви, гранити, микашести, шкрилци, мермери, но и понови карпи, како што се: мезозојски варовници, доломити, кенозојски-неогени глини, песоци итн. Со најновите истражувања е утврдено дека меѓу овие планини и котлини и Родпоските Планини, постои разлика во настанувањето, геолошкиот состав, начинот на раседнувањето и сл. Поради тоа планините и котлините од оваа група се сметаат за преодна или изменета област. Западновардарската група планини и котлини особено е богата со плодно земјиште, шуми, пасишта, мермери, неметали, глина, минерални води итн.

 
Пелагониската Котлина на зајдисонце

Пелагониската Котлина и долината на реката Треска ја делат Западновардарската група на источен и западен дел. Источниот дел почнува од македонско-грчката граница со планината Ниџе, преку Селечка Планина, Мариовска Котлина, се надоврзува на планината Дрен, Бабуна, Јакупица со Даутица и Караџица. Западниот дел започнува со планината Баба, а северно од неа се надоврзуваат: Бигла, Плакенска Планина, Илинска Планина, Бушева Планина, Песјак, Челоица и завршува со Сува Гора, меѓу долината на реката Треска и котлината Полог.[35]

Тука се најпознати планините, Баба, Јакупица и Ниџе.

Баба или Баба Планина е планина што се наоѓа во југозападниот дел на Република Македонија, сместена неколку километри западно од Битола. Често се нарекува и Пелистер (старомакедонски: - гулаб), иако тоа е само името на нејзиниот највисок врв. Според површината која ја зафаќа (436 км2) таа e тринаесетта, а според височината (Пелистер, 2.601 м) трета планина во Република Македонија.[36]

 
Молика во националниот пар Пелистер

Во 1948 година, поради особените природни убавини, историското и научното значење на шумите и шумските предели на планината Баба, еден нејзин дел со површина од 12 500 хектари, е прогласен за национален парк. (Види: Национален парк "Пелистер")

 
Планината Ниџе

Ниџе е типична јужна планина во Македонија, преку која води границата со Грција. Највисок врв е Кајмакчалан, висок 2.521 м[37]. Според настанувањето и геолошкиот состав, таа е слична со Јакупица, Баба итн., односно настанала со раседнување во текот на терциерот. Составена е од палеозојски шкрилци, а во повисоките делови има мезозојски варовници. Планината Ниџе е значајна по богатството со шума, планински пасишта, разновидна фауна. Изобилува со специфични фаунистички типови, кои се сретнуваат од Средоземјето до Северна Европа, а тука се распоредени на мал простор и тоа висински, од подножјето до врвот. Ниџе е расположена на македонско-грчката граница источно од Пелагониската Котлина и е петта по височина од планините во Македонија. На запад Ниџе се граничи со големата Пелагониска Котлина. Северозападната граница е Скочивирската Клисура - Црна Река после нејзиниот голем свиок јужно од Селечка Планина до сливот на реката Сатока. Од cливот границата завртува десно на повеќе од 90 степени и се упатува во југоисточна насока до сливот во Градиштанска Река. Спротиводно од неа достигнува до изворите, одделувајќи го Ниџе од Козјак на североисток.

Во Пелагониската област се наоѓа и најголемата котлина во Република Македонија, Пелагонија.

Пелагонија е најголемата котлина во Македонија, која самата по себе формира и посебна релјефна целина во рамките на родопската група на релјеф. Сместена е во југозападниот дел на Република Македонија и северозападниот дел од Грција. Опфаќа површина од околу 4000 км2

Природно-етнографски целини - области во Пелагонискиот масив се: Пелагонија, Мариово, Демир Хисар, Порече и други.

Област на млади верижни планини

уреди

Шарска област на планини и котлини

уреди
 
Зимскиот центар Попова Шапка, на Шар Планина

Шарската област се протега од најзападниот дел на Република Македонија. Планините од Шарскиот предел се протегаат на југ од македонско-грчката граница до македонско-српската граница на север, на запад од македонско-албанската граница до Пелагониската област на исток, од која е одделена со Преспанската, Кичевската и Полошката Котлина. Шарската област е составена од млади верижни планини кои се издигнале во кенозојската ера со алпската орогенеза. За време на дилувиумот највисоките делови од планините се наоѓале под ледници. Остатоци од ледничката ерозија денес има во речиси сите планини од овој предел, од кои, најчести се ледничките форми - циркови, валови, морени, острите планински гребени и врвови кои изгледаат како алпските предели. Шарскиот предел е богат со пасишта, шуми, но и со руди, како што се: хром, железо, манган и неметални руди: мермер, гипс итн.[38]

На Шарската област и припаѓаат младите планини: Шар Планина, Бистра, Стогово, Караорман, Јабланица, Кораб, Дешат, Крчин и Галичица. Во оваа област се наоѓаат Преспанската, Охридско-струшката, Кичеввската, Полошката, Дебарската, Мавровската Котлина и котлината Дебрца.

Со долината на реките Радика и Црн Дрим и со Охридската Котлина, Шарската област е поделена на два дела: внатрешна и надворешна зона.

Внатрешната зона е составена од планините: Шар Планина, Бистра, Стогово, Караорман и Галичица и котлините: Полошка Котлина, Кичевска Котлина, Дебрца и Охридско-струшката Котлина.[39]

 
Бистра Планина

Шар Планина или скратено Шара (албански: Bjeshkët e Sharrit или Sharrа, латински: Mont Skardus) е еден од најголемите и највисоките планински масиви во Македонија. Сместена е во северозападниот дел на републиката, на границите со Косово и Албанија.

Самата планина зафаќа повшрина од 1600 км. 56,25% од самиот масив ѝ припаѓа на Република Македонија, 43,12% на Србија, односно Косово, а додека останатиот дел од 0,63% на Албанија. Нејзината должина изнесува 80 км, а широчината од 10 до 25 км. Пространото планинско било го сочинуваат две големи и пространи висорамнини - Враца и Рудока.

Шар Планина се наоѓа во северозападниот дел на Република Македонија. Шарпланинскиот масив се протега во правец североисток - запад – југозапад во должина од 76 км. Започнува од реката Лепенец и Качаничката Клисура на североисток, на исток границата е определена со Полошката Котлина, на југозапад Штировичката Река и изворите на Радика, на југ изворот на реката Вардар – Вруток, а на запад - надвор од територијата на Македонија, со Сириничката Жупа, реката Призренска Бистрица и нејзината долина, и жупите Гора и Ополе во Косово; додека пак, во Албанија се простира од планината Калабак до Шерупа. Вкупната ширина изнесува од 10 до 25 км, а вкупната површина што ја зафаќа шарпланинската област изнесува 1600 км2.[40]

 
Поглед кон Галичица

Шарпланинското било е благо наведнато, заокружено, добар дел рамно, а понекаде и слегнато. Гледано од рамнината, Шар Планина има изглед на питома, лесно браносана планина, со средна висина. Меѓутоа, сепак, таа е релативно висока планина, која освен со чудесните богатства кои ги поседува, таа привлекува и со грамадноста на својата маса. Општиот изглед на Шара најсилно е изразен од југоисточната страна, каде што над тетовската котлина планината се издига до релативна височина од 2.125 м. Врвот Љуботен зазема најистакната положба на целото шарпланинско било, а највисок е врвот Титов Врв – 2.748 м. Таа припаѓа на областа која е наречена токму по неа – Шарската област, и тоа во внатрешната зона (во која уште влегуваат планините: Бистра, Стогово, Караорман и Галичица). 56,25% од самиот масив и припаѓа на Република Македонија, 43,12% на Србија, односно Косово, а додека останатиот дел од само 0,63% на Албанија.

Бистра е планина во Македонија[41] која се граничи со 6 други планини, и тоа Шар Планина, Буковиќ, Стогово, Крчин, Дешат и Кораб. Позната е по своите пасишта, на неа се наоѓа голем скијачки центар, а бидејќи се граничи и со Мавровското езеро поголем дел од планината спаѓа во Националниот парк „Маврово“.

 
Поглед од Галичица кон Охридско Езеро

Галичица е висока планина во Македонија. Заради особените природни убавини и карактеристичниот растителен и животински свет на шумите и шумските предели на планината Галичица, еден поголем дел од неа, на површина од 22.750 хектари, во 1958 година е прогласен за национален парк. Националниот парк Галичица којшто се наоѓа во крајниот југозападен дел од Република Македонија, се одликува по положбата што ја зазема меѓу двете езера - Охридското и Преспанското, потоа, по разгранетата орографија и интересните геоморфолошки облици (длабоки долови, разни видови на карстни форми и леднички земјишни облици).[2] Географската положба на паркот е 40°59’N и 20°52’E.[3] Најниска точка е нивото на Охридското Езеро 695 м.н.в. и нивото на Преспанското Езеро 850 м.н.в., а највисока врвот Магаро 2255 м.н.в. Планината Галичица има развиен релјеф со длабоки долови и стрмни падини кон двете езера. Поради релјефните одлики, единствениот масив на Галичица поделен е на четири засебни делови. Делот јужно од Зли дол се именува како Стара Галичица. Тоа е највисокиот и најмаркантниот релјефен дел на националниот парк. Неговите страни стрмно се отсечени кон езерата и избраздени се со суводолици што на планината и дава изглед на непристапност. Во неговиот централен дел оформено е широко плато со надморска висина поголема од 2000 м. На него се застапени скоро сите површински карсни форми. На север од него се наоѓа делот Галичица. Највисокиот врв Вакоски гној има централна позиција и висина од 1999 м. Во овој дел ширината на планината е најмала (9,75 км). Падините кон Охридското Езеро се стрмни и слични со оние од претходниот дел, додека источните падини поблаго се спуштаат кон Преспанското Езеро. Платото во централниот дел е на висина од околу 1400 м. и на него се оформени четири карстни полиња. Остатокот од масивот меридијански е поделен на два дела и тоа Петрино кој гравитира кон Охридската и Исток кон Преспанската Котлина.

Од котлините кои се наоѓаат во источниот дел на Шарската област, најголема и најзначајна е котлината Полог. Од западната и делумно и на северната страна Полог е ограден со Шар Планина, од источната страна е ограден со планините Сува Гора и Жеден, а на југ е ограден со падините на Бистра (Влаиница) и Челоица. Во југозападниот дел на Полог се наоѓа изворот на најголемата македонска река Вардар која протекува вдолж целата котлина во должина од 68 километри. Просечната надморска височина се движи од 360 до 430 метри во Долни Полог (тетовскиот дел) и од 430 до 580 метри во Горни Полог (гостиварскиот дел).

Котлина Површина (км2) Височина (метри) Стопанско значење
Полошка Котлина 373 400 - 600 градинарство-овоштарство
Охридско-струшка Котлина 226 695 - 800 градинарство-овоштарство
Кичевска Котлина 208 500 - 1.000 градинарство-овоштарство
Преспанска Котлина 94 853 - 1.000 раноградинарство
Дебарска Котлина 73 500 - 600 градинарство
Дебрца 120 700 - 900 овоштарство

Западниот дел на Шарскиот предел го сочинуваат планините: Кораб, Дешат (Крчин) и Јабланица, а тука се наоѓа само една котлина - Дебарска Котлина.

 
Планината Кораб, поглед кон врвовите Рибничка Скала и Кабаш

Кораб е планина во Македонија, на границата со Албанија.[42] На неа се наоѓа највисоката точка (врв) во земјата - Голем Кораб кој е висок 2764 метри надморска височина. Кораб е планинска верига која се протега на правец југ-север. При изработката на дигиталната географска карта на Република Македонија од страна на јапонски експерти е утврдено дека Голем Кораб е повисок, па според премерувањата тој е повисок за 88 метри, но тоа сѐ уште не е официјално верифицирано.

Традиционалното меѓународно искачување на Голем Кораб се одржува во почетокот на септември секоја година по повод 8 септември денот на независноста на РМ.

Поради уникатните природни одлики делот на планината кој влегува во границите на Македонија, во 1952 година е признаен како дел од националниот парк „Маврово“.

 
Јабланица, гледана од селото Горна Белица

Јабланица е планина во југозападниот дел на Македонија, помеѓу Охридско-струшката и Дебарската Котлина, западно од Црн Дрим и брегот на Охридското Езеро. Еден дел од планината лежи во Албанија. Планинскиот гребен е повисок од 2.000 метри за приближно 50 км, а највисокиот дел, сместен во самото средиште на планината, е висок 2.257 метри. До планината може да се стигне преку Вевчани што се наоѓа на подножјето на планината. Таа е 14 километри оддалечена од Охридското Езеро и градот Струга. На Р Македонија и припаѓаат источните планински страни, а западните на Албанија. Се протега во меридијански правец (35 км), а најголемата широчина во нашата држава изнесува 7,5 км. На нашата страна зафаќа површина од 255 км2. Највисок врв е Црн Камен 2.257 м. Млада венечна планина која е формирана со тектонските олигомиоценски движења. Геолошкиот состав е претставен со палеозојски шкрилци кои се во падината, а преку нив лежат тријаски варовници. Во релјефот доминираат високи врвови, пространи површини, длабоки речни долини, карстни и фосилни леднички облици. Врвови повисоки од 2.000 м се: Стрижак 2.233, Крстец 2.186 и Чумин Врв 2.125 м. За време на плеистоцен-ледениот период, високите делови биле зафатени со интензивна глацијација. Трагите од глацијацијата се претставени со пет фосилни циркови во кои се наоѓаат четири леднички езера. Богата е со вода, а меѓу изворите најпознати се вевчанските. Од рудно богатство има јаглен кај село Пискупштина.

Природно-етнографски целини-области се: Полог, Маврово, Дебрца, Кичевија, Копачка, Преспа, Крчин, Дримкол, Жупа, Река, Малесија и др.[43]

Специфични земјишни облици

уреди
 
Релјефна карта на Република Македонија

Во релјефната структура на Република Македонија планините и котлините се основни земјишни облици. Меѓутоа, покрај нив се среќаваат и други специфични земјишни облици. Овие специфични земјишни облици се делат според времето и начинот на настанување. Така, едни од нив се стари или палеорелјеф, а други се нови или неорелјеф. Во однос на настанувањето, тие се создадени под дејство на процес на распаѓање на карпите, денудација, абразија, флувијална, карстна ерозија, глацијација и вулканска активност.

Палеорелјеф

уреди

Најкарактеристични палеоземјишни облици кои се зачувани на територијата на Република Македонија се остатоци од преграбенските или прелимниските, односно преезерски долини. Тоа се доловите, а некаде и речни тераси од старите речни долини, кои постоеле пред распарчувањето на старата балканска маса. Тогашната речна мрежа имала поинакви правци на речни долини. Една таква долина била долината на Ѓаватска Река, која доаѓала од запад и течела кон југоисток, во правец на Егејскиот дел на Македонија. Со радијалните тектонски движења Ѓаватска Река била распарчена, при што се спуштиле Охридската и Преспанската Котлина и Пелагонија, а се издигнале околните планини. Остатоци од оваа река во вид на фосилен-флувијален релјеф - речни тераси и речен нанос од песок и чакал, се наоѓаат на надморска височина на денешните патни правци на превлаците: Буково - 1207 м (помеѓу Охридската и Преспанската Котлина) и Ѓавато - 1067 м (помеѓу Преспанска Котлина и Пелагонија).

Превлаци, односно превои како релјефни траги од старите речни долини има на повеќе места во Република Македонија. Такви се Плетвар (995 м), Присад (1093 м) меѓу Пелагонија и Повардарието, потоа Буковиќ (1.185 м), Стража (1.212 м) меѓу Полошката и Кичевската Котлина, Пресека (1.082 м) меѓу Кичевска Котлина и Дебрца, Калдармибогаз меѓу Полог и Скопска Котлина, Барбарас и Уши помеѓу Порече и Пелагонија и др.

Абразивен релјеф

уреди
 
Дојранското Езеро во Дојранската Котлина

Абразивниот релјеф претставува стар и фосилен релјеф, создаден за време на плиоцентот, кога голем дел од територијата на Република Македонија бил покриен со водите од старото Егејско Езеро, кое ја исполнувало цела Јужна Македонија, а Скопската и Полошката Котлина биле негови заливи. Во текот на неогенот, како резултат на раседнувањето на земјиштето, езерото започнало да се повлекува, кон местото каде денеска се наоѓа Егејско Море. Откаку нивото на езерото се спуштило на помалку од 670 м, тоа почнало да се разделува на одделни езера и на езерски водни врски како истеки во клисурите. Со понатамошното истекување повеќето котлини во Македонија, останале суви исполнети со езерски наноси,а во други како Охридската, Преспанската и Дојранската Котлина и до денес останале езерата. Од абаразивните облици денес во котлините има езерски тераси, спили, езерски седименти на крајбрежен нанос на песок и чакал. Денес абразивните тераси се утврдени на височина од 900 м, потоа на 780 до 740 м и од 600 метри надморска височина.

Леднички релјеф

уреди
 
Големо Езеро, Пелистер (дел од езерата Пелистерски очи)

Леднички релјеф се наоѓа на високите планини, на оние кои се повисоки од 2.000 м. Имено овие планини биле зафатени со глацијација за време на дилувиумот. Вакви траги на глацијација, односно зачувани дилувијални леднички земјишни облици, денес има на планините: Шар Планина, Кораб, Јакупица, Пелистер, Бистра, Стогово, Дешат, Галичица, а се претпоставува дека глацијација има и на Осогово, Ниџе и Кожуф. На нив снежната граница била на апсолутна височина од 1.600 до 2.000 метри, кога за време на плаиостоценот, постојано биле покриени со снег. Најзастапени траги на леднички земјишни облици се цирковите, валовите, моренскиот материјал и флувио-ледничките наноси.[44]

 
Боговињско Езеро (најголемо ледничко езеро во Република Македонија)

Најмногу траги од ледници има на Шар Планина, со вкупно констатирани 50 циркови, од кои 27 се исполнети со вода и денес се леднички - планински езера. Исто, така на Шар Планина се регистрирани и неколку валовски долини, од кои најдолг е валовот по долината на изворишниот дел на реката Пена со должина од околу 2,5 км. Освен на Шар Планина, развиен леднички релјеф има и на: Јакупица, Јабланица и Пелистер. На Јакупица постоеле три ледници: во Долно Солунско Поле, во Кадино Поле и во изворишниот дел на Патишка Река. Исто така на оваа планина се наоѓаат и две леднички езера. На Јабланица се наоѓаат неколку цирка, од кои 4 се исполнети со вода. Снежен ледник се спушти по долината на Боровечка Река до височина од 700 метри. На Баба Планина, односно Пелистер се наоѓаат 4 циркови, од кои два постојано се исполнети со вода. На оваа планина постојат и неколку валови, по долината на Црвена Река, по Сапунчица (каде ледникот ја наталожил својата челна морена од селото Нижополе), како и ледникот по Брајчинска Река, кој ја наталожил челната морена кај селото Љубојно, на височина од 900 метри.

Карстен релјеф

уреди
 
Река Бабуна во клисурата Пешти

Во Република Македонија карстен релјеф се појавува во подрачјата кои се составени од варовник. Карстниот релјеф зафаќа површина од 4.400 км2. Варовничките маси се застапени најмногу на планините Сува Гора, Жеден, Јакупица, Галичица, Бистра на повисоките делови на Шар Планина и Кораб, а во помала мера и на други планини. Речиси на сите терени се застапени површински и подземни карстни форми. Од површинските карстни земјишни облици се јавуваат шкрапи, вртачи, ували и карстни полиња, а од подземните - пештери јами. Има во поголем број вртачи и ували, Повеќето од нив се распоредени на карстните планински рамништа на Јакупица, Галичица и Бистра. Има вкупно 24 карстни полиња и сите се со мала површина. Повеќето од нив се наоѓаат на Бистра и тоа дуеи 13, додека на Јакупица имаме 5, на Галичица - 4 и на Сува Планина - 2. Најголемо карстно поле е церското поле. Тоа се наоѓа помеѓу Кичевската Котлина и демирхисарскиот крај, на надморска височина помеѓу 930 и 1.000 метри, зафаќа површина од 9,4 км2 со вкупна должина од 7,5 км и широчина од 3,7 км. Низ оваа поле тече Церска Река, која понира во забележлив понор, а најверојатно избива во изворите на Црна Река, кај с. Железнец, Демирхисарско.

Од подземните облици досега се откриени и испитани 196 пештери и пропасти — јами. Од подземните облици најбројни се пештерите - 163, а има 33 јами. Научните работници (географи, геолози и спелеолози) претпоставуваат дека бројот на подземни облици во Република Македонија е значително поголем, од 300 максимум до 500. Пештерите се разликуваат по големината и карактеристичните богати пештерски накити: сталактити, сталагмити, столбови, завеси и сл. Најинтересни и најпознати пештери се: Ѓоновица или Убавица на планината Буковиќ, Бела Вода во Демиркаписката Клисура, Понор, Макароец и Маркова Црква во клисурата Пешти на река Бабуна, пештерата Дамјаница на планината Јабланица, Дона Дука на Жеден, Самоска Дупка на Галичица, Алилица и Калина Дупка на Бистра, Селска Велинска Дупка на Кожуф, Змејовица, Пешна и Златински Извор на Порече, Драчевска Пештера, Врело, Убава во Скопската Котлина и други. На варовничките терени се забележуваат и реки понорници (реката Крапа, Тони Вода, Тресонечка Река и др.), како и повеќе карстни долини и суводолници.[45]

Вулкански релјеф

уреди

Од специфичните земјишни облици на територијата на Република Македонија се среќаваат и остатоци на фосилни вулкански облици. Имено, во текот на неогенот Македонија била зафатена со силна вулканска активност. Тогаш постоеле неколку активни вулкански области, како: Кратовско-злетовската, Мариовско-кожуфската, Дамјанско-бучинската, Коселската и др. Вулканската активност завршила на почетокот на квартерниот период. Најкарактеристични вулкански облици се: купите, кратерите, вулканскиот материјал (туфови, лапили, андензитни и базалтни карпи), а на вулканските терени покрај вулканските форми, се јавуваат и наоѓалишта на разновидни руди.

Фосилни остатоци од вулканските земјишни облици најмногу има во кратовско-злетовската област, а тоа се неколкуте расфрлани вулкански купи во околината на Кратово и Средорек, како и во околината на Злетово и Кочани. Во оваа облст најмногу се зачувани кратерите околу Кратово, Лесново, Туралево и Шопско Рудари. Градот Кратово и манастриот Лесново се наоѓаат во некогашни кратери, кои денес се еродирани.

Во Мариовско-кожуфската вулканска област, од многуте вулкански облици најкарактеристични се вулканските купи: Порта, Чардак, Васов Град, Цврстец и Острец.

Во околината на Радовиш, односно во Дамјанско-вучинската вулканска област, најзабележителни се вулканските куполи Пилав Тепе.

Денес во Република Македонија нема активни или живи вулкани, но затоа има пост-вулканска појава претставена преку солфатарата кај селото Костел, во близина на Охрид. Всушност, тоа е една минијатурна пукнатина од која постојано излегува сулфурдиоксид и јаглерод диоксид, со доста непријатен мирис.

Флувијален релјеф

уреди
 
Смоларски Водопади

Флувијалниот релјеф спаѓа во групата млади релјефи кои го создале, а и ден денес го создаваат реките. Главните флувијални облици на овој релјеф биле создадени под дејство на ерозивните и акумулативните процеси. Во ерозивните флувијални облици и форми на релјефот спаѓаат: разните типови на речни корита, потоа формите на надолжниот речен профил како што се: брзаците, водопадите, речните тераси, речните долини и басените на речните сливови, а во акумулативните земјишни облици спаѓаат: плавините, речните острови и алувијалните рамнини. Речиси во сите наши речни долини има или можат да се реконструираат повеќето од претходно наведените фосилни остатоци, а некои и денес се активни флувијални релјефни ерозивни и акумулативни форми. Така, на пример, по течението на реката Вардар, има голем број флувијални речни тераси и речни острови, додека, пак на многу наши реки, се наоѓаат бројни слапови и водопади (како што се Длабок Дол, висок 115 м на Длабока Река, Смоларски Водопад, Брнички Водопад, водопадот Дув, Колешински Водопад и др.).

 
Колешински Водопад

Ерозија на тлото

уреди

Денес, на многу терени во Република Македонија, се одвива силна ерозија. Особено изразена е ерозијата на пострмните и широките долински страни, во порастреситото земјиште. Во групата карактеристични простори зафатени со ерозија спаѓаат: Средно Повардарие, Тиквешко Повардарие, сливовите на Крива Река (селото Куклица во Кравото со карактеристични Земјини пирамиди), Пчиња, делови од Мариовското подрачје - реката Бошава, потоа Малеш и Пијанец и на други места. Овој процес на ерозија на земјиштето е многу штетен, особено за полјоделството. Преку ерозијата на земјиштето се формираат долови, долчиња, бразди и долини на повремени порои преку кои се симнува материјал од повисокото кон пониското земјиште. Како резултат на пороите настанува затрупување на нивите, создавање на стерилни почви, уривање на патиштат и мостовите, појава на лизгалиште на теренот и сл., а поради тоа проблемот со ерозијата на земјиштето е многу актуелен и мора да се реши.[46]

Клима

уреди

Климата претставува важна и специфична физичко-географска одлика на Република Македонија. Од климата, односно од климатските елементи и појави, како што се: темперетурата, влажноста на воздухот, врнежите во голема мера зависат процесот на создавање на почвите, полноводноста на реките, богатството и разновидноста на растителниот и на животинскиот свет во одделни подрачја. Исто така, климатските услови имаат разновидно дејство врз стопанството, а пред сè на земјоделството, сообраќајот и туризмот, како и врз животот и здравјето на луѓето.

Климатски фактори

уреди

На климата во Република Македонија непосредно влијаат повеќе климатски фактори. Меѓу нив најважни се: географската положба и релјефот, но и другите, како што се, близината на околните мориња (релативна малата оддалеченост на Егејското и на Јадранското Море), близината на Африка и влијанието на општата циркулација на атмосферата.

 
Топлинска карта на Р Македонија

Според географската положба, односно географската широчина која ја зазема, нашата земја се наоѓа во јужниот, потопол дел на Европа и низ неа минува 41° и 42‘ напоредник од северната географска широчина, што значи дека е поблиску до екваторот отколку до Северниот Пол. Според количеството топлина и интензитетот на сончевото зрачење, територијата на Република Македонија добива околу 250 кг калории, што приближно одговара на годишното количество сончев сјај кој се движи во границата од 2.100 до 2.450 часови годишно.[47]

Близината на морињата, е втор важен фактор од кој зависи климата во нашава земја. Од Егејското Море (кое во воздушна линија е оддалечено 60 км) и Јадранското Море (кое во воздушна линија е оддалечено околу 80 км) навелегуваат топлите влијанија на средоземната клима. Според тоа, на поголем дел од територијата на Македонија би требало да има средоземна клима, меѓутоа, високите планини кои се издигнуваат на запад и на југ, климата е изменета во изменето-средоземна клима. Често се случува да навлезат влијанија од Атлантскиот Океан. Иако тој се наоѓа на многу голема оддалеченост, сепак, во пролетните и во есенските месеци, особено, кога од него дуваат западните ветрови кои пренесуваат влажни воздушни маси, тие главно, носат обилни дождови на територијата на Република Македонија.

На територијата на Република Македонија често се јавуваат и пробиви на тропски и на поларни воздушни маси. Така, воздушните маси од југ (тропска Африка) најчесто носат топло, суво и жешко време со температурни вредности од 40-45°С, додека, пак воздушните маси кои навлегуваат од север и североисток (студен Сибир) главно предизвикуваат студено, ведро и ветровито време, со температурни вредности од -25°С до повисоки од -30°С.[48]

Релјефната структура на Република Македонија, како фактор, исто така, има суштинско влијание врз климата. Релјефот влијае врз климата. Релјефот влијае паралелно со височината и со правецот на протегање на планините, речни долини, планински превои и со присуство на котлините. Генерално, климата во Република Македонија е потопла во котлините и во речните долини отколку на високите планини. Високите планински масиви, особено оние кои се протегаат на југ - Кожуф, Ниџе и Беласица, и на запад - Кораб, Стогово, Дешат и Јабланица, со својата височина и со правецот на протегање ги задржуваат топлите влијанија на средоземна клима од југ и од запад. Шар Планина, Скопска Црна Гора и делумно Козјак и Герман, пак, го спречуваат навлегувањето на студените воздушни маси од север и североисток. Речиси истото тоа се случува и со Осоговските и Малешевските и другите планини во источниот дел на Македонија, кои го спречуваат навлегувањето на воздушните маси од североисток и од исток. Меѓутоа, од северната и североисточната страна иам ниски превои (како Кумановско-прешевскиот 450 м), клисури (како Качаничката клисура, и клисурите на Кумановската Река и Пчиња), ниски планини (Руен 776 м) и планинските превои преку кои значително навлегува влијанието на континенталната клима од север.

Од друга страна, отвореноста на Вардарската долина кон Егејското Море, Гевгелиско-валандовската и Дојранската котлина кон југ, лесно овозможуваат топли воздушни маси на средоземните влијанија да навлезат во Република Македонија, кои како изменето-средоземни продолжуваат кон Тиквешката и Скопската Котлина. Изменето-средоземни влијанија навлегуваат и во Струмичката котлина по долината на реката Струма, по течението на реката Црн Дрим во Дебарската Котлина. Наспроти воа, котлини коие се наоѓаат на повисоки надморски височини и кои се заградени со планини (Пелагонија, Беровска котлина, Полог, Кичевска и др.) имаат свои специфични климатски одлики. Оние, пак кои се исполнети со вода и претставуваат природни езера (се мисли на Охридското и Преспанското Езеро), како и оние кои се вештачки акумулации, имаат определени влијанија врз одликите на сопствената микроклима.

Генерално кажано, како резултат на релјефот, климатските влијанија во Република Македонија, за континенталноста на климата, намалувањата се движат од север кон југ, а во помала мера и од запад кон исток, а за средоземностаНаслов на врска на климата, намалувањата се од југ кон север и од запад кон исток.[49]

Одлики и специфичности на метеоролошко-климатските елементи и појави

уреди

Климата во Република Македонија се одликува со различни вредности на метеоролошките елементи и појави. Како резултат на климатските фактори, кај метеоролошко-климатските елементи и појави се јавуваат големи и нагласени контрасти, особено во одност на температурата на воздухот и врнежите, како и кај ветровите и другите климатски елементи и појави.[50]

Температура на воздух

уреди

На темепратурата на воздухот во Република Македонија особено влијаат географската ширина, релјефната структура, оддалеченоста од морињата и океаните, присуството на водени акумулации, степенот на пошуменост на одредени области итн. Во зависност од овие фактори се јавуваат и промени на температурата како во хоризонтален, така и во вертикален правец.

Во Република Македонија просечната годишна температура изнесува 11,5°С. Најтопол месец во годината е јули со просечна температура на воздухот од 22,1°С, а најстуден месец е јануари со температура од 0,3°С.

Во јужните делови на Република Македонија се забележуваат поголеми температурни вредности поради близината и влијанието на средоземната клима од Егејското Море. Така, на прример, одејќи од југ кон север температурните вредности се намалуваат. Ако просечната годишна температура на воздухот во Гевлегиско-валандовската котлина изнесува 14,5°С, во Демир Капија 14°С, 13,3°С во Велес, а во Скопје 12,4°С. Оваа разлика е резултат на намаленото влијание на средоземната клима од југ, колку одиме посеверно температурните вредности се намалуваат.[51]

Температурата на воздухот во Република Македонија се намалува и според зголемувањето на надморската височина и тоа на секои 100 м за 0,39°С. Така, просечната годишна температура на воздухот во Полошката котлина изнесува 11,3°С, а во Мариовската котлина таа вредност е за 4°С пониска и изнесува само 7,3°С.

Зимно време доаѓа и до инверзија на температурата во Република Македонија, т.е. во колтините имаме помали температурни вредности, додека на високите планини имаме поголеми температурни вредности. Температурна инверзија настанува тогаш кога студениот воздух од планините, како потежок ќе се спушти во котлините и од нив ќе го потисне топлиот воздух воздух, кој како полесен ќе се искачи на планините. Ваквиот студен воздух може да се задржи подолго време во котлините, при што покрај екстремно ниските температури може да формира и густи магли - сињаци, додека, пак, на височините на околните планини се огреани од сонце и топлина. Така, при температурна инверзија во Полошката котлина, во Тетово е постудено отколку на Попова Шапка, или, пак во Пелагонија, во Битола е постудено отколку на Пелистер и разликата на температурата е повеќе од 20-30°С односно од екстремно негативна во котлините до позитивна на планините.[52]

Во врска со температурата на воздухот карактеристично е да се спомене и траењето на мразните денови, односно денови кога температурата на воздухот е помала од 0°С. Најмалку мразни денови ќе имаме во Охридската, Преспанската и Дојранската котлина а најмногу во посеверните делови. Така на пр. најмалку мразни денови имаме во Дојран и тоа само 32 мразни денови, додека таа бројка во Лазарополе изнесува 134 мразни денови.[53]

Врнежи

уреди
 
Облаци врз селото Радишани

Врнежите во Република Македонија се доста неправилно распоредени, а инаку се многу важна метеоролошка одлика. Најмногу врнежи има на планините во западниот дел на Република Македонија, поради средоземните влијанија кои доаѓаат од запад и носат големо количество на врнежи и влажен воздух. Одејќи кон централниот дел на Република Македонија врнежите се намалуваат. Иако овој дел ја има најмалата надморска височина сепак има најмалку врнежи. Одејќи кон исток на планините од источната страна количеството на врнежи повторно се зголемува. Ваквиот распоред на врнежите директно влијае врз развојот на стопанството во Република Македонија, врз опстанокот на растителниот и животинскиот свет како и врз здравјето на луѓето.[54]

Во Република Македонија најмногу врнежи има во зимските и есенските месеци, а многу помалку во летните месеци. Просечното годишно количество врнежи изнесува 680 мм. Утвредено е дека на секои 100 м надморска височина годишното количество врнежи се зголемува за 56 мм. Иако врнежите се најпотребни во котлините сепак најмногу ги има на високите планини. Во Република Македонија најмногу врнежи има во западниот дел на високите планини. Таму просечното годишно количество врнежи се движи до 1000 мм. Најмногу врнежи има на: Кораб, Дешат, Јабланица, Бистра, Стогово и во Мавровскиот крај. Таму речиси секој четврти ден во годината е врнежлив, односно дури 92 дена во годината се врнежливи. Во котлините количеството на врнежи се движи во интервал од 500 до 1000 мм. Годишно од 700 до 1000 мм врнежи има во: Полошката и Кичевската котлина, Струшко Поле, Преспа и Гевгелиско-валандовска котлина. Од 500 до 700 мм врнежи има во: Кумановската, Скопската, Кривопаланечката, Охридската, Струмичката котлина, Пелагонија, Малешевија, Осоговија како и во дел од Поварадарие. Најсушни простори во Република Македонија се оние каде што годишното количество врнежи е помало од 500 мм, а такви предели се котлините од централниот дел на Повардарието: Велес, Тиквешко и Овче Поле.[55]

 
Облаци врз булеварот Словенија (Скопје)

Во Република Македонија е измерен апсолутен годишен максимум на врнешите од 2792 мм, регистрирани во Жировница во 1962 година. Апсолутно најмали годишни врнежи од 163 мм во Градско, во хидролошката 1948/49 година. Разликата помеѓу овие два екстрема е за цели 17 пати. Најмалку средно годишно количество врнежи има измерено во околината на Градско, и тие се движат од околу 200 до максимум 400 мм воден талог. Најдолга суша е забележана во 1985 година, како и во периодот од 1997 до 2000 година, кога во просторот на Тиквешката Котлина сушата траела повеќе од 200 дена.[56]

Во Република Македонија најмногу врнежи паѓаат во есенските и зимските месеци, со максимум во ноември, а најмалку во летните месеци, со максимум во август. Во годишното количество врнежи значително учество има и снегот, чие количесто се зголемува со зголемувањето на надморската височина. Така, дебелината на снежната покривка на Шар Планина, Бистра, Кораб и другите планини е поголема од 2 метра и се задржува повеќе месеци, додека во Гевгелиско-валандовската и Тиквешката котлина, дебелината на снежната покривка изнесува едвај неколку сантиметри и се задржува најмногу од 8 до 10 дена.

Поради неправилниот распоред на врнежите и несоодветниот однос на испраувањето, во Република Македонија се многу почести сушите отколку поплавите. Особено тоа се сушите кои често траат и повеќе од три до четири месеци, со што на земјоделското производство му се нанесуваат катастрофални штети. За таа цел во Република Македонија, се изградени повеќе вештачки акумулации и системи за наводнување. Од, друга страна пак, има појава и на поплави, но повеќе години тие се делумно под контрола, благодарение на регулацијата на реките и на пороите. Во штетни појави спаѓаат врнежите од град, кои се најчести во периодот од април до октомври.

Во однос на врнежите во Република Македонија се јавуваат три плувиометриски режими: средоземен, континентален и преоден. Средоземниот плувиометриски режим се одликува со врнежи во зимските месеци и со сушни лета. Континенталниот режим се одликува со врнежи од периодот есен-зима-пролет и сушен период од лето, а преодниот режим е присутен во другиот простор во Македонија. Во средоземниот режим спаѓаат Струмичката и гевгелиско-валандовската котлина, јужниот дел на Пелагонија, Охридско-преспанската котлина, долината на реката Црн Дрим и Повардарие. Во континенталниот режим спаѓаат Малешевија и Кривопаланечкиот крај, а во преодниот режим се сите останати делови на Република Македонија.

Ветрови

уреди

На територијата на Република Македонија честа појава се и ветровите, особено во зимскиот период. Во текот на летниот период северните ветрови носат свежина и деновите ги прават попријатни, додека во зимските месеци, топлите ветрови од југ ја зголемуваат температурата на воздухот, го ублажуваат студот и го топат снегот.

Во Република Македонија најзначаен ветер е Вардарец. Тој дува од Повардарието, односно по долината на реката Вардар, и тоа во зимскиот период (од есен до пролет), а поретко во летото. Вардарецот е студен и сув ветер кој дува од Шар Планина по долината на реката Вардар кон Солунски Залив и ја намалува температурата.[57]

Југо исто така е ветер кој дува по течението на реката Вардар, но во спротивен правец од Вардарецот, од југ-југоисток кон север. Тој е топол и сув ветер и доаѓа од пустината Сахара во Африка. Над Средоземното и Егејското Море се заситува со водна пареа, која подоцна се претвора во врнежи кои паѓаат во јужните делови од Република Македонија (особено во Гевгелиско-валандовската котлина). Тој најмногу дува во пролените и во есенските месеци. Овој ветер е познат и по неговото локално име Развигорец.[58]

Западните ветрови дуваат со помала зачестеност, бидејќи се спречуваат од високите планини коишто се наоѓаат во западниот дел на Република Македонија. Овие ветрови носат големи количества врнежи, а во зимските месеци снег, но најголем дел од нив се јавуваат на високите планински страни, така што многу мало количество доаѓа до централниот дел од Република Македонија.[59]

Локалните ветрови се јавуваат во котлините и тоа во летните месеци со дневно-ноќен период, какви што се: Стрмецот, Јелошник, Белички, Северен и Оточен во Охридско-струшката котлина, Пелистрец или Планинец во Битолско Поле итн.

Други климатски појави

уреди

Важни климатски елементи и појави се релативната влажност на воздухот, осветлувањето (сончевиот сјај), испарувањето, облачноста, појавата на магла и др.

Релативната влажност во Република Македонија е најголема во зимските месеци, собено во декември со 84%, а најмала во летните месеци, во јули со 57%.

Годишното количество на сончев сјај се движи од 2,100 до 2,450 часови и е во тесна зависност од географската широчина и надморската височина.

Облачноста е поголема во зимските месеци (7 до 8 десетини) отколку во летните месеци (2 до 3 десетини).

Најчесто маглата се јавува во есенските, зимските и пролетните месеци, со максимални вредности од 72 дена годишно во Скопје, а најмалку во Охрид само со 5 магловити дена.[60]

Климатски типови

уреди

Како последица на климатските и на другите природни фактори, на територијата на Република Македонија се застапени три основни климатски типа: изменетосредоземна клима, умерено-континентална клима и планинска клима.[61]

Изменето-средоземна клима

уреди

Изменето-средоземна или изменето-средоземната клима настанува по дејство на топлите влијанија кои од југ од Егејското Море, преку долината на реката Вардар, Струмица и Дојранска Котлина, навлегуваат на север. Поголеми влијанија од оваа клима се чувствуваат во Гевгелиско-валандовската котлина, Дојранската котлина, до Демир Капија. Слични влијанија таа има и во Струмичко-радовишката котлина, каде се пробива преку долината на реките Струма и Струмица. Послаби влијанија од оваа клима има во Тиквешката котлина, Скопската Котлина, како и по долината на реката Брегалница до Кочанската котлина. Со послабо влијание оваа клима е застапена и во Дебарската котлина, која тука навлегува од Јадранското Море, по долината на реката Црн Дрим, а делумно и во Охридско-струшката котлина.[62]

Средната годишна темепратура на воздухот кај изменето-средоземната клима се движи од 14,5°С до 12,5°С, со вредности за средна јулска температура од 23°С до 25°С и средна јануарската температура од над 1,5°С до 3°С.

Во Пелагонија и во Преспа, и покрај јужната географска положба и близината на околните мориња (Егејското и Јадранското Море), а и поради високата надморска височина на која се наоѓаат (од 600 до 1000 м, односно од 853 до 1000 м) и опкруженоста со планини, сепак не се чувствува влијанието на средоземната клима.

Изменето-средоземната клима се одликува со топли и суви лета, и со благи и врнежливи зими. Есента и пролетта не се еднакво изразени, есента е подолга и потопла, а пролетта е покуса и посвежа. Во областа на оваа клима во летните месеци се јавуваат големи топлини (и над 40°С). Снегот, особено во Гевгелиско-валандовската котлина, се задржува само неколку дена, а височината на снежната покривка изнесува едвај неколку сантиметри.

Количеството на врнежи многу осцилира, со вредноси од 750 мм во Гевгелиско-валандовската котлина, на 650 мм во Струмичко-радовишката, до 510 мм, односно 490 мм во Тиквешката и Овчеполската Котлина.

Најпознати ветрови кои дуваат во овој климатски тип во Република Македонија се Вардарец и Југо.[63]

Умерено-континентална клима

уреди

Умерено-континенталната клима е застапена во: Пелагонија, Преспа, Кичевско, Овче Поле, Куманово, Славиште и во Малешевијата. Имено, во текот на зимата овие простори се под влијание на студените воздушни маси кои доаѓаат од север, а во текот на летото се под влијание на топлите воздушни маси кои доаѓаат од југ. Така, во однос на јануарските и јулските температури меѓу одделни подрачја со умерено-континентална клима се јавуваат поголеми разлики, кои се последица на географската широчина, надморска височина и влијанието на воздушните маси. Просечната средна годишна температура се движи од 10°С до 12°С, а просечните јануарски температури се движат од 0°С до +1°С или -1°С, додека, пак, просечната јулска температура на воздухот се движи од 19°С до 22°С. Средната јулска температура на воздухот е највисока во Овче Поле, а средната јануарска температура на воздухот е највисока во Малешевија. Просечното годишно количество врнежи се движи од 490 мм во Овче Поле, 640 мм во Пелагонија, до 760 мм во Преспа. Врнежите паѓаат во вид на дожд и снег, а честа е и појавата на град.[64]

Жупска клима има во котлините со умерено-континентална клима кои се заштитени од студените воздушни струења. Таа се одликува со топли лета и поблаги зими. Жупската клима е застапена во Полошката и Дебарската Котлина.

Умерено-континенталната клима се одликува со умерено влажни и студени зими и со умерено суви и топли лета. Пролетта е посвежа и трае покусо од есента.

Планинска клима

уреди

Планинската клима е застапена на оние планини во Република Македонија кои имаат надморска височина поголема од 1.000 метри. Температурата на воздухот на нашите планини се намалува со зголемувањето на надморската височина, а спротивно од неа врнежите се зголемуваат. Според податоците од метеоролошките станици просечната средна годишна температура на воздухот се движи од 5°С до 8°С. Најстуден месец е јануари кога има и негативни просечни вредности за температурата и тоа од 2°С до -4°С, додека најтопол месец е јули со просечни годишни темепратури од 13°С до 18°С.[65]

На планините во Република Македонија просечното годишно количество на врнежи е над 1.000 мм. Најмногу врнежи има на планините во западниот дел на Република Македонија, а кон исток, поради оддалеченоста од морските влијанија, на планините во источниот дел на Македонија количеството врнежи се намалува и изнесува од околу 700 до 800 мм. Најмногу врнежи паѓаат во текот на есенските и зимските месеци и тоа како снег. На македонските планини снежната покривка просечно се задржува до крајот на месец мај.

Планините имаат и друга климатска одлика, тоа се места каде што има често ветрови, планински магли и грмежи проследени со громови.

Според тоа, планинската клима во Република Македонија се одликува со долги и студени и снежни зими, а со кратки и свежи лета, додека кај неа пролетта е постудена од есента.

Поради чистиот планински воздух, планинската клима е многу значајна за здравјето на луѓето, всушност таа е идеална како „воздушна бања“, односно претставува место на кое покрај развојот на зимско-летниот планински туризам, се развива и планинскиот здравствен туризам. Планините се места на кои сочната трева овозможува одлични услови за развој на сточарството.[66]

Острови

уреди
 
Островот во Преспанското Езеро (наречен „Змијски Остров“ или „Голем Град“) каде што некогаш се наоѓале тврдината и замокот на Цар Самоил

Во Република Македонија има повеќе острови, од кои некои се езерски, а некои речни. Најголем е островот Голем Град во Преспанското Езеро, по што доаѓаат островите во вештачките езера како Градиште (Тиквешко Езеро), Калата (Калиманско Езеро), Дебарски Остров (Дебарско Езеро) и други.[67] Речните острови се наоѓаат претежно во Вардар, и доа во јужниот дел од земјата. Од езерските острови, Голем Град е единствениот што се јавува во природно езеро.

Хидрографија

уреди

Република Македонија располага со разновидни копнени води. Тоа се подземни води - водоносници, бројни извори на слатка, минерална и термоминерална вода, потоа силни карстни извори - врутоци, потоци, реки, езера. Нивната појава зависи од геолошкиот состав, релјефната структура, климатските услови, како и од дејствијата на човекот.

Подземни води и извори

уреди

Во Република Македонија се јавуваат два вида подземни води: бунарски или фраетски води и артерски подземни извори.

Подземни води

уреди

Бунарските подземни води најчесто се наоѓаат во рамништата на котлините и тоа најмногу во подрачјата на алувијалните наслаги. Овој вид подземна вода се снабдува со вода од врнежите, потоа од водните текови кои се спуштаат од повисоко кон пониско земјиште, при што еден дел од водата понира (водни текови се спуштаат од Шар Планина во рамништето на Полог), како и од подземните води кои се наоѓаат покрај речните корита кои се снабдуваат со вода од самите поголеми реки (Вардар, Црна Река, Брегалница и др.). Од фраетските подземни води, главно, со вода се снабдуваат бунарите. Длабочината на бунарските води не е секаде иста. Во некои подрачја во бунарите водата се искачува на само неколку метри, а во други се спушта и до 20 метри. Овој вид подземна вода е многу значаен. Се смета дека околу 60% од селските населби и околу 50% од градските населби со вода за пиење се снабдуваат токму од овие извори, а во некои градови и индустријата се обезбедува со вода од нив.[68]

Артерските и субартерските подземни води исто така, ги има речиси во сите котлини во Македонија. Артерските води се наоѓаат во растреситиот слој на земјиштето кое лежи меѓу два водонепропустливи слоја. Таа вода секогаш е под притисок и кога горниот непропустлив слој ќе се продупчи водата избива на површината во вид на водоскок. Бунарските, а и артерските извори се наоѓаат речиси во сите котлини, но најмногу ги има во Пелагонија и во Струмичко-радовишката Котлина. Најголема распространетост на артерски води е на длабочина од 50-80 м, но ваква вода има на поголеми длабочини од 100 м.

Резервите на подземни води во Пелагониската Котлина се проценуваат на околу 170-20 милиони м3, додека во Струмичко-радовишката котлина се претпоставува дека има околу 850 милиони м3 ваква вода. Поголеми количества артерски води има уште во Скопската Котлина, Полог, во Овчеполието, во Гевгелиско-валандовската Котлина, во Тиквеш, во Кичевска Котлина и на други места.

Во некои котлини дел од артерските води се минерализирани, како што се на пример, артерските води кај населбите Меџитлија и Кременица во Пелагонија, од каде што потекнуваат и минерализираните води „Пелистерка“ и „Пела Роса“.

Извори

уреди

На територијата на Република Македонија има околу 1,100 поголеми извори со издашност поголема од 1 литар вода во секунда. Околу 800 извори се со издашност од 1 до 5 литри вода во секунда, од кои 300 извори се со издашност од 5 литри во секунда, а многу е мал бројот на извори со издашност од 5 до 10 и од 10 до 30 литри вода во секунда. Само 90 извори во Република Македонија имаат издашност повеќе од 30 литри вода во екунда. Овие извори даваат 84% од вкупната изворска вода во Република Македонија, додека, пак, другите - околу 1.000 извори учествуваат со 16% во вкупната изворска вода.

Најголем број од сите извори се наоѓаат во сливот на реката Вардар (80%), во сливот на Црн Дрим (15%) и во сливот на Струмица (5%). Најголем број од изворите се наоѓаат на планинските подрачја како што се: Шар Планина, Бистра, Баба со Пелистер, Јакупица, Јабланица, Осогово, Плачковица и други, а најсиромашни со вода се сливот на река Пчиња, долниот тек на Брегалница и средното Повардарие. Всушност повеќе извори има во западниот дел на државата, помалку во источниот дел, а најмалку во Повардарието. Според просторната разместеност, бројот на изворите и издашноста на изворите, може да се констатира дека земено во целина, Република Македонија е сиромашна со изворска вода.[69]

 
Врутокот на река Вардар

Во нашата земја има мал број силни извори (со издашност од повеќе од 1 м3/с), познати како врутоци кои се врзани со карстните, односно со варовничките терени. Вакви извори најмногу има во сливното подрачје на Црн Дрим, потоа во горниот тек на реката Вардар, Бабуна, Треска и Црна Река. Некои врутоци на Треска кај с. Извор, врутокот на Бабуна, Кадина Река, Беличка Река, Црна Река и други претставуваат изворишта на овие реки.

 
Врутокот Св. Наум - Охрид

За најсилен вруток се смета вруток Св. Наум, кај истоимениот манастир чија издашност се движи од 6 до 11 м3/с. Всушност, овој извор е составен од повеќе помали при што сите заедно формираат еден голем извор. Овој вруток вода добива од Преспанско Езеро. Други поголеми врутоци во Република Македонија се Билјанини Извори во Охрид, а во близина на Струга се наоѓа и врутокот Шум, кој со своето мало езерце се користи како мрестилиште на пастрмка. Исто така, поголеми зивори во Охридско-струшката Котлина се оние во близина на селото Вевчани - Вевчански Извори, изворите кај селата Цепин и Делогожди, селото Велмеј во Дебрца и други.

 

Многу карстни врутоци има и во Полошка Котлина, од кои најпознат е изворот на река Вардар, кој има издашност од 1,5 м3/с. Водата од овој извор се користи за водоснабдување на Гостивар, за наводнување и за производство на електрична енергија. Исто така, важен е и врутокот Рашче, кој се наоѓа во подножјето на варовничката планина Жеден, на излезот на Вардар од Дервенска Клоисура. Тој се смета за еден од најзначајните врутоци во Република Македонија, бидејќи од него со вода за пиење се снабдува градот Скопје. Средногодишното истекување на водата од овој извор е 4,15м3/сек. Други поважни врутоци се врутокот на реката Студенчица, од кој преку регионалниот водовод со вода се снабдуваат градовите Кичево, Македонски Брод, Крушево и Прилеп, потоа изворот на река Треска, изворот на Црна Река кај селото Железнец, изворот на реката Бабуна над селото Нежилово. Силни извори има во подножјето на планината Бистра, потоа во горниот дел на Радика, во Кичевијата, Поречието и на други места.[70]

Минерални и термоминерални извори

уреди

Посебна специфичност и значење имаат минералните извори. Вакви извори избиваат на повеќе места и тие, главно, се врзани за раседните зони, односно за дислокационите линии. Овој вид извори се дели на студени и топли води. Ако температурата на водата е повисока од 20°С тогаш тоа се топли извори. Најчесто, студените минерални извори се користат за пиење, а топлите за капење, за лекување на разни болести и за затоплување на оранжериите.

Најпознатите минерални извори се наоѓаат кај селата Меџитлија и Кременица во Пелагонија, Волково во Скопје, Смрдлива вода под падините на Кожуф во Гевгелиска Котлина, минералните извори кај бањата во Проевце - Куманово и на други места.

Во групата на термоминерални извори во Македонија спаѓаат 8 бањски места (порано бањи имало и кај с. Истибања - Кочани), и тоа: Катлановска Бања, Кумановска Бања (Проевска Бања), Кежовица (Штипска Бања), Негорска Бања заедно со Смрдлива Вода или Гевгелиска Бања, Кочанска Бања, Дебарска Бања или Бањиште, Косоврасти и Бања Банско. Нејзината вода примарно се користи за здравствени цели.

Име на бањата Каде се наоѓа? Температура (°С)
Катлановска Бања Скопска Котлина од 41 до 50
Кумановска Бања Кумановска Котлина околу 30
Кежовица Штип 57
Негоркса Бања Гевгелиска Котлина од 36 до 40
Кочанска Бања Кочани 54
Дебарска Бања или Бањиште Дебарска Котлина 36
Косоврасти Дебарска Котлина 48
Бања Банско Струмичка Котлина 72

[71] Со дупчење се откриени повеќе од 50 геотермални појави, како термални извори, дупнатини и бунари, а тие се најбројни во Кочанско, Виничко, Струмичко, Гевгелиско Поле и на други места. Нивната вода најмногу се користи за загревање на оранжериите.[72]

 
Поглед кон течението на реката Црн Дрим

Сливни подрачја

уреди
 
Мапа на речните сливни подрачја во Македонија
Егејски слив:      Вардар      Струма
Јадрански слив:      Црн Дрим      Преспанско Езеро
Црноморски слив:      Дунав

Реките припаѓаат на три сливни подрачја: Егејски, Јадрански и Црноморски слив. Егејскиот речен слив е најголем и зафаќа 87% од вкупните речни капацитети на територија на РМ и позначајни реки од овој слив се реките Вардар и Струмица. Јадранскиот слив опфаќа околу 13% од територијата на Македонија и најзначајна река е Црн Дрим. Црноморското сливно подрачје е доста мало и река во овој слив е Биначка Морава.

Тие се доста нерамномерно распространети така што западниот дел има поголеми количини на вода. Просечно вкупната количина на вода во Македонија се 6,63 милијарди м3 вода, која се влева во сливовите на следните реки: Вардар (4.77 милијарди м3), Струмица (0,18 милијарди м3) и Црн Дрим (1,68 милијарди м3). Реките имат висок водостој во пролетните и есенските месеци, а низок летно време. Во овие сливови има повеќе од 30 извори со проток поголем од 100 л/сек кои претставуваат главен извор на вода за пиење. Распоредот на искористувањето на водените ресурси е следно: за наводнување се користат 34%, за индустријата 11% и на населението 10%, а останатиот дел е за биолошки минимум.[73]

Егејски речен слив

уреди

Егејскиот речен слив е најголем и зафаќа површина од 22.319 км2 или 87% од вкупната територија на Република Македонија. Во него спаѓаат сливот на реката Вардар, кој зафаќа површина од 20.535 км2 (80% од територијата), сливот на реката Струмица, со површина од 1.535 км2, сливот на Дојранското Езеро, со површина од 120 км2 и сливот на Циронска Река (која опфаќа дел од планината Огражден и дел од Малешевски Планини), со површина од 129 км2.[74]

Реките од Егејскиот слив, главно имаат композитни долини, односно најизменично течат низ котлини и клисури. Нивниот водостој се менува во текот на годината и е во директна зависност од количеството на врнежи. Тие имаат висок водостој во пролетните и есенските месеци, а низок во летните. Овие реки течат бавно во котлините, но затоа, пак, во клисурите се брзи и располагаат со голем хидроенегретски потенцијал кој не е сè уште доволно искористен.

Вардар
уреди
 
Реката Вардар во Велес

Реката Вардар со својата композитна долина е најдолга и најзначајна река во Република Македонија. Извира кај селото Вруток во југозападниот дел на Полошката Котлина, односно во подножјето на Шар Планина. Изворот се наоѓа на 683м надморска височина. Од изворот до Гевгелија, на кота од 43м надморска височина, поминува низ 5 котлини, 4 клисури и 3 града. Должината на Вардар низ Република Македонија е 301км, а до вливот е 388км. Вардар има колеблив водостој, поради тоа во неговото корито нема доволно вода за да биде пловен. Во целина, средниот пад на Вардар изнесува 2,1 промил, а средниот проток при утоката е 174м3/сек.[72]

Покрај тоа што Вардар е зафатен со суши, понекогаш има и големи води и тогаш редизикува катастрофални поплави. Поголеми поплави се забележани во текот на XVIII век и XIX век, потоа во 1900, 1916, 1937, 1962 и 1979 година. Се смета дека во Скопје се случуваат најголеми поплави во 100 години.[74]

На својот тек низ Македонија, Вардар има 37 поголеми притоки. Од нив 15 се слеваат од десната страна, а 22 од левата страна. Од левата страна поголеми притоки се: Пена, Лепенец, Пчиња, Брегалница и Анска Река, а од десната страна: Треска, Маркова Река, Кадина Река, Тополка, Бабуна, Црна Река и Бошава.[75]

Брегалница
уреди
 
Река Брегалница

Брегалница со нејзините 225км е најдолгата лева, но и воопшто најдолга притока на реката Вардар. Таа е лева притока која извира од Малешевските Планини по надморска височина од 1720м, а во Вардар се влева недалеку од Градско, на надморска височина од 137м. Вкупната површина на сливот изнесува 4,307 км2. Средниот пад на реката е 7 промили, а средниоот проток при утоката е 28м3/сек. Всушност, Брегалница како и другите поголеми притоки на Вардар, е композитна река, односно по нејзината должина се наоѓаат неколку котлини и клисури: Беровска Котлина, Разловечка Клисура, Пијанец или Делевска Котлина, Истибањска Клисура, Кочанско Поле и преку Сландол се влева во Вардар. Во долината на реката Брегалница се изградени две вештачки акумулации Беровско Езеро или Ратевско Езеро и езерото Калиманци. Нејзини поважни десни притоки се Каменица, Кочанска Река, Злетовска Река и Светиниколска Река, а од левата страна поголема притока е Крива Лакавица.[75][76]

Црна Река
уреди
 
Изворите на Црна Река

Црна Река со должина од 207км е најдолгата десна притока и втора од сите притоки на Вардар. Извира од вруток кај селото Железнец кај Демир Хисар, на надморска височина од 760м, а во Вардар се влева во Тиквешка Котлина, кај ископините на античкиот град Стоби, на надморска височина од 129м. Средниот пад на реката е 3 промили, а средниот проток при утоката изнесува 37м3/сек. Површината на сливот на територијата на Македонија изнесува 5,130 км2. Исто така, Црна Река има композитна речна долина која почнува од планинскиот Демирхисарски крај, преку Пелагониска Котлина, Скочивирска Клисура (која е со должина од 100км и претставува најдолга клисура во Република Македонија) и завршува во Тиквешка Котлина. Во долниот дел на Скочивирска Клисура е изградена една од најголемите вештачки акумулации - Тиквешко Езеро. Оваа река во својот тек прима вкупно околу 20 поголеми притоки, од кои поважни леви притоки се: Река Жаба, Река Блато, Крушевичка Река, Дуњска Река и Раец, а поважни десни притоки се: Журевшница, Шемница, Драгор, Краешка Река, Вир, Лажечка Река, Јелашка Река, Коњарска Река, Градешка Река, Блашница и Каменица.[75][76]

Река Струмица
уреди
 
Река Струмица

Струмица (река) е втора главна река, која му припаѓа на Егејско сливно подрачје. Таа има посебен слив, со вкупна површина од 1,465 км2. Оваа река нема посебен извор, туку речна челенка која е составена од Радовишка Река и Ореовечката Река, кои се соединуваат во Радовишко Поле и во овој дел Струмица е долга 75,5км, со просечен пад од 18 промили. Струмица прима 4 поголеми притоки, и тоа од левата страна: Ореовечка Река, реките Плавија и Турија, а од десната страна е само реката Водочница. На реките Водочница и Турија се изградени две вештачки акумулации. Реката Струмица е од непроценливо значење во Струмичка Котлина.[75][76]

Јадрански речен слив

уреди

Јадранскиот речен слив го сочинува поречието на реката Црн Дрим и преку него се одводнува западниот и поголемиот дел од југозападна Македонија. Тој зафаќа површина од 3,350 км2, или околу 13% од територијата на Република Македонија. Во него спаѓа сливната површина на Охридско Езеро и на Преспанско Езеро. Најзначајна река во овој слив е Црн Дрим, со неговата најголема притока Радика.[77]

Црн Дрим
уреди

Реката Црн Дрим е главна река во Јадранското сливно подрачје. Таа истекува од Охридско Езеро кај Струга, тече низ Струшко Поле до с. Ташмаруништа, од каде навлегува во Дримколска Клисура која делумно е заезерена, односно езерото Глобочица, а од таму навлегува во Дебарска Котллина, односно во вештачкото Дебарско Езеро. Во нашата земја Црн Дрим има должина од 56км, со среден пад од 4 промили и среден проток од 56м3/сек. Сливната површина само на реките Црн Дрим и Радика зафаќаат 1,772 км2.[76][77]

Радика
уреди
 
Горниот тек на река Радика, недалеку од селото Волковија

Радика е најголемата и најзначајна десна притока на Црн Дрим. Таа извира од висорамнината Враца на Шар Планина на 2,260 надморска височина, а се влева во Црн Дрим кај местото наречено Шпилски мост на надморска височина од 486м. Денес вливот на Радика е заезерен така што нејзините води се влеваат во Дебарското Езеро кај с. Косоврасти. Таа има должина од 67км, со просечен пад од 26 промили. Радика е позната по нејзината чиста и бистра вода, по богатството со речна пастрмка и по привлечната кањонска долина.[77]

Име на река Површина на речен слив (кm2) Должина (км) Среден пад (промили) Среден проток(м3/сек)
Вардар 20,535 301 2,1 174
Брегалница 4,307 225 7 28
Црна Река 5,130 207 3 37
Лепенец 770 75 21,4 10
Пчиња 2,840 191 10,9 16
Треска 2,068 138 3,7 30
Струмица 1,465 75,5 18 24
Црн Дрим 1,772 75,5 4 56
Радика / 67 26 /

Црноморски речен слив

уреди

Црноморското сливно подрачје зафаќа незначителен дел од 44 км2 од територијата на Република Македонија. Тоа се наоѓа на северната страна на Скопска Црна Гора, поточно на Карадак, каде што извира Биначка Морава, која ги носи водите преку Морава и Дунав од ова подрачје во Црно Море.[76][78]

Езера

уреди
 
Поглед врз Охридското и Преспанското Езеро (слика од НАСА)

На територијата на Република Македонија има 3 тектонски езера, 44 постојани леднички езера, 19 поголеми вештачки езера и околу 90 мали акумулации, односно вкупно 156 поголеми, помали и мали езера- акумулации. Тие се разликуваат според начинот на создавањето на езерските басени, по големината, физичко-хемиските својства, стопанското значење и сл.

Природни езера

уреди

Природни езера - Тектонски или котлински езера. Тектонските езера се најголеми и најпознати езера во Република Македонија. Тие се настанати во средината на терциерот и во котлините. Порано имало многу повеќе (околу 20) вакви езера, а денес се останати само 3. Во нашата земја тектонски езера се: Охридското, Преспанското и Дојранското.[79]

Охридско Езеро
уреди
 
Поглед кон Охридско Езеро

Охридското Езеро е најголемо и најзначајно природно езеро во Македонија и веројатно од биолошки аспект најзначајниот стагнантен воден екосистем во Европа. Се одликува со богата историја, културa, археолошки наоѓалишта и природна убавина. Благодарение на ваквите особености, во 1980 година Охридското Езеро и градот Охрид се прогласени за Светско културно наследство, под заштита на УНЕСКО[80]. Светската важност на езерото се потврдува во 2010 г. кога НАСА и Меѓународниот астрономски сојуз решаваат едно од езерата на Урановата месечина Титан да го носи името „Охридско Езеро[81] (лат. Ohrid Lacus)[82].

Езерото покрива површина од 358,2 км2 и се протега во должина од 30,8 км, а најголемата широчина изнесува 14,8 км. Должината на брегот изнесува 87,5 км. Неговата длабочина достигнува до 289 м. Вкупната зафатнина на езерото изнесува 58,6 км3. Езерото е сместено во длабока и затворена котлина, на исток ограничена со планината Галичица (2288m), а на запад со Јабланица (2257 м). Се наоѓа на надморска височина од 695 метри. Во сливот на Охридското Езеро припаѓаат 40 реки, од кои 23 на албанска и 17 на македонска територија.[79]

Во светската географска енциклопедија Република Македонија е спомента на неколку места и тоа благодарејќи на Охридското Езеро. Тоа е најдоброто езеро во Република Македонија и се наоѓа на списокот на 4 најпознати езера во светот, заедно со: Балкајско Езеро, Тангањика и Њаса. Поради повеќе милионската старост, богатството на ендемската фауна, во 1979 Охридското Езеро е заштитетно како светско природно наследство и е внесено во списокот на УНЕСКО. Република Македонија се споменува и преку охридска пастрмка, а особено преку охридската јагула. Имено јагулата живее во Охридското Езеро, но се мрести во Саргасовото Море во Атлантскиот Океан, при што поминува 10.000 км.[83]

Преспанско Езеро
уреди
 
Сателитска снимка на Преспанско Езеро

Преспанското Езеро е езеро кое го делат три држави: Македонија (најголем дел), Грција и Албанија. Во рамките на Македонија, тоа се наоѓа во југозападниот дел од земјата. Бистрата езерска вода со температура од 24-28°С, долги песочни плажи, присуство на многу сончеви денови, немање на магловити денови, свежи ноќи, еколошки чиста средина, планини со бујна вегетација и изградени туристички капацитети, скијачки терени - се основите за развој на туризмот во Преспа, кој за жал и покрај компаративните предности не е во доволна мера застапен.[84]

Езерото вода добива од поголем број мали притоки, како што се: Голема Река, Брајчинска Река и Кранска Река, меѓутоа голем дел од водата ја губи подземно преку планината Галичица, а се појавува во Охридско Езеро, кое е пониско околу 158м. Според температурата на водата, Преспанското Езеро се вбројува во типот умерени езера, затоа што се случува во текот на студените зими да замрзне.

Во Преспанското Езеро живеат 11 видови риби, од кои најпознати се крапот и нивичката риба.[83]

Преспанското Езеро се одликува со посебни природни вредности и убавини, а потврда за тоа се повеќето природни резервати. Природниот резерват „Езерани“ зафаќа 2,137 хектари површина и во него има повеќе од 250 видови птици, од кои 110 се само водни. Особено интересно е присуството на пеликанот, други видови на ендемски риби, разни видови на полжави, жаби, а од цицачите тука е видрата и многу други. Втор природен резерват е островот „Голем Град“ со површина од 0,275 км2, со високи спили, со голема биоразновидност на средоземната флора и фауна — птици, влекачи, амфибии и други видови, и други видови културно-историски вредности итн. Езерото е опкружено со два национални парка: „Пелистер“ и “Галичица„,а од грчката страна и со природниот резерват на островот Аил. Поради големите природни вредности на Преспанскиот басен, трите држави, Македонија, Грција и Албанија, ратификуваа договор за формирање за Трилатерален национален парк „Преспа“.[85]

Дојранско Езеро
уреди
 
Дојранско Езеро

Дојранското Езеро е најмалото тектонско езеро во Република Македонија. Се наоѓа во нејзиниот југоисточен дел, заземајќи површина од 43,1 км2. Западниот, поголемиот дел (27,3 км2) и припаѓа на Република Македонија а источниот, помалиот (15,8 км2) на денешна Грција. Во Дојранското Езеро регистрирани се 12 фаунистички ендемити. Од 15 видови риби, 1 вид претставува локален ендемит. Некои безрбетници (посебно вилинските коњчиња) и неколку видови птици, се наоѓаат на списокот на CORINE. Дојранското Езеро е познато по традиционалниот начин на ловење риби со помош на птици - корморани во огради од трска, т.н. мандри.[84]

Езерото вода добива од неколку мали притоки, меѓу кои поважни се Сурловска Река и река Ханџа, како и бројни извори кои народот ги нарекува „кајници“. Езерото водата ја губи со испарување и површинската истека Ѓолаја (која денес е канал за наводнување на Солунско Поле). Во текот на студените зими езерото замрзнува поради малата длабочина. Бојата на водата се менува од зено-жолтеникава до темнозелена. Проѕирноста на езерото е доста мала и се движи од 0,6 до 3,6 м.

Повеќе години Дојранското Езеро се наоѓа во фаза на изумирање. За спас на езерото, денес преку хидросистем се носи вода од бунарите кај Ѓавато.[85]

Галерија од Дојранското Езеро

Леднички (леднички) Езера

уреди
 
Боговинско Езеро на Шар Планина

Од природните езера најбројни во Република Македонија се ледничките езера од кои 44 се постојани. Тие се наоѓаат на највисоките делови на високите планини, обично помеѓу 1,500 до 2,300м надморска височина. Сместени се во цирковите кои се создадени од дилувијалните ледници. Во Република Македонија, делувијални или леднички езера има само на планините и тоа: Шар Планина - 19, Кораб - 8, Дешат и Крчин - 5, Јабланица - 4, Стогово - 3, Баба Планина (Пелистер) - 3 и Јакупица - 2.

 
Црно Езеро на Шар Планина

Вакви езера најмногу има на Шар Планина. Во Македонија - 27 леднички езера на Шар Планина, од кои 12 се постојани, а 9 се привремени. Позначајни се Боговинско езеро, Црно Езеро, Бело Езеро, Голем Ѓол, Мал Ѓол, Караниколичко Езеро и др. Најпознато е Боговинското Езеро со водна површина од околу 67.000 м2. Се наоѓа на 1.960 метри надморска височина, долго е 452 метри, широко 225 метри и длабоко 2,2 метри.

 
Бело Езеро - Шар Планина

На Кораб има 8 постојани леднички езера, меѓу кои и: Корабско Езеро, Мал Кораб, Кобилино Езеро, Бачилски Камен и други. По површина сите езера се мали. Најголемо е Корабското Езеро кое се наоѓа непсоредно под врвот Кораб, на 2,470 метри надморска височина и тоа е највисоко ледничко езеро во Република Македонија. Долго е 51м, а широко е 20м.

На Дешат со Крчин има 5 постојани езера: Езеро Света Недела, Турин Камен, Локув и Кошево Езеро. По површина сите езера се мали.

На Стогово има три постојани леднички езера: Горно и Долно (Црно) Езеро и Маруша. Сите три езера се мали по површина.

 
Големо и Мало Салаковско Езеро

На Јабланица има четири леднички езера: Подгорско Езеро, Вевчанско Езеро, Горно Лабунишко Езеро и Долно Лабунишко Езеро. Најголемо е Подгорско Езеро, кое е долго 226м, широко 175м, а длабоко 9м и се наоѓа на надморска височина од 1,893 метри.

На Планина Баба со Пелистер најпознати се три леднички езера: Големо Езеро, Мало Езеро и Орлови Бари. Големото Езеро се наоѓа на 2,218м надморска височина, долго е 223 метри, широко 162 метри, а длабоко 14,6 метри. Тоа е најдлабокото ледничко езеро во Република Македонија. Малото езеро се наоѓа на 2,180 метри надморска височина и има кружен облик.

На Јакупица има две постојани леднички езера. Тоа се големото и малото Салаковско Езеро. Овие две езера по површина се многу мали.

Вештачки езера

уреди

Вештачки езера има речиси насекаде низ Република Македонија. Водата од нив се користи за наводнување на обработливите земјоделски површини, за производство на електрична енергија, а и како индустриска вода во индустријата, за рекреативни цели, а некаде и како вода за пиење. Вештачките езера се изградени по долините на поголемите реки, со преградување на речниот тек на местата каде што има поволни услови за тоа.

 
Езерото Водоча

Во Република Македонија има 19 поголеми вештачки езера и околу 90 микроакумулации, односно околу 110 поголеми и помали акумулации. Од овие акумулации се наводнуваат околу 110.000 до 120.000 хектари обработлива површина.

Најпознати вештачки езера во Македонија се: Матка и Козјак на реката Треска, Мавровско Езеро на Мавровска Река, Глобочица и Дебарско Езеро на Црн Дрим, Тиквешко Езеро во Скочивирска Клисура на Црна Река, езерото Калиманци во долината на Брегалница, Ратевско Езеро на Ратевска Река, езерото Гратче или Кочанско Езеро на Кочанска Река, Мавровица на Светиниколска Река, Младост на река Отовица, Липковско Езеро и Глажња на Липковска Река, езерото Мантово на Крива Лакавица, езерото Водоча на река Водоча, Турија на Нивичанска Река, Стрежевско Езеро на Шемница, Прилепско Езеро на Прилепска Река, Суводолско Езеро на Суводолска Река, Паљурци на Радовишка Река и поголем број на помали езера, како: Лисиче, Крушевско Езеро, Ваташко Езеро и др.[84]

 
Беровско Езеро

Најстаро вештачко езеро е Матка, чија акумулација е изградена во 1938 година. Тоа се наоѓа по долината на реката Треска, во близина на Скопје. Зафаќа површина од 0,25 км2, со 3,5 милиони м3 вкупно акумулирана вода.

Во групата најголеми вештачки езера во Република Македонија, спаѓаат Мавровско Езеро, Тиквешко Езеро и Дебарско Езеро. Мавровското Езеро е изградено во 1953 година во сливот на Мавровска Река, на 1,233 метри надморска височина. Тоа зафаќа површина од 13,7 км2, со 357 милиони м3 акумулирана вода. Тиквешко Езеро е изградено во 1970 година, во долината на Црна Река. Зафаќа површина од 14 км2, со зафатнина од 475 милиони м3 вода. Дебарското Езеро го зафаќа просторот кај утоката на река Радика во Црн Дрим. Тоа зафаќа површина од 13,2 км2, со зафатнина од 520 милиони м3 вода.[86]

Педолошки состав

уреди

Типови почви

уреди

Во Република Македонија има повеќе различни видови почви како резултат на влијанието на природните фактори. Најзастапени почви се: делувијални, алувијални, смолници, црвеници, кафеави, песокливо-глинести, солени почви, црнозем, лесни, еолски, мочуришни калливи, хидроморфни почви и др.

Алувијални почви

уреди

Алувијалните почви се застапени на површина од околу 126.000 хектари. Овие почви се настанати со таложење на ситниот материјал од реките во рамничарските подрачја. Се одликуваат со песочно-глинест или глинесто-песочен состав. Тие се богати со хранливи материи и се одликуваат со висока плодност. На нив најмногу се одгледуваат ориз и градинарски култури, потоа фуражни и индустриски култури. Разместени се во долините на реката Вардар во Скопската и Гевгелиско-валандовската Котлина; на Брегалница во Беровска и Кочанска Котлина; на Црна Река во Пелагонија и Тиквеш; на Струмица во Струмичко-радовишката Котлина; ги има во Преспа; а и во Охридско-струшката Котлина; Кичевската Котлина и на други места.[87]

Делувијални почви

уреди

Делувијалните почви се застапени се застапени на површина од 133.000 хектари. Нивното настанување е тесно поврзано со ерозијата на допирот помеѓу планинските страни и котлините. Овие почви се сиромашни со хумус. На нив најмногу успеваат винова лоза, тутун, бостан и ’рж, а ако се наводнуваат тие се добри и за развој на овоштарството. Тие најмногу се распространети во: Полог, Пелагонија, Преспа, во Охридско-струшката, Кичевската, Кочанската, Струмичко-радовишката, Гевгелиско-валадовската и Дојранската Котлина.[88]

Смолници

уреди

Смолниците зафаќаат површина од околу 80.000 хектари. Тие имаат езерско потекло и поради големото количество глина содржат многу хранливи состојки и се релативно доволно плодни. Тоа се почви кои страдаат од суша, а од обилните врнежи стануваат лепливи. Најплодни се за одгледување на жита, особено пченица и пченка и некои индустриски култури како што се: афион, памук, сончоглед, шеќерна репка и друго. Со нивно наводнување тие стануваат погодни и за одгледување на градинарски и овошни култури. Најмногу се распространети во: Скопската, Кумановската и Овчеполската Котлина, помалку во Пелагонија, Тиквеш, Малешево и Славиште, а најмалку во кочанската и Дојранската Котлина.[89]

Црвеници

уреди

Црвениците зафаќаат површина од околу 30.000 хектари. Црвениците во Македонија се разликуваат од средоземната црвеница во составот, односно во варовникот. Тие содржат глини, колоиди и сиромашни се со хумус, според тоа тие спаѓаат во редот на средно полдни почви. погодни се за одгледување на винова лоза, тутун, додека житата даваат пониски приноси. Овие почви најмногу гу има во: Пелагонија, Полог, Скопската и Велешката Котлина, а помалку во Радовишко, Тиквешко, Преспа и Славиште, а најмалку во Струмичката, Кочанската, Гевгелиско-валадновската и Охридско-струшката Котлина.[89]

Кафеави почви

уреди

Кафеавите почви во кои спаѓаат гањачите, подзолот и кафеавите кисели почви, во целина се недоволно плодни почви за култивираните растенија. Овие почви се образуваат под влијание на шумската (даб, бука и други ниски и високи шуми) и тревната вегетација. Тие се јавуаат на 700 - 2000 метри надморска височина. Во ниските делови се користат за одгледување на 'рж и компир, а од овошјето: јаболка, круши, сливи, винова лоза и друго. Гањачите најмногу се распространети во Средно Повардарие, потоа во Овчеполието, Пелагонија, Кумановско и Славиште. Подзолот и киселите (силикатни и некисели) кафеави почви најмногу ги има на: Осогово, Малешевски Планини, Скопска Црна Гора, Шар Планина, Баба Планина, Селечка Планина итн.[89]

Солени почви

уреди

Солените почви ги има во Овчеполската Котлина, Пелагонија и во некои други котлини, но и на мали повшрини. Тоа се почви сирпмашни со хумус. Со наводнувањње и со ѓубрење овие почви можат да се претворат во плодни почви.[90]

Био-географски одлики

уреди

Гледано био-географски Република Македонија се одликува со богатство на растителен и на животински свет. Фактори кои придонесуваат за големата био-географска шареноликост се: сепцифичната географска положба, нејзината отвореност кон јужните и северните климатски влијанија, различната релјефна структура, геолошкиот состав, изолираноста на одделни подрачја, влијанието на човекот и други. Според тоа, разместеноста на флората и на фауната во Република Македонија не е еднаква, односно таа се разликува како во хоризонтална, така и во вертикална смисла.

Растителен и животински свет

уреди

Растителен свет

уреди
 
Ела

Растителниот свет во Република Македонија е разновиден и богат. Тој зависи од климата, водите, составот на почвите, надморската височина и друго. Според географската положба Република Македонија се наоѓа меѓу две големи растително-географски области: средоземна и евросибирска.[91]

Претставници од средоземната расителна област има во подрачјата во кои се чувстуваат влијанијата на изменето-средоземната клима, а тоа се Средно Поварадрие, во клисурите на Вардар и на неговите притоки (Црна Река, Брегалница, Пчиња) и долината на Црн Дрим. Растителни претставници од евро-сибирската растителна област има во другите подрачја на Република Македонија. Но, има подрачја каде се преплетуваат растителни видови од двете области (Скопската Котлина), а на високите планини во Македонија се јавуваат леднички реликти од аркто-алпската флора.

Природниот растителен свет во Република Македонија е составен од шуми и треви.

 
Македонски даб
Шуми
уреди

Шумите се најраспространети во ридско-планинските подрачја. Тие покриваат повеќе од 906.000 хектари или 35% од Република Македонија. Шумите се наоѓаат на 300 до 2.000 м надморска височина. Најзастапени се: листопадните шуми (825.000 хектари), мешовитите (41.000 хектари) и иглолисните шуми (40.000 хектари). Од листопадните шуми најголема површина зафаќаат дабот и буката, потоа брезата, а од иглолисните борот, елата и смреката.[91]

Листопадните шуми се распространети на сите планини во Република Македонија, а иглолисните шуми најмногу ги има на Шар Планина, Пелистер, Ниџе, Кожуф и други.

Во ниските шуми се јавуваат: габер, јасен, леска, а покрај реките: врба и топола. Во долниот дел на Повардарието се застапени некои средоземни видови, зеленика, прнар, тиса и други, кои со заедничко име се нарекуваат макии.[92]

Тревна вегетација
уреди

Во Република Македонија тревната вегетација ја образуваат ливадите и пасиштата.

 
Стадо говеда на пасиште

Ливадите се застапени релиси во сите котлини во Република Македонија, покрај реките и потоците, главно каде што постојат услови за нивно наводнување. Тие зафаќаат површина од околу 53.000 хектари, а обраснати се со детелини и разни други треви.

Пасиштата се распространети на 670.000 хектари. Според распространетоста и надморската височина тие се делат на високоппланински и рамничарски. Најмлаку се застапени низинските пасишта, повеќе се раширени ридските, а најзастапени се планинските пасишта. Најголемите планински пасишта се наоѓаат на Шар Планина, Бистра, Јакупица, Галичица, Баба (Пелистер), Кожуф, Плачковица и Осогово. Ридски пасишта има на ридовите околу котлините и на просторот на Повардарието.[93]

Во Средно Повардарие, на просторот меѓу Неготино, Штип и Велес е застапена полустепска вегетација. Таму нема шуми, а ридноста е голема, почвата е засолена, и се јавуваат седум ендемски претставници на старите плиоценски степски видови.

 
ПченичноПоле

Во калливите и мочурливи терени на Пелагонија, Преспа, Во Охридско-струшкото Поле, Моноспитово - Струмичко Поле, Катланово - Скопско и на други места е развиена мочуришна вегетација. Во крајбрежните делови на големите езера е пристуна микрофитската вегетација, од која особено е карактеристична трската.

Културни растенија во Република Македонија се одгледуваат скоро во сите предели. И тоа 8 житни растенија, околу 15 индустриски растенија, околу 50 градинарски растенија, 5-6 фуражни растенија, 18-20 видови овошје и винова лоза. Нивната распространетост е во тесна врска со климатските услови, надморската височина, богатството на вода, осонченоста, експозицијата на теренот, геолошкиот и педолошкиот состав итн.[93]

Животински свет

уреди
 
Рис
 
Волк

Животинскиот свет во Република Македонија е разновиден и е во непосредна зависност од природните услови, но и од разновидноста на растителниот свет. Поради тоа некои животни живеат во полињата, други во езерата и реките, а многу од нив во шимите и највисоките каменести делови од палнините. Има и животни кои живеат во земјата, пештерите и сл. Просторот на Република Македонија не е хомогена зоо-географска област. Животинскиот свет во Република Македонија е составен од средноевропска и средоземна фауна, а има претставници и од источноевропската фауна.[94]

Средоземната фауна во Република Македонија е сотавена од Егејско-средоземна и од Јадранско-средоземна Фауна. Егејско-средоземната фауна е распространето по должина на реката Вардар до Скопска Котлина, потоа во Овче Поле и во јужниот дел на Пелагонија. Јадранско-средоземната фауна е раширена по должината на Црн Дрим, во Дебарската и Охридско-струшката Котлина.

Средноевропската фауна во Република Македонија е најраспространета и тоа во сите планини на Република Македонија. Нејзини карактеристични претставници се: мечка, волк, дива свиња, лисица, срна, елен, рис, дива коза, зајак, видра, куна, тетреб, орел, јастреб, еребица камењарка, фазан, чавка, верверица, клукајдрвец, крт, желка, потоа разни видови гуштери, отровни змии и други видови фауна.[95]

 
Пајак

Во просторите на езера и на реките се јавува т.н. водна фауна. Главни претставници на овој вид гауна се разните видови риби. Од речните риби: речна пастрмка, мрена, попадика, костреш, крап, сомот и други. Животинскиот свет во Охридско Езеро припаѓа на западнобалканската фауна и рибите имаат, главно, ендемски карактер. Најпозната е пастрмката, а особено интересна е јагулата. Преспанско Езеро спаѓа во епирската водена фауна, видејќи има заедничко потекло со езерата во Епир, а Дојранско Езеро спаѓа во вардарската фауна.[96]

 
Крап

Во мочурливите ниски терени на Скопската и на Струмичката Котлина, во Пелагонија и околуи мочурливите зони на големите езера живеат барски животни, од кои најкарактеристични се птиците. Такви се дива гуска, чапја, пеликан и други. Во подрачјето на Дојранското Езеро живеат птиците корморани, кои во сезоната на риболов се користат како гонители на рибите.[97]

Од подземната фауна особено е интересна пештерската. Во повеќето пештери во Македонија има лилјаци, пајаци и пештерски скакулци.

Покрај дивите, има и домашни животни коишто ги одгледува човекот, заради користа што ја има од нив. Од домашниот животински свет се одгледуваат следниве животни: овци, говеда, свињи, коњи, магариња и др. Од птиците најзастапени се: кокошки, мисирки, шатки, пајки и друго.[98]

Население

уреди

Населување и етнографски процеси

уреди

Населението во праисторијата

уреди

Македонија имала посебно место уште во најраните периоди на праисторијата. Поради поволната географска положба и разновидните природни богатства територијата на Македонија била населена уште во најстарите времиња и била арена на најразлични миграциони премежи. За тоа сведочат остатоците од бројни археолошки наоди.

 
Череп од Црвени Стени - изложен во археолошкиот музеј во Охрид

Човекот егзистирал на сите континенти уште од камено време. Човекот е присутен и опстојува во Македонија во континуитет и тоа уште од најстарите археолошки епохи на палеолит, мезолит, неолит, бакарно време, бронзено време и железно време.

Најзначајно палеолитско наоѓалиште на човек кој живеел во Македонија е пештерата Патралона. Оваа пештера се наоѓа југписточно од Солун, на оддалеченост од 30км, на полуостровот Халкидик. Во Црвени Стени (Петралона) антрополозите пронашле остатоци од човек, кој во Македонија живеел пред околу 200.000 до 260.000 години. Во Република Македонија се откриени остатоци од палоеолитски активности (кременски орудија - обработен камен или коска) во пештерата Макароец, по долината на река Бабуна. Други палеолитски артефакти се пронајдени и во близина на битолските села Кристофор и Буково.[99]

Пронајдените палеолитски остатоци сугерираат на претпоставката дека е можно во Македонија да постојат и други палеолитски наоѓалишта. Македонските неолитски дострели се резултат на континуитетот на животот во Македонија, кои преку миграционите процеси се пренесени на другите простори на Балканот, а оттаму и кон Средна Европа.

Најголем број материјални податоци за присуството на организирана човечка активност во Македонија има од периодот на неолитот. Ширењето на неолитската култура во Македонија примарно била автохотна. Основна стопанска гранка на неолитскиот човек било земјоделството и тоа одгледувањето жита-пченица. Населението од неолитот во Македонија достигнало висока материјализирана и духовна култура. За тоа ни сведочат сјајот на археолошките податоци кои се откриени во околу 160 наоѓалишта во Република Македонија. Меѓу најстарите неолитски наоѓалишта во Македонија се Вршник кај штипското село Таринци, кај село Породин - Битолско, Маџари - Скопско и на други места. Наодите покажуваат прусуство на стациониран неолитски човек, со свои организациони системи на населби, на изразена земјоделска култура, на остатоци од флора и фауна, на богат културен ареал, на богат фонетски јазик и фонетско писмо.[100]

За ова сведочат најновите истажувања кои последниве години се направени од македонската археолошка наука. Резултатите од нив покажуваат дека на почвата на Македонија егзистирале богатата неолитска култура и карпеста уметност, позната како Македонска културна група, која е една од најстарите културни групи во Европа.

Континуитетот на македонскиот човек се провлекува и низ металикумот, односно металното време (бакарно, бронзено и железно време). Тогаш, во првиот период од металната епоха се појавиле првите индоевропски миграциони невлагувања, како зачетоци на индоевропеизацијата на населението во Македонија.[101]

Населението во античкиот период (стар век)

уреди

На Балканскиот Полуостров егзистирале повеќе народи и племенски групи. Така, Илирската група племиња ги населувала западните делови на Балканскиот Полуостров, Тракијските - источните, Дако-мизиските и Дарданските племиња го населувале северниот дел, а Еленската и Македонската група - јужниот дел.

Населението во средниот век и периодот на турско ропство

уреди

Најголемиот пресврт во населеноста на Македонија се случил кон крајот на стариот и почетоците на средниот век, со доаѓањето и населувањето на Словените на овие простори. Најмногу и најчесто словенските племиња се населвуале во рамнините, покрај реките и езерата. преку процесот на мешање - симбиоза на древните Македонци и новодојденото словенско население се создал нов македонски народ, кој прифатил многуи елементи од старата македонска материјална култура, производство и начин на живеење.

Во текот на средниот век Македонија ги менувала освојувачите, така што се наоѓала под византиска, српска, бугарска и др. власт.

Периодот на петвековното турско владеење исто така, имал големо влијание врз општествено-економските, социјалните, етинчките и културните промени во Македонија. Во тој период настанале суштински промени во населеноста, занимањето на луѓето, етничката структура на населението и друго.

Уште во почетокот на своето владеење (XV век), Турците почнале да вршат колонизација во Македонија. Всушпност, тука се доселувало турско населени од Мала Азија (Јуруци, Коњари и др.), а подоцна се доселиле Евреи, Роми, Власи, Албанци итн.

Многу поголема опасност од колонизацијата претставувала асимилацијата, односно процесот и намерата за потурчување - исламизација на македонското население. Помасовна исламизација била извршена во западниот дел на Македонија во Дримкол, по долината на реката Радика, како и во крајните делови на Источна Македонија - Беровско и Делчевско, и во Егејско-Беломорски дел на Македонија, во просторот околу Драма, Сер, Кавала, Демир Хисар и на други места.

Сепак, во рамките на таквите етинчки односи, Македонците успеале на територијата на Македонија да ја зачуваат својата посебна народна целина со свои изразити етнички одлики. Кај Македонецот созреала самосвеста за етичка посебност - македонски народ живее на една компактна територија и се служи со еден јазик.

Долговековното ропство не успеало да го згасне постоењето на македонскиот народ, туку само го забавило процесот на создавање на македонската национална свест. Така, почетоците на формирање современа македонска нација и држава заполнале во текот на XIX век, а тоа се реализирало во XX век.[102]

Македонија во текот на XX век

уреди
 
Гоце Делчев - еден од револуционерите кој се борел за слободна Македонија

Македонија и македонското население ги преживеало најстаршните голготи во текот на XX век, почнувајќи од Илинденското востание, Балканските војни, Првата светска војна и Втората светска војна.

Најтешка и најцрна епизода во ндаежта на Македонија и Македонците е поделбата на Македонија во 1913 година. Потоа следувале низа притисоци врз македонскиот народ од страна на поробувачките строги воено-полициски и асимилаторски режими, со јасни намери за неога асимилација и масовна денационализација. Поседиците од ова биле катастрофални за македонија и тоа не само за македонската целовитост и македонското наслеени, туку и за нејзиното стопанство и градови, а илјадници Македонци почнале да емигрираат во странство.

Крикот на македонската надеж од Илинденското востание повторно воскреснал во текот на Втората светска војна. Македонците заедно со другото населени во Македонија ја почнале својата ослободителна војна. Во сите делови на поделена Македонија се водела народноослободителна војна.

За Македонија, само за нејзиниот Вардарски дел, крајот на Втората светска војна значел ослободување и добивање рамноправен статус како федерална единица во Демократската Федерација Југоласвија. Тогаш за првпат во својата историја македонскиот народ е признат како посебна нација со свој службен македонски јазик, а Македонија, тоагшна Народна Република Македонија, стана посебна федерална единица во рамките на Федеративна Југославија. Со воспоставувањето на Народна власт во слободна Македонија се исполнија вековните желби и стремежи на македонскиот народ за признавање на неговата самобитност.[103]

Околу педесет години Народна Република - Социјалистичка Република Македонија се наоѓаше во состав на Социјалистичка Федеративна Република Југославија.

На 8 септември 1991 година граѓаните на Македонија, со референдум, ја прогласија државата за самостојна под името Република Македонија. Во 1993 година како 181 земја членка е примена во Организацијата на Обединетите нации (ООН). На овој начин завршува долгиот пат на мекдонскиот народ за самостојна и независна држава - Република Македонија.[104]

Демографски одлики

уреди

Бројно движење на населението

уреди

Населението има големо значење за развојот на стопанството. Токму поради тоа важен сегмент е бројот на населението, бидејќи преку него се утврдува бројот на луѓето кои се главен и незаменлив фактор на секое стопанство, односно се главни носители на производството и на потрпшувачката на материјалните добра.[105]

Првите податоци за вкупниот број на живетли во Македонија датираат од 1900 и 1913 година. Меѓутоа, овие податоци не се засноваат на службен попис на населението. Првите официјални податоци за бројот на жителите во македонија датира од службениот попис спроведен во 1921 година. Оттогаш наваму спроведени се десет пописи, податоците за движењето на бројот на населението се засноваат на официјалните пописи, а тие се однесуваат за територијата на Република Македонија.[106]

Година Број на жители Годишен прираст Прираст меѓу пописите Густина на население (жит./кm2)
1900 909.000 / / 35
1913 938.000 2,238 29,096 36
1921 797,841 -17,520 -140,159 31
1931 937,643 13,980 139,802 37
1948 1,152,986 12,667 215,343 45
1953 1,304,514 30,306 151,528 51
1961 1,406.003 12,686 101,489 54
1971 1,647,308 24,130 241,305 64
1981 1,909,136 26,182 261,828 74
1991 2,033,964 12,482 124,828 79
1994 1,945,932 -29,344 -88,032 76
2002 2,022,647 9,577 76,615 78

Од изнесените податоци се гледа дека во периодот од 1900 до 2002 година бројот на населението во Република Македонија се зголемил за 2,3 пати што и не е многу со зголемувањето на населението на светско ниво (за 4 пати).

Податоците во табелата погоре покажуваат дека динамиката за бројното движење на населението во Македонија е многу неизедначена. Како причини за тоа се лошите општествено-политичката и економската состојба на македонија кои повеќепати во текот на XX век биле секојдневие. Имено, во последните 100 години, македонското населени било принудено да емигрира, а сто тоа и да го намалува природниот прираст и тоа како последица од Илинденското востание, Балканските војни, поделбата на Македонија како резултат на Првата светска војна, потоа на асимилаторските режими во Србија, Бугарија, Грција, Албанија, исто така, и како резултат на Втората светска војна, потоа како резултат на иселувањето на турското и другото муслиманско население, економското емигрирање во странство и сл.

Намалувањето на бројот на жителите во периодот од 1900 до 1921 година, пред сè е резултат на Илинденското востание и на емигрирањето на македонското население во странство, Балканските војни, поделбата на Македонија, масовното иселување на Турците и Првата светска војна.

Почнувајќи од 1921 година сè до денес, бројот на жителите во Македонија постојано се зголемува. Во периодот од 1921 до 1931 година овој пораст е резултат на високиот природен прираст на населението и доселувањето на колонистите од Србија, Црна Гора и Далмација, како и враќањето на дел од порано емигрираното македонско население.

Во периодот од 1931 до 1948 година, и покрај зголемувањето на населението за 215.000 жители, сепак годишниот прираст на населението е понизок од природниот прираст. Тоа е последица од жртвите во текот на Втората светска војна, на емигрирањето на поголем број од доселениците Срби, на иселувањето на дел од Власите во Романија и определен број Македонци во Војводина, како и на присилното ислување на Евреите и нивно ликвидирање од страна на Германците.[107]

Во периодот од 1948 до 1953 година бројот на македонското население се зголемувал со најбрзо темпо, а тоа се должи не само на зголемениот природен прираст, туку и на доселувањето на голем број Македонци од Егејски дел на Македонија. Слениод период, од 1953 до 1961 година, се одликува со низок годишен прираст. Основната причина за ваквиот мал прираст е масовното иселување на Турците и на другото муслиманско население од Македонија во Турција.

Во следните периоди, од 1961 до 1971 и од 1971 до 1981 година, и покрај тоа што во нив е регистрирано зголемување на бројот на населението, сепак се и периоди на масовно економско иселување на Македонците и другото население кое прво заминале на привремено вработување во странство, за подоцна та да премине и во трајно иселување. Слични состојби на ермигрирање, првенствено на Македонци, е регистрирано и во пописните интервали од 1981 до 1991 година и од 1991 до 1994 година. Во тој период се забележува и зголемено доселување, пред се, на Албанци од Косово, Албанија и Јужна Србија, како и на определен број Бошњаци од Босна и Херцеговина.

Во целост, бројот на населението во 2002 година (2.022,547 жители) во Република Македонија, во однос на 1948 година (1,152,986), е зголемено за 869,561 жител или приближно за 75%. Според тоа, Република Македонија според бројот на населението и површината спаѓа во редот на најмалите држави на Балканот и во Европа.

Природен прираст

уреди

Зголемувањето на вкупниот број на населението, главно, е резултат на природен прираст, кој претставува разлика меѓу наталитет и морталитет, а во помала мера и на механичкиот прилив на доселеното население. Природниот прираст на населението зависи од повеќе фактори, а пред се, од порастот на животниот стандард, здравствената заштита, културно-образовното ниво на населението, едукацијата на брачните парови за планирање на семејство, еманципација на жената, популационата политика итн.

Просечниот годишен природен прираст на населението во Република Македонија од втората половина на XX век сè до денес постојано се намалува. Така, тој се намалува од 26,3 примили во 1948 година, односно на 6,2 промили во 1998 година, додека, пак, во 2002 година, тој изнесува околу 1,8 промили. Тоа значи дека на секои 1000 жители, бројот на населението се зголемува близу за 5 жители годишно. Со овој податок, Република Македонија спаѓа во групата на земји со низок природен прираст какви што се поголемиот број држави во Западна Европа.[108]

Година 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 1998 2002
Наталитет 40,7 37,9 29,9 23,0 20,6 17,1 16,1 14,6 13,7
Морталитет 14,4 14,8 9,3 7,5 7,0 7,3 7,6 8,4 8,9
Природен прираст 26,3 23,2 20,6 15,4 13,6 9,8 8,5 6,2 4,2

Природниот прираст не е еднаков во сите делови на Македонија. Разлики постојат не само меѓу одделни општини, туку и помеѓу одделни делови и населби во иста општина. Во тоа значајна улога имаат етничкиот состав и верската припадност на населението. Така, општини со висок природен прираст со повеќе од 5 промили се они во кои живеат македонски Албанци и кои имаат исламска вероисповед. Во оваа група предводат општините Дебар, Гостивар, Тетово, Струга, а посред новата административно-територијална поделба на Република Македонија од 2004 година по нив следат општините: Арачиново, Боговиње, Желино, Зајас итн.. Наспроти ова во некои региони во Македонија, демографската карта е дијаметрално поинаква. Имено, само за илустрација во 2004 година до вкупно 84 општини, дури кај 32 општини се јавува депопулација, односно негативен природен прираст. Описно кажано, во овие општини има повеќе погреби, отколку крштевки. Тука спаѓаат општините: Битола, Берово, Демир Капија, Демир Хисар, Другово, Кратово, Кривогаштани, Новаци, Дебрца, Пехчево, Ресен, Росоман, Могила, Сопотница, Македонски Брод итн.[109]

Доколку се направи демографски преглед за стапката на природен прираст по национална припадност, состојбата ќе биде следна:

Година Вкупно(%) Македонци(%) Албанци(%) Турци(%) Роми(%) Останати(%)
1991 100 36,3 46,4 6,8 5,5 5,0
2002 100 10,6 67,5 6,6 12,1 3,0

Градско и селско население

уреди

Во последните педесет години бројот на градското населени постојано се зголемува за сметка на селското кое се намалува. Тоа е последица на миграцијата село-град, која е предизвикана со развојот на индустријата и со нејзините сè поголеми потреби од работна сила, како и со појавата на вишок работници во рамките на земјоделството.

Како се движел соодносот на вкупното градско и селско население во Република Македонија може да се види од следната табела:

Година 1948(%) 1953(%) 1961(%) 1971(%) 1981(%) 1991(%) 1994(%) 2002(%)
Градско 28,7 31,3 38,6 48,8 55,2 58,1 58,7 58,1
Селско 71,3 68,7 61,4 51,2 44,8 41,9 41,3 41,9
Вкупно 100 100 100 100 100 100 100 100

Од прегледот јасно може да се забележи дека бројот на градското население е во постојан пораст и се зголемува (од 28,7% во 1948 година на 58,1% во 2002 година), а бројот на селското население постојано се намалува (од 71,3% во 1948 на 41,9 во 2002 година). Така, од вкупно 330,400 жители во градовите во 1948 година, нивниот број се зголемил на 1,175,909 жители во 2002 година или за 845,509 нови жители, односно за 255,9%, што претставува зголемување за околу 3,5 пати.(Во 2002 година селското население броело 846,638 жители, а градското 1,175,909 жители.)

Според административно-територијалната поделба од 2004 година во Република Македонија има 84 општини и Град Скопје со посебен статус, од кои 29 се со градски центри. Општини со најмногу градско население се: Кичево(89,8%), Прилеп(86,3%), Штип(91,3%), Битола(78,2%), Кочани(74,4%), Скопје(92,2%), Охрид(79,4%), Велес(79,3%), Дебар (74,5%), Свети Николе(70,3%) итн.

Намалувањето на бројот на селското население укажува на тоа дека сè уште е присутно иселувањето од селата, што неповолно се одразува врз аграрниот опстанок на Македонија.[110]

Густина на населеност

уреди

Паралелно со порастот на бројот на населението се зголемува и густината на населеност. Тоа е условено од природните услови, од природниот прираст на населението и од развиеноста на стопанството. Во 1948 година густината на населеност изнесуваше 44,8 жители на 1 км2, а денес таа просечно се движи околу 82 жители н 1 км2.

Меѓутоа, густината на населеност не е рамномерна во сите делови од Република Македонија. Најугсто населени области се плодните котлини, во кои се најповолни условите за живот на луѓето и за развој на стопанството. Меѓу нив особено се истакнуваат: Скопска Котлина(со 320 жители на 1 км2), Полог (200 жит/км2), Охридско-струшка Котлина(со 115 жит/км2), Кумановска Котлина(со 113 жит/км2), Струмичко-радовишка Котлина(околу 100 жит/км2) итн.

Најмала густин на населеност во Македонија има Мариовската област (1,2 жит/км2), Поречката област(10 жит/км2), Малешевија(22 жит/км2), Демирхисарската област (20 жит/км2), Кратовска област (27 жит/км2), Преспа (20 жит/км2), Овче Поле (32 жит/км2) и други.

Ако напарвиме преглед на густината на населеност по општини според новата територијална поделба, се забележува дека разликите во густината на населеност се покарактеристични. Така, најголема густина на населеност од над 1.001 жит/км2 има во 6 општини, потоа со густина од 201 до 1000 ж.кm2 се 4 општини, со густина на населеност од 201 до 500 жит/км2 се 4 општини, со густина на населеност од 101 до 200 жит/км2 се 14 општини, со густина од 51 до 100 жит/км2 се 20 општини, од 11 до 50 жит/км2 се 31 општина, а со најмала густина на населеност од 1 до 10 жит/км2 има 5 општини.[111]

Структурни одлики на населението

уреди

Полова структура

уреди

Во сите пописни години во Република Македонија преовладува машкото над женското население. Според пописот од 2002 година од вкупниот број населени машки се 50,2% (1,015,577), а 49,8% се женски (1.007,370), односно има разлика од 0,2% (8,207 лица). Бројниот однос помеѓу машкото и женското население има значење и од економски аспект. Од повеќе причини, во определени општини се создадени значителни промени во сооднос меѓу машките и женските лица.[112][113]

  • Мажи:1,015,377 или 50,20%
  • Жени:1.007,170 или 49,80%
Пол
Мажи
  
50,20 %
Жени
  
49,80 %

Старосна структура

уреди

Во Република Македонија има голем број младо и работоспособно население. Така населението од 0 до 19 години, во вкупниот број на население учествува со 29,2% (во 1948 година со 48,2%). Ова население не е во работен однос, но претставува многу значаен фактор за нашиот перспективен развој како идно активно население.

Во старосната група од 20 до 59 години спаѓа околу половина од населението, чие учество постојано се зголемува, така што во 2002 година, оваа група учествувала со 55,7% (во 1948 година со 43%). Ова население е значајна старосна група, бидејќи го опфаќа активното население кое го издржува младото население.[114]

Старосната група со повеќе од 60 години учествува со 15,1% (во 1948 година со 8,8%) во вкупното население на Република Македонија. Овие податоци покажуваат дека населението во државата е зафатено со процес на демографско стареење. Имено, се смета дека во определени држави, населението старее ако учеството на возрасната група со повеќе од 60 години е 12%, односно ја надминува таа граница.[115]

Анализата на старосната структура во Македонија покажува тенденции кои се движат во насока на намалување на бројот на младото население, за сметка на деугите две групи чиј број се зголемува. Овие појави во старосната структура на населението имаат посебни релации доколку се набљудуваат по општини, региони, националност и сл. Имено, во 29 општини старото население учествува со повеќе од 13%, а од нив во 26 општини старото население учествува со вредности од 20% до 30% (Новаци, Дебрца, Вранештица, Старо Нагоричане, Другово, Демир Хисар). Од друга страна, пак, во 20 општини младото население учествува со вредности поголеми од 33%, а од нив 6 учествуваат со повеќе од 40% (Арачиново, Липково, Центар Жупа, Пласница, Желино, Студеничани).[116]

Економска структура

уреди

Населението во Македонија се групира во 3 групи: активно население, изджувано население и лица со лични приходи.

Активно население е она кое е вработено и кое врши неко занимање, со цел да се здобие со средства за живот. Издржуваното население е она кое не е во работен однос, а во него спаѓаат децата, учениците, студентите, домаќинките и другите лица коишто ги издружваат активното населени или лицата асо лични примања. Лица со лични примања се оние кои имаат свој пригод со кој се издржуваат, но тие не се во работен однос.[117]

Во 1953 година, во вкупното население учествувало со 40,8% активното население, а во 2002 година учествувало со 39%. Во вкупното население во 1953 година, издржуваното население изнесувало 57,9%, а во 2002 година со 45%. Во вкупното население на државата, учеството на населението со лични примања покажува тенденција на постојан пораст, од 1,3% во 1953 година на 13% во 2002 година.

Во Република Македонија се забележуваат и значителни промени во структурата на активното население, по сектори на дејности. Така, на пример од 1953 година наваму, постојано се намалувал бројот на активното население во примарната дејност, а се зголемувал бројот во секундарната дејност и во терцијалната дејност. Имено, во 1953 година, примарната дејност учествувала со 72,3%, а во 2002 година се намалила на 15%, секундарната дејност се зголемила од 15% во 1953 година на 46% во 2002 година, додека терцијалната дејност од 12,7% во 1953 година, се зголемила на 39% во 2002 година.

Во сите пописни години бројот на вработените е во постојан пораст, во 1961 година имало 199.000 вработени лица, во 1971 година - 270.000 лица, во 1981 година - 437.000 лица и во 1991 година нивниот број се зголемил на 530.000 лица. Од тоа единствено отстапуваат последните десетина години кога бројот на вработените почнал постепено да се намалува, односно во 2002 година биле вработени 500.000 лица. Најголем број од оваа население било вработено во индустријата и во рударството. Тие учествувале со 40% во вкупниот број вработени во Македонија. На второто место од стопанските дејности се наоѓаат трговијата и угостителството кои учествуваат со 12%, на трето место е градежништвото со 9% итн.

Образовна структура

уреди

Образовната структура на населението е исклучително важен елемент, не само поради развојот на стопанството, туку и заради сеопфатниот напредок на Република Македонија. Според податоците од пописите во 1953 и во 2002 година можеме да констатираме дека населението во Република Македонија има постигнато висок степен во развојот на образованието. Тоа го потврдуваат следниве показатели: учеството на лицата без школска подготовка е намалено од 50,2% во 1953 година на само 5% во 2002 година, намалување има регистрирано и кај лицата со непотполно основно образование од 4,35% на 15,4% во 2002 година. Наспроти, тоа многу е зголемено учеството на населението со основно образование, од 3,5% во 1953 година на 38,2% во 2002 година; додека пак, учеството на населението со средно образование е зголемено од 3,8% во 1953 година на 39,1% во 2002 година, а бројот на населението со више и високо образование е зголемено од 0,1% во 1953 година на 11,2% во 2002 година.

 
Универзитет Св. Кирил и Методил во Скопје (УКИМ)

Со основно, средно и со високо образование се здобива сè поголем број од наслеенито во Македонија, а тоа како резултат на многубројните основни училишта(1,012), средни училишта (96) и факилтети(38). Притоа треба да се истакне дека школувањето во Република Македонија за основно и средно образование е бесплатно, додека кај високото образование државата е парципиент за најголем број студенти, така што значително е помало самофинансирањето на студентите.

Број, големина и структура на домаќинствата

уреди

Во Република Македонија бројот на домаќинствата од 1948 година до 2002 година постојано се зголемува (од 218,819 на 567,296 домаќинства или зголемување од 159%). Од една страна, тоа е резултат на порастот на вкупното население, а од друга страна, на раслојувањето на поголемите домаќинства на помали, како и на појавата на голем број самечки домаќинства. Бројот на домаќинствата изразен со бројот на лицата во едно домаќинство континуирано се намалува. Ова намалување е последица на опаѓањето на наталитето, морталитетот, како и од природниот прираст, миграциите, зголемениот број на неженети и немажени лица, промената во начинот на стопанисувањето, животниот стандард, еманципацијата на жената, планирање на семејството, урбанизацијата и друго. Така, во истиот период, 1948 до 2002 година големината на домаќинствата е намлена од 5,3 на 3,6 членови.

Во однос на економските белези, според изворите на приходи, домаќинствата се делат на земјоделски, неземјоделски имешовити. Во Македонија најбројни се неземјоделските домаќинства кои учествуваат со околу 63% во однос на вкупниот број домаќинства, потоа следуваат земјоделците со околу 20%, а на крај се мешовитите домаќинства со околу 17%.[118]

Етничка структура

уреди

И ден денес, како и отсекогаш, во Република Македонија најоглем број од населението го сочинуваат Македонци. Меѓутоа, во земјата живеат и припадници на повеќе различни националности и етнички групи. Нивната застапеност во Македонија е резултат на преселбите - миграциите на населението во историското минато, предизвикано од политички, економски и други причини.

Според податоците од 1994 година, во Македонија, покрај Македонци кои се најбројно застапени, живеат уште и претставници на 22 националности и четири етнички заедници, додека некои нејзини жители воопшто не се изјасниле.

Националност 1900 1921 1948 1953 1961 1971 1981 1991 2002 %
Македонци 534.000 540.000 789,648 860,699 1.000,854 1,142,375 1,279,323 1,328,187 1,297,981 64,2
Албанци 88.000 111.000 197,389 162,524 183,108 279,871 377,208 441,987 509,083 25,2
Турци 175.000 119.000 95,940 203,938 131,481 108,552 86,591 77,080 77,959 3,8
Роми 20.000 7,800 19,500 20,462 20,606 24,505 43,125 52,103 53,879 2,7
Срби / / 29,721 35,112 42,728 46,465 44,468 42,775 35,939 1,8
Власи 30.000 9.000 9,511 8,668 8,046 7,190 6,384 7,764 9,695 0,5
Бошњаци 0 0 0 0 0 0 0 0 17,018 0,8
Неопределени 62.000 11,041 11,277 13,111 19,180 38,350 72,037 84,086 20,993 1,0
Вкупно 909.000 797,841 1,152,986 1,304,514 1,406.003 1,647,308 1,909,136 2,033,964 2,022,547 100

Вкупното населението во Република Македонија, според изјаснувањето за национална припадност во 2002 година (попишано е само присутното население за време на пописот), брои 2,022,547 жители, од кои Македонци се 1,297,981 лице или тие учествуваат во вкупното население со 64,2%, потоа Албанци со 509,083 лица или 25,2%, Турци со 77,959 лица односно 3,8%, Роми со 53,879 или 2,7%, Срби со 35,939 жители односно 1,8%, Власи со 9,695 лица т.е. 0,5%, Бошњаци со 17,018 лица односно 0,8% а неопределени за својата националност биле 20,993 лица или 1,0% од населението.[119]

Просторно Македонците живеат во сите општини во Република Македонија (според новата административно-територијална поделба од 2004 година). Македонци се 1,297,981 лице, а нивното учество е најголемо во Општина Кривогаштани со 99,6%, а најмало во Општина Желино со 0,3%. Поконкретно, во 28 општини учеството на Македонците во вкупното население е поголемо од 90%, во 35 општини учеството се движи од 50% до 90%, а во другите 21 општина нивното учество е помало од 50%.

Во градот Скопје, од севкупното население во градот, најголем е бројот на Македонците, кои учествуваат со 66,5%, а потоа следуваат Албанци со 20,5%, Роми со 4,6%, Срби со 2,8%, Турци со 1,7%, Власи со 0,5%, Бошњаци со 1,4% а неопределени се 1,6%. Во Скопје (потесно подрачје), Македонците учествуаат со 71,2%, Албанците со 15,3%, Роми со 5%, Срби со 3%, Турци со 1,8%, Власи со 0,6%, Бошњаци со 1,4%, а останатите со 1,7%.

Според администратвно-територијалната поделба на Македонија од 2004 година, состојбите се значително поинакви. Во вкупно 46 општини или во 54,85 од општините, Македонци учествуваат со повеќе од 80% (Кривогаштани 99,6%, Чешиново-Облешево со 99,5%, Зрновци со 99,5%, Ново Село со 99,5%, Вевчани со 94,4%, Македонска Каменица со 99,3%, Новаци со 98,3%, Пробиштип со 98,6%, Кратово со 98% итн.)

Албанците во 10 општини учествуваат со повеќе од 80% или во 11,9% од општините (од кои во 7 општини улествуваат со повеќе од 90%). Турците најмногу се застапени во 2 општини (2,4%), и тоа општините Пласница (97,8%) и Центар Жупа (80,1% од вкупното население во општината). Ромите се најзастапени во 1 општина (1,2%) - тоа е општината Шуто Оризари (со учество од 60,8% од вкупното населени во општината). Другите 25 општини или 29,7% од вкупниот број општини во кои живеат повеќе националности (со учество во општината со вредности од 0,1% до 79,9%).

 
Албанско католичко семејство од Скопје во 1910 година

Од малцинствата најбројни се македонските Албанци. Во 1900 година, нивниот број бил 88.000 лица или 9,7% од вкупното население, а во натамошните периоди овој број постојано се зголемува, како резултат на високиот природен прираст и на механичкиот - миграциски прилив, на континуирано доселување на Албанци од Република Албанија и од Косово. Така, во 2002 година имало 509,083 македонски Албанци или во вкупното население тие учествуваат со 25,2%. Од табелата погоре може да се забележи дека во 1953 година бројот на ова население бил значително намален. Оваа појава не е поврзана со некоја миграција, туку во тој период голем број Албанци се декларирале како Турци за да можат да учествуваат во иселувањето на Турција.

Најголема концентрација на македонски Албанци има во Општина Желино со 99,2%, а потоа следуваат: Липково со 97,4%, Осломеј - 98,4%, Арачиново - 93,8%, Боговиње - 95,2%, Зајас - 97,4%, Сарај - 91,5% итн.

Според административно-територијалната поделба од 2004 година, македонски Албанци не се регистрирани во 20 општини, и тоа во: Берово, Босилово, Валандово, Василево, Виница, Зрновци, Карабинци, Конче, Кратово, Крива Паланка, Кривогаштани, Македонска Каменица, Македонски Брод, Ново Село, Пехчево, Пробиштеип, Ранковци, Росоман, Свети Николе и Чешиново-Облешево.

 
Албанци во Тетово

Населувањето на нивните предци, од кои потекнува денешното Албанско население во Република Македонија почнало пред околу 220 години, односно кон крајот на XVIII век. Во почетокот со релативно мал број на доселеници. Во текот на XIX век, зпаочнува нов бран на доселување на Албанци во Македонија, всушност, тогаш се доселил и поголемиот број на албанско население. Во текот на XX век се одвивала третата фаза на нивно доселување, која особено се интензивирала по Втората светска војна, поточно во последните триесетина години во Македонија кога се наслило значително албанско население, но сега не од Албанија, туку од Косово. Населувањето на нови Албанци не е завршен процес и тој трае сè уште на територијата на Македедонија.[120]

Албанците населени во Република Македонија им припаѓаат на две групи - Геги и Тоски. Гегите се застапени со 90% и тие потекнуваат од Северна Албанија и од Средна Албанија, а Тоските во мал број, околу 10% се доселени од Јужна Албанија.

Меѓу денешните македонски Албанци има и родови кои себеси се сметаат за староседелци. Главно тоа е македонско население ко во текот на турското владеење го примило исламот и постепено се албанизирало. Меѓу нив, има и по некој род кој потекнува од некогашните Турци, Роми или Черкези.

 
Турското национално знаме - Основно обележје на македонските Турци

По бројност, второ малцинство во Република Македонија се македонските Турци. Во последните 100 години нивниот број осцилирал и значително се намалил. Така, од 175.000 Турци во 1900 година во 2002 година тие се намалиле на 77,959 лица, односно има намалување од 55,4%. Намалувањето на Турците е резултат на Балканските војни, Првата и Втората светска војна и нивното иселување во Турција, текот на педесеттите и шеесеттите години на XX век итн.

Процентуално во Република Македонија, Турците се застапени со 3,8%. Турците од вкупно 84 општини се застапени во 70, а во 14 општини не се регистрирани. Во поголем број се застапени во општините: Пласница, Центар Жупа, Чаир, Гостивар, Радовиш, Струга, Охрид, Кичево, Битола, Ресен, Маврово, Ростуше, Струмица, Долнени, Дебар, Врапчиште, Велес, Василево, Валандово итн.

Според административно-територијалната поделба од 2004 година, Турците најмногу се застапени во 2 општини и тоа во општините Пласница (со 97,2%) и Центар Жупа (со 90,1% од вкупното население во општината). Нивниот број не е реален, бидејќи тоа се Македонци муслимани кои се декларирале како Турци.

 
Спомен костурница во близина на Кумановско

Од другите малцинства коишто живеат на територијата на Република Македонија најбројни се македонските Срби. Нивниот број се движи од 29,721 ливе во 1948 година до 46,465 лица во 1971 година. Во 2002 година тие се намалиле на 35,939 лица, со учество од 1,8% во вкупното население. Според бројот, најмногу Срби има во: Скопје, Куманово, Чичер-Сандево и Старо Нагоричане. Според последната територијална поделба Срби има во 81 општина.

 
Ромското население во Република Македонија според пописот од 2002 година

Од етничките заедници во Република Македонија живеат Роми, Власи, Руси и Муслимани. Од нив, најбројни се македонските Роми, чиј број во 2002 година изнесувал 53,879 лица или во вкупното население учествувале со 2,7%. За нив може да се каже дека се по потекло од Индија, поточно од индиската држава Пенџап. Во Македонија дошле преку Близок Исток, главно, заедно со Турците. Најмногу Роми има во Скопје - 23,475 лица или 4,65 од населението на градот. Според последната територијална поделба од 2004 година, најмногу ги има има во Шуто Оризари, каде учествуваат со 60,6% од вкупното население во општината. Карактеристично за Ромите е тоа што тие спаѓаат во урбанизирано население, бидејќи 95% од нив живеат во градовите, а смо 5% вос елска средина.

Македпнските Власи се сметаат за староседелско население на Балканскиот Полустров. За нивното потекло постојат повеќе мислења, според едни дека тоа се романизирани жители на римската провинција Дакија, која се наоѓала на територијата на денешна Романија, а според други мислења Власите имаат тракиско-илирско потекло, а според трети дека потекнуваат од античките Македонци.

Сè до втората светска војна, Власите биле многу побројни во Македонија. Така, во 1900 година имало 30.000 Власи или 4% од севкупното население во Македонија. Подоцна, еден дел од нив, главно, опние кои биле номадски сточари, се иселиле во Романија, оние пак, кои живееле во градовите емигрирале во Грција и слично. Според податоците од пописот во 2002 година имало 9,695 Власи или во вкупното население во Република Македонија учествувале со 0,5%.

Според новата територијална поделба Власите живеат во 54 општини, а најмногу во: Штип - 2,074 лица или%, потоа во Скопје - 2,557 лица, Битола, Крушево, Струга и др. Според новата територијална поделба најголемо е учеството на Власите во Општина Крушево (10,5%).

Според податоците од пописот во 2002 година, Бошњаците биле застапени со 17,018 жители или 0,8%, а останатите ги има во 1,9% или 20,993 жители, меѓу кои најзастапени се Египќаните, Бошњаците итн.

Верско-религиозна и културна структура

уреди

Религијата како облик на човековата свест, во Македонија датира од насјтарите човекови времиња. На просторот на Македонија престојувале разни весрки мисионери и ја ширеле верата. Денес, како последица од тоа, во Македонија опстојуваат повеќе вероисповеди.

 
Св. Апостол павле - првиот апостол кој го проповедал христијанството во Македонија

Христијанството е меѓу најраспространетите религии во светот и во неа веруваат повеќе од 1 милијарда луѓе, а православни се повеќе од 200 милиони лица. Во Македонија најбројни се православните хрстијани и има 1,310,784 вакви верници или 64,8% од вкупниот број на населението. На просторите на Македонија, православието датира од многу одамна, од I век од новата ера, а тука ја донел Апостол Павле. Долг временски период православната вера ја ширела Охридската архиепископија, со седиште во Охрид, а во нејзина надлежност се наоѓал речиси целиот Балкански Полуостров. Верските обреди на православните верници се вршат во импозантно голем број цркви и манастири. Тоа се првите духовни и културни центри во кои се организирало описменувањето на луѓето. Во овие духовни храмови се негувале фрескосликарството, живописот, резбарството, односно во нив се наоѓа непроценливо културно богатство на Македонија.[121]

Според бројот на верниците втора религија во Република Македонија е исламската, со 647,015 верници или 33,3% од населението. Претежно тоа е религија на Албанците и на Турците, како и на Македонците и на Ромите со исламска вероисповед. Оваа религија настанала во Саудиска Арабија во VIII век, а на просторите на Македонија, ја пренеле Турците (кон крајот на XV век), при нивното доаѓање на Балканскиот Полуостров.

На другите религии во Република Македонија им припаѓаат 1,9% од изјаснетите верници, а од нив најбројни се останатите со 30,820 лица, католиците со 7.008 лица, протестантите со 1,520 лица итн.

Етнографски одлики на населението

уреди
 
Народна носија од прилепскиот крај

Населението во Република Македонија има какрактеристични енографски одлики. Тоа се: обичаите, празнувањето, фолклорот(песни, ора, народни инструменти), везењето и народната носија, разновидните занаети и слично.

Обичаите се негувале и се пренесувале од генерација на генерација и низ вековите опстанале сè до денес. Постојат повеќе обичаи: верски, свадбени, обредни и др. Обичаите особено опстојуваат во помалите места и во селските средини, но во последните години нив ги применуваат и жителите во поголемите градови.

Народниот фолклор е дел од духовната култура, која нашето население ја создавало низ вековите. Во светот Македонија е позната по нејзиниот богат музички фолклор. Тој претставува збир од народни ора, песни и музички инструменти (гајда, тапан, кавал, зурла и др.). Денес, народниот фолклор активно го негуваат многу културно-уметнички друштва.

Народната носија од Македонија има посебен национален белег, структура и физиономија. За народната носија се карактеристични белата и црвената боја, но и другите бои, како жолтата, црната и кафеавата, потоа различниот вез, нејзиниот крој, богатите украси од монистра, накит, тантали, гајтани и друго. Овој колорит од бои, шари и везови ја претставува убавината на македонската народна носија, која има бескрајно префинет вкус, а тоа е одраз на високата уметничка дарба за нејзино создавање.[122]

Миграциони движења

уреди

Во Македонија миграционите движења се одвивале во различни временски периоди. Преку миграциите се обележува географската динамика на населението и тие претставуваат многу значајна социо-географска појава. Миграциите активно се спроведувале во текот на историското минато, но тие се, карактеристични и за поновото време, па и ден денес. Најважните услови, односно фактори кои ги предизвикуваат миграциите потекнуваат од економскиот, социјалниот и демографскиот аспект, поточно од историско-психолошките, економските, политичките причини итн. Во Македонија најзастапени миграции се миграциите кои се предизвикани од економски причини, односно од стремежот на луѓето да обезбедуваат подобри услови за живот.

Уште од најстарите времиња, сè до денес во Македонија се присутни силни миграциони движења. Вусшност, Македонија е една од најдинамичните миграциони зони на Балканот. Секако, главна причина за тоа е централната географска положба на Балканскиот Полуостров.

Според правците, во зависност од местото - правецот каде што се вршат, миграциите се делат на внатрешни и надворешни миграции.

Внатрешни миграции

уреди

Внатрешните миграции ги опфаќаат преселбите на населението во границите на Македонија. Овој вид на миграции, во помал или поголем обем, се одивале во разни временски периоди. Тие активно се одвивале во историското минато, почнувајќи од предисторијата, античкиот период, средниот век, а особено за време на долговековното турско владеење, како и во текот на целиот XX век, односно по Илинденското востание, Балканските војни, Првата светска војна и во времето меѓу двете светски војни. Меѓутоа, внатрешните миграциони движења, кои се со посебна специфика, се карактеристични за периодот по завршувањето на Втората светска војна сè до денес.

 
Али Паша, еден од најпознатите и најголемите чифликсајбии

Внатрешните миграции имале голема динамика за време на долговековното турско владеење. Причините за нивната појава биле од различен карактер, а нејчесто биле предизвикани од разните зулуми, колонизацијата на турското население, востанијата, исламизацијата, распаѓањето на тимаро-спахискиот систем, развојот на чифлигарството итн. Како карактеристични примери можат да се наведат: миграциите на турските сточарски племиња Јуруци и Коњари во Македонија, потоа исламизацијата во Западна Македонија, односно по долината на реката Радика и микрорегијата Жупа, од каде што, подоцна еден дел од нив, подоцна, се раселени и по сливот на Маркова Река и во Скопската Котлина, сливот на Тополка и во околината на Велес. Со распаѓањето на тимаро-спахискиот систем и со развивањето на чифлигарството меѓу македонското население биле предизвикани силни преселнички движења на цели домаќинства, од чифлик на чифлик, за да ја обработуваат земјата на беговите и на другите чифликсајбии. Подоцна со распаѓањето на чифлиците некои од нив исчезнале, а други прераснале во населби, така што денес повеќето села во Македонија потекнуваат од некогашните чифлици. Во овој период, во текот на XIX век, поради силната експлоатација, зачестените насилства и небезбедноста која владеела во селата, биле предизвикани интензивни миграциони движења на релација село-град. Тогаш, македонските градови не само што почнале популациски да растат, туку се менувал и нивниот етнички состав, односно во градовите се зголемувал бројот на Македонците а сметка на Турците.

 
Македонски беглаци во бугарија по Илинденското востание

Интензивните внатрешни миграции продолжиле и за време на Илинденското востание, Првата и Втората светска војна. На пример, по завршувањето на Илинденското востание, Турците започнале жестоко да му се одмаздуваат на македонското население, кое побарало излез од состојбата во мигрирањето низ просторот на земјата и надвор од Македонија.

За време на Втората светска војна, во западниот дел од Македонија кој бил окупиран од страна на Албанија, односно од Италија, македонското население било изложено на силен терор. Поради тоа тие биле принудени масовно да се иселуваат од таму и да се населуваат по градовите од другиот дел на Македонија.

Внатрешните миграции во Македонија не престанале ниту по Вотрата светска војна, туку тие продолжиле во континуитет сè до денес. Повоената изградба, а особено индустријализацијата, предизвикала крупни промени во начинот на живеењето и во занимањето на луѓето. Тоа било повод за обемни и динамични преселби на населението во различни правци, а особено на релацијата село-град. Така, на пример од вкупниот број мигранти, повеќе од 75% потекнуваат од селските средини. Причината за преселувањето на селското население во градовите најмногу е поради нерамномерниот економски и урбан развиотк меѓу селата и градовите, несоодветноста на положбата на селските населби за живеење, ненавремената изградба на сообраќајници и на друга инфраструктурна опременост итн. Според тоа, селската средина се одликува со негаивно миграционо салдо, наспроти градската која бележи позитивно миграционо салдо.

Во групата внатрешни миграции особено се карактеристични дневните миграции на населението. Тоа е, главно, миграционата популација составена од работници, ученици, студенти и други лица, кои се упатени кон градските центри. Секој ден тие патуваат од местотот на живеење до блиските градови и по завршената работа повторно се враќаат во своите домови. Според пописот од 1994 година, бројот на овој вид мигранти е 146,609 лица или нивното учество во вкупното население е 7%. Најголемата концентрација на дневни мигранти има во Скопје, Битола, Прилеп, Куманово, Штип, Тетово итн.

Сезонските миграции сае исто така, карактеристичен вид внатрешни миграциони движења. Тие се поврзани за работите кои се извршуваат само во одредено време од годината. Со нив се опфатени голем број градежни работници, кои летно време одат да работат надовр од местото на живеење. Во оваа група мигранти спаѓаат и земјоделските работници во Тиквешијата, Полог, Пелагонија, потоа шумските работници, сточарите, а секако и луѓето кои патуваат на годишен одмор, односно т.н. туристички мигранти.[123]

Надворешни миграции

уреди

Надворешните миграциони движења ги опфаќаат преслбите на населението преку нашите граници, односно доселувањето и иселувањето од Република Македонија.

Доселување
уреди

Доселувањето на населението во Македонија особено било изразено во историското минато, но тоа е карактеристично и за денешно време. Низ историските периоди, во просторот на Македонија се доселувало и се отселувало најразлично населениет. Прво поголемо населување во Македонија го спровеле Словените, со што во текот на VI век и VII век извршиле значителни етнички промени врз старото македонско население.

Македонското население многу страдало во текот на XI век, кога на териториајта на Македонија навлегле: Норманите, Србите, Печенезите, Куманите, Крстоносците и други. Во текот на XIII век, во источните краеви на Македонија се доселиле Сасите како рудари, при што силно го развиле рударството.

Големи миграциони движења имало по доаѓањето на Турците во Македонија. Тие имале намера етнички да ја променат сликата на Македонија, преку колонизирање на голем број турско население. За таа цел, кон крајот на XVI век и на почетокот на XVII век биле доселени анадолските номади - Јуруци и Коњари. Истовремено со Турците се доселувале и Ромите. Во текот на XVI век во Македонија, особено во поголемите градови, се доселиле и Евреите.

Почетоците на првиот бран на доселување на Албанците во Македонија датира од пред 230 години, односно во периодот кон крајот на XVII век, од 1780 година наваму, и тоа на почетокот во три правци, всушност преку три струи. Во тој период во околу 30 македонски села се населило албанско население. Првата струја била северноалбанската или Дукаџинската струја, втората средноалбанска или Шкумбиска струја, третата - Јужноалбанска или Тосканска струја. Населението од првите две струи му припаѓало на албанското племе Геги и во Македонија тие се населиле во: Дебарско, Струшко, Кичевско, Гостиварско, Тетовско, Скопско, Кумановско и дошле до Велешко и Пелагонија. Јужноалбанската или тосканската струја му припаѓала на племето Тоски и таа била послаба од претходната. Во Македонија тие се населиле, главно, во југозападниот дел на Република Македонија и тоа во околината на Струга, Ресен и Битола.

Вториот бран на навлегување на Албанци во Македонија се одвивал на почетокот на XIX век и траел до четвртата деценија на тоа столетие. Во тој период албанското население се доселувало во уште други триесеттина македонски села.

Населувањето на албанското население во Македонија не се одвивало спонтано, туку во најголема мера насилно, плански, со помош на турската власт или на локалните аги и бегови, кои го дозволувале доселувањето на албанско-муслиманското население. На ова укажуваат бројни автентични сведоштва. Македонците ги протерувале од родните села со многу сурови методи, како грабежи, киднапирања, убиства, физичко малтретирање - тепање, опожарувања и слично.

Во периодот меѓу двете светски војни, а особено од ослободувањето наваму, кон Македонија била насочена и четвртата миграциона струја на албанско население, но сега не од Албанија, туку од Косово. Таа е позната како албанскокосовска или Косовска струја. Ова население претежно се населува во Скопско, Кумановско, Тетовско и Гостиварско, со тенденција да се насели во Овчеполието и во Велешко.[124]

На повидок е и почеток на петта миграциона струја на доселување на албанско население, но сега не како надворешна, туку како внатрешна македонска, односно, албанско-македонска струја, и тоа од северните и северозападните делови на Македонија, каде што албанското население е сконцентрирано во голем број, кон југозападните и централните делови на државата, каде што нивниот број е помал.

Во втората половина на XVIII век, откако во Албанија бил разурнат градот Москополе, голем број Власи се доселиле во Македонија, а најмногу во Битола, Крушево, Охрид, Велес и други градови и населени места.

Во 60-тите години од XIX век, по Кримската војна во Македонија се доселени значителен број на Татари и Черкези. Доселувањето на поголем број муслиманско население е забележано во периодот по Берлински конгрес (1878 година), кога во Македонија се населило муслиманско население - мухаџари од балканските држави кои добиле независност. Доселувањето на мухаџари е забележано и на почетокот на XX век, односно со анексија на Босна и Херцеговина кон Австроунгарија, голем број муслимани се населиле во Македонија.

Доселувањето на Србите во Македонија почнало по Првата светска војна. Со поделбата на Македонија и со нејзината окупација, во Вардарски дел на Македонија, кој потпаднал под Кралство Србија, односно Кралство СХС (Кралство на Србите, Хрватите и Словенците), подоцна Кралство Југославија, била донесена уредба за колонизација на Македонија, со цел да се промени етничката структура на населението. Така, во периодот од 1920 до 1940 година во Македонија се доселиле голем број колонизирани Срби, Хрвати и Црногорци и тоа најмногу во: Куманово, Скопје, Тиквеш, односно во Повардарието, Овче Поле и Пелагонија.

Граѓанската војна во Грција предизвикала доселување на неколку илјади Македонци од Егејскиот во Вардарскиот дел на Македонија.

Во Република Македонија, во повоениот период, особено до времено на нејзиното осамостојување, има и дослеување на население и од другите републики од поранешна Југославија, како и населување на население од Македонија во тие земји. Меѓу доселениците најбројни се: Срби, Муслимани, Албанци итн.[125]

Иселување
уреди

Иселувањето на населението од Македонија кон другите простори особено било изразено во историското минато, но тоа е карактеристично и за неше време. Низ историските периоди, од просторот на Македонија се иселувало различно население. Прво поголемо иселување од Македонија е забележано во 1461 година, кога поголема група македонско население се населило во јужните делови на Италија.

Во втората половина на XVII век, поточно во 1689 година, за време на Австриско-турската војна во Македонија било кренато познатото Карпошово востание. По задушувањето на востанието, бегајќи од репресалиите на Турците голем број Македонци се иселиле далеку на север, зад реките Сава и Дунав и се населиле во Војводина и Унгарија, а подоцна преминале дури и на територијата на Русија и Украина. Во Русија, како и прирпадниците на другите балкански народи, тие формирале свои војнички колонии и самостоен „Македонски полк“, кој дејствувал во составот на редовната руска војска. Оваа миграциона струја која од Македонија, Косово и Јужна Србија била населена кон Средна и Источна Европа во историјата е наречена Вардарска струја.

Масовното бегање од родните огништа кон север, исток и запад, придонело многу села да се запустат и многу плодни полиња во Македонија да останат необработени. Турските власти брзо согледале дека им е во интерес овие празни простори да ги населат со албанско население, што од своја страна подоцна предизвикало значителни промени во етничкиот состав на населението не само во Македонија, туку и во Косово и Јужна Србија.

Во текот на XIX век, во Македонија се развило печалбарстовто како масовна појава, при што на печалба се одело во Цариград, односно во Турција, потоа во Бугарија, Романија, Србија, Грција, а еден значителен број од населението заминало за Америка и Австралија.

Големо иселување на населението од Македонија имало и за време на Балканските војни и Првата светска војна. Така, на пример, со повлекувањето на турската војска за Турција мигрирало и значителен дел од турско и друго муслиманско население. Поделбата на Македонија предизвикала интензивна емиграција од Македонци. Во тој период илјадници Македонци ја напуштиле својата земја и емигрирале во странство.

Мигрирање на македонско население е забележано и во периодот по втората светска војна, кога илјадници колонизирани Срби ја напуштиле Македонија, и кога од страна на фашистичка Германија, на присилен начин од Македонија се протерани и уништени сите македонски Евреи.

Мигрирањето на македонското население во странство не престанало ни по Втората светска војна. имено по граѓанската војна во Грција, поради тешкиот терор над македонското население, тоа почна масовно да се иселува од егејскиот дел на Македонија во источноевропските земји, но и во Република Македонија.

По Втората светска војна е карактеристично иселувањето на Турците и другото муслиманско население во Турција. Исто така, во Република Македонија, во повоениот период особено до времето на нејзиното осамостојување, имаме и иселување на Македонци во другите републики од поранешна Југославија, и тоа најмногу во Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Словенија итн.[126]

Македонци во соседните земји

уреди

Голем број Македонци живеат надвор од границите на Република Македонија. Меѓутоа, до денес сè уште нема точна евиденција за нивниот број. Според некои податоци, вкупниот број на Македонци во соседните земји е: Грција - 250.000, исто така и во Бугарија - 250.000, во Албанија - 60.000, а во Србија 46.000 Македонци. Во сите соседни држави вкупно живеат околу 600.000 Македонци. Според други податоци, состојбата е: во Грција живеат околу 400.000, во Бугарија исто така 400.000, во Албанија околу 100.000 и во Република Србија околу 200.000 Македонци. Така вкупно во соседните држави живеат околу 1,100.000 Македонци.

 
Макеоднска организација во Грција - „Виножито“

Во Република Грција, Македонците најмногу се концентрирани во северниот ридско-планински дел од Егејска Македонија, и тоа најмнопгу во селата и градовите: Лерин, Костур, Воден, Солун, Кукуш и др. Денес во Грција благодарение на полибералниот однос на грчките власти, Македонците се огранизирани во неколку свои организации, од кои најпозната е „Виножито“.

 
ОМО Илинден - Пирин (Обединета македонска организација "Илинден" во Бугарија)

Во Република Бугарија, односно во Пиринска Македонија, Македонци има во селата, но и во градовите Благоевград, Разлог, Петрич, Мелник, Сандански, Банско итн. Не е за потценување и нивната концентрација во Софија, Варна и Пловдив. Денес, благодарение на полибералните односи на бугарските власти, Македонците во Бугарија се обединеети во една заедничка организација - „ОМО Илинден“.

Во Република Албанија, Македонците се концентрирани на просторот на Мала Преспа, Голо Брдо, Гора и градовите Горица (Корча), Пешкопеја, Подградец, Елбасан, Тирана, Драч итн. Денес, само Македонците од областа Мала Преспа имаат право на школување на македонски јазик во основно образование. Во Албанија, македонското население е здружено во неколку организации, и тоа: „Преспа“, „Мир“, „Братство“ итн.

Во Република Србија, Македонците најмногу се концентрирани во областа Гора (во Косово), каде што се познати како „Горанци“ или „Горани“, потоа во Белград, Крагуевац, Ниш, Нови Сад, Панчево, но и во поголемите села како што се: Јабука и Качарево.[127]

Македонци во дијаспората

уреди

Иселувањето на Македонците продолжило и по Втората светска војна, а со намален интензитет е пристуна и ден денес. Само во периодот од 1965 до 1970 година се иселиле околу 22.000 Македонци, а во периодот од 1970 до 1980 година трипати повеќе. Главно, иселувањето било предизвикано од економски причини, изразени преку желбата за подобар живот.

Најостар вид на надворешна миграција претставува економската емиграција за вработување, која во почетокот била привремено заминување на работа во странство, а потоа таму останале цел живот.

Голем е бројот на Македонци кои живеат в странство, односно во државите од Европа, Америка и Австралија, или во т.н. состојба на дијаспора. Нема точна евиденција колкава е бројката на македонската дијаспора.

Според некои автори бројот на македонското население во светот се вдижи од 550.000 до 600.000 лица. Споре други, бројот на македонското иселеништво во светот се вижи од 800.000 до 1.000.000 лица, а според трети дека во отсуство на целосни статистички податоци се проценува дека во САД, Канада и Австралија живеат околу 350.000 до 400.000 Македонци, односно по 150.000 лица и во Америка и во Канада и во Австралија.

Според проценкит еденес во светот има повеќе од 3,500.000 Македонци.

Помали иселенички колонии има во повеќе европски држави, пред сè во: Германија, Шведска, Данска, Норвешка, Франција, Холандија, Белгија, Австрија, Швајцарија, Велика Британија, Италија и други. Се претпоставува дека таму има од 100.000 до 200.000 Македонци. Тие се концентрирани во големите градови како што се: Минхен, Франкфурт, Келн, Хамбург, Манхајм, Виена, Париз, Лондон, Брисел, Копенхаген, Стокхолм, Гетеборг, Малме, Осло итн.

 
Македонска прослава во Берлин, Германија

Според официјалната статистика од пописот во 1994 година во странство има вкупно 159,548 македонски граѓани, од кои 81,253 во европските земји или 50,9% од вкупниот број (од нив само во Германија имало 31,406 лица или 38,6%), 78,259 македонски граѓани или 49,1% биле концентрирани во другите земји (од нив 58,238 лица или 74,4% биле во Австалија).

Според потеклото најголем број од македонското иселеништво потекнува од Егејскиот дел на Македонија (Леринско, Костурско и Воденско), а потоа следуваат: Битола, Преспа, Охрид, Струга, Тетово, Скопје, Гостивар, Демих Хисар, Прилеп и други.

Македонските иселеници во странство се огранизирани во повеќе поголеми организации преку кои го негуваат македонскиот јазик, традиција, обичаи, култура, фолклор. Во некои од државите каде има македонско население има и тв и радио програма на македонски јазик, весници на ¿македонски јазик, а во некои од земјите и во ¿основно образование се изучува ¿македонски јазик.[128]

Населби

уреди

Во Македонија појавата на населби датира уште од предиосториското време. Имено, првите населби на праосторот на Македонија се појавиле во периодот од раниот неолит (пред околу 7.000 години пред новата ера), додека пак, првите градови датираат од периодот на VII век п.н.е.

Создавањето на населбите во Македонија, нивниот развој и оформувањето на мрежата на населбите е условено како од природно-географските одлики, така и од историско-економските настани и промени. Во текот на долготрајното историско минато, на просторот на Македонија се граделе населби со различна големина и со различно значење. Некои од нив исчезнувале низ минатото или се формирале нови, други го губеле поранешното значење, а трети го продолжувале својот развој.

Според големината и функцијата која ја имаат, населбите се делат на градски и селски. Денес, согласно Законот за територијална поделба од 2004 година, во Република Македонија, има вкупно 1,767 населби. Градски населби се 34, а селски со 1,733. За одбележување е тоа што во 146 населби нема население, односно тоа е раселено, така што во Македонија има 1621 село.

За време на пописот од 2002 година, во 34 градови вкупната присутна градска популација броела 1.175.909 жители, што претставува 58,1%, а во 1261 село живееле 846.638 лица или 41,9% од вкупното население на републиката.

Во Република Македонија во 2002 година, биле регистрирани 282 населби со над 1.000 жители (вклучувајќи го и Град Скопје), во овие населби живееле вкупно 1.728.803 жители или 85,5% од вкупното население.[129]

Градски населби

уреди
 
Офицерскиот дом на плоштадот во Скопје во раните 1930-ти.

Од 2004 година, во Република Македонија како градови се сметаат 34 населби: Скопје, Куманово, Битола, Прилеп, Тетово, Велес, Штип, Охрид, Струмица, Гостивар, Кавадарци, Кочани, Кичево, Струга, Радовиш, Гевгелија, Дебар, Свети Николе, Неготино, Крива Паланка, Пробиштип, Делчево, Виница, Ресен, Берово, Кратово, Крушево, Валандово, Пехчево, Македонски Брод, Демир Хисар, Македонска Каменица, Богданци и Демир Капија.

Според големината, односно според бројот на населението, нашите градови можат да се групираат во 3 групи: големи, средни и мали. За големи градови, според наши величини, се сметаат оние во кои живеат повеќе од 50.000 жители. Има 5 такви градови и тоа: Скопје (467,257 жители), Битола (74.550 жители), Куманово (70,842 жители), Прилеп (66.246 жители) и Тетово (52.915 жители).

 
Скопје во 1932 година

Во средните градови има од 10.000 до 50.000 жители. Во Република Македонија има 18 вакви градови. Тоа се: Велес, Штип, Охрид, Струмица, Гостивар, Кавадарци, Кочани, Кичево, Струга, Радовиш, Гевгелија, Дебар, Свети Николе, Неготино, Крива Паланка, Делчево, Пробиштип и Виница.

Мали градови се оние во кои има помалку од 10.000 жители. Такви се 11 градови во Република Македонија, и тоа: Ресен, Берово, Кратово, Крушево, Валандово, Пехчево, Македонски Брод, Македонска Каменица, Богданци, Демир Капија и Демир Хисар(најмал град со 2.593 жители).

Територијалната, односно просторната разместеност на градовите во Република Македонија, е: 9 градови се наоѓаат во Повардарието, односно непосредно во близина на реката Вардар, 12 градови се наоѓаат во западниот дел на Македонија, а 13 градови во источниот дел на Република Македонија. Во котлините се сместени 23 градски населби, на ридско-долинскиот релјеф се сместени 8 градски населби (Штип, Велес, Кратово, Пробиштип, Крива Паланка, Македонски Брод, Македонска Каменица и Демир Капија), има една планинско-градска населба - Крушево(1,250м. надморска височина), додека Охрид и Струга се крај-езерски градови. Во некои од котлините има и по 2 градски населби, односно во 7 котлини се сместени вкупно 14 градски населби, и тоа: Битола и Прилеп во Пелагонија, Тетово и Гостивар во Полог, Неготино и Кавадарци во Тиквешка Котлина, Струмица и Радовиш во Струмичкорадовишка Котлина, Гевгелија и Валандово во Гевгелиско-валандовска Котлина, Кочани и Виница во Кочанска Котлина и Берово и Пехчево во Малешевска Котлина.

Во однос на површината на Република Македонија, на 756 км2 се наоѓа по една градска населба. Во Западниот дел на Македонија се наоѓаат 12 градови, каде просечно на 918 км2 има по една ваква населба, во источниот дел на Македонија има 13 градови и тука просечно на 545 км2 има по една градска населба, а во Повардарието има 9 градски населби, каде просечно н 845 км2 има по еден град.

Како резултат на историско-културните и општествено-економските настани и промени, градовите во Република Македонија физиономски и функционално биле подложени на големи промени. Познато е дека уште во античко време. во неделива етничка Македонија постоеле околу 70 помали и поголеми градови, од кои најпознати биле Стоби, Хераклеја, Скупи, Стибера, Лихнид, Пела, Филипи и други, чии археолошки остатоци и денес добро се зачувани.[130]

Од предсловенскиот период, особено во времето на Римјаните, датираат пет градови, и тоа: Скопје, Охрид, Велес, Штип и Кратово. Од средниот век во Македонија датираат 10 градови: Битола, Прилеп, Струмица, Дебар, Радовиш, Кичево, Струга, Тетово, Гостивар и Кочани. Во повеќето од овие градови нивни главни составни делови од градот биле: ѕидот, вратата, храмот, плоштадот и улиците.

 
Охрид во почетокот на XX век

Во турскиот период градските населби прераснале или како такви се формирале 12 градови: Куманово, Крива Паланка, Делчево, Пехчево, Берово, Свети Николе, Кавадарци, Неготино, Гевгелија, Валандово, Крушево и Ресен. На градовите од тоа време основните обележја им ги давале исламската религија и воените власти. Посебна карактеристична физиономија на тогашните градови им давала чаршијата, маалските станбени комплекси, а особено покриените делови или безистените. Вакви безистени имало во Скопје, Штип, Битола и во други градови. Според својата физиономија градовите во Република Македонија спаѓаат во групата ориентално-византиски тип. Од втората, светска војна наваму, во сите наши градови се извршени големи физиономски промени. Во сите градски населби се изградени современи станбени комплекси, со повеќекатни згради и со целата неопходна инфраструктура, додека, пак старите делови на градовите исчезнуваат со тоа што се ревитализираат со нови современи содржини.

 
Улица во Прилеп кон крајот на XIX век и почетокот на XX век

Паралелно со значителните физиономски промени градовите биле подложени и на функционален развтиок. Познато е дека до Втората светска војна во повеќе наши градови нема ниту едно индустриско претпријатие. Во градовите се вршеле само дејностите: занаетчиство и трговија. Денес индустријата повеќе или помалку е присутна во сите градови низ државата. Денес, во градовите се концентрирани повеќе разновидни функции и тоа: административна, индустриска, сообраќајна, трговска, здравствена, кутлурнна, просветна и слично.

По обемот и разновидноста на функциите Скопје ги надминува сите градови во државата. Тој е главен град на државата и како таков е со најразвиена полифункционалност. Така на пример, од 108.738 претпријатија, колку што имамло во 1998 година во Република Македонија, околу 45.000 претпријатија или 41% биле во Скопје. Втор центар со значајна концентрација на функциите е Битола со 6.890 претпријатија или 6,3% од нивниот вкупен број, а потоа следуваат Куманово, Охрид, Прилеп, Тетово, Штип, Струмица итн.[131]

Селски населби

уреди

Во Република Македонија има вкупно 1,621 селски населби, во кои најголем дел од населението се занимава со земјоделство.

 
с.Скачковце, Куманово

Според настанувањето и развојот селата се формирани пред градовите. Во еволуцијата на македонските села, главно, се одделуваат 4 фази, предцрковна, црковна, феудална и катастарска фаза. Во предцрковната фаза не постоеле села, односно тоа биле одделни куќи или мали селишта расфрлани по имотите. Во црковната фаза започнало групирањето на куќите во една целина - село. Црквите, главно биле седишта околу кои се групирале селските куќи. Во феудалната фаза селата се граделе на крупни поседи на феудалците. Специфичен облик на ваквите села биле чифлигарските села, чија организација на живеење била поврзана со земјоделскиот имот на феудалецот - чифликсајбија. Во катастарската фаза селата ја добиле својата денешна физиономија, со свое име, атар или територија на протегање, односно катастар со кој одреден атарот на селото, бројот на куќите и населението, категоријата и големината на обработливото земјиште, видот полјоделски култури и друго.

Селата во Република Македонија меѓусебно се разликуваат според бројот на населението, микроположбата која ја заземаат, меѓусебната оддалеченост на куќите, односно според типот и функцијата.

 
с.Љуботен, Скопско

Селата се различни и според бројот на жителите. Во Република Македонија селата можат да се поделат на мали, средни и големи села. Во групата мали села спаѓаат оние каде што живеат од 1 жител до 300 жители. Во Македонија тие се најбројни, односно има вкупно 960 вакви села, односно 59,2% од сите села. Во групата средни села спаѓаат села каде што живеат од 301 до 800 жители. Во Македонија вакви села има 316, односно 19,5% од сите села. Во групата големи села спаѓаат сите оние кои имаат повеќе од 801 жител. Во Република Македонија има 345 такви села или 21,3% од сите села. Според пописот од 2002 година, во државата има 248 селски населби, каде има повеќе од 1.000 жители.

Во Македонија има и села со повеќе од 5.000 жители, односно тие се поголеми од некои градови во државата. Такви села се: Мала Речица со 8.353 жители, Чегране со 6.743 жители, Арачиново со 7.315 жители, Лабуништа со 5.936 жители, Боговиње со 6.328 жители, Сопиште со 5.325 жители, Велешта со 5.834 жители, Челопек со 5.287 жители, Добри Дол со 5.223 жители, Студеничани со 5.786 жители и Батинци со 5.364 жители.

 
Челопек, Тетовско - Општина Брвеница

Според микроположбата, односно релјефната структура која ја заземаат, селата во Република Македонија се: рамничарски, ридски и планински села.

Најбројни се рамничарските села и има 823 такви, односно 50,8% од сите селски населби се рамничарски. Концентрацијата на рамничарските села е најголема во котлините: Пелагонија, Скопска Котлина, Полог, Струмичкорадовишка Котлина, Преспа и Повардарието.

Во Македонија има 540 ридски села или такви села се 33,3% од сите села. најголем дел од нив се наоѓаат во Западна Македонија, Повардарието, а најмалку ги има во Источна Македонија. Најмалубројни се планинските села - 258 или 15,97% од сите села во државата. Овие села најмногу ги има во Западна Македонија, потоа во Источна Македонија, а најмалку во Повардарието.[132]

 
с.Пештани, Охрид

Најголем број од селата претставуваат класични села со земјоделска, односно со полјоделска функција и тие учествуваат со 46% во вкупниот број села. Значително помалубројни од нив се селата со полјоделско-сточарска функција, и тие учествуваат со околу 20% од вкупниот број села. Во овааг рупа спаѓаат и значително помалите групи села со полјоделско-сточарско-шумарска функција, како и селата со сточарско-шумарска функција.

Во третата група се селата со таканаречена мешовите функција, со учествои од 34% во вкупниот број на села во Република Македонија. Покрај наведените 3 групи функции има и села со риболовна и туристична функција (Пештани, Трпејца, Радожда, Калишта и др.), исто така и рударска функција (Злетово, Добрево, Саса, Македонска Каменица и др.). Исто така, карактеристична група се и приградските села, кои имаат специфично земјоделско производство, наменето за пазарите со што се обезбедува градското население со зеленчук, свежо овошје, млеко и месо.

 
с.Злетово, Пробиштип

Според типот, односно според оддалеченоста на куќите во селските населби, во Република Македонија, главно, се разликуваат два типа на села: села од збиен тип и села од разбиен тип. Во селата од збиен тип, куќите се доближени една до друга и овие села зафаќаат мала површина. Селата од разбиен тип, познати и како раштракани села, се составени од голем број маала, и тие зафаќаат значително поголема површина, поради што многу е отежнато нивното урбанистичко и инфраструктурно уредување.

 
с.Трпејца, Охрид (со поглед од Галичица)

Македонските села се разликуваат и според типот на куќи. Во минатото голем број од куќите биле приземени и имале само едно одделение и во еден дел од него, во пондилото, се чувал добитокот, а во другиот дел живееле луѓето. Друг тип на куќа била т.н. чардаклија, позната и како вардарска куќа. Таа била составена од приземје, каде што се чувал добитокот, а на горниот дел се наоѓал чардакот со собите за живеење и други простории. Освен куќата имало и голем број помошни згради како: плевна, амбар, трло, говедарник, свињарник (кочина), кокошарник, фурна итн.

Во последните триесетина години значително е променета физиономијата на македонските села. Повеќето од нив се развиваат врз урбанистички планови, куќите се опремени со современи уреди за домаќинство, се градат образовни објекти, ПТТ станици, водоводни и канализациони мрежи, амбуланти, асфалтирани патишта итн. Меѓутоа, од друга страна, во Македонија сè уште има и заостанати и запустени села, без основни услови за живот, електрично осветлување, вода, пат и слично.[133]

Административно-територијална поделба

уреди
 
Општини во Република Македонија

Според територијалната поделба од 2004 година, Република Македонија е поделена на 84 општини и Град Скопје како посебна единица на локална самоуправа, со вкупно 1,795 населби. Наспроти претходните 123 општини 1996-2004 и 34 општини пред 1996 година, денес се создадени 84 нови општини.

Наспроти поранешната поделба, во градот Скопје, сега има 17 општини, од кои 10 општини му припаѓаат на градот Скопје, како посебна единица на локална самоуправа, и тоа: Аеродром, Бутел, Гази Баба, Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода, Сарај, Центар, Чаир и Шуто Оризари, со вкупно 506.926 жители или 25,1% од вкупниот број жители во Република Македонија. Другите општини се без статус на градски општини, односно се рурални општини, и тоа: Арачиново, Студеничани, Зелениково, Петровец, Илинден, Сопиште и Чучер-Сандево.

Општините во Република Македонија се разликуваат според површината, бројот на населените места, бројот на населението, полот, возраста, густина на населеност, изјаснувањето за национална припадност, потоа според бројот на домаќинствата, образовната структура, активноста и сл.

 
Поделба на Град Скопје
 
Општините во Република Македонија од 2004 до 2013 година

Со создавањето на поголем број општини создадени се и значителни разлики во однос на нивната големина, односно површина. Општини со повеќе од 500 км2 има 14 (Гостивар, Берово, Штип, Ресен, Прилеп, Кавадарци, Куманово, Маврово и Ростуште, Македонски Брод, Новаци, Охрид, Струга, Чашка и Битола), со вкупна површина од 9,853 км2, што претставува 38,3% од територијата на Македонија. 12 општини со површина од 401 км2 до 500 км2 - со вкупна површина од 5,275 км2 или 20,5%, потоа 7 општини со од 301 км2 до 400 км2, со вкупна површина од 2,468 км2 или 9,6%; со површина од 201 км2 до 300 км2 има 16 општини со вкупна површина од 3,838 км2 или 14,9% од целата територија на државата; со површина од 101 км2 до 200 км2 има 19 општини, кои зафаќаат заедно површина од 2,926 км2 или 11,4%; и 16 општини се со површина од 1 км2 до 100 км2, со површина од 773 км2 или 3% од територијата на Република Македонија. Најголема општина е Општина Прилеп со 1,194 км2, а најмала е Општина Чаир со 3,5 км2 површина.

Населените места се различно разместени по општини и нивниот број не е секаде еднакво застапен. Според бројот на населени места, 4 општини (Битола, Прилеп, Струга и Македонски Брод) се со најголем број на населени места, со над 44, а со најмалкуи населени места е општина Вевчани со едно населено место. 19 општини имаат од 31 до 50 населени места, потоа од 21 до 30 населени места имаат 10 општини, 32 општини имаат од 11 до 20 населени места и од едно до 10 населени места имаат 18 општини.[134]

Грб Општина HASC[1] ISO 3166-2:MK Седиште на општината Површина
(км2)[2]
Население
(2002)
Регион Општински службени јазици[135]
  Аеродром[3] MK.AD MK-01 Аеродром (населба) 21.85 72.009 Скопски македонски
  Арачиново MK.AR MK-02 Арачиново 38 11.597 Скопски македонски
албански
  Берово MK.BR MK-03 Берово 597 13.941 Источен македонски
  Битола MK.TL MK-04 Битола 790 95.385 Пелагониски македонски
  Богданци MK.BG MK-05 Богданци 114 8.707 Југоисточен македонски
  Боговиње MK.VJ MK-06 Боговиње 141 28.997 Полошки македонски
албански
  Босилово MK.BS MK-07 Босилово 143 14.260 Југоисточен македонски
  Брвеница MK.BN MK-08 Брвеница 164 15.855 Полошки македонски
албански
  Бутел[4] MK.BU MK-09 Бутел (населба) 60.79 36.154 Скопски македонски
албански
  Валандово MK.VA MK-10 Валандово 331 11.890 Југоисточен македонски
  Василево MK.VL MK-11 Василево 231 12.122 Југоисточен македонски
  Вевчани MK.VV MK-12 Вевчани 35 2.433 Југозападен македонски
  Велес MK.VE MK-13 Велес 518 55.108 Вардарски македонски
  Виница MK.NI MK-14 Виница 432 19.938 Источен македонски
  Врапчиште MK.VH MK-16 Врапчиште 157 25.399 Полошки македонски
албански
турски
  Гази Баба[5] MK.GB MK-17 Гази Баба (населба) 92 72.617 Скопски македонски
  Гевгелија MK.GV MK-18 Гевгелија 484 22.988 Југоисточен македонски
  Гостивар MK.GT MK-19 Гостивар 375 81.042 Полошки македонски
албански
турски
  Градско MK.GR MK-20 Градско 291 3.760 Вардарски македонски
  Дебар MK.DB MK-21 Дебар 85 19.542 Југозападен македонски
албански
  Дебрца MK.DA MK-22 Белчишта 423 5.507 Југозападен македонски
  Делчево MK.DL MK-23 Делчево 423 17.505 Источен македонски
  Демир Капија MK.DK MK-24 Демир Капија 312 4.545 Вардарски македонски
  Демир Хисар MK.DM MK-25 Демир Хисар 480 9.497 Пелагониски македонски
  Дојран MK.SD MK-26 Стар Дојран 129 3.426 Југоисточен македонски
  Долнени MK.DE MK-27 Долнени 418 13.568 Пелагониски македонски
албански
  Ѓорче Петров[6] MK.GP MK-29 Ѓорче петров (населба) 63 41.634 Скопски македонски
  Желино MK.ZE MK-30 Желино 201 24.390 Полошки македонски
албански
  Зелениково MK.ZK MK-32 Зелениково 177 4.077 Скопски македонски
албански
  Зрновци MK.ZR MK-33 Зрновци 52 3.264 Источен македонски
  Илинден MK.IL MK-34 Илинден (населба) 97 15.894 Скопски македонски
  Јегуновце MK.JG MK-35 Јегуновце 174 10.790 Полошки македонски
албански
  Кавадарци MK.AV MK-36 Кавадарци 998 38.741 Вардарски македонски
  Карбинци MK.KB MK-37 Карбинци 231 4.012 Источен македонски
  Карпош[7] MK.KX MK-38 Карпош (населби) 21 59.666 Скопски македонски
  Кисела Вода[8] MK.VD MK-39 Кисела Вода (населба) 43 57.236 Скопски македонски
  Кичево MK.KH MK-40 Кичево 838 56.734 Југозападен македонски
албански
  Конче MK.KN MK-41 Конче 233 3.536 Југоисточен македонски
  Кочани MK.OC MK-42 Кочани 357 38.092 Источен македонски
  Кратово MK.KY MK-43 Кратово 375 10.441 Североисточен македонски
  Крива Паланка MK.KZ MK-44 Крива Паланка 482 20.820 Североисточен македонски
  Кривогаштани MK.KG MK-45 Кривогаштани 88 6.150 Пелагониски македонски
  Крушево MK.KS MK-46 Крушево 190 9.684 Пелагониски македонски
албански
влашки
  Куманово MK.UM MK-47 Куманово 432 105.484 Североисточен македонски
албански
  Липково MK.LI MK-48 Липково 270 27.058 Североисточен македонски
албански
  Лозово MK.LO MK-49 Лозово 166 2.858 Вардарски македонски
  Маврово и Ростуше MK.MR MK-50 Ростуше 856 8.618 Полошки македонски
турски
  Македонска Каменица MK.MK MK-51 Македонска Каменица 189 8.110 Источен македонски
  Македонски Брод MK.MD MK-52 Македонски Брод 875 7.141 Југозападен македонски
  Могила MK.MG MK-53 Могила 255 6.710 Пелагониски македонски
  Неготино MK.NG MK-54 Неготино 414 19.212 Вардарски македонски
  Новаци MK.NV MK-55 Новаци 755 3.549 Пелагониски македонски
  Ново Село MK.NS MK-56 Ново Село 257 11.567 Југоисточен македонски
Податотека:Coat of arms of Ohrid Municipality (2014).svg Охрид MK.OD MK-58 Охрид 392 55.749 Југозападен македонски
  Петровец MK.PE MK-59 Петровец 222 8.255 Скопски македонски
албански
  Пехчево MK.PH MK-60 Пехчево 208 5.517 Источен македонски
  Пласница MK.PN MK-61 Пласница 54 4.545 Југозападен македонски
турски
  Прилеп MK.PP MK-62 Прилеп 1.198 76.768 Пелагониски македонски
  Пробиштип MK.PT MK-63 Пробиштип 326 16.193 Источен македонски
  Радовиш MK.RV MK-64 Радовиш 502 28.244 Југоисточен македонски
  Ранковце MK.RN MK-65 Ранковце 240 4.144 Североисточен македонски
  Ресен MK.RE MK-66 Ресен 549 16.825 Пелагониски македонски
  Росоман MK.RM MK-67 Росоман 133 4.141 Вардарски македонски
  Сарај[9] MK.AJ MK-68 Сарај (населба) 230 35.408 Скопски македонски
албански
  Свети Николе MK.SL MK-69 Свети Николе 483 18.497 Вардарски македонски
  Сопиште MK.SS MK-70 Сопиште 223 5.656 Скопски македонски
албански
  Старо Нагоричане MK.NA MK-71 Старо Нагоричане 515 4.840 Североисточен македонски
српски
  Струга MK.UG MK-72 Струга 469 63.376 Југозападен македонски
албански
  Струмица MK.RU MK-73 Струмица 311 54.676 Југоисточен македонски
  Студеничани MK.SU MK-74 Студеничани 276 17.246 Скопски македонски
албански
  Теарце MK.TR MK-75 Теарце 137 22.454 Полошки македонски
албански
  Тетово MK.ET MK-76 Тетово 262 86.580 Полошки македонски
албански
  Центар[10] MK.CE MK-77 Центар (населба) 9 45.412 Скопски македонски
  Центар Жупа MK.CZ MK-78 Центар Жупа 107 6.519 Југозападен македонски
турски
  Чаир[11] MK.CI MK-79 Чаир (населба) 53 64.773 Скопски македонски
албански
  Чашка MK.CA MK-80 Чашка 727 7.673 Вардарски македонски
албански
  Чешиново-Облешево MK.CH MK-81 Облешево 133 7.490 Источен македонски
  Чучер-Сандево MK.CS MK-82 Чучер-Сандево 215 8.493 Скопски македонски
албански
српски
  Штип MK.ST MK-83 Штип 583 47.796 Источен македонски
  Шуто Оризари[12] MK.SO MK-84 Шуто Оризари (населба) 6 22.017 Скопски македонски
ромски

Во март 2013 кон Кичево се припоиле следниве општини (горните податоци за Кичево се со вкупните податоци за сите пет поранешни општини):

Грб Општина HASC[13] ISO 3166-2:MK Седиште на општината Површина
(км2)[14]
Население
(2002)
Регион Општински службени јазици
  Вранештица MK.VC MK-15 Вранештица 109 1.322 Југозападен македонски
турски
  Другово MK.DR MK-28 Другово 383 3.249 Југозападен македонски
  Зајас MK.ZA MK-31 Зајас 161 11.605 Југозападен македонски
албански
  Осломеј MK.OS MK-57 Осломеј 137 10.420 Југозападен македонски
албански

Поделба на општини по број на жители

уреди
 
Грб на Општина Куманово

Општина со повеќе од 100.000 жители е Општина Куманово (со 118.079 жители), во која живеат 5,2% од вкупното население во Македонија. 13 општини имаат од 50.001 до 100.000 жители со вкупно население од 894.985 жители или 44,3% од вкупното население на државата. Општини кои имаат од 30.001 до 50.000 жители се 8 на број со вкупно 373,375 жители или 15,5% од вкупното население. Општини со население од 20.001 до 30.000 жители се 9 на број и таму живеат вкупно 222.567 жители или 11% од населението во државата. 21 општина имаат население од 10.001 до 20.000 жители со вкупно 308.908 жители или 15,3% од вкупното население. Општини со население од 5.001 до 10.000 жители има 16, со вкупно 119.727 жители или 5,9% од населението. Општини со население од 3.001 до 5.000 жители се 13, со вкупно 51.080 жители или 2,5% од вкупното население на Република Македонија. И, 3 општини се со население од 1.001 до 3.000 жители со вкупно 5.613 жители или 0,3% од целокупното население на државата (Вевчани - 2,433 жители, Вранештица - 1.322 жители и Лозово со 2.858 жители).[136]

Поделба на општини според густина на населеност

уреди
 
Карта на рурални и урбани општини во Република Македонија

Просечната густина на населеност во Република Македонија е 79 жит/км2 (пресметано според 2.022.547 жители). Во 34 општини или 40,5% од општините во државата, густината на населеност е поголема од републичкиот просек. Има 6 општини со повеќе од 1.000 жит/км2 (Аеродром, Центар, Карпош, Кисела Вода, Шуто Оризари и Чаир). 4 општини (Бутел, Гази Баба, Ѓорче Петров и Кичево) имаат густина на населеност од 501 до 1.000 жит/км2. Четири општини имаат густина на населеност од 201 до 500 жители на 1 км2. Дваесет општини имаат густина на населеност од 51 до 100 жит/км2. Најголем број општини или 31 општина имаат густина на населеност од 11 до 50 жит/км2. Пет општини имаат најмала густина на населеност во Република Македонија, односно помалку од 10 жит/км2 н(Новаци, Другово, Чешка, Вранештица и Македонски Брод).[137]

Поделба на општини според возраст на население

уреди

Во првата возрасна група од 0 до 19 години населението учествува со 29,2%, во втората од 20 до 64 години учествува со 60% и во третата група со население од 65 години нагоре со 10,7%. Од податоците може да се согледа дека населението во Македонија е зафатено со процес на демографско стареење. Во Македонија има 16 општини во кои старото население учествува со повеќе од 20% во вкупното население, а со ист процент и малдото население. Вакви одлики имаат општините: Новаци 29,3%, Дебрца со 27,9%, Старо Нагоричане со 27,6%, Вранештица со 27% итн. Во 32 општини големо е учеството на младото население од 0 до 19 години, со повеќе од 38%. Карактеристичен пример за тоа се општините: Шуто Оризари - 39,8% младо население, Арачиново 42,8%, Студеничани - 40,8%, Сарај - 38,9%, Желино - 40,9%, Центар Жупа - 41,7%, Липково - 41,7%, Пласница - 40,3% итн.[138]

Поделба на општини според национална припадност

уреди

Во Република Македонија има општини кои претежно се со еднонационална и општини кои се со повеќенационална структура на населението. Во 46 општини или во 64,8% од општините во државата, Македонци учествуваат со повеќе од 80%. Во 10 општини жиеват претежно Албанци, кои во вкупното население на општините учествуваат со повеќе од 80%. Во 2 општини, Турците учествуваат со повеќе од 80%, односно 97% (Центар Жупа и Пласница). Ромите доминираат во Општина Шуто Оризари со повеќе од 66%. Во другите 25 општини се застапени повеќе националности, со различно процентуално учество во вкупното население на општината.[138]

Стопанство

уреди

Во стопанството на Република Македонија се разликуваат производствени и непроизводствени гранки, групирани во три групи дејности: примарни(земјоделство со полјоделство, сточарство, шумарство, лов и риболов), секундарни (рударство, индустрија, производствено занаетчиство и градежништво) и терцијални(сообраќај, трговија, угостителство, туризам, образование, здравство, наука, култура и други непроизводствени занимања.)

Историски развиток на стопанството

уреди

Во развојот на стопанството на Република Македонија, можат да се поделат два период со повеќе фази на развој. Едниот период е заклучно со Втората светска војна со 4 стопанско-историски фази, и тоа: фаза на развој на стопанство од праисторија до средниот век, фаза на развој на стопанство за време на турско владеење, фаза меѓу двете светски војни и фаза за време на Втора светска војна. Другиот период е по завршувањето на втората светска војна опфатен со 3 фази, и тоа: административно-централистичка фаза од 1945 година до 1950 година, потоа следува фаза на самоуправување од 1951 до 1990 година, а последната фаза на пазарно стопанство од 1991 година и ден денес.

 
Срп

Во текот на целиот прв период земјоделството било главна стопанска гранка. Со него се занимавало голем дел од населението. Тоа било примитивно, екстензивно земјоделство и се остварувале мали приходи. Земјата се обработува со дрвени рала, кои ги влечеле волови или коњи, а се употребувале и срп, коса и мотика. Земјоделското производство било мало и недоволно, со натурален карактер, за задоволување на личните потреби, а помалку за пазарот.

Во Република Македонија индустријата се појавила кон крајот на XIX век и почетокот на XX век. Таа била неразвиена, со натурален карактер и ситносопственичка структура. Индустриските претпријатија биле мали, со мал број на вработени, мало производство, главно, наменето за локални потреби, односно индустријата претежно се наоќала на занаетчиско ниво. Најголем дел од индустриските претпријатија биле сконцентрирани во Скопје и Битола, а нешто помалку и во: Велес, Куманово, Прилеп, Штип, Тетово, Охрид, Кочани, Гевгелија итн.

Со воените дејства во Втората светска војна, речиси целосно било опустошено и уназадено целото стопанство на Македонија. Обработливите површини биле запустени, добиточниот фонд бил намален, а најголем дел од индустриските претпријатија, железничките пруги, патиштата и мостовите биле разурнати.

Во вториот период, односно по завршувањето на Втората светска војна, Македонија започнала постепено стопански да се развива. Првите години по завршувањето на војната и биле посветени за обновување на земјата. Потоа се пристапило кон електрификација и индустријализација на земјата. Биле воводени низа од стопански реформи, со кои во период од 40 години се постигнал брз стопански напредок на земјата, со просечна годишна стапка на производство од 6%. Стопанскиот развој искажан преку остварениот општественн производ покажува дека во 1990 година, тој бил поголем за 8 пати во однос на 1950 година.

Ваквиот, релативно висок развој на стопанството, пред се, е резултат на големите инвестициски вложувања и изградба на голем број стопански објекти, претпријатија, особено од областа на индустријата, потоа од областа на сообраќајот, градежништвото, туризмот, трговијата, а забрзано се развиваат и нестопанските дејности: образованието, здравството, науката, културата итн.[139]

Една од основните одлики на стопанството во Република Македонија од 1991 година е воведување на пазарно стопанство и сите облици на сопственост.[140]

Земјоделство

уреди

Земјиштен фонд во Македонија

уреди

Од вкупната територија на Република Македонија, земјоделските површини во 2004 година зафаќаат 1,265.000 хектари или 4,9%. Обработливите површини зафаќаат 560.000 хектари или само 2,2% од вкупната територија на Македонија. Ваквата ограниченост на земјоделските површини е во директна зависност од релјефната ридско-планинска структура (78,8%) на Република Македонија.

Од аспект на организацијата на земјоделското производство, во Македонија традиционално се користат ораниците, бавчите, овоштарниците, ливадите, пасиштата, рибниците и трскарниците. Кај полјоделството првин се јавува екстензивниот систем за користење, односно пасишниот и прелог-системот. Кај градинарството се јавува систем на покриено оранжерство и пластично градинарство за раноградинарското производство и систем на отворено поле за доцноградинарско производство. Во лозарството се јавува систем на колци, низок и висок шпалир и систем на одрина. Кај овоштарстовото се јавува систем на високостеблесто, средностеблесто и нискостеблесто овоштарство.

 
Систем за наводнување

Во Република Македонија досега се извршени следните мелиорации: хидротехничко одводнување и наводнување, културно-техничко чистење на земјиштето, агротехнички мелорации и сл. Во Македонија во повеќе котлини се изградени системи за новоднување, како што се: Брегалнички, Струмички, Тиквешки и Пелагониски, а помали хидросистеми има и во: Гевгелиско-валандовската Котлина, Велешката Котлина, Кумановска Котлина итн. Во 2000 година во Република Македонија има канали за одводнување во должина од 3,557 км, а канали за одводнување во должина од 7,740км. Вкупно биле одвноднувани повеќе од 65.000 хектари, а наводнувани повеќе од 45.000 хектари. Најголем дел од површините се наводнуваат со површински начин, со вештачки дожд. Во потоплите котлини има и услови за по 2 жетви во текот на годината.[141]

 
Комбајн

Во 2004 година, во македонското земјоделско производство се располагало со 65.000 трактори, повеќе од 1.000 комбајни, повеќе од 600 сеалки итн. на обработливите површини се потрошени околу 10.000 тони разни видови вештачки ѓубрива.

Во однос на реонизацијата, во Република Македонија се издвоени шест земјоделски реони:

1. средоземен реон (Гевгелија, Валандово, Струмица, Радовиш, Неготино, Кавадарци, Штип, Кочани, Виница, Свети Николе и Велес);

2. Пелагониски реон (Битола, Прилеп, Демир Хисар и Крушево);

3. Скопско-кумановски реон (Скопје и Куманово)

4. Западен реон (Тетово, Гостивар, Дебар, Кичево и Македонски Брод);

5. Источен реон (Берово, Делчево, Крива Паланка, Кратово и Пробиштип)

6. Големоезерски реон (Струга, Охрид и Ресен)

 
Пченично поле

Во средоземниот реон земјоделството е насочено кон лозарството, градинарството (особено раноградинарството), индустриските култури и жита (тука е сместено речиси целото производство на ориз). Во пелагонискиот реон доминира одгледување на житни растенија(главно пченица), индустриски култури(сончоглед, шеќерна репа, тутун итн.), градинарски култури, фуражни култури, лозарство, овоштарсто и сл. Во скопско-кумановскиот реон доминира произвоството на пченица, тутун, грозје, овошје итн. Во западниот реон доминираат пасишното сточарство, потоа следуваат овоштарство, градинарство и сл. Во источниот реон земјоделското производство е насочено кон сточарството, овоштарството и градинарството. Во големоезерскиот реон, исто така, примарно место во земјоделското производство имаат овоштарството и градинарството, додека останатите гранки се помалку застапени.[142]

Полјоделство

уреди

Полјоделството е важна земјоделска гранка, која опфаќа производство на житни култури, градинарски култури и фуражни култури. Pолјоделството зафаќа површина од 461.000 хектари или 82,3% од вкупните обработливи површини, а 36,4% од вкупните земјоделски површини во Република Македонија.[143]

Година Вкупно Жита Индустриски кул. Градинарски кул. Фуражни кул. Угар и необраб.
1950 530 304 47 25 25 128
1960 610 372 56 35 30 117
1970 583 304 35 52 29 133
1980 540 241 56 60 31 152
1990 555 237 62 63 38 155
2000 498 221 34 60 35 148
2004 461 191 27 52 34 15

Житни култури

уреди

Поволните климатски услови овозможуваат на територијата на Македонија да се одгледуваат сите видови житни култури, особено пченица, пченка, јачмен и ориз, а во помала мера ’ржта и овесот. Во 2004 година била засеана вкупна површина од 191.000 хектари или 41,4% од вкупно посеаните површини во земјоделството.

Пченица
уреди
 
Пченица

Во Македонија, пченицата е најважно лебно жито, а тоа го покажува неговагта застапеност. Според големината на засеаните површини, пченицата е на прво место меѓу житните култури. Така, во 2004 година, со пченица биле засеани вкупно 101,607 хектари, што претставува 53% од застапеноста на сите житни култури. Пченицата се одгледува поради зрното и сламата. Пченичното зрно претставува важна суровина во исхраната на човекот, особено во индсутријата за тестенини: фиде, макарони, шпагети, бисквити, грисини, гриз и др. Сламата се употребува во сточарството, за добивање на шталско ѓубриво и во индустријата за хартија и целулоза.

 
Слама - производ на пченица

Најдобри почвени услови за одгледување на пченица имаат почвите богати со хранливи материи, какви што се: црнозем, алувијални почви, смолници и делувијални почви. Пченицата се одгледува речиси во сите котлини во Македонија, меѓутоа најраспространета е во Пелагонија (на повеќе од 30% од површините), Овче Поле, Тиквеш, Кумановска Котлина, Скопска Котлина, Полог итн. Во 2000 година се произведени речиси 356,825 тони, со просечни приноси од 3,5 тони по хектар. Вегетацискиот преиод е многу долг и трае околу 270 дена, се сее во периодот октомври-ноември, а се жнее во јули-август. Денес, во светот постојат повеќе од 20 видови пченица со повеќе сорти. Според времето на сеење пченицата се дели на есенска и пролетна, според зрното на мека и тврда, потоа на дива, култивирана и сл.[143]

 
Ниви со пченка
Пченка
уреди
 
Пченкарно зрно

Според значењето, пченката е втора житна култура по значење која се одгледува на територијата на Република Македонија. Пред се, се одгледува за исхрана на добитокот, како добиточна храна и за исхрана на населението. Пченката е првокласна индустриска суровина, а во комбинација со други производи, од неа се добиваат повеќе од 800 индустриски производи во прехранбената, фармцевстската, козметичката, хемиската и другите индустриски гранки. Така, од зрното на ппченката може да се добијат скроб, масло, шеќер, алкохол, оцетна киселина, цитронска киселина и други производи. Вегетацискиот период трае околу пет месеци.

Во светот постои само еден вид пченка со повеќе подвидови. Најпознати подвидови пченка се: забовидна, тврда, мека, пуклива, шеќерна и шеќерно скробна.

Во 2004 година во Република Македонија биле засеани околу 33.000 хектари површини со пченка, а се произвеле 143.000 тони со просечни приноси по околу 4,3 тони по хектар. Пченката најмногу се одгледува во котлините: Полог, Струмичка Котлина, Кумановска Котлина, Кочанска Котлина, Пелагонија и др.

 
Јачмен
Јачмен
уреди

Јачменот, исто така, претставува значајна житна култура во државата. Се одгледува заради зрното и сламата. Тој се користи за исхрана на човекот и на добитокот, но и за индустриски цели (за добивање гриз, шпиритус, пиво и др.). Во 2004 година биле засеани приближно 45.000 хектари и се произвеле повеќе од 149.000 тони јачмен, со просечни приноси по 3,3 тони по хектар. Најголеми реони на одгледување се: Пелагонија, Кумановска Котлина, Овче Поле, но го има и во некои други котлини.

 
’Рж

Во Македонија, застапеноста на ’ржта е многу мала и е во постојано опаѓање. Така, на пример, во 1960 година, со ’рж биле посеани 71.000 хектари, а во 2004 година само 4.500 хектари. Зрното на ’ржта се користи во прехранбената индустрија за производство на леб, за исхрана на дијабетичарите, потоа за добивање шпиритус и др. Исто така, во ридско-планинските предели населението ја користи сламата од ’ржта за изработка на рогозини, јажиња, за огрев и сл. Во 2004 година биле добиени 10.000 тони ’рж, со просечни приноси од 2,2 тони по хектар. ’Рж може да се одгледува и на надморска височина од над 2000 метри, односно поднесува многу ниски температури и мразеви, а може да се одгледува на песокливи и суви почви. ’Ржта е најраспространета во Малешевијата и Славиште, а го има и во другите котлини.

Ориз
уреди
 
Ориз од сортата Андреа

Поради специфичните услови кои се потребни за негово одгледување, производството на ориз има многу сложена технологија. Така, во споредба со другите жита оризот има специфични барања, особено во однос на обработката на земјата, за потреба од големо количество вода и топлина во текот на вегетацискиот период кој трае од 4 до 5 месеци, приспособувањето на оризовите парцели за да се исполнат со вода во височина од 10 до 15 сантиметри, изградба на мрежа за наводнување и слично. Зрното на оризот е богато со хранливи материи поради што е погодно за исхрана на луѓето. Сламата се употребува во сточарството, за исхрана и за простирка, а во ундустријата од неа се произведува хартија.

Има повеќе видови ориз, од кои само еден е култивиран. Тој се дели на две групи: индиска и кинеско-јапонска, со повеќе сорти, како што се: маратели, монтичели, сандоменико итн. Во Република Македонија производството на ориз е концентрирано во четири подрачја: Кочанска Котлина, Струмичко-радовишка Котлина, Велешка Котлина и Неготино. Во 2004 година биле засеани вкупно 2,900 хектари, од кои се добиле 14,700 тони ориз или 5,2 тони по хектар.[144]

 
Поле со памук

Индустриски култури

уреди

Од големиот број индустриски растенија во Република Македонија се одгледуваат околу 15. Тоа се: тутун, сончоглед, шеќерна репка, индустриска пиперка, афион, памук, соја, сусам, кикиритки, маслодајна репка, коноп, рицинус, анасон, хмељ и индустриски домат. Меѓу нив, позастапени и со поголемо стопанско значење се: тутун, сончоглед и шеќерна репка. Според намената и застапеноста на индустриските растенија тие се делат на: Маслодајни (сончоглед, афион, тутун, сусам, соја, маслодајна репка, кикиритки, рицинус и анасон), текстилни(памук и коноп), и други растенија(тутун, шеќерна репка, индустриска пиперка, индустриски домат и хмељ). Во 2004 година биле засеани вкупно 27.000 хектари со индустриски растенија или нивното учеството во полјоделството било само 5,8%.[145]

 
Сушење тутун во Прилеп
 
Светлолисен тутун спремен за жнеење
Тутун
уреди

Тутунот е една од најважните и економски најжаните култури во Република Македонија, која е главен носител на извозот на земјата. За Република Македонија, тутунот има национално обележје, а се смета и како национална култура. Во 2004 година со тутун биле посеани 17,717 хектари или 65,6% од површините засеани со индустриски површини.

Во светот постојат повеќе од 70 видови тутун. Во Македонија се одгледуваат следните типови тутун, со нивните сорти: ориенталски тутун(со сортите: прилепски тутун, јака и џебел), полуориенталски тутун(со сортите отља и маја) и вирџиниски тутун(со сортите: вирџинија бројт и вирџинија клејтон). Ориенталските и полуориенталските се ситнолисни, додека сортите вирџинија се широколисни и високи сорти на тутун, со височина на стракот од 2 метра со големи листови.

Најголем дел од производството на тутун се остварува во Пелагонија (со речиси 50% од производството), во Струмичко-радовишката Котлина (близу 25% од производството), а потоа следуваат Дебарска Котлина, Кратово, Куманово, Полог, Охрид и други котлини. Во 2000 година биле добиени 21,630 теони тутун, со просечни приноси од 1,221 килограми по хектар.[146]

 
Сончогледов цвет
Сончоглед
уреди

Сончогледот е најраширено и најважно маслодајно растение во Македонија. Од зрното на сончогледот се добиваат масло за јадење, потоа т.н. ќуспе кое се користи како храна за добиток, стеблото кое се користи за ѓубрење, цветовите се богати со нектар и претставуваат одлична паша за пчелите итн. Има три сорти сончоглед: јадросемена, ситносемена и преодна група. Во 2004 година во Република Македонија со сончоглед биле посеани 5,180 хектари, и се добиле 7,764 тони сончоглед или по 1,5 тон по хектар. Производтството на сончоглед, главно, е концентрирано во четири производни подрачја: Пелагонија, Куманово, Скопје и Овче Поле.

Шеќерна репка
уреди

Во Република Македонија шеќерната репка се појавила во 1950 година. Речиси целото производство се одвива во Пелагонија (околу 90%). Во 2004 година со шеќерна репка биле засадани само 1,540 хектари, а се произвеле 47,223 тони или по 3 тони на хектар. Освен шеќерот, од шеќерната репка се добиваат и други важни производи, а тоа се : лисја, масла и резанки.

Маслодајна репка
уреди

Маслодајанта репкка се користи за исхраната на луѓето и добитокот, а и за технички цели. Површините засадени со ова растение многу варираат од 3.000 до 10.000 хектари, а според тоа и производството од 6.000 до 20.000 тони. Варирањето е последица од чувствителноста на маслодајната репка на мраз и од тоа што страда од голем број штетници. Таа е распространето во Пелагонија.

Индустриска пиперка
уреди

Најголеми површини засадени со индустриска пиперка се јавуваат во Струмичко-радовишка Котлина, Демиркаписка Котлина, Теквешка Котлина, Пелагонија. Во 2004 година биле засадени 900 хектари од кои се добиени 4.000 тони или 4,4 тони по хектар.

Кикиритки
уреди

Најмногу кикиритки ги има во Гевгелиско-валандовска Котлина и Стурмичко-радовишка Котлина. Последните години се зголемуваат површините засадени со кикиритки и нивното производство е во пораст. Така, просечно годишно се засадуваат на површина од 500 до 800 хектари, со приноси до 1,5 тони по хектар.[147]

Градинарски култури

уреди

Република Македонија има речиси идеални природни услови за одгледување на голем број градинарски култури. Во 2004 година градинарските култури се одгледувале на 52.000 хектари или тие учествувале со 11,3% во вкупното полјоделство. Во светот се познати околу 140 градинарски култури од кои во македонија се одгледуваат околу 50 видови. Според тоа, Македонија спаѓа во групата на т.н. градинарски земји, кои не произведуваат храна само за себе туку и за извоз во другите земји. Така, Република Македонија го гледа својот економски просперитет и преку производство на градинарска храна за европскиот пазар и пошироко за светскиот пазар. Според тоа, нескромно е ако се каже дека, доколку Македонија го насочи целиот свој простор кон производство на храна и тоа само за хуманитарни цели, за потребите на ООН, односно за потребите на ФАО, тогаш економскиот просперитет на земјата ќе биде значително поголем отколку што е денес.

Во зависност од тоа кој дел од градинарската култура се користи, тие се делат на: плодови зеленчукови култури(домати, пиперки, краставици, лубеници, дињи, тикви, грав, боранија, грашок, бамја, леќа, црн патлиџан, тиквици...); лукови зеленчукови култури (кромид, праз, лук); репкасти зеленчукови култури (компир, морков, алабаш, пашханат, рен, роквици, крушка или земјено јаболко); коренови зелечукови култури (зелка, кељ, карфиол, спанаќ, нане, салата, цвекло, кервис, магдонос, марулка...) и печурки (шампињони, лисичарки, вргањ, смрчак...).[148]

 
Домат од сортата „рајско јаболко“
Домати
уреди

Во Република Македонија доматите се користат од XIX век. Во државата тие се познати и под други имиња, и како патлиџани и како френки („френки“ - бидејќи во текот на првата светска војна француските војници го научиле населението во Гевгелиско-валандовската Котлина и во Струмичко-радовишката Котлина, да ги користат зрелите домати во исхраната. Претходно домашните жители, долго време ги користеле само зелените плодови, а зрелите домати ги сметале за отровни и ги фрлале). Во светот има повеќе од 700 сорти, а тие се поделени во две групи: високи и ниски сорти. Кај нас од високите сорти познати се јуџере и јаболчар, а од ниските сорти камбел.

Во 2004 година со домати биле засеани 6,267 хектари површина, при што се добиле 114,490 тони домати или по околу 18,3 тони по хектар. Најголемо производство се остварува во Струмичката Котлина, потоа во Гевгелиско-валандовската, Скопската, Пелагониската итн.

Податотека:Zelena piperka6.jpg
Зелена пиперка
Пиперка
уреди

Во Република Македонија пиперките се одгледуваат од XVI век. Тие се особено богати со витамин Ц и можат да се консумираат свежи, подготвени, конзервирани или преработени. Исто така, пиперките во вид мелен пипер како зачин се користат во многу јадења и во кулинарската индустрија. Во Македонија има идеални услови за одгледување на оваа градинарска култура. Сортите на пиперки во Македонија се поделени на две групи: јадроплодни долги, јадроплодни широки и ситноплодни пиперки. Карактеристично е тоа што во Република Македонија се одгледуваат и повеќе локални сорти на пиперки: стајковска, романка, тетовска, струмичка, гамби, феферонки и слично.

Во 2004 година со пиперки биле засеани 8,135 хектари, ан кои се произведени 127,852 тони или по 15,7 тони по хектар. Најголемо производство на пиперки има во Сттрумичко-радовишката Котлина, потоа следат Гевгелиската Котлина, Пелагонија, Скопска Котлина итн.

 
Лубеница
Бостан
уреди

Поимот бостан го опфаќа одгледувањето на лубеници и дињи, а во некои краеви од Република Македонија тука спаѓаат и тиквите. Лубениците и дињите се одгледуваат од најстари времиња, а тиквите од 19 век. Тие се одгледуваат поради сочните и крупните плодови. Лубениците и дињите се конзумираат само во свежа состојба. од нивниот сок се прават сирупи, а од кората, слатко, џем и друго. Во исхраната на луѓето, тиквата се консумира варена или печена, а пред сè се користи како храна за добиток. Во Македонија бостанот се одгледува на површина од 6.000 до 15.000 хектари (во 2004 година на 6.669 хектари), со производство кое се движи од 100.000 до 150.000 тони годишно или околу од 8 до 25 тони по хектар. Во 2004 година се произведени 125.381 тон или по 18,8 тони по хектар. Најголемо производство на бостан се остварува во Струмичката Котлина, потоа во Тиквеш, Гевгелиската, Скопската, Кумановската Котлина итн.

 
Компир
Компир
уреди

Во Република Македонија компирот се одгледува од почетокот на XIX век. Кај нас компирот е познат и под имињата: патата, картофа и кртол. Компирот е мошне хранлив и содржи скроб, многу белковини, минерални соли, витамини и др. Тој се користи во исхраната на човекот, но претставува и важна индустриска суровина за добивње скроб, алкохол и низа други производи. Во Македонија компирот успева во рамничарските предели, како раноградинарска култура, а и на планинските и повлажните предели со надморска височина од 800 до 1,500 метри. Како ран компир се одгледува во рамничарските предели во Гевгелиската, Струмичката и Скопската Котлина, а на повисоките терени во Полог, Беровско, кривопаланечко, Битолско итн. Во 2004 година со компир, чист посев, биле засеани 13,445 хектари, а како меѓупосев на 668 хектари, така што вкупно се добиле 198,507 тони компир или по 14 тони на хектар.[149]

 
Различни сорти на грав
Грав
уреди

Во Република Македонија гравот се одгледува повеќе од 3 века, односно од крајот на XVIII век. Во светот има околу 300 различни сорти грав, кои врз основа на обликот на стеблото се поделени во две групи: висок и низок грав. Во Македонија се застапени и високите и ниските сорти грав. Од локалните сорти најпознати се: тетовски, жвански-демирхисарски, долгач, кумановски, цапарски итн. Во 2004 година, гравот како чиста култура се одгледувал на 8,135 хектари, а како меѓупосев на 9.047 хектари. Вкупното производство изнесувало 14,189 тони со приноси од 0,6 до 1 тон на хектар. Поглавни региони за производство на грав како чиста култура се: Кумановско, Скопско, Струмичко, Кочанско, Овчеполско и Прилепско, а како меѓукултура се: Полог, Охридско, Струмичко, Кичевско, Демирхисарско, Битолско и други реони. Освен грав во Македонија се одгледуваат и: леќа, грашок, боранија, бамја, баклата и др.

 
Кромид
Кромид, лук и праз
уреди

Кромидот, лукот и празот се двегодишни растенија и во Република Македонија се присутни од најстарите времиња. Се консумираат во пресна, приготвена,, сушена, конзервирана и преработена состојба. Има две големи групи кромид, и тоа се лут и сладок кромид. Во Република Македонија се одгледуваат двата вида кромид, и тоа во сите нејзини делови. Во 2004 година, со кромид биле засеани 3230 хектари, од кои се добиле 34,334 тони или по 10 тони по хектар. Лукот се користи и во фармацевската индустрија за лекови, а и во народната медицина за лекување на крвен притисок, стомачни, срцеви и други видови заболувања. Годишно лукот се засадува на површина од 1.100 хектари и околу 300 хектари под праз, со вкупно производство од околу 5.000 тони. Најголеми производни подрачја на кромид, лук и праз се Скопското, Кумановското, полошкото, Струмичкото, Битолско-демирхисарското (познато е селото Бучин и „бучински кромид“) и Охридско-стручкото поле.

 
Карфиол - зелјесто растение
Зелка
уреди
 
Различни видови печурки

Исто така, и зелката е двегодишно градинарско растение и во Република Македонија се користи од најстарите времиња. Во исхраната народот ја употребува зелката преку целата година и тоа како свежа, приготвена, конзервирана, кисела, преработена и сушена. Зелката се одгледува во сите реони во Република Македонија. Има многу сорти, но кај нас, главно се одлгедуваат домашни сорти зелка, кои спаѓаат во групата ориенталски со јадри бели и црвеникави главици. Во 2004 година како рана зелка заедно со кељ биле засадени 3,298 хектари површина од која се добиле 38,318 тони, или по 20,4 тони зелкја на хектар. Се добиле уште 24,101 тони од доцната зелка, односно во 2004 година вкупно се произвеле 101,370 тони зелка, со што се задоволиле домашните потреби, а одредени количества рана зелка се извезле. Главни производствени подрачја на рана зелка во Македонија се: Гевгелиско-валандовската и Струмичко-радовишката Котлина, а на доцна зелка се полог, Скопската и пелагониската Котлина.

Печурки
уреди

Печурките се богати со хранливи материи, особено со белковини и според хранливата вредност се споредуваат со месото. Во исхраната можат да се консумираат во разни форми: печени, приготвени, маринитани, сушени и конзервирани. Во Република Македонија се широко распространети во рамничарските и во планинските предели. Денес печурките, особено шампињоните, се одгледуваат во специјални темни простории наречени габарници, во кои температурата и влажноста на воздухот се стабилни. Производството на печурки е наменето за домашниот и странскиот пазар.[150]

Фуражни култури

уреди

Одгледувањето фуражни култури има големо значење за земјоделството и сточарството. Во 2004 година површините под фуражни култури биле застапени на 34.000 хектари или тие учествувале со вкупно 7,4% од целокупното полјоделство. Во Република Македонија се одгледуваат следниве фуражни култури: луцерка, граор, добиточен грашок, крмна пченка, добиточна репка, детелина и уров.

 
Цвет на луцерка
Луцерка
уреди

Кај нас луцерката е една од најважните и најраширените фуражни култури. Се одликува со висока хранлива вредност и се користи за исхрана на добитокот како во зелена состојба, така и како сено, луцерно брашно, брикети и пилети. Во Република Македонија во 2004 година, луцерката била застапена на површина од повеќе од 18,315 хектари, при што се искосени 113.012 тони или просечен принос од 6,31 тон на хектар. Најголеми површини под луцерка има во Полог, Струмичко-радовишка Котлина, Пелагонија и Охридско-струшката Котлина.

Граор
уреди

Според застапеноста, граорот е втора фуражна култура во Република Македонија. Тој е одличен фураж за сите видови добиток. Во 2004 година се одгледуваат на 2.851 хектар, при што се произвеле 9.300 тони. Главно производствено подрачје е Куманово, а исто така и Овче Поле и околината на Скопје.

Фуражна пченка
уреди

Од зрното на фуражната пченка се добива квалитетна добиточна храна, а воедно се користат и нејзиниот лист, стебло и кочан. Со фуражна пченка биле засеани 2,425 хектари, при што се произведени 55,694 тони. Главното производство на оваа култура е во Пелагонија, а потоа во Овче Поле и околината на Скопје.

Фуражен грашок
уреди

Фуражниот грашок се одгледува за производство на зелена маса, сено, слама и зрно. Со оваа култура се засадени околу 2.000 хектари, со производство од околу 5.000 тони. Главни производствени подрачја се Пелагонија, Овче Поле, Кочанско Поле итн.[151]

 
Ливада

Ливади и пасишта

уреди

Од ливадите пред сè се добива сено и свежа трева. Во 2000 година ливадите зафаќале површина од 58.003 хектари или 10,3% од вкупните обработливи површини и 4,6% од вкупните земјоделски површини. Според географската разместеност ливадите се делат на низински и планински. Низинските ливади се најраспространети во Пелагонија и во Полог. Планинските ливади се широко распространети во планинските предели, покрај коритата на реките и во влажните падини свртени кон север.

Според застапеноста на тревната растителност, Пасиштата се делат на обични, степски-полустепски и мочурливи. Според времето на користење на зимски и летни пасишта, а според местото каде што се наоѓаат се делат на: високопланински, планински, припланински, ридски и низински пасишта.

 
Пасиште

Низинските пасишта се сместени на најниските делови на котлините и ридестите предели во Средно Повардарие. Шумските пасишта се застапени на стрмните падини на планинските и ридските терени, а особено многу се раширени во појасот на дабовата шума. Високопланинските пасишта се разместени во подрачјата кои се наоѓаат над горната граница на шумите. Тие заземаат површина од околу 150.000 хектари, а најголем дел од нив се наоѓаат на планинските масиви на Шар Планина, Бистра, Стогово, Караорман, Кораб, Галичица, Пелистер, Јакупица, Осогово и др. Во 2000 година во Република Македонија под пасишта биле вкупно 704.000 хектари или 55,6% од вкупната земјоделска површина и 99,8% од вкупното необработливо земјиште (останатите 1.000 хектари или 0,2% им припаѓаат на трскарниците и мочуриштата).[152]

Географски одлики

уреди

Клима:

Топли, суви лета и ладни зими со обилни снегови.

Терен: Планинска територија со долини и речни сливови; три големи езера, секое се граничи со друга земја; реката Вардар ја преполовува земјата на два дела.

Висински екстреми:
најниска точка: река Вардар 50 м
највисока точка: Голем Кораб 2.764 м

Природни богатства: хром, олово, цинк, манган, волфрам, никел, железна руда, азбест, сулфур, дрво, обработлива земја

Искористеност на земјиштето:
обработлива земја: 24%
повеќесезонски насади: 2%
постојани пасишта: 25%
шуми: 39%
other: 10% (1993)

Наводнувана почва: 830 км2 (1993)

Природни опасности: високи сеизмички ризици

Животна средина - тековни проблеми: загадување на воздухот од металургијата

Животна средина - меѓународни спогодби:
учество во: Загадување на воздухот, Биоразновидност, Промена на климата, Опасни отпадоци, Закон на морето, Заштита на озонската обвивка, Мочуришта
потпишани, но нератификувани: ниедна од горенаведените спогодби

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Државен завод за статистика, Статистички годишник на Република Македонија, 2013, 14 стр.
  2. Национална географија за втора година реформирано гимназиско образование - стр. 10
  3. Национална географија за втора година реформирано гимназиско образование - стр. 11
  4. Крива Круша веќе не е срцето на Македонија Архивирано на 17 ноември 2018 г. - Дневник, 03.08.2011
  5. Географија за VI одделение за основно образование - стр. 8
  6. Состојба на патиштата Архивирано на 27 јануари 2013 г.; преземено од АМСМ услуги
  7. Географија за VI одделение за основно образование - стр. 9
  8. Список на гранични премини во Македонија; преземено од Златна книга
  9. Географија за VI одделение за основно образование - стр. 6/7
  10. Национална географија за втора година реформирано гимназиско образование - стр. 15
  11. Национална географија за втора година реформирано гимназиско образование - стр. 16
  12. Национална географија за втора година реформирано гимназиско образование - стр. 17
  13. Национална географија за втора година реформирано гимназиско образование - стр. 21
  14. Геолошка еволуција на Македонија; документ во Microsoft Word
  15. Национална географија за втора година реформирано гимназиско образование - стр. 23
  16. Земјотресите во Валандово и Валандовско во периодот мај-јуни 2009 година; преземено од Игео портал
  17. Земјотресите се вообичаена појава за Македонија[мртва врска]; преземено од Утрински весник (26.05.2009)
  18. Национална географија за втора година реформирано гимназиско образование, стр. 25
  19. Салаковски Езера – Горските очи на Јакупица; преземено од порталот И-географија
  20. Национална географија за втора година реформирано гимназиско образование - стр. 28
  21. Национална географија за втора година реформирано гимнзиско образование - стр. 29
  22. Релјефна структура и општи одлики на релјефот
  23. Географија за VI одделение за основно образование - стр. 10
  24. Географија за VI одделение за основно образование - стр. 11
  25. Национална географија - втора година реформирано гимназиско образование - стр. 31
  26. Национална географија - втора година реформирано гимназиско образование - стр. 33
  27. Географија за VI одделение за основно образование - стр. 12
  28. Географија за VI одделение за основно образование - стр. 13
  29. Национална географија - втора година реформирано гимназиско образование - стр. 35
  30. Национална географија - втора година реформирано гимназиско образование - стр. 36
  31. Географија за VI одделение за основно образование - стр. 14
  32. Географија за VI одделение за основно образование - стр. 15
  33. Национална географија - втора година реформирано гимназиско образование - стр. 37/38
  34. Географија за VI одделение за основно образование - стр. 16
  35. Национална географија - втора година реформирано гимназиско образование - стр. 38
  36. Географија за VI одделение за основно образование - стр. 17
  37. Географско друштво на СР Македонија (1989). „Географски разгледи“ (27-30 издание). Скопје: Друштво.
  38. Географија за VI одделение за основно образование - стр. 18
  39. Национална географија - втора година реформирано гимназиско образование - стр. 40
  40. Географија за VI одделение за основно образование - стр. 19
  41. Годишен зборник: Географски институт (15 и 16. изд.). УКИМ Географски институт. 1966.
  42. Евгений Динчев, Петър Атанасов, Високите планини на Република Македония, Пътеводител, София, 1998
  43. Национална географија - втора година реформирано гимназиско образование - стр. 42
  44. Национална географија - втора година реформирано гимназиско образование - стр. 43
  45. Национална географија - втора година реформирано гимназиско образование = стр. 44
  46. Национална географија - втора година реформирано гимназиско обарзование - стр. 45
  47. Географија за VI одделение за основно образование - стр. 20
  48. Географија за VI одделение за основно образование - стр. 20/21
  49. Национална географија - втора година реформирано гимназиско образование стр. 47
  50. Географија за VI одделение за основно образование - стр. 22
  51. Географија за VI одделение за основно образование - стр. 22/23
  52. Национална географија - втора година реформирано гиманзиско образование - стр. 49
  53. Национална географија - втора година реформирано гимназиско образование - стр. 48
  54. Географија за VI одделение за основно образование - стр. 26/27
  55. Национална географија - втора година реформирано гимназиско образовиание - стр. 50
  56. Национална географија - втора година реформирано гимназиско образовиание - стр. 50 (ако сакаш да знаеш повеќе)
  57. Географија за VI одделение за основно образование - стр. 24
  58. Географија за VI одделение за основно образование - стр. 25
  59. Национална географија - втора година реформирано гимназиско образование - стр. 51
  60. Национална географија - втора година реформирано гимназиско образование стр. 52
  61. Основни факти; преземено од Министерство за надворешни работи
  62. Географија за VI одделение за основно образование - стр. 28
  63. Национална географија - втора година реформирано гимназиско образование - стр. 53
  64. Географија за VI одделение за основно образование - стр. 28/29
  65. Географија за VI одделение за основно образование - стр. 29
  66. Национална географија - втора година реформирано гимназиско образование - стр. 54
  67. Статија за островите во Македонија - географски портал „ИГЕО“
  68. Географија за VI одделение за основно образование - стр. 30
  69. Географија за VI одделение за основно образование - стр. 31
  70. Национална географија - втора година реформирано гимназиско образование - стр. 59
  71. Национална географија - втора година реформирано гимназиско образование - стр. 60
  72. 72,0 72,1 Национална географија - втора година реформирано гимназиско образование - стр. 61
  73. Географски одлики на Република Македонија; преземено од Македонски шуми
  74. 74,0 74,1 Географија за VI одделение за основно образование, стр. 32
  75. 75,0 75,1 75,2 75,3 Национална географија - втора година реформирано гимназиско образование - стр. 62
  76. 76,0 76,1 76,2 76,3 76,4 Географија за VI одделение за основно образование - стр. 33
  77. 77,0 77,1 77,2 Национална географија - втора година реформирано гимназиско образование - стр. 63
  78. Национална географија - втора година реформирано гимназиско образование - стр. 64
  79. 79,0 79,1 Географија за VI одделение за основно образование - стр. 34
  80. „Охридско Езеро - Инвестирајте во Македонија - Агенција за странски инвестиции на РМ“. Архивирано од изворникот на 2008-12-12. Посетено на 2021-08-20.
  81. „НАСА одлучи едно од езерата на Титан да се вика „Охридско Езеро". Макфакс. 21 октомври 2010. Архивирано од изворникот на 2012-06-15. Посетено на 21 октомври 2010. (македонски)
  82. Ohrid Lacus (Охридско Езеро) на Титан -“. Службен весник на планетарна номенклатура на Меѓународниот астрономски сојуз. 16 септември 2010. Посетено на 22 октомври 2010. (англиски)
  83. 83,0 83,1 Национална географија - втора година реформирано гимназиско образование - стр. 66
  84. 84,0 84,1 84,2 Географија за VI одделение за основно образование - стр. 35
  85. 85,0 85,1 Национална географија - втора година реформирано гимназиско образование - стр. 67
  86. Национална географија - втора година реформирано гимназиско образование - стр. 69
  87. Географија за VI одделение за основно образование - стр. 40
  88. Географија за VI одделение за основно образование - стр. 40/41
  89. 89,0 89,1 89,2 Географија за VI одделение за основно образование - стр. 41
  90. Национална географија - втора година реформирано гимназиско образование - стр. 74
  91. 91,0 91,1 Географија за VI одделение за основно образование - стр. 36
  92. Национална географија - втора година реформирано гимназиско образование - стр. 76
  93. 93,0 93,1 Географија за VI одделение за основно образование - стр. 37
  94. Географија за VI одделение за основно образование - стр. 38
  95. Национална географиај - втора година реформриано гимназиско образование - стр. 77
  96. Географија за VI одделение за основно образование - стр. 39
  97. Национална географија - втора година реформирано гимназиско образование - стр. 78
  98. Национална географиај - втора година реформриано гимназиско образование - стр. 78
  99. Национална географија - втора година реформирано гимназиско образование - стр. 83
  100. Географија за VI одделение за основно образование стр. 44
  101. Нацинална географија - втора година реформирано гимназиско обрзование - стр. 84
  102. Нацинална географија - втора година реформирано гимназиско обрзование - стр. 88
  103. Географија за VI одделение за основно образование стр. 45
  104. Национална географија - втора година реформирано гимназиско образование - стр. 86
  105. Географија за VI одделение за основно образование стр. 46
  106. Национална географија - втора година реформирано гимназиско образование - стр. 87
  107. Национална географија - втора година реформирано гимназиско образование - стр. 88
  108. Географија за VI одделение за основно образование стр. 47
  109. Национална географија - втора година реформирано гимназиско образование - стр. 89/90
  110. Национална географија - втора година реформирано гимназиско образование - стр. 90/91
  111. Национална географиај - втора година реформирано гимназиско образование - стр. 91/92
  112. Национална географија - втора година реформирано гимназиско образование - стр. 93
  113. Географија за VI одделение за основно образование стр. 48
  114. Национална географија - втора година реформирано гимназиско образование стр. 93/94
  115. Географија за VI одделение за основно образование стр. 48/49
  116. Национална географија - втора година реформирано гимназиско образование - стр. 94
  117. Географија за VI одделение за основно образование стр. 49
  118. Национална географија - втора година реформирано гимназиско образование - стр. 96
  119. Национална географија - втора година реформирано гимназиско образование - стр. 97
  120. Национална географија - втора година реформирано гимназиско образование - стр. 98/99
  121. Национална географија - втора година реформирано гимназиско образование - стр. 100
  122. Национална географија - втора година реформирано гимназиско образование - стр. 101
  123. Национална географија втора година реформирано гимназиско образование - стр. 102/103
  124. Национална географија - втора година реформирано гимназиско образование - стр. 104
  125. Национална географиај - втора година реформирано гимназиско образование - стр. 104/105
  126. Национална географија - втора година реформирано гимназиско образование - стр. 105/106
  127. Национална географија - втора година реформирано гимназиско обарзование - стр. 108
  128. Национална географија - втора година реформирано гимназиско образование - стр. 109,110
  129. Национална географија - втора година реформирано гимназиско образование - стр. 111
  130. Национална географија - втора година реформирано гимназиско образование - стр. 112
  131. Национална географија - втора година реформирано гимназиско образование - стр. 113/114
  132. Национална географија - втора година реформирано гимназиско образование - стр. 115
  133. Национална географија - втора година реформирано гимназиско образование - стр. 115/116
  134. Национална географија - втора година реформирано гимназиско образование - стр. 117/118
  135. Адресар на општините во Република Македонија[мртва врска]
  136. Национална географија - втора година реформирано гимназиско образование - стр. 118
  137. Национална географија - втора година реформирано гимназиско образование - стр. 119
  138. 138,0 138,1 Национална географија - втора година реформирано гимназиско образование - стр. 120
  139. Национална географија - втора година реформирано гимназиско образование - стр. 124
  140. Национална географија - втора година реформирано гимназиско образование - стр. 125
  141. Национална географија - втора година реформирано гимназиско образование - стр. 127/128
  142. Национална географија - втора година реформирано гимназиско образование - стр. 129
  143. 143,0 143,1 Национална географија - втора година реформирано гимназиско образование - стр. 130
  144. Национална географија - втора година реформирано гимназиско образование - стр. 131/132
  145. Национална географија - втора година реформирано гимназиско образование - стр. 132
  146. Национална географија - втора година реформирано гимназиско образование - стр. 132/133
  147. Национална географија - втора година реформирано гимназиско образование - стр. 133/134
  148. Национална географија - втора година реформирано гимназиско образование - стр. 134
  149. Национална географија - втора година реформирано гимназиско образование стр. 135
  150. Национална географија - втора година реформирано гимназиско образование стр. 136
  151. Национална географија - втора година реформирано гимназиско образование - стр. 137
  152. Национална географија - втора година реформирано гиманзиско образование - стр. 138

Надворешни врски

уреди


  Статијата „Географија на Македонија“ е избрана статија. Ве повикуваме и Вас да напишете и предложите избрана статија (останати избрани статии).