Поградец
Поградец или Подградец (албански: Pogradec) — град и седиште на истоимената општина, Област Горица, југоисточна Албанија. Сместен е на југозападниот брег на Охридското Езеро, во историско-географската област Мокра. Се наоѓа југоисточно од Елбасан, југозападно од Охрид (Р. Македонија) и западно од Лерин (Егејска Македонија) и северно од градот Горица (Корча). Градот е наречен по древната тврдина (денес наречена Поградечка тврдина), која се издигала на планинските падини над него (оттаму и „под-градец“).
Поградец Pogradec | |
---|---|
Град | |
![]() Поглед на Поградец | |
Координати: 40°54′0″N 20°39′0″E / 40.90000°N 20.65000°E | |
Држава | Албанија |
Област | Горица |
Општина | Поградец |
Општинска единица | Поградец |
Повик. бр. | (0)83 |


Демографски особености
уредиВо градот и околните села и денес живее македонско население, од кои се издвојуваат три кои и денес јасно задржале етничкиот карактер и својата варијанта на охридскиот говор. Ова некогаш бил чисто македонски крај, што е очигледно од називите на населените места во општината (подолу). Иако денес има албанско мнозинство, половината жители се православни, а половината се муслимани. Ова укажува дека целокупното поградечко подрачје подлегнало на процес на албанизација на македонското население во не така далечното минато.
Поврзано
уредиНаводи
уредиНадворешни врски
уреди„Поградец“ на Ризницата ? |
- Мрежно место на Општина Поградец Архивирано на 13 август 2020 г. (албански) (англиски)
- Туристички портал на Поградец (англиски) (албански)