УНEСКO (англиски: United Nations Educational, Scientific and Cultural Organization = „Организација за образование, наука и култура на ООН“) — специјализирана агенција на Обединетите Нации основана на 16 ноември 1946 год. Основната цел на Организацијата е да придонесува за мирот и стабилноста промовирајќи соработка меѓу нациите преку образованието, науката и културата како метод за подобрување на универзалното почитување на правдата, законите, човековите права и основните слободи.

  United Nations Educational, Scientific and Cultural Organization
 
Тип Специјализирана агенција
Акроними UNESCO
Челник Франција Одри Азулаи
Статус Активна
Основана 16 ноември 1945
Штаб Париз, Франција
Мрежно место www.unesco.org
Wikimedia
Commons
Commons:Category:UNESCO UNESCO
Портал Портал:Обединети Нации ООН Портал
Знамето на УНЕСКО

Главното седиште на УНЕСКО се наоѓа во Париз, но постојат уште 53 канцеларии ширум светот. Досега организацијата има 193 земји членки и 11 придружни членки. УНEСKO делува во пет главни програми: образование, природни науки, социологија, култура и комуникации. УНEСKO спонзорира проeкти за писменост, развој на техниката и педагогијата, интернационални науки, проeкти поврзани со регионалната културна историја, проeкти со кои с промовира културната разноликост и програми кои ги поддржуваат меѓународните договори за заштита на светското културно наследство.

Република Македонија стана членка на УНЕСКО на 28 јуни 1993 год. Под заштита на организацијата кај нас е регионот на Охрид со неговите културни, историски и природни реткости.

Литература

уреди
  • Игор Јанев, "Cultural diplomacy", Institute of Political Studies, Belgrade, 2004.
  • Игор Јанев, "Relations of Yougoslavia with UNESCO", Institute of Political Studies, Belgrade, 2010, ISBN 978-86-7419-209-2

Надворешни врски

уреди