Бука
род дрва
Бука (науч. Fagus) — род на широколисно дрво од семејството буките (Fagaceae). Најраспространет вид во Македонија е обичната бука (Fagus sylvatica).

Распространување
уредиОвој род е распространет со осум до единаесет вида во Европа, Северна Америка и Азија. Буките обично претпочитаат региони што имаат благи зими и не толку топли лета. Региони со сурова зима каде што се среќава доцен мраз, како и сушни лета, не се многу погодни за буките. На јужните граници од нивното распространување, како што е Македонија, тие се ограничени на планинските предели.
Опис
уредиБуките се листопадни дрва коишто имаат мазна, сива кора. Лисјата се цели или делумно назабени, од 5–15 cm долги и 4–10 cm широки. Плодот е мал, остар и аглест, долг 10–15 mm. Тој содржи висок процент на танин.
Буката како тема во уметноста
уреди- „Сама Бука“ — поема на македонскиот поет Анте Поповски.[1] [2]
Наводи
уредиОваа статија за дрво е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |