Пилав Тепе

вулканска купа кај Шопур, Штипско

Пилав Тепевулканска купа во клисурата на Маденска Река, десна притока на Крива Лакавица, на околу 12 км западно од Радовиш. Купите се во склоп на Дамјанско-бучимската палеовулканска област, која зафаќа површина од 26 км2. Пилав Тепе е од десната страна на Маденска Река и има типичен конусест изглед, со истакнатост од околу 100-120 м и надморска височина од 566 м[1]. Составена е од мошне цврсти, компактни андезити, што укажува на експлозивен вулканизам, кој е одреден како миоценски.

Пилав Тепе
Поглед на Пилав Тепе
Највисока точка
Надм. вис.566 м [1]
Истакнатост100-200 м
Координати41°37′37″N 22°18′37″E / 41.62694° СГШ; 22.31028° ИГД / 41.62694; 22.31028
Географија
Пилав Тепе is located in Македонија
Пилав Тепе
Пилав Тепе
Општина Штип, Македонија Македонија
Пилав Тепе на карта

Карта

На падините на овој вулкански рид е сместено истоименото археолошко наоѓалиште, каде е откриена неолитска населба, како и градиште од римско време.

Плоча

уреди

На 1 км јужно од Пилав Тепе (41°37′4″N 22°18′39″E / 41.61778° СГШ; 22.31083° ИГД / 41.61778; 22.31083) се наоѓа втората карактеристична вулканска купа во форма на нек, позната како Плоча. Истакнатоста ѝ е околу 150-200 м, а надморската височина изнесува 658 м[1]. По состав е иста како Пилав Тепе, односно од компактни андезитски лави. Речиси од сите страни околу Плоча се наоѓаат напласти од пирокластичен материјал во облик на бречи и туфови, посебно на југоисточната страна кон с. Дамјан. Двете купи се пресечени со долината — клисурата на Маденска Река, поради што нивната истакнатост и релативна височина во квартерниот период е зголемена. Поради селективната ерозија, на Плоча има речиси вертикални карпести отсеци, кои во поново време се користат за алпинизам. Врвот на Плоча е мошне зарамнет, поради што го добила името.[1]

Освен наведените, на 1 км источно од Пилав Тепе има уште едно конусно возвишение, кое најверојатно е паразитска купа на главниот вулкански центар.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Група автори (2016). „Вулкански купи Пилав Тепе и Плоча кај Шопур“. Студија за геодиверзитетот и геонаследството на Република Македонија и другите компоненти на природата (PDF). Скопје: Министерство за животна средина и просторно планирање. стр. 143-144. ISBN 978-9989-110-90-0.