Германци (германски: Deutsche) се етничка група што дели иста германска култура, односно чии припадници го зборуваат германскиот како мајчин јазик и имаат германско потекло. Германци исто така се викаат и носителите на германско државјанство.

Знаме на Германија

Најголемиот број Германци живеат во Германија (75 милиони). Од вкупно 100 милиони говорници на германскиот јазик во светот, околу 75 милиони се сметаат за Германци. Постојат и други 70 милиони луѓе со германско потекло (главно во САД, Бразил, Аргентина, Казахстан и Канада) чиј мајчин јазик не е германски, но кои сепак се сметаат за етнички Германци, со што вкупниот број на Германци во светот е помеѓу 75 и 160 милиони, во зависност од критериумот (германски како мајчин, целосно германско потекло или делумно германско потекло). Во САД, 15,2% од државјаните се декларираат како германски Американци, според пописот од 2000 година, што е повеќе од сите други етнички групи.

Германците како тема во уметноста и во популарната култураУреди

Германците како тема во книжевностаУреди

Во своето дело „Ecce homo“, германскиот филозоф Фридрих Ниче вели дека „без сомнение, Германците се идеалисти“,[2] но зборува и за „нивното невоспитување in historicis“,[3] тврдејќи дека тие ги имаат на душа „сите големи културно злосторства во текот на четири столетија“, а сето тоа предизвикано од нивниот „кукавичлук пред реалноста“.[4] Воопшто, Ниче се смета себе за „презирач на Германците par excellence“,[5] велејќи: „Германците за мене се невозможни“.[6] Во романот „Подемот и падот на Паркинсоновата болест“, српскиот писател Светислав Басара вели дека организираноста, педантеријата и дисциплината на Германците претставуваат истовремено нивна предност и проклетство.[7]

НаводиУреди

  1. Discogs, The Original Adam & The Ants* ‎– Deutscher Girls (пристапено на 4.9.2019)
  2. Фридрих Ниче, Ecce Homo (Ево човека) – Како постајеш, шта си. Сарајево: Издање И. Ђ. Ђурђевића, 1918, стр. 142.
  3. Фридрих Ниче, Ecce Homo (Ево човека) – Како постајеш, шта си. Сарајево: Издање И. Ђ. Ђурђевића, 1918, стр. 143.
  4. Фридрих Ниче, Ecce Homo (Ево човека) – Како постајеш, шта си. Сарајево: Издање И. Ђ. Ђурђевића, 1918, стр. 145.
  5. Фридрих Ниче, Ecce Homo (Ево човека) – Како постајеш, шта си. Сарајево: Издање И. Ђ. Ђурђевића, 1918, стр. 147.
  6. Фридрих Ниче, Ecce Homo (Ево човека) – Како постајеш, шта си. Сарајево: Издање И. Ђ. Ђурђевића, 1918, стр. 148.
  7. Svetislav Basara, Uspon i pad Parkinsonove bolesti. Beograd: Dereta, 2011, стр. 120.