Отвори го главното мени

Село

мала човечка населба помала од град, со население од неколку стотина жители
Ова е статија за тип на населено место. За средината (рурала), видете: Село (средина)
Белимбегово (Илинден) — пример за големо приградско село во Македонија
Галичник - западномакедонско планинско село
Селото Касл Кум во Вилтшир, Англија

Селата се помали населби кои се разликуваат од градовите по нивната физиономија, функција, демографска структура на населението и нивното значење. Околното подрачје што му припаѓа на самото село се нарекува атар.[1]

Содржина

Селски населби во МакедонијаУреди

Селските населби во Македонија се такви населени места во кои најголем дел од населението се занимава со земјоделство. Во Македонија има вкупно 1.645 села.

Според настанувањето и развојот, селата се формирани пред градовите. Во еволуцијата на нашите села, главно, се одделуваат четири фази:

  • Претцрковна фаза, кога не постоеле села во вистинската смисла на зборот, туку тоа биле одделни куќи, расфрлани по имотите ;
  • Црковна фаза, кога започнува групирањето на куќите во села, при што центар биле црквите ;
  • Феудална фаза, кога селата се граделе на крупните поседи на феудалците, како на пример чифлигарските села ;
  • Катастарска фаза, кога селата ја добиле денешната физиономија, со свое име, атар и територија на протегање, односно катастар со кој биле одредени сите карактеристики на селото.

Во Македонија, селата можат да се поделат на мали, средни и големи.

  • Мали села се оние во кои живеат од 1 до 300 жители. Во Македонија има вкупно 961 вакво село, односно 58,4% од сите села.
  • Средни села се оние во кои живеат од 301 до 800 жители. Во Македонија има 337, т.е. 20,5% од сите села.
  • Големи села се оние кои имаат повеќе од 801 жител. Во Македонија има 347 вакви села (21,1% од сите).

Според микроположбата, во Македонија има рамничарски, ридски и планински села.

Селото како тема во уметноста и во популарната култураУреди

Селото како тема во книжевностаУреди

Селото како тема во музикатаУреди

  • „Селски живот“ (Country Life) - албум на британската рок-група „Рокси Мјузик“ (Roxy Music)“ од 1974 година.[13]
  • „Село“ (The Village) - песна на британската поп-рок група „Њу Ордер“ (New Order) од 1983 година.[14]

ПоврзаноУреди

НаводиУреди

  1. атар“ - Дигитален речник на македонскиот јазик
  2. Блаже Тренески, Стојна ситноода. Скопје: Студентски збор, 1981, стр. 21.
  3. Пољске бајке. Београд: Народна књига, 1974, стр. 136-140.
  4. Пољске бајке. Београд: Народна књига, 1974, стр. 146-148.
  5. Македонски хумористични народни приказни. Скопје: Просветно дело, Редакција „Детска радост“, 2004, стр. 8.
  6. Македонски хумористични народни приказни. Скопје: Просветно дело, Редакција „Детска радост“, 2004, стр. 67-68.
  7. Македонски хумористични народни приказни. Скопје: Просветно дело, Редакција „Детска радост“, 2004, стр. 24-26.
  8. Никола Ј. Вапцаров, Песни. Скопје: Македонска книга, Мисла и Култура, 1988, стр. 132-133.
  9. Joseph Frank, Dostoevsky. The Years of Ordeal 1850-1859, London, 1983, p. 264.
  10. Федерико Гарсија Лорка, Неверна жена. Скопје: Македонска книга, Култура, Мисла, Наша книга, 1982, стр. 23.
  11. Оливера Николова, Приказни за Зоки Поки, Скопје: Култура, Наша книга, Мисла, Македонска книга, Детска радост, 1980, стр. 10-11.
  12. Đ. Leopardi, Pesme i proza. Beograd: Rad, 1964, стр. 36-37.
  13. YouTube, Roxy Music - Country Life (1974) FULL ALBUM Vinyl Rip (пристапено на 27.12.2017)
  14. YouTube, New Order - Power, Corruption & Lies (пристапено на 16.12.2017)

ГалеријаУреди