Трговија
Трговијата се заснова на размена на добра и/или услуги. Размените можат да се одвиваат меѓу две странки (билатерална трговија) или меѓу повеќе од две странки (мултилатерална трговија). Во својата оригинална форма, трговијата подразбирала трампа т.е. размена на добра и услуги со еднаква признаена вредност за двете странки. Денешните трговци генерално преговараат користејќи стандардизиран медиум на размена т.е. пари, и ретко кога се трампаат: како резултат, можно е да се разликува купување и заработување од продавање. Појавата на парите (а подоцна и на кредитот, банкнотите и не-физичките пари) до огромен степен го поедноставува и промовира развојот на трговијата.Трговијата се дели на внатрешна трговија и надворешна трговија.Внатрешната трговија се дели на трговија на големо и трговија на мало. Според територијата, внатрешната територија може да биде државна, регионална, општинска, локална, месна и др. Надворешната трговија претставува увоз или извоз надвор од границите на државата.
Трговијата како тема во уметноста и во популарната култураУреди
Трговијата и трговците се јавуваат и како тема во уметноста и во популарната култура:
- „Трговецот“ (Mercator)- комедија на староримскиот писател Плаут.[1]
- „Вљубениот трговец“ – книга на Гаспар де Агилар од 1616 година.[2]
- „Трговецот од Венеција“ - драма на Шекспир.[3]
- „Кирајџиче, јабанџиче“ - македонска народна песна.[4]
- „Кираџивче, меанџивче“ - македонска народна песна.[5]
- „Кираџи млади јабанџи“ - македонска народна песна.[6]
- „Ришнанин хаџија и трговецот Лимун“ (Ришњанин хаџија и Лимун трговац) - српска ајдучка песна.[7]
- „Изгубен во супермаркетот“ (Lost In The Supermarket) - песна на англиската рок-група „Клеш“ (The Clash) од 1979 година.[8]
- „Бајка во супермаркетот“ (Fairy-tale in the Supermarket) - песна на британската панк-рок група „Реинкоутс“ (The Raincoats) од 1979 година.[9]
- „Трговецот од Венеција“ - филм од 2004 година.[10]
Во книжевноста, трговците вообичаено се прикажани во лошо светло. На пример, во делото „Пофалба на глупоста“, Еразмо Ротердамски ги нарекува трговците „најлуд и најрасипан сој“ и „лажливци и крадци“, велејќи дека „ја извршуваат највалканата работа, и тоа на најподмолен начин“. Сепак, според него, сите ги сметаат трговците за „најугледни, зашто прстите им се оковани со злато“.[11]
ПоврзаноУреди
НаводиУреди
- ↑ „Белешка за писателот“, во: Т. М. Плаут, Скржавецот (Аулулариа). Скопје: Детска радост, 2013, стр. 136.
- ↑ „Глосар“, во: Мигел де Сервантес, Дон Кихоте 2. Београд: Службени гласник, 2011, стр. 588.
- ↑ MIT, Shakespeare (посетено на 24.1.2016)
- ↑ Vlatko Stefanovski & Miroslav Tadic featuring Theodosii Spasov, Treta Majka. Avalon, 029, 2004.
- ↑ Блаже Тренески, Стојна ситноода. Скопје: Студентски збор, 1981, стр. 134.
- ↑ Блаже Тренески, Стојна ситноода. Скопје: Студентски збор, 1981, стр. 133.
- ↑ Хајдуци. Београд: Народна књига, 1965, стр. 97-107.
- ↑ DISCOGS, The Clash – London Calling (пристапено на 9.5.2020)
- ↑ YouTube, The Raincoats - The Raincoats (full album) (посетено на 31.2017)
- ↑ IMBd, The Merchant of Venice (2004) (посетено на 24.1.2016)
- ↑ Erazmo Roterdamski, Pohvala ludosti. Beograd: Rad, 2016, стр. 61.