Дона Дука
Дона Дука — пештера во северозападна Македонија. Спаѓа во категоријата пештери природни реткости. Се наоѓа на источните падини на планината Жеден на 450 м.н.в., во близина на селото Рашче.[1] Со својата должина од 650 метри, Дона Дука претставува 4-та најдолга пештера во Македонија.
Дона Дука | |
---|---|
Поглед на пештерата | |
Место | пл. Жеден, северозападна Македонија |
Должина | 650 м |
Надм. височина | 450 м |
Спелеолошки и мофролошки одлики
уредиИзградена е во мермеризирани варовници со тријаска старост. Отворот на пештерата е широк 3 метри, а висок 1 метар, од каде се и започнува првата галерија на пештерата во која уште се наѕира надворешната светлина.[2] На многу места во пештерата има разурнати карпи, кои настанале како резултат на разурнување поради поткопувањето на некогашниот подземен водотек при што пештерските таваници остануваат без подлога, заради што тие паѓаат.[2] Со вакви уривања, пештерските канали се прошируваат и растат во височина.
Понатаму, пештерата се дели на три канала, од кои преку левиот се навлегува во елипсовидна галерија, на чија таваница има еден оџак.[2] Од него во минатото придоаѓала вода од површината на планината Жеден.[2] По главниот канал кој има разна широчина од 1 до 5 метри, преку еден стрмен отсек се стигнува до најубавото минијатурно езерце обиколено со чудесни сталактити во најразлични форми, кое што добива вода само од капењето на салактитите кои се наоѓаат над него.[2] Во целиот дел до езерцето насекаде се сретнува црвеницата, а од тука започнува најстариот и најубавиот пештерски канал со најголема висина кој е бело-жолтеникав.[2] Тој е целиот обложен со со бледожолтеникави напласти над кои се издигаат сталакмити, а од таваниците се спуштаат сталакмити.[2]
Помеѓу третиот и главниот канал се наоѓа џиновскиот лонец, каде во минатото имало водопадна скала.[2] Во главниот канал е и делот т.н. „забите на тигровите“, каде одвај може да се помине ползејќи покрај безброј сталактити.[2] Вториот канал е постојано наклонет во правец кон изворот Рашче и тој е најмлад, а на крајот по 150 метри е затнат со глина.[2] Четвртиот канал на пештерате е исполнет со напласти, и навлегувањерто во него е преку мала дупка до која мора да се искачува на алипинистички начин.[2]
За првпат пештерата Дона Дука е истражувана на должина од 200 м, додека при следните истражувања вкупната должина на пештерските канали е зголемена на 650 м. Ha некои делови од пештерските канали застапени се и пештерски украси. Во хидрографски поглед, пештерата Дона Дука претставува сува пештера, со незначителна појава на повремени, главно сифонски езерца настанати од водата капница. Особена одлика на оваа пештерата е сложениот сплет на пештерски канали, изградени на неколку нивоа. Во пештерата Дона Дука истражувана е и рецентната пештерска фауна. Пештерата е евидентирана како природна реткост во просторниот план од 1982 година. Со секторската студија „Заштита на природното наследство", која е составен дел на просторниот план на Македонија, пештерата се наоѓа и на предлог-листата за споменици на природата.[3].
Предание
уредиКако и за повеќето пештери во Македонија така и за Дона Дука постои легедна односно народно предание. Според легендата, сето население од Рашче се сокрило во пештерата, бидејќи наидувала турска војска.[2] Кога поминала таа, од пештерата излегла млада девојка по име Дона и од радост заепала песна.[2] Меѓутоа, имало и заостанати војници и кога ја чуле, дошле пред пештерата и сето население го погубиле.[2]. Во некои пишани извори името на пештерата се сретнува и како Донина Дупка[4], а постои веројатно да потекнува од називот Долна Дупка кој под влијание на говорот на месното албанско население преминало во Дона Дука.
Галерија
уреди-
Отворот на пештерата
-
Процеп на отворот на пештерата
-
Внатрешноста на пештерата
-
Изглед од еден од ходниците подлабоко внатре во пештерата
-
Поглед од внатрешноста кон отворот
-
Внатрешноста на пештерата
-
Внатрешноста на пештерата
-
Внатрешноста на пештерата
-
Внатрешноста на пештерата
-
Околината на пештерата
Наводи
уреди- ↑ Драган Колчаковски, Славчо Христовски, Иво Караман, Марјан Комненов (2012). „ЗАКАНИ И МЕРКИ ЗА ЗАШТИТА НА ПЕШТЕРАТА ДОНА ДУКА“. Географски разгледи. Институт за географија (43). ISSN UDK91 1409-908X UDK91 Проверете ја вредноста
|issn=
(help).CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link) - ↑ 2,00 2,01 2,02 2,03 2,04 2,05 2,06 2,07 2,08 2,09 2,10 2,11 2,12 2,13 Манаковиќ, Душан (1973). „Пештери и пропасти во Скопската Котлина“. Географски видик. Скопје: Географско друштво на СР Македонија. IV: 23–34.
- ↑ „Недозволени ископини го нарушија интегритетот на подземната пештера Дона Дука“. Дневник. Посетено на 2012-03-17.
- ↑ D-r Jovan F.Trifunoski, "Skopski Derven", Srpski Etnografski Zbornik, kw. 34, Beograd 1954
Дона Дука | |
Снимка од внатрешноста на пештерата |
Надворешни врски
уреди42°01′35.7″N 21°14′18.1″E / 42.026583° СГШ; 21.238361° ИГД