Сулфурхемиски елемент во периодниот систем што го има симболот S и атомскиот број 16. Тој е чест неметал без вкус и мирис и е повеќевалентен. Во својата основна форма, сулфурот е жолта кристална цврста супстанца. Во природата тој може да се најде како чист елемент или како сулфидни и сулфатни минерали. Тој е есенцијален елемент за животот и е најден во две аминокиселини. Неговите комерцијални употреби се главно во вештачките ѓубрива, но доста се користи и во чкорчињата, инсектицидите и фунгицидите.

Сулфур  (16S)
Спектрални линии на сулфурот
Општи својства
Име и симболсулфур (S)
Изгледлимон жолти синтерувани микрокристали
Сулфурот во периодниот систем
Водород (двоатомски неметал)
Хелиум (благороден гас)
Литиум (алкален метал)
Берилиум (земноалкален метал)
Бор (металоид)
Јаглерод (повеќеатомски неметал)
Азот (двоатомски неметал)
Кислород (двоатомски неметал)
Флуор (двоатомски неметал)
Неон (благороден гас)
Натриум (алкален метал)
Магнезиум (земноалкален метал)
Алуминиум (слаб метал)
Силициум (металоид)
Фосфор (повеќеатомски неметал)
Сулфур (повеќеатомски неметал)
Хлор (двоатомски неметал)
Аргон (благороден гас)
Калиум (алкален метал)
Калциум (земноалкален метал)
Скандиум (преоден метал)
Титан (преоден метал)
Ванадиум (преоден метал)
Хром (преоден метал)
Манган (преоден метал)
Железо (преоден метал)
Кобалт (преоден метал)
Никел (преоден метал)
Бакар (преоден метал)
Цинк (преоден метал)
Галиум (слаб метал)
Германиум (металоид)
Арсен (металоид)
Селен (повеќеатомски неметал)
Бром (двоатомски неметал)
Криптон (благороден гас)
Рубидиум (алкален метал)
Стронциум (земноалкален метал)
Итриум (преоден метал)
Циркониум (преоден метал)
Ниобиум (преоден метал)
Молибден (преоден метал)
Технециум (преоден метал)
Рутениум (преоден метал)
Родиум (преоден метал)
Паладиум (преоден метал)
Сребро (преоден метал)
Кадмиум (преоден метал)
Индиум (слаб метал)
Калај (слаб метал)
Антимон (металоид)
Телур (металоид)
Јод (двоатомски неметал)
Ксенон (благороден гас)
Цезиум (алкален метал)
Бариум (земноалкален метал)
Лантан (лантаноид)
Цериум (лантаноид)
Празеодиум (лантаноид)
Неодиум (лантаноид)
Прометиум (лантаноид)
Самариум (лантаноид)
Европиум (лантаноид)
Гадолиниум (лантаноид)
Тербиум (лантаноид)
Диспрозиум (лантаноид)
Холмиум (лантаноид)
Ербиум (лантаноид)
Тулиум (лантаноид)
Итербиум (лантаноид)
Лутециум (лантаноид)
Хафниум (преоден метал)
Тантал (преоден метал)
Волфрам (преоден метал)
Рениум (преоден метал)
Осмиум (преоден метал)
Иридиум (преоден метал)
Платина (преоден метал)
Злато (преоден метал)
Жива (преоден метал)
Талиум (слаб метал)
Олово (слаб метал)
Бизмут (слаб метал)
Полониум (слаб метал)
Астат (металоид)
Радон (благороден гас)
Франциум (алкален метал)
Радиум (земноалкален метал)
Актиниум (актиноид)
Ториум (актиноид)
Протактиниум (актиноид)
Ураниум (актиноид)
Нептуниум (актиноид)
Плутониум (актиноид)
Америциум (актиноид)
Кириум (актиноид)
Берклиум (актиноид)
Калифорниум (актиноид)
Ајнштајниум (актиноид)
Фермиум (актиноид)
Менделевиум (актиноид)
Нобелиум (актиноид)
Лоренциум (актиноид)
Радерфордиум (преоден метал)
Дубниум (преоден метал)
Сиборгиум (преоден метал)
Бориум (преоден метал)
Хасиум (преоден метал)
Мајтнериум (непознати хемиски својства)
Дармштатиум (непознати хемиски својства)
Рендгениум (непознати хемиски својства)
Копернициум (преоден метал)
Нихониум (непознати хемиски својства)
Флеровиум (слаб метал)
Московиум (непознати хемиски својства)
Ливермориум (непознати хемиски својства)
Тенесин (непознати хемиски својства)
Оганесон (непознати хемиски својства)
O

S

Se
фосфорсулфурхлор
Атомски број16
Стандардна атомска тежина (Ar)32,06[1] (32,059–32,076)[2]
Категорија  повеќеатомски неметал
Група и блокгрупа 16 (халокгени), p-блок
ПериодаIII периода
Електронска конфигурација[Ne] 3s2 3p4
по обвивка
2, 8, 6
Физички својства
Фазацврста
Точка на топење388,36 K ​(115,21 °C)
Точка на вриење717,8 K ​(444,6 °C)
Густина близу с.т.alpha: 2,07 г/см3
beta: 1,96 г/см3
gamma: 1,92 г/см3
кога е течен, при т.т.1,819 г/см3
Критична точка1.314 K, 20,7 MPa
Топлина на топењеmono: 1,727 kJ/mol
Топлина на испарувањеmono: 45 kJ/mol
Моларен топлински капацитет22,75 J/(mol·K)
парен притисок
P (Pa) 1 10 100 1 k 10 k 100 k
при T (K) 375 408 449 508 591 717
Атомски својства
Оксидациони степени6, 5, 4, 3, 2, 1, −1, −2 ​(силен киселински оксид)
ЕлектронегативностПолингова скала: 2,58
Енергии на јонизацијаI: 999,6 kJ/mol
II: 2.252 kJ/mol
II: 3.357 kJ/mol
(повеќе)
Ковалентен полупречник105±3 пм
Ван дер Валсов полупречник180 пм
Color lines in a spectral range
Спектрални линии на сулфур
Разни податоци
Кристална структураорторомпска
Кристалната структура на сулфурот
Топлинска спроводливост0.205 W/(m·K) (аморфен)
Електрична отпорност2×1015  Ω·m (при 20 °C) (аморфен)
Магнетно подредувањедијамагнетно[3]
Модул на збивливост7,7 GPa
Мосова тврдост2
CAS-број7704-34-9
Историја
ОткриенСтара Кина[4] (пред 2000 п.н.е)
Препознаен како елемент одАнтоан Лавоазје (1777)
Најстабилни изотопи
Главна статија: Изотопи на сулфурот
изо ПЗ полураспад РР РЕ (MeV) РП
32S 95,02 % 32S е стабилен со 16 неутрони
33S 0,75 % 33S е стабилен со 17 неутрони
34S 4,21 % 34S е стабилен со 18 неутрони
35S веш 87,32 д β 0,167 35Cl
36S 0,02 % 36S е стабилен со 20 неутрони
| наводи | Википодатоци

Поважни одлики уреди

 
Горе: Парче сулфур се топи до крв црвена течност.
Долу: Кога согорува, сулфурот емитира син пламен.

При собна температура, сулфурот е мека светложолта цврста супстанца. Иако мирисот на сулфурот е доста непопуларен — често споредуван со расипани јајца — тој е всушност одлика на сулфурводородот (H2S); елементарниот сулфур има слаб мирис сличен на оној на кибритите. Овој елемент согорува со син пламен кој го емитира сулфур диоксидот, забележлив по својот задушувачки мирис. Сулфурот е нерастворлив во вода, но растворлив е во јаглерод дисулфид и во помала мерка во другите органски растворувачи како што е бензенот. Чести оксидациони броеви на сулфурот се −2, +2, +4 и +6. Сулфурот образува стабилни соединенија со сите елементи освен со благородните гасови.

Сулфурот во цврста состојба обично постои како циклични круновидни S8 молекули. Сулфурот има многу алотропи покрај S8. Со отстранување на еден атом од круната се добива S7, кој е одговорен за карактеристичната жолта боја на сулфурот. Подготвени се и многу други прстени, вклучувајчи ги S12 и S18. За споредба, неговиот полесен сосед кислород постои само во две состојби од алотропско значење: O2 и O3. Селенот, потешкиот аналог на сулфурот може да образува прстени, но многу почесто се наоѓа како полимерен синџир.

 
Структурата на S8 молекулата.
Дехидратациони својства на сулфур.

Кристалографијата на сулфурот е комплексна. Во зависност од специфичните услови, сулфурните алотропи образуваат неколку различни кристални структури од кои најпознати се оние со ромбична и моноклинска S8 молекула.

Важна одлика е и тоа што вискозноста на стопениот сулфур, за разлика од другите течности, се зголемува со температурата, како резултат на образувањето на полимерни синџири. Како и да е, откога ќе се постигне специфична температура, вискозноста се редуцира бидејќи постои доволна енергија за да ги сруши синџирите.

Аморфниот или "пластичен" сулфур може да се произведува со брзото ладење на стопениот сулфур. Кристалографските студии покажуваат дека аморфната форма може да има хелична структура со осум атоми. Оваа форма е метастабилна при собна температура и постепено се враќа во кристалната форма. Овој процес се случува за време од неколку часови или денови, но може да се катализира.

Примена уреди

 

Сулфурот има многу индустриски примени. Преку неговиот главен дериват, сулфурната киселина (H2SO4), сулфурот се рангира како еден од најважните индустриски суровини. Тој е од примарна важност за секој сектор од светската економија.

Производството на сулфурната киселина е главната крајна употреба на сулфурот, а потрошувачката на сулфурната киселина се смета за една од најдобрите индикатори за индустрискиот развој на една нација.

Сулфурот се користи иста така во батериите, детергентите, вулканизацијата на гумата, фунгицидите и во производството на фосфатни вештачки ѓубрива. Сулфитите се користат за белење на хартијата и како презервативи во виното и исушеното овошје. Поради неговата запалива природа, сулфурот исто така наоѓа примена во кибритите, правта за огненото оружје и пиротехниката. Натриум или амониум тиосулфатот се употребува како фотографско фиксирачко средство. Магнезиум сулфатот, подобро познат и како Епсом сол, може да се користи како лаксатив, адитив во бањата, ексфолијант или, пак, магнезиумски додаток за растенијата. Сулфурот се користи како светлогенерирачкиот медиум во т.н. сулфурни лампи.

Во доцните 1700-ти, производителите на мебел користеле стопен сулфур за правење на декорации. Поради сулфур диоксидот кој се добива при процесот на топење на сулфурот, оваа постапка била напуштена.

Биолошка улога уреди

Аминокиселините цистеин и метионин содржат сулфур, како и сите полипептиди, белковини и ензими кои ги содржат овие аминокиселини. Ова го прави сулфурот потребна состојка на сите живи клетки. Дисулфидните врски помеѓу полипептидите се многу важни за агрегирањето и структурата на белковините. Хомоцистеинот и тауринот се исто така аминокиселини кои содржат сулфур, но не се кодирани од ДНК, ниту се дел од примарната структура на белковините. Некои форми на бактерии го користат сулфурводородот (H2S) на местото на водата како дарител на електрони во еден примитивен процес сличен на фотосинтезата. Сулфурот се апсорбира од растенијата од почвата преку корењата како сулфатен јон и тие го редуцираат до сулфид пред да се инкорпорира во цистеинот и другите органски сулфурни соединенија (сулфурна асимилација). Неорганскиот сулфур образува дел од железо-сулфур гроздовите и тој исто така е поврзувачкиот лиганд во CuA местото на цитохром с оксидаза. Сулфурот е важна состојка на коензимот А.

Улога во животната средина уреди

Горењето на јагленот и нафтата од страна на индустријата и термоелектраните ослободува огромни количини на SO2 кој реагира со атмосферската вода и кислород, при што се добива сулфурна киселина. Оваа сулфурна киселина е состојка на киселите дождови, кои ја снижуваат вредноста на pH на почвата и слатководните басени, што резултира во значајна штета за животната средина и хемиската структура на статуите и архитектурата. Стандардите за горива препорачуваат екстракција на сулфур од фосилните горива за да се превенира појавата на кисели дождови. Овој екстрахиран сулфур потоа се рафинира и претставува голем дел од производството на сулфур.

Сулфурот како мотив во уметноста и во популарната култура уреди

  • „Сулфур во пуста земја“ (англиски: Brimstone In A Barren Land) — песна на англиската музичарка Дениел Дакс (Danielle Dax) од 1987 година.[5]

Галерија уреди

Наводи уреди

  1. Conventional Atomic Weights 2013. Commission on Isotopic Abundances and Atomic Weights
  2. Standard Atomic Weights 2013. Commission on Isotopic Abundances and Atomic Weights
  3. Magnetic susceptibility of the elements and inorganic compounds, in Handbook of Chemistry and Physics (PDF). CRC press. 2000. ISBN 0849304814.
  4. „Sulfur History“. Georgiagulfsulfur.com. Посетено на 2008-09-12.
  5. Danielle Dax – Inky Bloaters (пристапено на 25.6.2022)