Кајмакчалан или Мачник[се бара извор] — највисок врв на планината Ниџе. Се наоѓа на јужната граница од Македонија, со висина од 2.521 м.[1] Кај Бугарите, врвот е познат како Борисов Град, а кај Србите како Порта на слободата и Праг на татковината.[2]

Спомен-капелата „Св. Петар“ од Битката на Кајмакчалан во 1916 г.

Местоположба

уреди

Од врвот се гледаат Островското Езеро и Петерското Езеро во Егејска Македонија, како и областа Мариово во Македонија. Во близина на Кајмакчалан се наоѓаат селата Скочивир од македонска, како и селото Чеган и ски-центарот „Ниџе“ (Ворас) од грчка страна.[3]

Знаменитости

уреди

За време на Првата светска војна, на Кајмакчалан се воделе тешки борби меѓу бугарската армија, од една страна, и француската и српската војска, од друга страна, како дел од Македонскиот фронт, познати како солунски. Притоа, само во периодот од 12 до 30 септември 1916 година, во жестоките борби[4] на врвот загинале над 4.600 војници од српската војска. Во составот на двете завојувани војски на фронтот биле мобилизирани голем број на Македонци од месното население во Мариово и од цела Македонија. Во спомен на овој настан, на црквата „Св. Илија“, сместена на самиот врв, се наоѓа посвета напишана од кралот Александар I Караѓорѓевиќ. До пред некое време, во црквата, во посебна урна, се наоѓало срцето на швајцарскиот форензичар, публицист и професор, Арчибалд Рајс.[5]

Наводи

уреди
  1. Статистички годишник на СР Македонија. Републички завод за статистика. 1978.
  2. „North Macedonia Timeless“. northmacedonia-timeless.com. Посетено на 2020-07-18.
  3. Алекандар Матески, „Убава Македонија - Кајмакчалан“, Економија и бизнис, година 17, број 196, 30 октомври 2014, стр. 92.
  4. Александар Стојчев, Македонија и Македонците во Прва светска војна, Воен музеј во состав на Министерство за одбрана на Република Македонија, Скопје, 2017, стр. 85 - 87.
  5. Алекандар Матески, „Убава Македонија - Кајмакчалан“, Економија и бизнис, година 17, број 196, 30 октомври 2014, стр. 92-93.

Надворешни врски

уреди