Отвори го главното мени
За други значења на поимот Дојран, видете на појаснителната страница

Дојранско Езеро (грчки: Λίμνη Δοϊράνη) — најмало тектонско езеро во Република Македонија. Се наоѓа во нејзиниот југоисточен дел, заземајќи површина од 43,1 км2. Западниот, поголемиот дел (27,3 км2) и припаѓа на Р. Македонија (Општина Дојран) а источниот, помалиот (15,8 км2) на Грција (Општина Кукуш).

Дојранско Езеро
Lake Doiran.jpg
Мандра на Дојранското Езеро
Дојранското Езеро и околните населени места од двете страни на државната граница
Координати41°13′ СГШ; 22°44′ ИГД / 41.21° СГШ; 22.74° ИГД / 41.21; 22.74
Слив&10000000000000120000000120 км2
Сливни земјиМакедонија,
Грција
Површина&1000000000000004310000043.1 км2
Прос. длабочина6,7 м
Најг. длабочина10 м
Населени местаСтар Дојран, Нов Дојран, Николиќ

Местоположба и хидролошки одликиУреди

Дојранско Езеро се наоѓа во југоисточниот дел на Македонија. Котлинскиот простор во кој е сместено е ограничен од север и северозапад со планината Беласица, од запад и југозапад со ограноците на ридското подрачје Кара Балија и од исток со ограноците на планината Круша. Надморската височина на која се наоѓа езерската површина е на 148 м.

Површината на езерото изнесува 42,7 км2, од кои 15,6 км2 и припаѓаат на Република Грција, а 27,1 км2 на Република Македонија. Површината на Дојранското Езеро се менува во зависност од водостојот, така што во литературата и во официјалните публикации се среќаваат различни податоци од 41,9 до 43 км2. Податокот од 42,7 км2 е податок од Статистичкиот завод на Македонија од 1996 година. И покрај ваквите разлики, треба да се констратира дека ова езеро е најмало по површина, од трите тектонски езера во Република Македонија. Вкупната должина на бреговата линија изнесува 24 км. Овој брег бележи најмала разгранетост, а во него преовладуваат песочни плажи кои имаат позитивен одраз во туризмот.Најголемата длабочина изнесува 10 м. Значи, се работи за многу мала длабочина, посебно во однос на Охридското и Преспанското Езеро, што треба да се прими како негативна околност за одвивање на туристичките активности. Потврда на оваа квалификација е и фактот дека дури на 100 метри оддалеченост од брегот, длабочината изнесува 3 метри. Најголем дел од езерото е покриен со глиновит материјал и само поизразито наклонетите тераси се песокливи, што е една од причините за заматеноста на водата. Максималната амплитуда на водостојот изнесува 267 км. Тоа негативно се одразува врз останатите елементи на географската средина.

 
Кајчиња во Дојранското Езеро

Температурата на водата претставува една од најзначајните вредности на Дојранското Езеро. Средногодишната температура во Дојранското Езеро изнесува 14,8 °C, што е највисока вредност во однос на Охридското и Преспанското Езеро. Температурата на водата во зимскиот период е доста различна. Средномесечните вредности се движат од умерените 9,9 °C во декември, до 3,9 °C во фебруари. Поради релативно малите длабочини, езерото замрзнува во овој период. Сепак, за развој на туризмот од најголемо значење се средномесечните температури на водата во летниот период од годината. Тие во пет месеци од годината се повисоки од 18 °C. тоа значи дека во период од скоро половина година постојат термички услови за одвивање на капалишните активности. Средномесечната температура во мај изнесува 18,9 °C, во јуни 22,4 °C, во јули 24,3 °C, август 24,2 °C и во сепмтеври 20,4 °C. Бојата на водата има нијанси од темно зелена, зеленкасто – жолтеникава и жолтенива, што како вредност заостанува зад Преспанското, а посебно зад Охридското Езеро.

Нивото на езерото е на надморска висина од 148 метри. Тоа е плитко езеро, со најголема длабочина од 10 м и просечна длабочина од 6,7 м.[1]. Дојранското Езеро е создадено во неогено-квартерниот период и има тектонско-вулканско потекло. Всушност, тоа е реликтен остаток од некогашното плеистоценско Пеонско Езеро, коешто зафаќало површина од околу 127 км2. Поради јодот кој го испуштаат алгите за време на нивното цветање (јули-август), водата на езерото е многу лековита, посебно за лечење на проблеми со синусите, бронхит, настинки, зараснување на рани и исеченици. Лековитоста на водата привлекува голем број на туристи, највеќе семејства со мали деца.

Флора и фаунаУреди

Дојранското Езеро е еутрофно езеро, заради големата продукција на органска материја. Животинскиот свет е претставен од без'рбетници (праживотни-едноклеточни животни, сунгери, црви, мекотели, членконоги, инсекти и др), како и претставници од 'рбетниците (риби, водоземци, влекачи, птици и цицачи). Во Дојранското Езеро регистрирани се 12 фаунистички ендемити. Од 15 видови риби, 1 вид претставува локален ендемит. Некои без'рбетници (посебно вилинските коњчиња) и неколку видови птици, се наоѓаат на списокот на CORINE. Дојранското Езеро е познато по традиционалниот начин на ловење риби со помош на корморани во огради од трска, т.н. мандри.

Легенда за Дојранското ЕзероУреди

 
Брег на Дојранско Езеро.

На местото на денешното Дојранско Езеро се протегала широка долина со бујни ливади и разновидни градини. На едно поткренато место имало голем извор. Покрај долината живеела убава девојка која се викала Дојрана. Во Дојрана биле заљубени многу момчиња, но за голема несреќа и еден турски големец-кајмакам. Убавата девојка не можела да замисли да се мажи за него. Кајмакамот почнал да оди по неа. Ја следел на секој чекор. Не ѝ давал мир. Наоѓајки се во безизлезна положба, а да не му падне во неговите раце, се фрлила во големиот извор. Изворот го прифатил нејзиното невино тело. За да го покрие и освети, почнал да се излива. Ја покрил целата долина. За кусо време долината се претворила во прекрасно езеро. Исто како што беше прекрасна и девојката Дојрана. Езерото и градот го добија името по убавата девојка Дојрана. Езерото го нарекоа Дојранско Езеро, а градот Дојран.

Надворешни врскиУреди

1. Н. Мариноски: Туристичка Географија (Универзитет "Св. Климент Охридски", Битола) Охрид, 2006

2. Нацрт риболовна основа за Дојранското езеро - ЈНУ Хидробиолошки завод - Охрид, 2008

ГалеријаУреди

НаводиУреди

Надворешни врскиУреди