Ниш

град во Јужна Србија

Ниш е градска населба и седиште на истоимената територијална единица во Србија. Тој е административен центар на Нишавскиот округ и најголемиот град во јужна и источна Србија. Според пописот од 2022 година имало 182.797 жители, така што Ниш е трет најнаселен град во Србија (по Белград и Нови Сад). Сместен е на реката Нишава, недалеку од нејзината утока во Јужна Морава. Градот Ниш зафаќа површина од околу 596,732, вклучувајќи ги Нишка Бања и 68 приградски населби.

Niš
Ниш
Град
Знаменитостите во Ниш
Знаменитостите во Ниш
Знаме на NišГрб на Niš
Niš is located in Србија
Niš
Niš
Координати: 43°19′09″N 21°53′46″E / 43.31917° СГШ; 21.89611° ИГД / 43.31917; 21.89611
ДржаваСрбија
ОкругНишавски
Општини5
Основан2 век
Независност од Отоманците11 јануари 1878
Управа
 • ГрадоначалникДрагана Сотировски
Површина
 • Општина597 км2 (231 ми2)
Надм. вис.&10000000000000195000000195 м
Население (2011)
 • Општина260,237
 • Густина435,9/км2 (11,290/ми2)
 • Град187,544
Час. појасCET (UTC+1)
 • Лето (ЛСВ)CEST (UTC+2)
Поштенски број18000
Повик. бр.(+381) 18
ТаблициNI
Мреж. местоwww.ni.rs

Ниш бил административен, воен и трговски центар во различни држави и империи на кои им припаѓал во текот на својата долга историја. Римските императори Константин Велики и Констанциј III се родени на просторот на денешен Ниш, во античкиот град Наис.[1] Географската положба на Ниш го направила стратешки важен, а со тоа и атрактивен град за многу напаѓачи. Во текот на историјата низ територијата на која се наоѓа денешниот град минале Дарданците, Тракијците, Илирите, Келтите, Римјаните, Хуните, Аварите, а потоа Византијците, Србите, Бугарите и Османлиите. Во неколку наврати, градот бил окупиран од Унгарци и Австријци. Градот бил слободен од Турците во 1878 година и оттогаш повторно е дел од Србија, со кратки прекини за време на Првата и Втората светска војна, кога бил под окупација. Влијанието на различните народи кои живееле на територијата на денешниот град Ниш се гледа во културното наследство на градот, пред се во неговата архитектонска различност.

Сообраќајната инфраструктура на територијата на Ниш го прави крстопат на копнениот и воздушниот сообраќај на Балканот, (особено поради интензивниот сообраќај кон Турција и Грција ) и поради тоа што меѓународниот аеродром Константин Велики се наоѓа на територијата на Ниш. Тој е важен економски, универзитетски, културен, верски и политички центар на Србија. Нишкиот универзитет, основан во 1965 година, има 14 факултети и околу 30.000 студенти, а градот е и седиште на Нишката епархија на Српската православна црква. Административно е поделена на пет градски општини: Медијана, Палилула, Пантелеј, Црвен Крст и Нишка Бања.

Етимологија

уреди

Името на градот Ниш може да се најде во бројни историски извори од средниот век до модерните времиња. Сите овие имиња се многу слични, во зависност од јазикот на кој се напишани: Naissus, Nais, Nisus, Νισσα, Ναισσός, Νισος, نیش (Niş), Ниш.[2]

Првата населба на територијата на денешен Ниш ја основале Келтите во III век п.н.е. а самиот град го добил името по реката Нишава, која келтските жители ја нарекувале „Река самовила“. Градот и реката никогаш не ги смениле имињата откако биле именувани, а нивното значење останало исто: Ниш — Самовилски град, Нишава — Самовилска река.[3]

Географија

уреди
 
Снимка од Ниш од спејс шатл во 2002 година.
 
Јужниот раб на нишката котлина го сочинуваат варовничкиот гребен на Сува Планина и кристалната планина Селичевица (на сликата).
 
Собраниска зграда на градот Ниш

Ниш лежи на геотектонската граница на кристалниот, Родопски планински предел и варовничките планини на источна Србија и спојот на големите долини на Балканскиот Полуостров во пространа и плитока котлина со неправилна форма одоколу 620 км2[4] Долината на Јужна Морава ја дели на два нееднакви дела; западниот дел, познат како Добрич, кој е ширум отворен кон Топличката котлина[5] и источниот (поголемиот) дел кој го претставува Нишката котлина, пресечен од реката Нишава, во близина на нејзината утока во Јужна Морава.[6]

Најнискиот дел е дното на котлината која по должина го пресекува Нишава, на која лежи градот Ниш. Центарот на градот се наоѓа на 194 метри надморска височина (во близина на Споменикот во центарот). Највисоката точка на градската територија (според ГУП Ниш од 2011г.), е Тригонометарот 702 во југоисточниот дел од областа „Коритњак рид — Сува планина “, со надморска височина од 702 m, а најниска Тригонометар 175 до реката Јужна Морава, во северозападниот дел од областа „Ада-Мезграја“, со надморска височина од 175 м.[6][7][8]

Територијата на општина Ниш зафаќа површина од 596.71км2, на кој се наоѓаат Ниш, Нишка Бања и 68[6] приградски и селски населби кои со текот на времето биле поврзани со градот. Под земја, под Нишка Бања и Ниш, има природен извор на топла вода, единствен и најголем потенцијал на чиста и обновлива геотермална енергија на површина од дури 65км2. Оваа природна акумулација е на длабочина од 500 до 800 м, а проценетиот капацитет е околу 400 милиони кубни метри термална минерална вода.[9]

Панорама на Ниш
 
Западниот раб на нишката котлина е кристалниот гребен на Мали Јастребац од Купињак до Батиншчички вис
 
Источниот раб на нишкиата котлина е на варовничкиот гребен на планините Сврљиг и Сува Планина.

Клима

уреди

Ниш има умереноконтинентална клима, со просечна годишна температура од 11,9 °C. Најтопол месец е јули со просечна температура од 21,3 степени°C, а најстуден јануари со просечна температура од +0,6 °C.[10]

Климатски податоци за Ниш (1981—2010)
Месец Јан Фев Мар Апр Мај Јун Јул Авг Сеп Окт Ное Дек Годишно
Највисока забележана °C (°F) 21.7
(71.1)
25.0
(77)
28.6
(83.5)
33.0
(91.4)
34.7
(94.5)
40.3
(104.5)
44.2
(111.6)
42.2
(108)
38.6
(101.5)
35.0
(95)
29.0
(84.2)
22.2
(72)
44.2
(111.6)
Прос. висока °C (°F) 5.0
(41)
7.5
(45.5)
13.0
(55.4)
18.4
(65.1)
23.8
(74.8)
27.1
(80.8)
29.8
(85.6)
30.1
(86.2)
25.0
(77)
19.3
(66.7)
11.9
(53.4)
6.1
(43)
18.1
(64.6)
Сред. дневна °C (°F) 0.6
(33.1)
2.4
(36.3)
7.0
(44.6)
12.2
(54)
17.1
(62.8)
20.4
(68.7)
22.5
(72.5)
22.3
(72.1)
17.4
(63.3)
12.3
(54.1)
6.4
(43.5)
2.1
(35.8)
11.9
(53.4)
Прос. ниска °C (°F) −2.2
(28)
−1.4
(29.5)
2.3
(36.1)
6.4
(43.5)
11.0
(51.8)
13.8
(56.8)
15.4
(59.7)
15.4
(59.7)
11.5
(52.7)
7.4
(45.3)
2.6
(36.7)
−0.8
(30.6)
6.8
(44.2)
Најниска забележана °C (°F) −23.4
(−10.1)
−19.3
(−2.7)
−13.2
(8.2)
−5.6
(21.9)
−1.0
(30.2)
4.2
(39.6)
4.1
(39.4)
4.6
(40.3)
−2.2
(28)
−6.8
(19.8)
−14.0
(6.8)
−15.8
(3.6)
−23.4
(−10.1)
Прос. врнежи мм (ин) 38.8
(1.528)
36.8
(1.449)
42.5
(1.673)
56.6
(2.228)
58.0
(2.283)
57.3
(2.256)
44.0
(1.732)
46.7
(1.839)
48.0
(1.89)
45.5
(1.791)
54.8
(2.157)
51.5
(2.028)
580.3
(22.846)
Прос. бр. врнежливи денови (≥ 0.1 mm) 13 13 12 13 12 11 9 8 9 9 11 14 134
Прос. бр. снежни денови 10 9 5 1 0 0 0 0 0 0 3 8 37
Прос. релативна влажност (%) 80 74 66 63 65 65 61 61 69 73 77 81 70
Сред. бр. сончеви часови месечно 64.5 93.3 147.8 171.5 220.9 251.2 286.7 274.3 201.9 150.5 85.9 49.4 1.997,7
Извор: Републички хидрометеоролошки завод na Србијa[11]

Годишно просечно паѓаат 589,6 мм дожд и снег на метар квадратен [10] и има просечно 123 дождливи денови и 43 снежни денови. Просечниот воздушен притисок е 992,74 милибари, а просечната јачина на ветерот е нешто помала од 3 бофорти.

Историја

уреди

Праисторија и античко време

уреди

Врз основа на археолошките истражувања може да се заклучи дека територијата на која денес се наоѓа градот Ниш била населена со човечки заедници уште од средно камено време (100.000-30.000 п.н.е.). Палеолитските остатоци, пронајдени на локалитетот Кременац, се чуваат во археолошката збирка на Националниот музеј во Ниш. Од бронзеното време биле пронајдени гробници во Медошевац и голема населба, која се наоѓа веднаш до античкиот локалитет Медијана.

За потеклото на Ниш постои легенда дека го изградил нишкиот крал со камен од блиската населба Хум.[2]

Откритијата на праисториските локалитети Бубањ и Велика хумска чука укажуваат дека таму постоела населба во периодот 5800-5500 година п.н.е. Најстариот слој припаѓа на младо камено време или Старчевачката култура.[12] Овие локалитети припаѓаат на комплексот Бубањ Салкуца Криводол.

Римјаните го освоиле градот за време на Дарданските војни, во 1 век п.н.е. Градот се развива како стратешка раскрсница, воен и трговски центар во провинцијата Горна Мизија. За време на Римската империја, градот го добил името Наис, што е романизирано име на грчкото име Наисос. Веќе во 2. век од нашата ера, Наис бил доволно познат град што Клавдиј Птоломеј го спомнал во својата „Географија“ како еден од четирите најголеми градови во Дарданија.

Римјаните во 33 година од н.е. го изградиле Виа Милитарис кој минувал низ Наис.

 
Камен чекан пронајден во Нишава

Во античкиот град Наис на 27ми февруари помеѓу 271 г и 273 година е роден синот на воениот командант Констанциј Хлор и Флавија Јулија Елена, императорот Константин Велики.[13] Во својот роден град, царот Константин ја изградил царската вила Медијана, околу која членовите на тогашната аристократија ги изградиле своите вили. Тој простор денес е значаен археолошки локалитет, кој во 1979 г е прогласен за археолошки локалитет од исклучително значење.[14][15] Мозаични подови и други остатоци од царскиот луксуз се зачувани во музејот на Медијана.

Во 284 година, кога царот Диоклецијан ја одделил Дарданија од Горна Мизија и ја направил посебна провинција, Наис станал главен град на оваа римска провинција.

Во 4. век, била основана епархија во Наис, што го направило градот еден од важните верски центри во Римската империја. Базилика од 4 век во Наис е еден од најстарите христијански споменици во светот. Во текот на четвртиот и петтиот век, епископите од Наис: Гаудентиј, Бонос, Маркијан, Гајан и Проект оставиле свој белег на христијанското учење.

Среден век

уреди
 
Граѓаните на Ниш им носат подароци на кралот Соломон и војводата Геиза во 1072 година
 
Мозаик од Медијана

Прокопиј во делот За градби пишува дека императорот Јустинијан I го обновил Наис, изградил 32 нови утврдувања, кои ги наведува со имиња и обновил 7 утврдувања. Покрај ова, Прокопиј во своето дело „За војните “ известува и за првите наезди на Словените преку Дунав во околината на Наис околу 550-551 година.[16][17]

Првите преселби на Словените и Аварите се случиле во втората половина на VI век. Во текот на 6 и 7век словенските племиња се обиделе да го окупираат Наис осум пати. Во последниот напад во 615 г. напаѓачите го зазеле градот и поголемиот дел од римското население побегнало или исчезнало. Во локалното влашко население останале траги од римското население од Наис.

Во 9.век, бугарскиот император Симеон I станал господар на Ниш, но Византија го вратила градот за време на владеењето на Василиј II.

Во 1072 година, унгарската војска продрела по долината Морава сè до Ниш, но византиската власт била повторно воспоставена истата година.

Во средината на 12 век, византискиот император Мануил I Комнен го користел како база за своите војни со Кралството Унгарија и дополнително го зацврстил. Тука, Мануил двапати се сретнал со големиот Рашки префект Стефан Немања, но за време на владеењето на Андроник I бил освоен од унгарскиот крал Бела III, а во 1183 г. [18] победил Стефан Немања, кој ја обновил манастирската црква Свети Пантелејмон во градот. Тој на 27 јули 1189 година во Ниш, го пречекал светиот римски император Фридрих I, кој бил на пат кон Светата земја за време на Третата крстоносна војна. Во таа прилика Стефан Немања му предложил на Фридрих заеднички напад на Византија. Градот во 1190 година повторно паднал во византиски раце по поразот на Немања во битката кај Морава, а Србите го освоиле дури во 1331 година, по Велбуждската битка кај Ќустендил.[19]

Османлиите под Мурат го освоиле и ограбиле Ниш во 1386 година[19][20], по 25 дена опсада.[3] Во текот на средниот век, моштите на свети Прокопиј, кој бил заштитник на градот, биле чувани во градот.[21] Непосредно пред османлиското освојување на градот, неговите мошти биле преместени во центарот на тогашна Србија, во денешно Прокупље. Градот доживеал ново отоманско пустошење во 1427 година.[19] .

Во 1443 година, Ниш повторно се нашол во рацете на Србите и деспотот Ѓураѓ Бранковиќ му го предал на Ѓорѓе Мрњавчевиќ. Христијанските војски предводени од унгарскиот генерал Јанош Хунади заедно со српскиот деспот Ѓурѓе Бранковиќ ги поразиле Турците и ги потиснале до Софија за време на Долгата кампања на Јанош Хунади. Во близина на Ниш се случила важна битка, а градот останал слободен речиси една година потоа.

Отоманската империја

уреди
 
Гравура од Ниш од 17 век.

Неколку дена по 20 јуни 1521 година

Ниш бил опфатен од голем пожар. Градот можел целосно да биде уништен доколку во последен момент не дошол на помош Беглербег Ахмед-паша, кој во тоа време командувал со турската војска против Унгарија[22].

По турско-австриската војна во 1717 г. година и загубата на Белград, Ниш добива на значење. Со султанова повелба од 19 февруари 1719 година започнала изградбата на голема тврдина во Ниш. Ниш станува центар на Румелискиот Беглербеглук т.е. турските поседи во Европа.[23] Тврдината во Ниш, која била изградена тогаш (1719-1723), сè уште е една од најубавите и најдобро зачуваните градби од овој вид на Балканот. Изградена е на местото на постарите тврдини од римскиот, византискиот и средновековниот период. Има полиаголна основа, осум тераси и четири масивни порти. Зафаќа површина од 22 ха и е опкружена со ѕидови долги 2.100м, високи 8м и во просек со 3м дебелина. Однадвор, тврдината била опкружена со широки ровови, од кои северниот е зачуван и денес. Покрај масивните ѕидини, добро се сочувани и јужната Стамболова порта и северната белградска порта, додека северната Видинска порта и југоисточната Јагодинска порта се само делумно зачувани.

Во Ниш на 29-ти септември 1739 година бил потпишан договор со кој завршила руско-турската војна.[24][25][26]

Во првата половина од 18 век, настанало Казанџиското сокаче, единствениот сочуван дел од старата нишка чаршија.

 
Ћеле-кула

За време на Првото српско востание, востаничката војска се нашла пред Ниш дури во 1809 година, движејќи се кон Косово. Караѓорѓе предложил да оди во Ниш со целата војска, но другите војсководци побарале Ниш да биде нападнат од четири фронта, што на крајот било извршено. Во Ниш на 27 април 1809 година под водство на Милој Петровиќ пристигнале вкупно 16.000 српски востаници. Тие изградиле шест ровови: првиот и најголемиот бил во Чегро под команда на војводата Стеван Синѓелиќ.

Турците на 31 мај 1809 година го нападнале ровот на Синѓелиќ на Чегра, а битката се водела цел ден. Бидејќи надмоќта на Турците станувала се поочигледна, а помошта од другите ровови не пристигнувала, Стеван Синѓелиќ, кога Турците влетале во ровот, пукал со муниција во магацинот и се разнел себеси и голем број Турци. По битката на Чегро, кон крајот на летото 1809 година била изградена кула на патот за Цариград. Кулата е изградена по наредба на Хуршид Ахмед Паша, тогашниот командант на Ниш, од главите на српските војници кои загинале на Чегра, и е единствена во светот. 952 черепи на српски војници биле употребени за ѕидање на Ќеле-кула како предупредување до српскиот народ. Над кулата во 1892 година била подигната капела во која денес се сместени 58-те преостанати черепи. Со административната поделба на Отоманското царство во 1846 г. е создаден Нишкиот Санџак,[27] а во 1864 година бил припоен кон Дунавскиот Вилает кога Ниш станал центар на Нишкиот Санџак.

 
Полагање заклетва пред нишкиot свештеник Петром Икономовиќ, во куќата на Михаил Божидарарац во Ниш 24. фебруари 1874.

1860 година е важна и за историјата на Ниш и неговата околина поради тоа што Србите подготвувале востание. Истата година Ниш го посетил големиот везир Кибризли Мехмед-паша. Тој го формирал Привремениот кривичен суд, уапсил и убил истакнати Срби кои би можеле да кренат востание. Сепак, во текот на 60-тите на 19 век, Србите се бунтувале, организирале разни одбори, комисии. На чело со Никола Рашиќ во 1874 г. жителите на Ниш и околните села го основале Нишкиот комитет, кој во 1876 година при османлиско-српската војна, прв се приклучил и со своите заговорници дал голем придонес во ослободувањето на Нишките региони и нивното припојување кон Србија.[28]

Кралство Србија и Југославија

уреди

Борбата за ослободување на Ниш од турската власт започнала на 29 декември 1877 година. Принцот Милан Обреновиќ влегол во градот на 11 јануари 1878 година. Во спомен на овие настани, во 1902 година е подигнат споменик. Со член 3 од Санстефанскиот договор, или со Берлинскиот договор Ниш бил припоен кон Кнежевството Србија.

Во 1884 година била изградена железница меѓу Ниш и Белград. Првата телефонска говорница била отворена во Ниш во 1901 година, а во 1908 година на Нишава во Островица била изградена хидроцентрала од 670 kW (900 коњски сили).

На седницата на Народното собрание на 21 септември 1885 година во Ниш била донесена одлука за војната со Бугарија. Зградата на институтот Пастер е изградена во 1900 година - првата здравствена установа за превентивна медицинска нега на Балканот.

Примирјето со Бугарија на крајот на Втората балканска војна било склучено во Ниш на 30 јули (по стариот календар, 17 јули) 1913 година, што било основа за потпишување на Букурешкиот мир на 10 август 1913 година.

На 28 јули 1914 година, српскиот премиер Никола Пашиќ добил телеграма во Ниш за австроунгарската објава на војна на Србија. Подоцна истата година, на 17 септември, тој потпишал таен договор за сојуз со албанскиот политичар Есад Паша.

Пред почетокот на Првата светска војна во 1914 година, Владата и Народното собрание биле преселени во Ниш, а градот бил воен главен град на Кралството Србија од 26 јули 1914 до 16 октомври 1915 година.

Втора светска војна

уреди
 
Логор Црвен крст во Ниш од кој на 12 фебруари 1942. затворениците организирале масовно бекство.

Во Априлската војна од 1941 година, на 6-ти бил бомбардиран воениот аеродром кај Медошевац додека Ниш бил бомбардиран на 8 април. Во таа прилика загинале околу 400 луѓе, а повеќе од 500 биле повредени. Окупацијата на Ниш траела од 1941 до 1944 година, а од 1942 година во градот била сместена германската регионална воена управа 809.

На почетокот на окупацијата, во Ниш бил отворен првиот нацистички концентрационен логор во Југославија, од кој, за време на окупацијата, биле стрелани околу 12.000 логорски затвореници на местото за егзекуција Бубањ.

На 12 февруари 1942 година, затворениците организирале масовно бегство од логорот каде со голи раце ги нападнале вооружени германски чувари. Во таа прилика погинале сто и педесет затвореници а избегале околу стотина. Настанот познат како пробив на логорот на Црвениот крст е единствен во Втората светска војна во поробена Европа. За овој настан во 1987 година е снимен филмот Лагер Ниш, во режија на Миомир Стаменковиќ.

Во текот на 1943 и 1944 година, Ниш бил цел на сојузничките бомбардирања 57 пати (според некои податоци 15), при што бил сериозно оштетен. Во таа прилика биле нанесени огромни штети на објекти од значење за окупаторот, патишта, аеродром, железници, мостови, железничка станица а страдале и околните згради, друг имот и луѓе.

На 14 октомври 1944 година, Ниш бил ослободен од Германците по успехот на операцијата во Ниш и навлегувањето на НОВЈ и бугарските сили кои советската армија ги турнала напред.

Нато бомбардирање

уреди
 
Спомен капела, во знак на сеќавање на бомбардирањето од 1999.

За време на бомбардирањето во 1999 година, Ниш бил честа цел на напади на авиони на НАТО, а биле уништени бројни индустриски постројки, главната трафостаница во градот и аеродромот (најбомбардираните во Ниш), касарната „Стеван Синѓелиќ“ и цивилни објекти, како на пр. градинка. Вкупно, Ниш бил цел 40 пати за време на бомбардирањето, 56 граѓани на Ниш загинале, а повеќе од 200 биле повредени.

Во спомен на жртвите од НАТО бомбардирањето на градот Ниш, во паркот до Тврдината е изградена Спомен капела.

Понова Историја

уреди

На 17 мај 2002 година во Ниш беше потпишан договор меѓу Српската и Македонската православна црква за конституирање на автономната Охридска архиепископија и надминување на расколот.

Ниш бил домаќин на Универзалниот совет на христијанските цркви во 2013 година по повод верското одбележување 1.700 години од објавувањето на Миланскиот едикт.

Популација

уреди

Според конечните резултати од пописот одржан во 2022 година, во градот Ниш живеат 249.501 жител, што е намалување во однос на 2011 година, кога биле попишани 260.274 жители, од кои 183.164 се во самиот град. Во статистичкиот годишник за 2007 година на Републичкиот завод за статистика се евидентирани 254.164. жители, што значи дека бројот на жители во последните години стагнира. Најголем раст на бројот на жители на Ниш има во периодот од Втората светска војна до 1991 година.

Образование

уреди

Првото световно основно училиште било основано во 1830 година на инсистирање на нишките трговци и занаетчии под кнезот Милош за да се овозможи настава на српски јазик. Пред тоа, само свештениците и монасите ги школувале децата во Ниш, подготвувајќи ги за свештеничкиот повик, а побогатите граѓани можеле да ги испраќаат своите деца во грчки училишта.

Првата гимназија во Ниш е основана неполна година по ослободувањето на Ниш од Турците, на 27 септември 1878 година, со декрет на кнезот Милан Обреновиќ. За почеток на работата на гимназијата бил поставен 1 октомври 1878 година, а наставата се одвивала во приватната куќа на Бег Ѓакови на улицата Јеронимова во Ниш. Во првата учебна година (1878/79) биле запишани 48 ученици во две паралелки од прво одделение, кои биле формирани на 20 ноември 1878 година.

Учителската школа во Ниш била основана во 1882 година, а во 1894 година била основана и женската гимназија. Првите факултети во Ниш почнале да се отвораат во 1960 година на Универзитетот во Белград, а Универзитетот во Ниш е основан во 1965 година, на 15 јуни. Денес, Универзитетот во Ниш има 14 факултети, од кои три се наоѓаат надвор од Ниш.

Економија

уреди
 
Грнчарски производи

Во турскиот период, носители на стопанската дејност биле занаетчиите. Според досега познатите податоци, најпрвин почнале да се обединуваат мутавџиите (занаетчии кои се занимавале со преработка на козјо влакна) и во 1791 година го формирале првото „Руфе“ (еснаф)

Првите фабрики се појавувиле веднаш по ослободувањето во 1878 година, особено по железничкото поврзување со Белград. Отворена е првата банкарска институција (1881), работилница за одржување и ремонт на возови (1884), „Пивара Јован Апел и Сонова“ (1884) и други.

Пред Втората светска војна, градското стопанство започнало преку развој на: текстилната, машинската и тутунската индустрија.

Нишката економија процветала во периодот 1960-1990 година. години. Во тоа време тие се развиле како стопански гиганти: Електронската индустрија Ниш, Тутунската индустрија Ниш, Машинската индустрија Ниш, Нитекс, Вулкан, Нишка пивара, Нишка банка, Нишпромет и Ангропромет.

Туризам

уреди

Со Нишката Бања, туристичката понуда на градот Ниш и неговата околина нуди одлични можности за бањски, медицински, деловен и конгресен туризам.

Излетнички места

уреди
 
Сиќевачка клисура
  • Нишка Бања — бањско одморалиште, на 10 км од центарот на градот, во подножјето на Коритњак, крак на Сува Планина
  • Чаир — градски парк со базен и спортски терени
  • Парк Свети Сава — градски парк
  • Каменички вис — излет и скијачки центар кај Ниш, на 805-814 м.н.в.
  • Сиќевачка клисура — тесен дел од долината на Нишава помеѓу селата Просек и Долац, 14 километри возводно од Ниш
  • Облачинско езеро — природно езеро на 20 километри од Ниш, во близина на градот Облачина, во подножјето на Мали Јастребац
  • Бања Топило — мала бања на 25 км од Ниш, во село Веле Поља, кон Алексинац и Сокобања.
  • Церјанска Пештера — 14 км од Ниш, а кај селото Церја
  • Јелашничка Клисура — во долината на реката Јелашница, кај селото Јелашница, кај Нишка Бања
  • Бојанинска вода, на крак од Сува Планина, над селото Јелашница
  • Сува планина

Историски споменици

уреди
  • Нишка тврдина — воено утврдување од турско време, 17 век
  • Медијана — археолошки локалитет од римската ера (3-4 век)
  • Кампот на Црвениот крст — еден од ретките зачувани логори од Втората светска војна,
  • Бубањ — меморијален парк на местото на погубувањето на стреланите граѓани во Втората светска војна,
  • Ќеле кула — уникатен споменик од 19 век со черепи на српските востаници од битката кај Чегра, вграден во кулата,
  • Чегар — ридот на кој се случила битката кај Чегар на 10 мај 1809 година.
  • Споменик на ослободителите на Ниш — споменик посветен на ослободувањето на Ниш од Турците и патриотите од Првата светска војна,
  • Споменик на Александар Обединител — споменик посветен на кралот Александар Караѓорѓевиќ,
  • Казанџиско сокаче — стариот урбан дел на градот во денешната улица Копитарева, изграден во средината на 18 век,
  • Старохристијанска базилика со мачениум во Јагодин-мала, IV век,
  • Ранохристијанска гробница со фрески од крајот на VI век,
  • Спомен капела - изградена за жртвите од бомбардирањето на НАТО во 1999 година,
  • Праисторискиот локалитет Бубањ - археолошки локалитет од неолитот.

Сообраќај

уреди

Ниш отсекогаш бил на раскрсницата на балканските и европските патишта. Дури и во античко време, покрај Наис поминувал римски пат, подоцна наречен Константинополски пат [30], кој ги поврзувал римските градови Сингидунум (денешен Белград ) и Константинопол (или Цариград, денешен Истанбул ).[31]

Главниот пат доаѓа од правец на Белград и продолжува на југ кон Солун и Атина. Друг важен автопат е патот Е80, кој води од Јадранското Море и Приштина до Димитровград, Софија, Истанбул и понатаму кон Блискиот Исток Патот кон северозапад ( E771 ) се разгранува во Ниш, кон Зајечар, Кладово и Дробета-Турну Северин во Романија .

Јавниот градски сообраќај се одвива исклучиво со автобуси и се состои од 13 линии. Трамвајскиот транспортен систем во Ниш постоел од 16ноември 1930 година до 10.август 1958 година.[32]

Култура

уреди

Ниш е најважниот културен центар на југоисточна Србија. Градот има Народен театар, основан во 1887 година, кој е еден од најстарите во земјата, како и Симфониски оркестар. Куклениот театар започнал со работа во 1951 година, а во 1977 година градот му доделил зграда со аудиториум со 212 седишта.

Во текот на целата година во градот се одржуваат културни манифестации, како што се: Фестивал на актерски остварувања „Филмски средби“ Ниш, Нимус - Нишки музички фестивали — фестивал на сериозна музика (и двете манифестации го носеа знакот на „југословенски“ и претставуваа значајна културен фактор во СФР Југославија), џез фестивал Нишвил, музички фестивал Нисомнија, саем на книга во Ниш, меѓународен фестивал на аматерски хорови „Хор фестивал“, Мајска песна (фестивал за детска музика) и други.

Народната библиотека „Стеван Сремац“ во Ниш е основана во 1879 година.[33] и Универзитетската библиотека Никола Тесла во 1967 година.[34]

Покрај библиотеките и музеите, други културни институции во Ниш се: Историскиот архив, Нишкиот културен центар (НКЦ), Студентскиот културен центар, академскиот весник „Пресинг“, интернет порталот НишКафе.

Музеи и галерии

уреди

Националниот музеј е основан во 1933 година а денес има околу 40.000 експонати. Значајни се археолошките збирки од праисторијата и римските предмети од Медијана; во музејот се претставени експонати од средниот век и модерното време.

Други историски музеи се: археолошки локалитети Наис и Медијана,[35] ридот Чегар[36] и кулата Ќеле. Поранешниот концентрационен логор Црвени Крст денеска има спомен-поставка.

Градот Ниш ја има и Галеријата за современа уметност,[37] Галеријата Синагога, галеријата 77, галеријата НКЦ и Павилјонот во тврдината.[38]

Спорт

уреди
 
Стадионот Чаир

Во градот има над 200 спортски клубови во над 30 спортски ограноци, кои собираат над 15.000 пријавени спортисти.[39] Најстариот фудбалски клуб во Ниш е основан во 1918 година . — ФК Синѓелиќ,[40] а најпознат фудбалски клуб е Раднички, кој е основан во 1923 година. година.[41] ФК Кар Константин е основан во 1932 година,[42] и ОФК Ниш во 1968 година.[43]

Боксерски клуб Раднички, основан во 1947 година, бил исклучително популарен. Во неговите редови боксувале државни репрезентативци, југословенски и балкански шампиони.

Најтрофејниот женски фудбалски клуб во СФР Југославија, СР Југославија, Србија и Југоисточна Европа е ЖФК Машинац, основан во 1970 година.[44] и поседува сопствен стадион во Делијски Вис.

Во спортскиот центар Чаир има: Стадион Чаир (1963), Сала Чаир (1974), затворен базен (1990), ледена сала (2007) и други.[45] Стадионот Чаир е најголемиот и најпознат стадион во градот, со капацитет од 14.000 гледачи. Во отворениот базен Чаир, од 13 . до 18 јули 2010 година се одржа завршниот турнир од Светската лига во ватерполо.

Стрелачкиот клуб „Ниш 1881“ има дадено многу шампиони на српското, а претходно и на југословенското стрелаштво. Лидија Михајловиќ [46] официјално вториот стрелец во светот во гаѓање со пушка МК за 2009 година и победник на Светското првенство во градот Вукси, Кина, во октомври 2009 година.[47]

Ниш не заостанува ниту во кајак на брзи води, има трофеен кајакарски клуб „Гусар“[48], а во шах го има поранешниот светски младински шампион и велемајстор Игор Миладиновиќ, како и велемајсторите Мирослав Миљковиќ, Славољуб Марјановиќ и Сузана Максимовиќ.

Медиуми

уреди

На 18 ноември 1944 година почна да се издава Народне новине во 1971 година, прво како неделен весник, а од 1971 г. стануваат секојдневни.

На 21 февруари 1945 година основано е Радио Ниш,[3] кое станува втора радио станица во Југославија и добива меѓународна фреквенција. Од 1992 г Во Ниш биле основани голем број ТВ и радио станици. Сите се во приватна сопственост, освен телевизијата Ниш, која е во сопственост на градот Ниш. Во 2009 година, Радио Ниш се затвори и стана само дописник на Радио Белград.

Архитектура

уреди
 
Куќата на семејството Стамболија
 
Биста на Стеван Синѓелиќ
 
Поглед од покривот на зградата во Ул. Бранко Крсмановиќ на Булевар Немањица. Архитектура од крајот на 20 век
 
ТЦ Горча во центарот на градот — спој на архитектонски стилови

Градот Ниш има мал број хомогени градски области. Постоела тенденцијата модерните градби да се подигнуваат покрај оние од претходните епохи. Таков е случајот со Плоштадот на Крал Милан, каде деловните и комерцијалните објекти од бетон, стакло и железо се испреплетени со старото градско ткиво.

Крајот на 19 и почетокот на 20 век означува ненадејна промена во архитектурата, во времето на младата српска држава. Овој период се карактеризира со навлегување на западните принципи во градежништвото, неокласичните и необарокните стилови, понекогаш измешани во истата зграда. Зградата Бановина, во која денес се сместени зградата на Универзитетот и Националниот музеј, изградена во 1894 година. Архитектура од првата половина на 20 век продолжува во истиот архитектонски стил, со административни згради како што е Градското собрание, изградени во периодот 1924-1926 година. Арт Деко стилот се користел во декорацијата на зградата на Централната пошта, како и на фасадите на некои вили, како онаа на трговецот Андон Андоновиќ, од 1930 година.

По ослободувањето на градот во 1878 г. по налог на принцот Милан, Австриецот Франц Винтер работел на „Регулаторниот план на градот Ниш“.[49] Ова ја постави урбаната основа за развојот на градот и неговата модернизација.

Во периодот меѓу двете светски војни, во стил Модернe биле изградени голем број згради, приватни куќи и вили, како и јавни објекти. Овие градби се направени во комбинација со други стилови и традиционални градби, а се ограничени од техничкиот потенцијал и функционалната структура со традиционалниот начин на градба.[50]

Религиозни објекти

уреди

Градот Ниш има неколку цркви интегрирани во градското архитектонско милје. Меѓу нив се издвојуваат: црквата Свети Никола, Соборниот храм,[51] црквата Свети цар Константин и царицата Јелена во Ниш, црквата Свети Пантелејмон,[52] црквата Успение на Пресвета Богородица. Во селото Горњи Матејевац, кај Ниш, постои латинска црква од 11 век.[53] Во околината на градот има бројни српски православни манастири.

Џамијата Ислам-ага била изградена пред ослободувањето на Ниш од Турците во 1870 година, на темелите на постара џамија од 1720 година. Во тврдината се наоѓа џамијата на Бали-бег изградена помеѓу 1521 година и 1523 година, а во улицата Шуматовачка има тешко оштетена Хасан-бегова џамија од 1737 година.

Синагогата во Ниш постои од 1695 година а сегашната зграда на Нишката синагога датира од 1925 година, изградена на парцелата на поранешната еврејска општина, а реновирана во 2003 година.[54]

Покрај споменатите православни и исламски храмови во Ниш, постојат христијански баптистички цркви, Христијанска евангелистичка заедница, христијанска адвентистичка црква и заедница на Јеховини сведоци.

Важни луѓе

уреди
 
Констанциј III
 
Константин Велики (272-337)
Во Ниш се родени голем број луѓе, значајни за историјата на овој град, но и за историјата на земјата Србија - научници, државници, писатели, уметници, политичари, војсководци. Ова е само дел од списокот на луѓе кои го задолжија овој град.
  • Константин Велики (272-337), римски император, роден во антички Наис (се наоѓал на територијата на современиот град Ниш)
  • Констанциј III (? — 421), император на Западното Римско Царство, роден во антички Наис
  • Српски патријарх Спиридон (околу 1350 г.), српски патријарх, писател, хроничар
  • Тодор Станковиќ (1852—1925), истакната личност во националната историја, учесник во сите српски војни од 1876—1918 година. Српски кралски конзул во Приштина, Скопје, Битола и Солун
  • Никола Узуновиќ (1873-1954), премиер на Кралството Југославија во два наврати
  • Добрица Милутиновиќ (1880—1956), актер, член на Народниот театар во Белград од 1899 година до неговата смрт.
  • Светислав Милосављевиќ (1882—1960), бан на Врба Бановина и министер за транспорт во Кралството Југославија.
  • Драгиша Цветковиќ (1893—1969), градоначалник на Ниш и премиер на Кралството Југославија
  • Милош Ѓориќ (1893—1975), бил српски и нишки лекар, писател, преведувач, публицист, доброволец во Балканската и Големата војна, градоначалник на Земун, раководител на одделот за кожа на болниците во Земун, Белград и Ниш, добитник на Францускиот орден Легија на честа
  • Душан Ѓ. Цветковиќ (1892—1978), актер, оперски пејач, режисер, драматург и театарски менаџер
  • Душан Радовиќ (1922—1986), новинар и писател
  • Жика Миленковиќ (1928—2008), актер
  • Бранко Миљковиќ (1934—1961), еден од најпознатите српски поети од втората половина на 20 век.
  • Димитрије Миленковиќ (1935), еден од попознатите нишки писатели и почитувано име во современата српска поезија.
  • Младен Недељковиќ Млаѓа (1936—2005), актер
  • Шабан Бајрамовиќ (1936—2008), меѓународно признат пејач и композитор на ромска музика
  • Корнелије Ковач (1942), рок музичар и композитор
  • Танасије Узуновиќ (1942), актер
  • Зоран Живковиќ Тута (1945), српски ракометар, репрезентативец и тренер на југословенската репрезентација
  • Владимир Савчиќ Чоби (1948—2009), музичар и актер
  • Слободан Стојадиновиќ Чуде (1948—2011), поет, раскажувач, ликовен и литературен критичар
  • Нинослав Стојадиновиќ (1950), академик и амбасадор на САНУ
  • Драган Пантелиќ (1951), српски фудбалер и југословенски репрезентативец
  • Ненад Милосављевиќ (1954), рок музичар и основач на Галија
  • Билјана Крстиќ (1955), пејачка и текстописец на рок и фолк музика
  • Зоран Живковиќ (1960), градоначалник на Ниш и премиер на Република Србија
  • Горан Шепа (1960), рок-музичар и основач на Кербер
  • Зоран Ќириќ (1962), писател
  • Драган Стојковиќ Пикси (1965), српски фудбалер и репрезентативец (84 натпревари)
  • Слаѓана Станковиќ (1965—1999), волонтерка на Косово и Метохија во 1999 година.
  • Лидија Михајловиќ (1968), српска спортистка и репрезентативка на Србија во стрелаштво.
  • Кокан Младеновиќ (1970), театарски режисер, управител на Ателје 212.
  • Ненад Василиќ (1975), српски и австриски џез контрабасист
  • Дејан Стојиљковиќ (1976), писател
  • Иван Миљковиќ (1979), српски одбојкар и репрезентативец (олимписки и европски првак)
  • Никола Карабатиќ (1984), француски ракометар и репрезентативец (олимписки, светски и европски шампион)
  • Немања Радуловиќ (1985), виолинист
  • Стефан Јовиќ (1990), српски кошаркар и репрезентативец (олимписки, светски и европски вицешампион)
  • Сава Ранѓеловиќ (1993), српски ватерполист и репрезентативец (олимписки, светски и европски шампион)

Познати личности кои вградиле дел од својот живот во историјата на Ниш

уреди
  • Стеван Синѓелиќ (1770-1809), војвода од Првото српско востание; загинал во битката кај Чегра
  • Јован Апел (? — 1907), индустријалец и основач на првата пиварница во Ниш.
  • Владан Ѓорѓевиќ (1844-1930), лекар, писател и политичар, претседател на министерскиот совет (влада) и медицински полковник. Основач и прв директор на Воената болница во Ниш
  • Михајло-Мика Марковиќ, (1847—1911), лекар, воен хирург, медицински полковник, долгогодишен началник на медицинската служба на Армијата на Србија, директор на Воената болница во Ниш, основач на Институтот Пастер во Ниш, реформатор на воената Медицинска служба на Војската на Србија.
  • Стеван Сремац (1855-1906), српски писател, дошол во Ниш набргу по ослободувањето од османлиската власт; пишувал за животот на стариот Ниш (Ивкова Слава, Зона Замфирова)
  • Јелена Ј. Димитријевиќ (1862-1945), српски писател, патописец и филантроп; живеела во Ниш од 1881 до 1898 година; напишала неколку дела инспирирани од животот во Ниш, како што се приказната во стих на нишкиот дијалект Баба Краса, патописот Писма од Ниш за харемите и приказната на Јул-Марика.
  • Јеремија Живановиќ (1874—1940), писател, гимназиски професор, иницијатор на списанието Градине и бан Моравске бановина.
  • Мира Ступица (1923), драмски уметник, на почетокот на кариерата работела во Народниот театар во Ниш.
  • Српскиот патријарх Иринеј (1930—2021), долгогодишен нишки епископ и од 2010 година 45-ти врховен поглавар на Српската православна црква
  • Драган Холцер (1945), југословенски фудбалер и репрезентативец (52 натпревари)
  • Градимир Миловановиќ (1948), математичар, дописен член на САНУ и редовен професор на Електронскиот факултет во Ниш.
  • Александар Блатник (1944), карикатурист, графичар, дизајнер и писател. Добитник е на наградата за животно дело од Здружение на ликовни уметници од применета уметност и дизајнери на Србија.
  • Милорад Митковиќ (1950), ортопедски хирург, академик, дописен член на Српската академија на науките и уметностите и професор по хирургија на Медицинскиот факултет на Универзитетот во Ниш.
  • Драгиша Станковиќ Челик, југословенски боксер, шампион на Југославија во 1961 и 1964 година.
  • Петко Јованчиќ (1942—2015), мајстор на кулинарски уметности и еден од најпознатите готвачи во Ниш.

Почесни граѓани

уреди
  • Киријаки Панајотиди, хуманитарен работник (2000)
  • Димитрис Ксенителис, поранешен грчки конзул во Ниш (2005)
  • Ханс Ола Урстад, поранешен амбасадор на Кралството Норвешка во Србија (2005)
  • Харалампие Анастасија, работник на хуманитарната организација „Бенџамин“ (2007)
  • Јоана Анастасиу, работничка на хуманитарната организација „Бенџамин“ (2007)
  • Лихија Рамирез, шеф на Канцеларијата на ОН ХАБИТАТ во Белград и главен технички советник за проектот за развој на Стратегија за развој на градот Ниш (2008)

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. A. H. M. Jones (1987). The Prosopography of the later Roman empire A.D. 260-395. 1. Cambridge University Press. стр. 322.
  2. 2,0 2,1 „Град Ниш: Ниш кроз векове 1“. Ni.rs. Архивирано од изворникот на 26 декември 2014. Посетено на 20 септември 2011.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  3. 3,0 3,1 3,2 [1] Важни датуми
  4. Ршумовић, Р. (1967). Нишко–Алексиначки део удолине Јужне Мораве. Зборник радова Географског института „Јован Цвијић“, књ. 21, 101-193.
  5. Костић, М. (1967). Нишка котлина — студија друштвено географског развоја. Зборник радова Географског института „Јован Цвијић“, књ. 21, 295-359.
  6. 6,0 6,1 6,2 Grupa autora, Geografske odlike niškog područja, Položaj i prostranstvo U: Istorija Niša, knjiga I, Gradina, Niš (1986). стр. 11.
  7. Службени лист града Ниша бр. 45, од 7. јула 2011
  8. Niš i okolina. Geografsko istorijski prikaz. Opis puta III kongresa slovenskih geografa i etnografa u kr. Jugoslaviji, 1930. Beograd. 1930
  9. Jezero tople vode ispod Niša
  10. 10,0 10,1 „Monthly and annual means, maximum and minimum values of meteorological elements for the period 1961—1990“. Посетено на 13 мај 2009.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  11. „Monthly and annual means, maximum and minimum values of meteorological elements for the period 1981-2010“. hidmet.gov.rs. Посетено на 15 октомври 2017.
  12. „Праисторијски локалитет Бубањ“. Naissus.info. Архивирано од изворникот на 6 декември 2010. Посетено на 20 септември 2011.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  13. Barnes 1981.
  14. „Археолошка налазишта од изузетног значаја”. narodnimuzejnis.rs. стр. 17.
  15. „Раскош царске палате” Архивирано на 6 мај 2020 г.. novosti.rs.
  16. Небојша Озимић: Речник Горње Мезије, Ниш. (2001). стр. 21–22.
  17. Византијски извори за историју народа Југославије, књ.1, САН, Београд. (1955). стр. 70–72.
  18. Азбучник енциклопедије Ниша, Ниш, октобар (1981). стр. 46.
  19. 19,0 19,1 19,2 Kazhdan, Alexander P., уред. (1991). The Oxford dictionary of Byzantium. New York [u.a.]: Oxford University Press. ISBN 978-0-19-504652-6.
  20. „Марко ШУИЦА: ПРИПОВЕСТИ О СРПСКО-ТУРСКИМ ОКРШАЈИМА И «СТРАХ ОД ТУРАКА» 1386. ГОДИНЕ, Филозофски факултет, Београд“. Scindeks-clanci.nb.rs. Посетено на 20 септември 2011.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  21. Византијски извори за историју народа Југославије IV (фототипско издање оригинала из 1971). Београд: Византолошки институт САНУ. 2007. ISBN 978-86-83883-10-3.
  22. Martijn Theodoor Houtsma, E.J. Brill's first encyclopaedia of Islam, 1913-1936, Volume 1, 1987 -. стр. 926, 927
  23. Vuk (1 март 2008.). „Бојно поље Србија: Прича о три тврђаве“. Vukovblog.blogspot.com. Посетено на 20 септември 2011.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  24. S. J. Shaw . History of the Ottoman Empire and Modern Turkey: Vol.1 Empire of gazis.
  25. Lord Kinross: The Ottoman centuries
  26. Nicholas Jorga: Geschishte des Ottamanischen, vol 4
  27. „Подела Османског царства средином 19. века“. Архивирано од изворникот на 6 јуни 2011. Посетено на 20 септември 2011.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  28. Бруно Ловрић, Историја Ниша, Ниш 1928. (Ослобођење Ниша, Завера Коле Рашића и другова), Приступљено 15. 4. 2013
  29. Бела књига Електропривреде Србије ЈП ЕПС, Београд (2011)
  30. „Зоран Симоновић: Путеви, каравански саобраћај и безбедност на путевима средњовековне Србије“. Arhivnis.co.rs. Архивирано од изворникот на 4 септември 2011. Посетено на 13 октомври 2011.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  31. Ћирковић 2004.
  32. „Трамвајски саобраћај у Нишу“ (PDF). Посетено на 13 октомври 2011.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  33. „Народна библиотека“. Ni.rs. Архивирано од изворникот на 29 октомври 2011. Посетено на 13 октомври 2011.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  34. „Универзитетска библиотека“. Ni.rs. Архивирано од изворникот на 2 ноември 2011. Посетено на 13 октомври 2011.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  35. „Медијана“. Nistourism.org.rs. Архивирано од изворникот на 14 септември 2010. Посетено на 13 октомври 2011.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  36. Бој на Чегру, Приступљено 15. 4. 2013.
  37. „Галерија савремене ликовне уметности“. Gslunis.org. Архивирано од изворникот на 2013-10-01. Посетено на 13 октомври 2011.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  38. „Туристичка организација Ниша: Град богате културе и историје“. Ni.rs. Архивирано од изворникот на 8 октомври 2011. Посетено на 13 октомври 2011.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  39. Спорт и рекреација, Приступљено 15. 4. 2013.
  40. „ФСРИС: ФК Синђелић“. Fsris.org.rs. Архивирано од изворникот на 4 септември 2012. Посетено на 13 октомври 2011.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  41. „ФК Раднички: Историјат“. Fcradnicki-nis.com. Архивирано од изворникот на 29 јули 2012. Посетено на 13 октомври 2011.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  42. „ФК Цар Константин: Историјат“. Fkcarkonstantin.com. Архивирано од изворникот на 11 јуни 2010. Посетено на 13 октомври 2011.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  43. „ФСРИС: ОФК Ниш“. Fsris.org.rs. Архивирано од изворникот на 8 октомври 2011. Посетено на 13 октомври 2011.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  44. „ЖФК Машинац: Клуб инфо“. Zfkmasinac.com. Архивирано од изворникот на 27 јули 2009. Посетено на 13 октомври 2011.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  45. „Историјат спортског центра "ЧАИР". Sccair.rs. 14 октомври 1974. Посетено на 13 октомври 2011.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  46. „Лидија Михајловић“. Srbi.org. 27 октомври 2009. Посетено на 13 октомври 2011.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  47. „Лидија Михајловић“. Srbijasport.com. Архивирано од изворникот на 1 февруари 2010. Посетено на 13 октомври 2011.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  48. „КК "Гусар" Ниш“. Blic.rs. 19 July 2008. Посетено на 13 октомври 2011.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  49. „Град Ниш капија истока и запада“. Serbianmirror.com. Архивирано од изворникот на 11 октомври 2011. Посетено на 13 октомври 2011.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  50. http://scindeks-clanci.ceon.rs/data/pdf/0354-4605/2007/0354-46050701001K.pdf 1—15, приступљено јула 2012.
  51. „Цркве у Нишу“. Naissus.info. Архивирано од изворникот на 3 мај 2012. Посетено на 5 мај 2012.
  52. „Црква светог Пантелејмона у Нишу“. Pantelej.org.rs. Посетено на 13 октомври 2011.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  53. „Латинска црква“. Spomenicikulture.mi.sanu.ac.rs. Посетено на 13 октомври 2011.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  54. „Нишка синагога“. Makabijada.com. Посетено на 13 октомври 2011.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)

Надворешни врски

уреди