Технологија е широк концепт кој го опфаќа користењето и разбирањето на алатки и вештини од страна на некое суштество и како тоа влијае на неговата спопсобност да ја контролира и да се приспособи на својата природна околина. Технологијата е израз со етимолошки корени од грчките зборови τεχνολογία - τέχνη („занает/вештина“) и λογία („изрека“)[1]. Изразот „технологија“ може да ги претставува материјалните предмети кои ги користи човештвото, како што се: машини, алатки и слично, но може да опфаќа и пошироки теми, како: системи, методи на организација и техники. Изразот „технологија“ може да се употребува за општи појави или за одредени области, како на пример: „кострукциска технологија“, „медицинска технологија“, „информатичка технологија“ или „најсовремена технологија“

Напредок во технолгијата во XX век им овозможил на луѓето за прв пат да отпатуваат во свемир.

Технологијата како тема во уметноста и во популарната култура уреди

  • „Технологија“ - песна на македонската поп-рок група „Bei The Fish“ од 2012 година.[2]

Наводи уреди

  1. Лидел, Хенри Џорџ; Скот, Роберт (1980). A Greek-English Lexicon (Abridged. изд.). Обединето Кралство: Oxford University Press. ISBN 978-0-19-910207-5.
  2. Bei the Fish, At the End of the Sand, PMG Recordings CD 081, 2012.