Отвори го главното мени

Планина

значајно возвишение над земјишната површина
Врвот K2 на Хималаите
Планината Макинли во Алјаска — највисока во Северна Америка

Планина — возвишување на Земјината површина во одредени подрачја коe е резултат на активноста на внатрешните сили во Земјината кора.

Постојат многу теории за создавањето на планините. Според најновите, тие се резултат на судир на големи плочи на Земјината кора. Сето тоа почнува кога две од овие плочи се одвојуваат и оставаат меѓу нив потонато подрачје. Тогаш таму се таложат седиментите додека нивното огромно количество не предизвика тонење на блокот. Тоа, пак, предизвикува двете плочи да бидат повлечени, но сега во иста насока. Додека се приближуваат, тие го виткаат слојот со седименти, а тој, пак, во горниот дел создава возвишување. На крајот, поради рамнотежа на различните маси на Земјината кора, набирањето оди нагоре и така се создава планински венец. Во други случаи, кога плочите се судираат од друга страна, без да има претходно свиткување, се дига Земјината кора и се создава венец на судир.

Поделба на планинитеУреди

Планините ги делиме на млади верижни и стари грамадни планини.

Првите се карактеризираат со остри врвови и најчесто се многу високи. Тие се помлади бидејќи врз нив уште не дејствувала ерозијата, која, во текот на милиони години ќе одзема материјали и ќе ги изедначува облиците, како да е планината „зарамнета“, а тоа им се има случено на старите планини, кои имаат заоблени гребени, па дури и зарамнети.

ОрогенезаУреди

Во текот на долгата геолошка историја на Земјата имало четири големи орогенски циклуси (од грчки oros=гора и genesis=создавање). Како резултат на овие циклуси дошло до создавањето на постојните планини. Последниот од овие циклуси е орогонија алпина, зошто од него се создадени Алпите во Европа, како и денешната структура на Андите во Јужна Америка или Карпестите Планини во Северна Америка.

Планината како тема во уметноста и во популарната култураУреди

Планината како тема во книжевностаУреди

Планината како тема во музикатаУреди

  • „Планинска свирка“ (Mountain Jam) - песна на американската блуз-група „Алман брадерс бенд“ (The Allman Brothers Band) од 1971 година.[4]
  • „Ноќ на диско-планината“ (Night On Disco Mountain) - песна на американскиот музичар Дејвид Шаер (David Shire) од 1977 година.[5]
  • „Да одиме во планините“ (Hajdemo u planine) - песна на југословенската група „Бијело дугме“ (Bijelo Dugme).[6]
  • „Планини“ (Mountains) - песна на американскиот пејач „Принс“ (Prince) од 1986 година.[7]
  • „Планини од нешта“ (Mountains O' Things) - песна на американската пејачка Трејси Чепмен (Tracy Chapman) од 1988 година.[8]
  • „Можам да поместам планина“ (Move any mountain) - песна на британската група „Шејмен“ (The Sahamen).[9]

Планината како тема во филмотУреди

НаводиУреди

  1. Arapska poezija. Beograd: Rad, 1977, стр. 73-74.
  2. Анте Поповски, Дрво што крвави. Скопје: Детска радост, Наша книга, Македонска книга, Култура, Мисла, 1991, стр. 34.
  3. Miloš Đorđević, „Novele Tomasa Mana“, во: Tomas Man, Tonio Kreger - Smrt u Veneciji. Beograd: Rad, 1963, стр. 138.
  4. DISCOGS, The Allman Brothers Band ‎– The Fillmore Concerts (пристапено на 30.3.2019)
  5. Discogs, Various ‎– Saturday Night Fever (The Original Movie Sound Track) (пристапено на 31.3.2019)
  6. YouTube, bijelo dugme-hajdemo u planine (пристапено на 15.1.2017)
  7. YouTube, Prince - Mountains (Lyrics) (пристапено на 15.1.2017)
  8. YouTube, Mountains O' Things - Tracy Chapman 1988(live) (пристапено на 12.5.2017)
  9. YouTube, The Shamen - Move any mountain (пристапено на 2.3.2017)
  10. Антена, број 857, 28.11.2014, стр. 22.
  11. Антена, број 864, 16.1.2015, стр. 22.