Велешка Клисураклисура на реката Вардар[1], што се наоѓа во средишниот дел од течението на реката, непосредно до градот Велес по кој го добила и името. Клисурата е долга околу 8 километри и е составена од ниски тревнати ридови со каменести и карпести врвови. Велешката Клисура започнува на самата градска периферија на градот Велес, а завршува во непосредна близина северно од велешкото село Кочилари. Таа го надополнува композитниот карактер на долината на реката Вардар како 3 негова клисура (броено од изворот) и ја одделува малата Велешка Котлина од Тиквешката Котлина. На почетокот на клисурата од нејзината десната страна се наоѓа комплекс од повеќе помали и поголеми православни црковни храмови, од кои најголем е манастирот Свети Димитрија. Низ Велешката Клисура поминуваат меѓународната железничка пруга Скопје - Гевгелија - Солун и регионалниот (стариот) пат Велес - Градско.

Почетокот на Велешката Клисура, на излезот на реката Вардар, од градот Велес

Наводи

уреди
  1. д-р Ивица Милевски: Физичка географија на Република Македонија. Скопје, 2008, стр. 10.