Постол (општина)
Општина Постол Δήμος Πέλλας | |
---|---|
Податоци | |
Област: | Централна Македонија |
Округ: | Постол |
Гео. област: | |
Население: | 61.182 (2021) |
Седиште: | Пазар |
Нас. места: | 46 |
Пошт. бр.: | 581 00 |
Пов. бр.: | 23820-2 |
Портал: | giannitsa.gr/ |
Постол или Пела (грчки: Δήμος Πέλλας, Димос Пелас) — општина во централниот дел на Егејска Македонија, денес во Грција. Административен центар е градот Пазар или Ениџе Вардар (гр. Јаница). Наречена е по градот Постол, кој на грчки го носи името на стариот град Пела — престолнината на Древна Македонија, согласно грчката политика на присвојување на древната историја на Македонија. Населените места во општината традиционално се сметаат за воденски или пазарски (ениџевардарски), зависно од нивната местоположба.
Населби
уредиОпштината Постол е создадена на 1 јануари 2011 г. согласно законот „Каликратис“, со спојување на пет стари општини: Александар Велики, Пазар, Кир, Пласничево и Постол. Денес обединетата општина е поделена на пет општински оддели, кои соодветствуваат на поранешните општини.[1]
Општинска единица Александар Велики
уредиОпштинската единица Александар Велики со седиште во Кадиново (Галатадес) ги опфаќа следниве населени места:
- Општински оддел Кадиново
- село Кадиново (или Кадиино, Γαλατάδες, Галатадес)
- Општински оддел Карајотица
- село Карајотица (или Кариотица, Καρυώτισσα, Кариотиса)
- Општински оддел Липариново
- село Липариново (Λιπαρό, Липаро)
- Општински оддел Лозаново
- село Лозаново (Παλαίφυτο, Палефито)
- Општински оддел Сарбегово
- село Сарбегово (или Асарбегово; Δροσερό, Дросеро)
- Општински оддел Свети Ѓорѓи
- село Свети Ѓорѓи (или Дорт Армутлар, Άγιος Γεώργιος, Агиос Георгиос)
- Општински оддел Трифулчево
- село Трифулчево (Τριφύλλι, Трифили)
- село Ѓупчево (Γυψοχώρι, Гипсохори)
Општинска единица Кир
уредиОпштинската единица Кир[2] со седиште во Ново В’дришта (Неос Милотопос) ги опфаќа следниве населени места:
- Општински оддел В’дришта
- село Ново В’дришта (Νέος Μυλότοπος, Неос Милотопос) новосоздадено
- село Корнишор (Κρώμνη, Кромни)
- Општински оддел Бабјани
- село Бабјани (Λάκκα, Лака)
- Општински оддел Вети Пазар
- село Вети Пазар (или Ескиџе; Ποντοχώρι, Пондохори)
- село Нов Вети Пазар (Αξός, Аксос) новосоздадено
- Општински оддел В’дришта
- село В’дришта (Παλαιός Μυλότοπος, Палеос Милотопос)
- Општински оддел К’шлар
- село К’шлар (Αχλαδοχώρι, Ахладохори)
- Општински оддел Обор
- село Обор (Αραβησσός, Арависос)
- Општински оддел Спирлитово
- село Спирлитово (Πλαγιάρι, Плајари)
Општинска единица Пазар
уредиОпштинската единица Пазар ги опфаќа следниве населени места:
- Општински оддел Пазар
- град Пазар (или Ениџе Вардар, Γιαννιτσά, Јаница)
- село Аларе (Αρχοντικό, Архондико)
- село Дамјан (Δαμιανό, Дамјано)
- село Елевтерохори (Ελευθεροχώρι) новосоздадено
- село Литовој (Λεπτοκαρυά, Лептокарија)
- село Пилорик (Πενταπλάτανος, Пендаплатанос)
- село Радомир (Ασβεσταριά, Асвестарија)
- село Чаушлиево (Μεσιανό, Месијано)
- село Чекре (или Киркалово, Παραλίμνη, Паралимни)
- Општински оддел Балџа
- село Балџа (Μελίσσι, Мелиси)
- Општински оддел Крушари
- село Крушари (Αμπελείες, Амбелиес)
Општинска единица Пласничево
уредиОпштинската единица Пласничево со седиште во Пласничево ги опфаќа следниве населени места:
- Општински оддел Пласничево
- град Пласничево (Κρύα Βρύση, Крија Вриси)
- Општински оддел Врежот
- село Врежот (Άγιος Λουκάς, Агиос Лукас)
- Општински оддел Голо Село
- село Голо Село (Ακρολίμνη, Акролимни)
- Општински оддел Долно Власи
- село Долно Власи (Εσώβαλτα, Есовалта)
- село Чичигаз (Σταυροδρόμι, Ставродроми)
Општинска единица Постол
уредиОпштинската единица Постол е сместена во источниот дел на округот и, покрај центарот Постол (Пела), опфаќа и 6 села во северозападниот дел на Солунското Поле.
Со почеток на 28 јуни 1918 г., Постол (под името Агии Апостоли) била општина која ги опфаќала селата Грубевци, Рамел и Ливадица.[3] Во 1922 г. тие се одвоени од неа и присоединети кон општината Бозец. На 2 март 1926 г., Постол е преименуван во Палеа Пела,[4] а во 1975 г. — во Пела.[5] Општината ја добила сегашната големина со планот „Каподистрија“.
Општината Постол ги опфаќа следниве населени места:
- Општински оддел Постол
- град Постол (Πέλλα, Пела)
- Општински оддел Бозец
- село Бозец (Άθυρα, Атира)
- Општински оддел Грубевци
- село Грубевци (Αγροσυκία, Агросикија)
- Општински оддел Кониково
- село Кониково (Δυτικό, Дитико)
- Општински оддел Нова Пела
- село Нова Пела (Νέα Πέλλα, Неја Пела) новосоздадено
- Општински оддел Рамел
На територијата на општинската единица е и сега непостоечкото село Тагармишево (или Тагармиш, Υδρόμυλοι, Идромили).
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Ν. 3852/10“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 5 јули 2010. Посетено на 5 јули 2010.
- ↑ Произволно дадено грчко име што не се однесува на ниедно постоечко населено место.
- ↑ ΦΕΚ 152 ,1918
- ↑ „Δημήτρης Λιθοξόου. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
- ↑ ΦΕΚ 97, τεύχος Α΄ 1926