Ахил (село)

село во Леринско, Егејска Македонија
(Пренасочено од Аил)

Ахил или Аил (грчки: Άγιος Αχίλλειος, Агиос Ахилиос) — преспанско село во Леринско, Егејска Македонија, денес дел од општината Преспа. на Леринскиот округ во Западна Македонија, Грција. Сместен е на истоимениот остров Свети Ахил. Населението брои 26 жители (2021), сите Македонци.[2]

Ахил
Άγιος Αχίλλειος
Поглед на куќи на островот од понтонскиот мост
Поглед на куќи на островот од понтонскиот мост
Ахил is located in Грција
Ахил
Ахил
Местоположба во областа
Ахил во рамките на Преспа (општина)
Ахил
Местоположба на Ахил во општината Преспа и областа Западна Македонија
Координати: 40°47.28′N 21°04.44′E / 40.78800° СГШ; 21.07400° ИГД / 40.78800; 21.07400
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругЛерин
ОпштинаПреспа
Општ. единицаПреспа
Надм. вис.&10000000000000960000000960 м
Население (2021)[1]
 • Вкупно26
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Самоиловата базилика „Св. Ахил“.
Саркофазите на царевите Самоил, Гаврил Радомир и Јован Владислав

Географија и местоположба

уреди

Селото се наоѓа на истоимениот остров Свети Ахил (или само Ахил) во Малото Преспанско Езеро, поврзан со брегот со понтонски мост. Оддалечено е 50 км западно од градот Лерин и лежи на надморска височина од 960 м.[2]

Топонимија

уреди

Ова е список на позначајните топоними на островот Ахил и во неговата околина:[3]

Гершојца, Големиот Шатор, Големо Поле, Гољо, Гумната, Дабот, Дева, Икончето, Јаката Круша, Калето, Калиште, Кошот, Крина, Кула, Кусата Горница, Лозјата, Мало Поле, Малото Шаторче, Манастирот, Мачкин Дол, Мрамор, Мусоа Падина, Над Лозја, Над Поле, Опајска Улица, Патои, Перово, Под Лозја, Полето, Поро, Ремата, Рот, Свети Атанас, Свети Ахил, Свети Димитрија, Свети Ѓорѓија, Свети Никола, Селиштата, Селските Нивчина, Спас, Среден Рид, Средната Межда, Тумбата, Фојката, Црвената Горница, Црниците, Черешните, Шиничето.

Историја

уреди

Среден век

уреди

На островот се наоѓаат остатоците од средновековниот град Преспа со базиликата „Св. Ахил“ во која е погребан Цар Самоил.

Османлиско време

уреди

Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Ахил (Ahil) било мало рибарско село во Ресенската каза со 13 домаќинства и вкупно 36 жители Македонци.[4][5] Според Стефан Верковиќ во 1889 г. Ахил имал 17 домаќинства со вкупно 74 жители, сите Македонци.[4][6]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. селото имало 60 жители, сите Македонци.[7] Целото село било под врховенството на Цариградската патријаршија. По податоците на секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. в Ахил живееле 24 Македонци.[4][8]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Ахил се води како чисто македонско село во Битолската каза на Битолскиот санџак со 11 куќи.[9]

Населбата немала услови за пораст поради ограничениот простор на островот, но и тешките услови за живот. Населението претежно се занимавало со рибарство, а многу малку со земјоделство.[2]

Припојување кон Грција

уреди

Со Букурешкиот договор во 1913 г. селото е припоено кон грчката држава, кога имало 92 жители.[2] Во својот патописен попис од 1917-18 г. Боривое Милоевиќ во Ахил завел 13 македонски куќи.[2] За време на Грчката граѓанска војна селото наполно настрадало, и затоа целото население се иселило. Поголем дел од жителите се преселиле во Р Македонија и источноевропските земји, а дел се вратил назад.[2]

Според испитување спроведено во 1993 г. македонскиот јазик во Ахил во зачуван на средно ниво.[10]

Население

уреди

Во 129 извештај во книгата Егејска Македонија во НОБ, селото на 27 декември 1947 година било означено како чиста македонска населба.[11] Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 100 34 38 39 31 31 28 21 26
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Родови

уреди

Родови во селото биле: Глигоровци, Грујановци или Петковци (доселени од Нивици во 1858 година), Марковци (доселени од Л'нки), Ристовци и Стојановци или Трајковци (доселени од П’пли во 1873 година).[12]

Самоуправа и политика

уреди

Селото припаѓа на општинската единица Преспа со седиште во Р’мби, која припаѓа на поголемата општина Преспа, во округот Лерин. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Ахил, во кој спаѓа и селото Винени.

Културни и природни знаменитости

уреди
Цркви

На островот има повеќе цркви, а порано биле уште побројни:

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 140.
  3. Јовановски, Владо (2005). Населбите во Преспа: местоположба, историски развој и минато (PDF). Скопје: Ѓурѓа. стр. 335–341. ISBN 978-9989-2117-6-8.
  4. 4,0 4,1 4,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  5. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 88-89.
  6. Стефан Веркович. „Топографическо-этнографический очерк Македонии“. СПб, 1889.
  7. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 242.
  8. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 170-171.
  9. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 16.
  10. Riki Van Boeschoten. "Usage des langues minoritaires dans les départements de Florina et d’Aridea (Macédoine)"
  11. „129“. Егејска Македонија во НОБ. стр. 416.
  12. Јовановски, Владо (2005). Населбите во Преспа. Скопје: Ѓурѓа.

Надворешни врски

уреди