Лисиче (езеро)

вештачко езеро во Македонија
За други значења на поимот Лисиче видете на појаснителната страница

Лисичевештачка акумулација, дел од истоимениот хидросистем, сместено во пазувите на планината Јакупица на територијата на Општина Чашка во непосредна близина на истоменото село. Водната површина иснесува еден квадратен километар и со своите 25 милиони кубни метри вода, се вбројува во средно големите акумулации во Македонија. Него го полнат две реки, Тополка и Врановска. Езерото основно служи за водоснабдување на 60-тина илјади луѓе, од општините Велес и Чашка и за наводнување.[1] Длабоко е до 60 метри и се наоѓа на 450 метри надморска височина. На средината на езерото се наоѓа Водозафатната кула, која е меѓу највисоките изградени во земјава, со височина од 70 метри. Комплетниот проект почнал да се гради од 1987 година и чинел 65 милиони евра, а завршен бил 20 години подоцна, кога бил и свечено пуштен во употреба во септември 2007 година.[2]

Лисиче
Карта
Координати41°41′36″N 21°35′54″E / 41.6933° СГШ; 21.5983° ИГД / 41.6933; 21.5983
Видвештачко
Главни приливиТополка и Врановска Река
Сливни земјиМакедонија
Најг. должина1,35 км
Најг. ширина1,35 км
Површина&100000000000000010000001 км2
Најг. длабочина60 м
Зафатнина25.000.000 км3
Надм. височина450 м

Фауна

уреди

Од ихтиофауната во акумулацијата лисиче, присутни се: црна мрена, крап, кркушка, клен од семејството на краповите и македонска пастрмка од семејството на пастрмките.

Наводи

уреди
  1. Печков, Петар (4 октомври 2009). „Лисиче со вода и за граѓаните и за земјоделците“. Ти реков ми рече. Посетено на 14 септември 2012.
  2. Печков, Петар (8 септември 2007). „Свечено отворање на Хидросистемот Лисиче“. Ти реков ми рече. Посетено на 14 септември 2012.

Поврзано

уреди