Крива Река

река во Северна Македонија

Крива Река — најдолга (75 км), а по површина на сливот (1002 км2) најголема притока на реката Пчиња. Извира на Осоговските Планини, северно од Царев Врв (2085 м), на надморска височина од 1932 м, а во Пчиња се влева кај Клечевце, на надморска височина од 294 м. Од изворишниот дел до вливот на Киселичка Река (на 18 км од изворот), Крива Река првин тече кон север и северозапад, а потоа нагло го менува правецот и продолжува да тече кон југозапад.

Крива Река
Kriva Reka river flowing through Kriva palanka.JPG
Kriva reka.svg
Местоположба
Физички особености
УстиеПчиња
Должина75 км
Особености на сливот

Речна долинаУреди

Долината на Крива Река е композитна, при што се сменуваат неколку клисурски делови (Жидиловско-Паланечка, Псачка, Маркова, Вакуфска Клисура) со ерозивни проширувања (Уземско, Трновечко, Средоречко) и котлини (Славишка, Кумановска). До село Опила, долината на Крива Река претежно е всечена во кристалести карпи (гнајсеви, микашисти, хлоритски, мусковитски шкрилци), а низводно до село Бељаковце главно е всечена низ терцијарни вулканити: андезити, игнимбрити, туфови, бречи и др. Од село Бељаковце до самиот влив во Пчиња, долината на Крива Река е всечена во еоцени (марински) седименти: песочници и плочести варовници.

Речен сливУреди

Сливот на Крива Река има неправилна правоаголна форма и зафаќа површина од 1002 км2. Се протега во доминантен правец исток-североисток запад-југозапад, при што минималната должина на сливот (од врвот Руен, 2252 м) до вливот на Крива Река во Пчиња (294 м), изнесува 55 км, а максималната должина (по водотекот), изнесува 79 км. Сливот на Крива Река се одликува со мала пошуменост, особено во западните (палеовулкански) делови, како и на јужните падини на Герман и Билино. Обесшуменоста на сливот условува значително површинско истекување за време на врнежи, поради што најголем дел од водотеците имаат пороен карактер и доста променлив протек во годината. За да се подобри состојбата и да се намали ерозивноста, во втората половина на XX век се вршени пошумувања, но на релативно мала површина и без соодветна динамика. Затоа, добиените резултати битно не се одразуваат врз современата состојба.

Хидрографска мрежаУреди

Крива Река има развиена хидрографска мрежа, која ја чинат над 600 постојани, периодични и повремени водотеци со вкупна должина од околу 1400 км. Од тој број, 14 водотеци се подолги од 10 км, а од нив 11 се директни притоки на Крива Река и тоа: Киселичка Река, Габерска Река, Рашка Река, Ранковечка, Ветуничка Река, Дрзава (или Руѓинска Држава) и Живуша, кои се десни притоки и Дурачка Река, Кратовска Река, Повишница и Врлеј кои се леви притоки.

ГалеријаУреди

ИзвориУреди

  • Квалитет на површинските води во сливот на Крива Река“ Димитровска О., Милевски И. — Билтен за Физичка географија, Скопје, 2005