Градешка Планина
Градешка Планина е средновисока планина во Македонија со динарски правец на протегање северозапад–јигоисток. Таа се наоѓа помеѓу долината на реката Вардар, на запад, и Криволакавичката Котлина, на исток.[1]
Градешка Планина | |
планина | |
Регион | МакедонијаБалкан |
---|---|
Највисока точка | Вршник |
- височина | 1.031 м |
Градешка планина зафаќа површина од 56 км2. Нејзиното било е заоблено и од него во нејзиниот северен дел се издигнуваат неколку врвови повисоки од 1 000 м: највисокиот Вршник (1.031 м), Јамички Врв (1.030 м) и Пожар (1.003 м). Кон југ, Градешка планина постепено се спушта во ниската планина Плауш. Кон север и северозапад нејзино продолжение претставува планината Серта (Конечка) додека спојувајќи се со Еленица од север, кон запад продолжува во масивот на Беласица. По нејзините планински страни се развиле неколку постојани и повремени водотеци, од кои најпозната е Градешка Река.[2]