Индустриски култури
Поимот индустриски култури опфаќа група 4 на земјоделски култури чие производство служи како суровина во прехранбената и другите лесни индустрии.
За разлика од житните (цереалии) и мешункастите (бобови), културите од оваа група припаѓаат на различни ботанички семејства и значително се разликуваат, како според морфолошките одлики, така и според биолошките услови и технологијата и начинот на одгледување.
Групи
уредиКултурите кои се сметаат за индустриски, се обединети во следните подгрупи:
Значење
уредиИндустриски култури имаат големо влијание врз економијата на една земја, бидејќи обезбедуваат суровини за производство, што битно ја намалува потребата за увоз.
Освен тоа, со одгледувањето на индустриските култури се овозоможува подигање на приходите од земјоделското поризводство и се обезбедува економски развој за руралните средини.
Примери на индустриски култури
уредиПример за индустриски култури се земјоделските култури од кои се добива суровина за производство на влакна за облека. Такви се лен, коноп, памук, тутун или свила. Влакнодајните култури се меѓу најчестите и најзастапените индустриски култури. Тие се различни од културите кај кои плодовите можат веднаш да се користат и кои во одредени моменти произведуваат и суровини за индустријата.
Негативни ефекти
уредиНегативните ефекти од производството на индустриски култури не се поради самите растенија кои се одгледуваат, туку од користењето хемиски средства и механизација за да се стимулира растот и приносот на овие култури [1]. На тој начин, со испуштање отровни материи и гасови, се врши загадување на почвата, водата и воздухот, а на долг рок и на самите производи.
Галерија
уреди-
Одгледување сончоглед во Пелагонија
-
Засаден тутун во Пелагонија
Надворешни врски
уредиНаводи
уреди- ↑ Influence of chemical and biological treatments on volatile oil composition of Artemisia annua Linn.[мртва врска] Industrial Crops and Products Volume 30, Issue 3, November 2009, Pages 380-383 анг.