Грав
Грав | |
---|---|
Научна класификација | |
Царство: | Растенија |
Нерангирано: | Скриеносеменици |
Ред: | Бобовидни |
Семејство: | Бобови |
Племе: | Гравови |
Род: | Грав |
Вид: | Обичен грав |
Научен назив | |
Phaseolus vulgaris L. | |
Синоними[1] | |
Список
|
Грав или боб — едногодишно растение од семејството на бобовите (Fabaceae) со големо видово разнообразие, од кои околу 15 се култивирани. Најраспространет е обичниот грав (науч. Phaseolus vulgaris), кој се дели на два подвида: висок (веткач) и низок (легач).
Според формата на семето, постојат пет вида: sphericus, elipticus, oblongus, compresus, subcompresus.
Потекнува од Јужна Америка. Во светот се одгледува на околу 230.000.000 хектари. Во Македонија е застапен на 4.500 - 5.000 хектари во чист посев и на 8.000 - 9.000 хектари во здружен посев. Топлољубиво растение, оптималната температура за одгледување е 20 – 22 степени целзиусови. Се одгледува главно заради зрелото зрно (семето), кое има висока хранлива вредност:
- белковини (26%);
- масти (2%);
- јаглехидрати (52%);
- минерални материи (2,5%);
- витамини (B1, B2, С, Е, К, PP) и
- аминокиселини.
Употреба
уредиГравот, со просечна потрошувачка од 21,6 кг по домаќинство, е 7. зеленчук според употребата во Македонија во 2017 година[2].
Други употреби
уредиЛистовите од грав биле користени за фаќање стеници во домовите.[3] Микроскопските влакна (трихоми) на листовите од грав ги фаќаат инсектите.[3]
Од античко време, гравот бил користен како уред во различни методи на претскажување. Претскажувањето со помош на грав се нарекува фавоманција.
Откриено е дека Phaseolus vulgaris биолошки акумулира цинк, манган и железо и има одредена толеранција на нивните соодветни токсичности, што укажува на соодветност за природна биолошка санација на почвите загадени со тешки метали.[4]
Галерија
уредиНаводи
уреди- ↑ „The Plant List: A Working List of All Plant Species“.
- ↑ ПОТРОШУВАЧКА НА ДОМАЌИНСТВАТА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, 2017
- ↑ 3,0 3,1 Szyndler, M.W.; Haynes, K.F.; Potter, M.F.; Corn, R.M.; Loudon, C. (2013). „Entrapment of bed bugs by leaf trichomes inspires microfabrication of biomimetic surfaces“. Journal of the Royal Society Interface. 10 (83): 20130174. doi:10.1098/rsif.2013.0174. ISSN 1742-5662. PMC 3645427. PMID 23576783.
- ↑ Mazumdar, K.; Das, S. (2015). „Phytoremediation of Pd, Zn, Fe, and Mg with 25 wetland plant species from a paper mill contaminated site in North East India“. Environ. Sci. Pollut. Res. Int. 22 (1): 197–209. doi:10.1007/s11356-014-3377-7. PMID 25103945. S2CID 3482592.
Надворешни врски
уредиВидете presoak во Викиречник, слободниот речник. |
„Грав“ на Ризницата ? |
„Phaseolus vulgaris“ на Викивидовите ? |
- A Bean Collector Window, обемна галерија на сорти на грав
Оваа статија од областа на биологијата е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |