Суводолско Езеро

вештачко езеро во Македонија

Суводолско Езеровештачко езеро во близина на селото Суводол по коешто и го добило името.

Суводолско Езеро
Панорама на езерото
Координати41°04′03″N 21°32′45″E / 41.06750° СГШ; 21.54583° ИГД / 41.06750; 21.54583
Видвештачко
Главни приливиСуводолска Река
Сливни земјиМакедонија
Зафатнина6 хм3 км3

Историја

уреди

Езерото било создадено во текот на 1977 година.[1]

Географија

уреди

Вештачкото езеро се наоѓа во подножјето на Селечка Планина, во непосредна близина на рудникот за јаглен Суводол. Оддалечено е 19 км од Битола.[2] Во североисточниот дел, акумулацијата ги зафаќа водите на Суводолска Река, Сињевирскиот, Ораховскиот и Параловскиот Поток.[1]

Намена и капацитет

уреди

Езерото било создадено за потребите на РЕК „Битола“.[2] Вкупната зафатнина на акумулацијата изнесува 6.000.000 м3 Таа го штити површинскиот коп од продор на површински води, ненадејни плавења, а служи и за обезбедување вода за ТЕЦ „Битола“. Од безбедносни причини, нивото на водата во езерото се одржува на надморска височина од 680 м. Преливниот канал на акумулацијата не е во функција, а водата од неа се одведува со помош на епоксиден цевковод со Ø 800/600 мм до каналот X и понатаму во Црна Река. Подземното отекнување под телото на браната е 27,91 л/сек., што е променливо во зависност од нивото на водата во самата акумулација.[3]

Со изградбата на езерото е нарушен природниот режим на подземните води, што дополнително го поттикнува прехранувањето на рудникот со подземни води. Влијанието на ваквото прехранување е потврдено со воспоставената корелациска врска помеѓу нивоата на водите во акумулацијата и нивоата на подземните води во пиезометрите во североисточниот дел на наоѓалиштето, со појавите на артеските води во дупнатините во североисточниот дел, како и со појавите на пукнатини (активни) во зоната помеѓу телото на браната и ПК „Суводол“.[3]

Квалитет на вода

уреди

Водата во езерото квалитативно не се разликува многу од онаа во Суводолска Река. Добриот квалитет се јавува поради тоа што водите не се подложни на загадување. Водите се неутрални, благо минерализирани, претежно меки до умерено тврди и како такви може да се користат за водоснабдување на земјоделски површини. Според макрокомпонентниот состав, тие припаѓаат на типот на води со хемиски состав HCO3-SO4/(K + Na)- Mg.[4]

Влијание врз животна средина

уреди
 
Рудникот (лево), браната (насреде) и езерото (десно)

Суводолското Езеро има главно позитивно влијание врз животната средина. Покрај нејзината првична намена, таа врши прехранување на подземните води на самото наоѓалиште, што е потврдено со корелациската врска помеѓу нивото на вода во акулуацијата и нивото на подземните води во пиезометрите во североисточниот дел на наоѓалиштето.[5]

Сепак, изградбата на акумулацијата има и штетни влијанија, како што се:[1]

  • локално изменување на хидрографската мрежа на теренот, т.е. трајно и неповратно уништување на речните корита на водотеците;
  • локално и неповртно уништување на флората на овој дел од просторот;
  • трајна иселување на животинскиот свет кој егзистирал во зона на водотеците;
  • прекин во прихранувањето на подземните води во седиментите во зоните на нивните текови;
  • локално снижување на нивото на подземните води во квартарните седименти, т.е. изменување на режимот на површинските и подземните води;
  • локално изменување на правците на движење на подземните води во квартарните седименти; и
  • континуирано прихранување на подземните води во подлабоките водоносни средини од неогениот комплекс во рудникот.

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 „Студија за оцена на влијанието врз животната средина на проектот ПК Подинска хагленова серија – Суводол“ (PDF). Скопје: Технолаб ДОО Скопје. 2019. стр. 90. Посетено на 25 ноември 2021.
  2. 2,0 2,1 Суводолско Езеро“. Општина Новаци.
  3. 3,0 3,1 „Студија за оцена на влијанието врз животната средина на проектот ПК Подинска хагленова серија – Суводол“ (PDF). Скопје: Технолаб ДОО Скопје. 2019. стр. 75-76. Посетено на 25 ноември 2021.
  4. „Студија за оцена на влијанието врз животната средина на проектот ПК Подинска хагленова серија – Суводол“ (PDF). Скопје: Технолаб ДОО Скопје. 2019. стр. 92. Посетено на 25 ноември 2021.
  5. „Студија за оцена на влијанието врз животната средина на проектот ПК Подинска хагленова серија – Суводол“ (PDF). Скопје: Технолаб ДОО Скопје. 2019. стр. 93. Посетено на 25 ноември 2021.

Надворешни врски

уреди