15 век
< 14 век | 15 век | 16 век > | |||||||
01 | 02 | 03 | 04 | 05 | 06 | 07 | 08 | 09 | 10 |
11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 |
21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 |
31 | 32 | 33 | 34 | 35 | 36 | 37 | 38 | 39 | 40 |
41 | 42 | 43 | 44 | 45 | 46 | 47 | 48 | 49 | 50 |
51 | 52 | 53 | 54 | 55 | 56 | 57 | 58 | 59 | 60 |
61 | 62 | 63 | 64 | 65 | 66 | 67 | 68 | 69 | 70 |
71 | 72 | 73 | 74 | 75 | 76 | 77 | 78 | 79 | 80 |
81 | 82 | 83 | 84 | 85 | 86 | 87 | 88 | 89 | 90 |
91 | 92 | 93 | 94 | 95 | 96 | 97 | 98 | 99 | 00 |
15 век — век кој траел од 1 јануари 1401 до 31 декември 1500 година, според грегоријанскиот календар.
Во Европа, 15 век се смета за мост помеѓу доцниот среден век, раната ренесанса и почетокот на модерниот период. Многу технолошки, општествени и културни случувања од 15 век во ретроспектива може да се сметаат за најава за „европското чудо“ на следните векови. Во религиозната историја, римското папството со децении било поделен на два дела во Европа (т.н. Западен раскол), сè до Советот на Констанца. Поделбата на Католичката црква и немирите поврзани со движењето на Хуситите ќе станат фактори во подемот на протестантската реформација во следниот век.
Цариград, во денешна Турција, тогаш главниот град на христијанската Византија, паднал под османлиска власт, означувајќи го крајот на исклучително влијателната Византија и, за некои историчари, крајот на средниот век[1]. Настанот ги принудило на западните Европејци да најдат нов трговски пат, додавајќи дополнителен импулс на она што е познато како Големите географски откритија, кои довеле до глобално мапирање на светот. Истражувањата на Португалците и на Шпанците довеле до европско поврзување со Америка (Новиот Свет) и развој на Португалското Царство и Шпанското Царство.
Падот на Цариград довел до миграција на грчки научници во Италија, додека Јоханес Гутенберг ја започнал ерата на печатењето. Овие два настани одиграле клучна улога во развојот на ренесансата[2][3].
Шпанската реконквиста довел до конечното распаѓање на Гранадскиот Емират до крајот на векот, завршувајќи со седум века муслиманско управување на регионот и враќајќи ја денешна Шпанија назад кон христијанските владетели.
Стогодишната војна завршила со решавачка француска победа над Англичаните. Финансиските проблеми во Англија по конфликтот резултирале со започнувањето на т.н. Војна на розите, серија династички војни за престолот на Англија. Конфликтите завршиле со поразот на Ричард III од Хенри VII во битка кај Босворт, со што била основена династија Тудор во подоцнежниот дел од векот.
Во Азија, под власта на царот Јонгл, кој го изградил Забранетиот град и му наредил на Џенг Хе да го истражува светот во странство, а територијата на династијата Минг го достигнала својот врв. Тимур воспоставил голема империја на Блискиот Исток и Средна Азија, со цел да го оживее Монголското Царство
Во Африка, ширењето на исламот довело до уништување на христијанските кралства на Нубија.
Во Америка, Царството на Инките и Ацтеките го достигнуваат врвот на нивното влијание.
Настани
уреди- 1401: Дилавар Кан го основа Султанатот Малава во денешна централна Индија.
- 1402: Битката кај Анкара помеѓу Османлиското Царство и Тумуридското Царство доведува до заробување на османлискиот султан Бајазид I од страна на слилите на Тимур.
- 1402: Султанатот Малака е основан од страна Парамешвара.
- 1403: Населувањето на Канарските Острови го означува почетокот на Шпанското Царство.
- 1433: Џенг Хе започнува морска експедиција низ Индискиот Океан до Индија, Арабија и Источна Африка за да го прошири влијанието и суверенитетот на Кина.
- 1405: Граѓанска војна во Маџапахит за наследство на престолот.
- 1407: Првото патување на Џенг Хе, до Јава, Палембанг, Малака, Ару, Самудера и Ламбри.[4]
- 1410: Битката кај Гринвалд е решавачка битка во војната помеѓу Полско-литванската Државна Заедница и Тевтонскиот ред.
- 1410 - 1413: Основан е Универзитетот Свети Андреј во Шкотска.
- 1414: Кизар-хан е заменет од Тимур како гувернер на Мултан, кој пак ја основа Саидската династија.
- 1415: Хенрик Морепловецот ја води освојувањето на Сеута од Маврите, означувајќи го почетокот на Португалското Царство.
1415: Битка кај Азенкур помеѓу Кралство Англија и Франција.
- 1415: Јан Хус е изгорен на клада како еретик на Совет од Констанца.
- 1420: Изградбата на Забранетиот град е завршена во Пекинг.
- 1420 - 1434: Хусетиски војни во Бохемија.
- 1424: Јаков I се враќа во Шкотска откако бил заложник на кралевите на Англија од 1406.
- 1424: Дева Раја II се качува на престолот на Карната.
- 1425: Основан е католичкиот универзитет во Лувен (Белгија) од папа Мартин.
- 1429: Крај на опсадата на Орлеан.
- 1431
- 9 јануари - Започнуваат сдски истраги против Јованка Орлеанка.
- 3 март - Папа Евгениј IV го наследува Папа Мартин V, станувајќи 207-от папа.
- 26 март - Започнува судењето на Јованка Орлеанка.
- 30 мај - Деветнаесетгодишната Јованка Орлеанка е запалена на клада.
- септември - Битка за Инверлохи.
- 30 октомври - Договор од Медина дел Кампо и консолидирање на мирот помеѓу Португалија и Кастила.
- 16 декември - Хенри VI е крунисан за крал на Франција.
- 1438: Пачакути го основа Царство на Инките.
- 1440-ти: Златната Орда се распаѓа на повеќе делови: Сибирско ханство, Казанско ханство, Астраханско ханство, Голема орда и Кримско ханство.
- 1440: Основан е Етон колеџ од Хенри VI.
- 1440 - 1469: На чело со Монтесума I, Ацтеките стануваат доминантна сила во Мезоамерика.
- 1441: Умира Јан ван Ејк, фламански сликар.
- 1441: Португалско морско крстарење по Западна Африка и повторно воспоставување на Европска трговија со робови.
- 1443: Абдур Разак ја посетува Индија.
- 1444: Основена е Албанска лига, Скендербег е избран за водач. Започнува војна против Османлиското Царство.
- 1444: Османлиското Царство на чело со Мурат II ги поразува силите на Полска и Унгарија во Битката кај Варна.
- 1445: Казанското ханство го поразува Големото Московско Војводство во Битката кај Суздаљ.
- 1450 - Франческо Сфорца влегува во Милано по опсадата, станувајќи војвода на градот-држава и основајќи династија што ќе владее со Милано еден век.
- 1450 - Битка кај Формини: Француските војници на чело со Жан II Бурбон ја поразуваат англиска војска на чие чело се наоѓа Сер Томас Кирел кај Каен.
- 1450 - Џек Кејд е убиен во престрелка.
- 1450 - Шербур Октевил, последната англиска територија во Нормандија, се предава на Франција.
- 1450 - Прва опсада на Кроја: отоманската војска е принудена да ја повлечат опсадата.
- 1451 - Мурат II, Султан на Отоманското Царство, умира и е наследен (на 18 февруари од неговиот син, Мехмед II.
- 1451 - Француските сили го освојуваат Бајон, последното упориште на Англичаните во регионот
- 1451 - По атентатот врз Богдан II, Петру Арон го зазема престолот
- 1452 - Вилијам Даглас го убива шкотскиот крал Јаков II.
- 1452 - Битка кај Лос Алпорчонес: Комбинираните сили на Кралство Кастиља и Мурсија ги поразуваат силите на Гранадскиот Емират
- 1452 - Фридрих III станува последен цар крунисан во Рим[5].
- 1452 Востание во Гент: Филип III Добриот, Војводата од Бургундија, официјално прогласува војна против Гент.
- 1453 - * 6 април - 29 мај - Опсада и Пад на Цариград: Отоманскиоѕ султан Мехмед II става крај на постоењето на Византија, царство кое постоело повеќе од 1000 години, освојувајќи ја престолнината Цариград, денешен Истанбул[6].
- 1453 - * 17 јули - Битка кај Кастилон: Во последната битка на Стогодишната војна, француските сили на чело со Жан Биро ги поразуваат англиските на чело со Џон Талбот, кој и бил убиен во битката.
- 1453 - Ладислав V е крунисан за Крал на Бохемија.
- 1453 - Јохан Гутенберг го измислува печатењето со подвижни букви. Ова е, исто така, важен настан според кој оваа година се смета за крај на средниот век
- 1454 - Ричард, трет војвода од Јорк) станува заштитник на кралот Хенри VI.
- 1454 - Договор од Лоди: Франческо Сфорца го претставува трјниот сојуз меѓу Војводство Милано, Република Фиренца и Кралство Неапол.
- 1454 - Тринаесетгодишна војна - Битка кај Хојнице: полската армија е поразена од помала, но попрофесионална армија на Тевтонските витези.
- 1455 - Папа Никола V ја објавува булата Romanus Pontifex, упатена до кралот Афонсо V Португалски, со кое се санкционира освојувањето на нехристијанските земји.
- 1455 - Гутенбергова Библија е првата отпечатена книга.
- 1455 - Во Англија започнува Војна на розите.
- 1455 - Конфликтот помеѓу Владислав II и Јанош Хунади ескалира, па затоа тој следната година одлучува да го поддржи Влад Цепеш за престолот на Влашка.
- 1456 - Халеевата Комета е забележана од научникот Платина.
- 1456 - Повтореното судење на Јована Орлеанка ја ослободува од ерес, 25 години по нејзиното убиство.
- 1456 - Битката кај Белград: Унгарците на чело со Јанош Хунади против силите на османлискиот султан Мехмед II.
- 1456 - Основан е Универзитет Грајфсвалд, што го прави вториот најстар универзитет во Северна Европа.
- 1457 - Стефан Велики го обезбедува престолот на Молдавија, владеејќи со земјата во следните 47 години.
- 1457 - Кристијан I Дански е избран за крал на Шведска, завршувајќи ја војната меѓу Шведска и Данска и овозможувајќи враќање на Калмарската унија.
- 1457 - Битка кај Уџебарда: Важната победа на Скендербег против војската на Османлиите.
- 1458 - Матија Корвин станува крал на Унгарија, на возраст од 14 години.
- 1458 - Кралот Афонсо V Потугалски го освојува Ксар ес Сегир, во Северна Африка[7]
- 1459 - Војна на розите - Битка кај Блор Хит: Силите на династија Јорк на чело со Ричард Невил ги поразуваат силите на династија Ланкастер.
- 1460 - Кралот Кристијан I Дански го издава договорот од Рибе, овозможувајќи му да стане гроф на Холштајн и да ја преземе контролата врз изгубеното Војводство Шлезвиг.
- 1460 - Топовите од Лондонска кула, кои сè уште се наоѓаат под контрола на династија Ланкастер, започнуваат да пукаат кон Лондон, кој се наоѓа под управа на династија Јорк. Силите на Ланкастер од Лондонската кула се предаваат на 19 јули[8].
- 1460 - Португалскиот морепловец Педро де Синтра достигнува до брегот на Сиера Леоне.
- 1461 - Битка на Мортимеровиот крст: Јоркските трупи предводени од Едвард, војводата од Јорк ги поразуваат силите на Ланкастер на чело со Овен Тјудор и неговиот син Џаспер Тудор.
- 1461 - Едвард е крунисан како Едвард IV, крал на Англија (владее до 1483).
- 1461 - Византискиот генерал Грацис Палеолог го предава замокот Салменико, последниот гарнизон на Морејското Деспотство на османлиските сили.
- 1461 - Луј XI го наследува Шарл VII (владее до 1483).
- 1461 - Трапезунтското Царство, последното големо византиско царство, е освоено од Отоманското Царство на чело со Мехмед II, по 21-дневна опсада.
- 1462 - Леонардо да Винчи и Сандро Ботичели стануваат студенти на Андреа дел Верокио.
- 1462 - По смртта на Василиј II Слепиот, рускиот престол е наследен од страна на неговиот син Иван III..
- 1462 - Откако Раду III Убавиот го презема престолот во Влашка, Влад Цепеш бара помош во Трансилванија, каде што е заробен од Матија Корвин и затворен во следните 12 години, поради лажни обвиненија за предавство.
- 1463 - Евреите се протерани од Мајнц, Германија.
- 1463 - Кралство Босна потпаѓа под османлиска власт. Султанот Мехмед II со влегувањето во Кључ ја освојува Босна, заробувајќи го и погубувајќи го последниот босански крал Стефан Томашевиќ..
- 1464 - Едвард IV тајно се венча со Елизабета Вудвил и го чува бракот во тајна 5 месеци[9].
- 1464 - Се потпишува 15-годишно примирје помеѓу Кралство Англија и Кралство Шкотска.
- 1465 - Карл VIII Шведски е сменет од престолот. Свештеникот Кетил Карлсон Васа станува регент на Шведска.
- 1465 - Поранешниот крал Хенри VI е заробен од страна на силите на династија Јорк, и затворен во Лондонската кула. Неговата кралица Маргарита Анжујска и син Едвард, побегнуваат во Франција.
- 1466 - Се издава Ментелинската Библијата, првата печатена Библија на германски јазик.
- 1467 - Филип III Добриот е наследен како Војвода од Бургундија од Карло Смелиот.
- 1467 - Битка за Баја: Силите на Стефан III Молдавски решително ги поразуваат унгарските сили на Матија Корвин, кај Баја (денешна Романија). Ова е последниот унгарски обид да се покори Кнежевството Молдавија.
- 1468 - Баеда Марјам Етиопски го наследува својот татко Зара Јакоб, како цар на Етиопија
- 1468 - Големиот совет на Република Венеција се обидува да ја намали моќта на т.н. Совет на десетемината.
- 1470: Молдавските сили на чело со Стефан Велики ги победуваат Татарите од Златна Орда во Битката кај Липник.
- 1472: Абу Абд Алах-ел-Шеик Мухамед ибн Јахја станува прв султан на Мароко од Ватасидската династија.
- 1474 - 1477: Бургундски војни на Франција, Швајцарија, Лорен против Карло Смелиот, Војвода од Бургундија.
- 1478: Големо Московско Кнежевство го освојува Новгород.
- 1478: Големата Џамија на Демак е најстарата џамија во Јава, изградена од Вали Сонго за време на владеењето на Султан Пата.
- 1479: Битка кај Бредфилд, Матија Корвин ги победува Турците.
- 1480: Големото Московско кнежевство добива независност од Големата Орда.
- 1481: Започнува Шпанската инквизиција.
- 1485: Матија Корвин ја освојува Виена, Фридрих III побегнува од градот.
- 1485: Хенри VII го поразува Ричард III во Битката кај Босворт и станува крал на Англија.
- 1485: Иван III го освоил Твер.
- 1488: Португалски морепловец Бартоломео Дијас плови околу ’Рт на Добрата Надеж.
- 1492: Предавање на Гранада на чело со Боабдил го означува крајот на Шпанската реконквиста и ел-Андалус.
- 1492: Евреите се протерани од Шпанија.
- 1492: Кристофер Колумбо пристигнува во Америка од Шпанија.
- 1494: Шпанија и Португалија го потпишуваат договорот од Тордесила и се согласуваат да го поделат светот надвор од Европа помеѓу себе.
- 1494 - 1559: Италијански војни доведуваат до падот на италијанските градови-држави.
- 1497 - 1499: Васко де Гама на своето прво патување од Европа кон Индија и назад.
- 1499: Микеланџело ја прави Пиета во базиликата „Свети Петар“ во Рим.
Наводи
уреди- ↑ Crowley, Roger (2006). Constantinople: The Last Great Siege, 1453. Faber. ISBN 0-571-22185-8. (reviewed by Foster, Charles (22 September 2006). „The Conquestof Constantinople and the end of empire“. Contemporary Review. Архивирано од изворникот на 22 August 2009.
It is the end of the Middle Ages
- ↑ Encyclopædia Britannica, Renaissance, 2008, O.Ed.
- ↑ McLuhan 1962 ; Eisenstein 1980 ; Febvre & Martin 1997 ; Man 2002
- ↑ Modern interpretation of the place names recorded by Chinese chronicles can be found e.g. in Some Southeast Asian Polities Mentioned in the MSL Архивирано на 12 јули 2012 г. Архивирано на 12 јули 2012 г. by Geoffrey Wade
- ↑ „Historical Events in 1452“. OnThisDay.com (англиски). Посетено на 2017-08-08.
- ↑ „What Happened In 1453“. Hisdates. Посетено на 2017-08-08.
- ↑ Vasconcelos e Sousa, Bernardo. „História de Portugal“ (португалски) (4. изд.). стр. 182.
- ↑ Bennett, Vanora. „London and the Wars of the Roses“. Архивирано од изворникот на September 14, 2013. Посетено на 2013-08-16.
- ↑ Palmer, Alan; Palmer, Veronica (1992). The Chronology of British History. London: Century Ltd. стр. 128–131. ISBN 0-7126-5616-2.