Влаина
планина на границата меѓу Р. Македонија и Пиринска Македонија
Влаина (бугарски: Влахина) — средновисока планина во источна Македонија која ја претставува источната рамка на Беровската Котлина и се гранични со Пиринска Македонија во денешна Бугарија.[1] Највисок врв е Кадиица (1.932 м). Геолошкиот состав е претставен со кристалести шкрилци, палеозојски гнајсови, гранитоиди и кредни варовници. Поради езерската состојба за време на плиоценот во пониските делови се наоѓаат плиоцени седименти и песокливи глини. Во подножјето се јавува непрекинат појас на наноси, на кои се развиени неколку големи селски населби: Град, Панчарево и Црник. Поради геолошкиот состав и непошуменоста е интензивиран процесот на рецентната ерозија.[2].
Влаина | |
планина | |
Кадиица
| |
Регион | Македонија, Бугарија |
---|---|
Координати | 41°51′25″N 22°55′44″E / 41.85694° СГШ; 22.92889° ИГД |
Највисока точка | Кадиица |
- височина | 1.932 м |
Поврзано
уреди- Буковик — вулканска купа во продолжение на планината