Рударство
Рударство — стопанско-индустриска гранка што се занимава со испитување и исцрпување на сите видови рудни лежишта како и начините за нивна рационална експлоатација.[1] Преку ископувањето на различните видови на метални и неметални руди и минерали, рударството претставува единствената и најзначајната дејност која со основни суровини за производство ги снабдува индустријата, градежништвото и други стопански гранки.
Историско и стопанско значење
уредиРударството спаѓа меѓу најстарите човечки дејности и потекнува уште од праисториско време.[1] Првите и најстари развојни фази и периоди на човековата историја и општество како што се железното, бронзеното и бакарното време се должат токму на пронаоѓањето, ископувањето и обработката на метални руди од кои потоа се изработувани разни алати и орудија. Поради извонредно големото значење на рударството како клучна дејност за стопанскиот, техничко-технолошкиот и научниот развој неговото значење во сеопштиот развиток на човештвото е поврзано и со сите подоцнежни историски периоди и пронајдоци како колонијализмот, индустриската револуција, јадреното оружје итн. Поради својата клучна улога во обезбедувањето на основните суровини и енерегенси за производството во индустријата, градежништвото, електростопанството, сообраќајот и комуникациите, рударството и во денешно време е една од најзначајните дејности за функционирањето на целокупната економија, стопанскиот раст на државите како и за непреченото и нормално одвивање на секојденвниот живот на луѓето.
Ископување
уредиРудните наоѓалита се експлоатираат по следниве постапки:[2]
- Истражување и извидување за утврдување на местоположбата, големината и вредноста на лежиштата
- Проценка на ресурсите со математички пресметки за количината и класата
- Изготвување на претпроектна студија со цел да се утврди теоретската стопанска корист од рудникот. Со ова се одредува дали треба да се вложува во понатамошни истражувања и се востановуваат главните ризици што би произлегле од тоа.
- Изготвување на проектна студија за финансиската исплатливост, техничката изводливост и финанскиските и техничките ризици. Во овој момент се решева дали проектот треба да оди понатаму или да се напушти. Тука спаѓа планирање на рудникот со моделирање на искористливиот дел, металуршките процеси, пазарната побарувачка и вредност на рудата, трошоците на инженерските и техничките работи и инфраструктурата, финансиските услови и анализа на животниот век на рудникот.
- Проценка на влијанието врз животната средина[3]
- Градежни работи, постаување на инфраструктура и вградување на опрема
- Работа со рудникот (експлоатација)
- Рехабилитација на земјиштето за негова поинаква употреба во иднина
Рударството како тема во уметноста и во популарната култура
уреди- „Копање злато“ (англиски: Mining for Gold) - песна на американската група Каубој џанкис (Cowboy Junkies) од 1988 година.[4]
- „Златниот рудник“ (англиски: The Gold Mine) — песна на американската рок-група Мит папетс (Meat Puppets) од 1982 година.[5]
Наводи
уреди„Рударство“ на Ризницата ? |
- ↑ 1,0 1,1 Јован Павловски, уред. (2006). МИ-АНОВА енциклопедија, општа и македонска. 4. Скопје: МИ-АН. стр. 1443. ISBN 998-61393-1 Проверете ја вредноста
|isbn=
: length (help). - ↑ Експертиза Архивирано на 9 август 2013 г. и услуги Архивирано на 10 август 2013 г. - „Рудплан“ (македонски)
- ↑ Управување со животната средина Архивирано на 10 август 2013 г. - „Рудплан“ (македонски)
- ↑ YouTube, Mining For Gold Cowboy Junkies (пристапено на 3.5.2017)
- ↑ [https://www.discogs.com/master/29813-Meat-Puppets-Meat-Puppets Meat Puppets – Meat Puppets (пристапено на 21.3.2023)]