Тони Вода

карстно поле во Македонија

Тони Вода — карстно поле и висорамнина на планината Бистра, во кое се наоѓа понор во кој тоне водата поради, што го добило името Тони Вода. Се наоѓа помеѓу Маврово и врвот Царевец на североисток и Галичник и врвот Меденица на југозапад и низ него минува асфалтниот пат кој ги поврзува овие две места.

Кога се патува кон Галичник, веднаш по напуштањето на областа Царевец, се појавува пространа висорамнина со мали езерца, и во следните 2 километри патот води низ неа[1]. Позната е како Тонивода поради тоа што речиси целата вода на неа исчезнува меѓу камењата и повторно се појавува од другата страна на планината веднаш под Царевец[1].

Објаснувањето за пропустливоста на камењата е едноставно - Тонивода претставува огромно карстно поле, второ по големина на планината Бистра, иако и самата рекичка која минува низ неа исто така е позната како Тонивода[1]. Поради константната загуба на вода, за време на доцната пролет, летото и раната есен, кога има поголеми периоди без врнежи, речиси сите езерца пресушуваат освен оние покрај самата рекичка која ги полни со вода[1].

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 „Тонивода (Tonivoda)“. Галичник. 2008. Посетено на 2 ноември 2017.[мртва врска]