Орел - птица-грабливка.

Орли

Видови орли

уреди

Сур орел

уреди

Орелите се речиси најголеми грабливци. Клунот им е силно развиен, а на врвот свиткан во облик на кука. Темето на главата не им е заоблено, туку рамно. Нозете, сè до прстите, им се гаќести, односно им се обраснати со пердуви, освен кај орелот рибар. Крилјата им се големи и кај најголем број орли достигнуваат до врвот на опашката. Суриот орел е најголем меѓу орлите што живеат во Македонија. Долг е околу 90 см., а раскрилен достигнува и преку 220 см. Врвовите од крилјата не му ја покриваат опашката, односно се покуси од неа. Пердувите на главата и на вратот му се рѓесто жолти. Опашката му е бела, а на крајот црно обрабена. Другите пердуви му се темно-кафени до речиси црни. За ловството е мошне штетен, но бидејќи неговата бројност е многу ниска, постои опасност наполно да исчезне. Според Законот за ловството, забрането е негово убивање. Женката неси 2-3 јајца и врз нив лежи 45 дена.[1]

Орел крстач (Орел зајачар)

уреди

Орелот крстач е нешто помал од суриот орел. Ципите на крајот од клунот достигнуваат сè до очите.Врвовите од крилјата не достигнуваат до крајот на опашката. Пердувите му се кафено обоени. За разлика од другите орли, пердувите на рамената од крилјата му се бели. Гнездата ги прави исклучиво на дрвја. Во април-мај женката носи 1-3 јајца, врз кои лежи околу 45 дена. Како и сите други орли, бројноста на овој орел во Македонија е мошне мала, па затоа е забранет за отсрел.[2]

Орел клошташ

уреди

Бојата на перјето кај овој орел е црно-кафена. На покривните пердуви на опашката се забележуваат бели делови. Очите и канџите му се жолти. Младите примероци се испскани по телото со белузлави пердуви и во основа бојата им е посветла отколку на возрасните примероци. Може да се распознава и по неговото огласубање. Всушност,тоа прилега на остар лаеж на некое мало куче(кјак-кјак-кјак).

Џуџест орел

уреди

Овој вид, според својата големина, се вбројува меѓу најмалите орли што се среќаваат во Македонија. Во должина може да изнесе до 50 см , а раскрилен изнесува околу 130 см. Горниот дел од телото му е костенлив со потемни петна, додека долниот белузлав. Во зглобот на крилјата е видлива една бела дамка во големина на цреша. Опашката му е костенливо обоена, а од долната страна има четити попречни пруги. Се храни со глувци и други помали цицачи.[2]

Орел рибар

уреди

Орелот рибар е долг околу 60 см.,а раскрилен достигнува до 175 см. Писките на нозете не му се обраснати со пердуви и се со сино-пепеласта боја. Зад темето, врвот и грбот му се жолтеникава-пепеласти, додека долниот дел од телото му е со бела боја. На опашката има шест црни попречни пруги. Се храни исклучиво со риба. Гнездата ги прави по дрвја.[2]

Орелот како тема во уметноста и во популарната култура

уреди

Орелот како мотив во народното творештво

уреди
  • „Два орли се бие“ - македонска народна песна.[3]
  • „Ранет јунак и црна орлица“ - македонска народна песна.[4]
  • „Утката и орелот“ (Сова и орао) - српска народна песна.[5]
  • „Соколот и орелот“ (Соко и орао) - српска народна песна.[6]
  • „Крале Марко и орелот“ (Марко Краљевић и орао) - српска народна песна.[7]

Орелот како мотив во книжевноста

уреди
  • „Орелот и ѕвездата“ — кус расказ за деца на ангискиот писател Доналд Басет од 1967 година.[8]
  • „Орелот и лисицата“ - басна на старогрчкиот баснописец Езоп.[9]
  • „Застреланиот орел“ - басна на Езоп.[10]
  • „Желката и орелот“ - басна на Езоп.[11]
  • „Орелот и гулабот“ - песна на Јохан Волфганг Гете.[12]
  • „Човекот и орелот“ - басна на американскиот писател Емброуз Бирс.[13]
  • „Стрелецот и орелот“ - басна на Емброуз Бирс.[14]
  • „Кукавицата и орелот“ — басна на Иван Андреевич Крилов.[15]
  • „Орелот и кокошките“ — басна на Иван Андреевич Крилов.[16]

Орелот како мотив во музиката

уреди

Наводи

уреди
  1. „Ловечки прирачник“, Скопје, октомври 1979 година.
  2. 2,0 2,1 2,2 „Ловечки прирачник“, Скопје, октомври 1979 година
  3. Ѓорѓи Доневски, Сокол ми лета високо. Скопје: Културно-уметничкото друштво „Гоце Делчев“, 1978, стр. 50.
  4. Томе Саздов, Грива тресе, бисер рони (епска народна поезија). Скопје: Заштита, 1970, стр. 109.
  5. Народне лирске песме. Београд: Просвета, 1963, стр. 106.
  6. Народне лирске песме. Београд: Просвета, 1963, стр. 109.
  7. „Марко Краљевић и орао“, во: Народне епске песме I. Београд: Просвета (без дата), стр. 123-124.
  8. Доналд Бисет, Разговори со еден тигар. Култура, Македонска книга, Мисла, Наша книга и Детска радост, Скопје, 1993, стр. 54-56.
  9. Езоп, Басне (по Доситеју Обрадовићу). Београд: Просвета, 1963, стр. 60-61.
  10. Езоп, Басне (по Доситеју Обрадовићу). Београд: Просвета, 1963, стр. 15.
  11. Езоп, Басне (по Доситеју Обрадовићу). Београд: Просвета, 1963, стр. 37.
  12. Johan Volfgang Gete, Pesme. Beograd: Rad, 1964, стр. 31-32.
  13. Емброуз Бирс, Басни. Скопје: Темплум, 2016, стр. 17.
  14. Емброуз Бирс, Басни. Скопје: Темплум, 2016, стр. 31.
  15. Басни (избор). Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2009, стр. 24.
  16. Басни (избор). Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2009, стр. 28-29.
  17. Elena Hristova, Goran Trajkoski, Bioscopia, SJF Records 131, 2011.