Лозарството (витикултура) се однесува на одгледување на грозје, за јадење или правење на вино. Ова е една гранка на хортикултурата. Ги опфаќа исто така и другите видови на грозје од родот Витус, неговите насади и хибриди поради производството на лозните подлоги на благородната винова лоза.[1] По пракса, лозарството е проучување, производство и изучување на грозјето кое се занимава со сето она што се случува во лозјето. Во калнедарот на лозарот спаѓаат изучувањето на грозјата кои се берат и се пренесуваат до винаријата, кастрење на лозници зимно време, орање на почвата за нејзино растресување и откривање на основата на лозниците, нивно процветување и цветање и кастрење на лозниците за добивање на грозје летно време. Лозарите не се винари бидејќи тие не ги прозиведуваат вината, туку само го надгледуваат и изучуваат процесот на растење.

Виновата лоза успева во умерените кклиматски зони.На северната полутопка успева помеѓу 30° i 50° паралела, додека на јужната успева помеѓу 30° и 40° паралела, каде што средната годишна температура не е пониска од 8 °C ниту повисока од 20 °C, средната температура во времето на растителноста е помеѓу 16 i 20 °C, а температурата во времето на мирување на лозата не паѓа под –15 °C. Најголеми светски производители на гозјето и виното се Франција, Италија, Шпанија, САД и други..[2]

Лозарството во Македонија

уреди
 
Лозја во близина на Кавадарци
 
Бело грозје

Македонија е поделена на три лозарски реони и тоа:

1) Пчинско - осоговски реон

2) Пелагониско - полошки

3) Повардарски реон.

Овие гореспомеанити реони, се поделени на 16 виногорија.

Сите три реони се одликуваат со конкретни климатско-почвени услови, кои се предуслов за сортиментот на при подигање на лозови насади.

Генерално во повардарскиот регион (каде што спаѓа и Струмица ) климатско - почвени услови се погодни за одгледување на трпрзни сорти и сорти за одгледување на црвено вино, додека принско осоговскиот, и пелагониско - полошкиот реон за одгледување сорти за производство на бели вина. Производството во лизарските реони и виногорја е со различен интензитет. Тиквешкото виногорје е  главен произведител на винско грозје и вино во Македонија.По него, следат гевгелиско - валандовско виногорје, скопското виногорје, велешкото виногорје, и Струмичко - радовишкото виногорје.

Во 2007 било одгледувано земја од 21.312 ha , за разлика од 1997 кога било намалено за 24%, во 1997 било земја лозје 27.077 хектари.

За добивање на вино се садат сорти за бело вино и сорти за црвено вино. Од белите вина најзастапени се: смедеревка, шардоне, жилавка, италијански ризлинг, рајнски ризлинг, белан и др. За црно вино најзастапени се: вранец, каберне, мерло, совињон, црн бургундец.

Од трпезните сорти најзастапени се: афус али, кардинал, хамбург мускат, бело зимско.

Во 1997 се произведени во Македонија 258.360 тони грозје, додека во 2007 паднало на 209.701.

За успешно и стабилно лозарство и винарство во иднина, неопходно е да се изврши климатско зонирање и правилен распоред на сортите според лозарските едини. Потребно е воведување инфицирани системи на одгледување и интинзитивен индустриски карактер на прозводството. Посебно внимание да се посвети на зголемуваањето на површините за трпезно грозје, со воведување стандарди за квалитет и центри за пакување[3].

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди


  1. Hrvatska enciklopedija vinogradarstvo (pristupljeno 3. listopada 2016.)
  2. Vino - Hrvatska Enciklopedija, pristupljeno 7. studenog 2013.
  3. „Lozarstvo vo makedonija“. lozarstvovomakedonija2.blogspot.mk. Посетено на 2017-09-20.