Кранска Река

река во Македонија

Кранска Река (позната и под имињата: Арватска Река или Шара) — река во Македонија, сместена на западните падини на планината Баба, југоисточно од градот Ресен.[1]

Кранска Река
Арватска Река
Шара
Поглед на Кранска Река низ селото Арвати
Местоположба
Физички особености
Извор 
 • местоБаба
Устие 
 • место
Преспанско Езеро
 • координати
40°55′19″N 21°4′58″E / 40.92194° СГШ; 21.08278° ИГД / 40.92194; 21.08278
 • надм. вис.
841 м
Големина на сливот12,8 км2
Особености на сливот
ТечениеПреспанско Езеро

Поминува низ двете села Арвати и Крани, од каде и го добила своето име. Реката ги дели селата на два дела. На крајот се влева во Преспанското Езеро.[1]

Зафаќа сливно подрачје од 12,8 км2.[1]

Воден потенцијал

уреди

Уште во 1950 година на Шара (Кранска Река) била изградена хидроцентрала над селото Арвати, со што селото се здобило со електрична енергија.[2]

Денес, на Кранска Река постои мала хидроелектрана во сопственост на претпријатието „Мали хидроелектрани“ со годишно производство од 2.044 MWh.[3]

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 Петрушевски, Илија; Маркоски, Благоја (2014). Реките во Република Македонија (PDF). Скопје: Геомап. стр. 14. ISBN 978-9989-2117-6-8.
  2. Јовановски, Владо (2005). Населбите во Преспа (PDF). Скопје: Ѓурѓа. стр. 38. ISBN 9789989920554. Посетено на 17 декември 2016.
  3. „Портфолио“. Фероинвест. Скопје. Архивирано од изворникот на 2016-08-19. Посетено на 18 декември 2016.

Надворешни врски

уреди