Грозје
Грозје e плод на растението од родот Vitis (винова лоза) кое често се именува и како едно од 12 основни врсти на винови лози од кои се прави поголемиот дел на светските вина. Порано вината се означувале спрема подррачјето на кое се одгледува грозјето, но подоцна бројот на производителите толку многу пораснал, така што означувањето било сведено спрема сортата на грозјето. Грозјето е вид на овошје кое расте во кластери од 15 до 300, и може да биде црвено, црно, темносино, жолто, зелено, портокалово и розово. „Белото“ грозје е всушност зелена боја, и еволуционо е изведено од пурпурното грозје. Мутација во двата регулаторни гени на белото грозје исклучуваат продукција на антоцијанин, кој е одговорен за бојата на пурпурното грозје.[1] Антоцијанините и другите пигментни хемикалии од големото семејство на полифеноли во пурпурното грозје се одговорни за различните нијанси на пурпурна боја во црвените вина.[2][3] Зрната на грозјето имаат типични елипсоидни облици, кои потсеќаат на проширен сфероид.
Хранлива вредност на 100 г | |
---|---|
Енергија | 288 kJ (69 kcal) |
18,1 г | |
Шеќери | 15,48 г |
Влакна | 0,9 г |
0.16 г | |
0,72 г | |
Витамини | |
Тиамин (Б1) | (6 %) 0,069 мг |
Рибофлавин (Б2) | (6 %) 0,07 мг |
Ниацин (Б3) | (1 %) 0,188 мг |
Пантот. кис. (Б5) | (1 %) 0,05 мг |
Витамин Б6 | (7 %) 0,086 мг |
Фолна кис. (Б9) | (1 %) 2 μг |
Холин | (1 %) 5,6 мг |
Витамин Ц | (4 %) 3,2 мг |
Витамин Е | (1 %) 0,19 мг |
Витамин К | (14 %) 14,6 мг |
Минерали | |
Калциум | (1 %) 10 мг |
Железо | (3 %) 0,36 мг |
Магнезиум | (2 %) 7 мг |
Манган | (3 %) 0,071 мг |
Фосфор | (3 %) 20 мг |
Калиум | (4 %) 191 мг |
Натриум | (0 %) 2 мг |
Цинк | (1 %) 0,07 мг |
Други состојки | |
Флуорид | 7,8 µг |
| |
Постотоците се приближно пресметани според препораките за возрасни лица во САД. Извор: База за хранливост — USDA |
Грозјето како тема во уметноста и во популарната култура
уреди- „Песна на лозите во лозјата на Водно“ — песна на македонскиот писател Блаже Конески од 1955 година.[4]
- „Лозје“ — расказ на македонскиот писател Бошко Смаќоски.[5]
- „Лозница“ — расказ на Бошко Смаќоски.[6]
- „Братството на грозјето“ - роман на американскиот писател Џон Фанте од 1977 година.[7]
- „Гроздобер“ (хрватски: Berba grožđa) - слика на хрватскиот уметник Иван Генералиќ од 1973 година.[8]
- „Кисело грозје“ (англиски: Sour grapes) - песна на американската хард-кор група Descendents од 1991 година.[9]
- Ајде, брала мома бело ми грозје, ем црно - македонска народна песна
- Лисицата и грозјето - басна од Езоп
Галерија
уредиНаводи
уреди- ↑ Walker, A. R.; Lee, E.; Bogs, J.; McDavid, D. A. J.; Thomas, M. R.; Robinson, S. P. (2007). „White grapes arose through the mutation of two similar and adjacent regulatory genes“. The Plant Journal. 49 (5): 772–785. doi:10.1111/j.1365-313X.2006.02997.x. PMID 17316172.
- ↑ Waterhouse, A. L. (2002). „Wine phenolics“. Annals of the New York Academy of Sciences. 957: 21–36. doi:10.1111/j.1749-6632.2002.tb02903.x. PMID 12074959.
- ↑ Brouillard, R.; Chassaing, S.; Fougerousse, A. (2003). „Why are grape/fresh wine anthocyanins so simple and why is it that red wine color lasts so long?“. Phytochemistry. 64 (7): 1179–1186. doi:10.1016/S0031-9422(03)00518-1. PMID 14599515.
- ↑ Блаже Конески, Збор и опит 1. Скопје: Арс Ламина - публикации, Арс Либрис, 2021, стр. 56.
- ↑ Бошко Смаќоски, Модричка тетратка. Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2004, стр. 42-44.
- ↑ Бошко Смаќоски, Модричка тетратка. Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2004, стр. 69-70.
- ↑ „Белешка за авторот и делото“, во: Џон Фанте, Прашај ја правта. Скопје: Темплум, 2008, стр. 247-248.
- ↑ Središnja Hrvatska - Dvori s pogledom, Hrvatska turistička zajednica, 2009.
- ↑ YouTube, Descendents - Sour Grapes (пристапено на 14.12.2017)